отворено писмо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 03 Sep 2023 11:46:36 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png отворено писмо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Отворено писмо до Пендаровски: „Разочарани сме од Вашиот молк за 4 големи трагедии, со 97 жртви и НУЛА денови затвор“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreno-pismo-do-pendarovski-razocharani-sme-od-vashiot-molk-za-4-golemi-tragedii-so-97-zhrtvi-i-nula-denovi-zatvor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreno-pismo-do-pendarovski-razocharani-sme-od-vashiot-molk-za-4-golemi-tragedii-so-97-zhrtvi-i-nula-denovi-zatvor/#respond Sun, 03 Sep 2023 11:46:36 +0000 https://kurir.mk/?p=874025

Отворено писмо до претседателот Стево Пендаровски испрати Движење „Подобро за Тетово". Нивното писмо го пренесуваме во продолжение: Почитуван претседател Стево Пендаровски, Со длабоко разочарување го следиме Вашиот молк веќе три недели од објавувањето на монструозното дело на Јавното Обвинителство за прикривање и искривување на вистината и виновниците за пожарот во Модуларната болница во Тетово каде живи изгореа 14 луѓе, наши сограѓани. Зачудувачки е и фактот дека Вие брзо реагирате за други помалку битни теми во споредба со ова трагедија. Како што веќе знаете во нашата земја во период од 5 години се случија 4 големи трагедии, со 97 жртви и НУЛА денови затвор. Сите политичари зборуваат за интеграцијата во ЕУ, а не се почитува тоа што ни е најсвето - човечкиот живот! Не знаеме како може една земја, која не може да обезбеди правда за овие 97 невини жртви, може воопшто да почне преговори за припојување кон европските вредности и начела. Судството и обвинителството се лицето на криминалот и корупцијата, заштитници на злото во овие 30 години, кои на генерации наши млади и наши сограѓани им ги фрлија во одвод и им ги уништија перспективите за достоинствен живот. Се соочуваме со диктатура на олигархијата спонзорирана од македонскиот правосуден систем. Тотална неодговорност и криминално владеење и во делот на извршната и во делот на судската власт. Очекуваме од Вас да се повикувате на разум и да барате институционална одговорност за казнување на ова злосторничко здружување поради која целиот правен систем во нашата земја се наоѓа во голем ќорсокак. Вклучувањето и на високообразовните институции за да ја сокријат вистината на ова злосторство и затајувањето на германската експертиза е лоша порака за иднината на општеството во ова земја. Културата на неказнивост метастазирала во сите нивоа на системот и не знаеме која онкологија може да ја лекува болната Македонија од овој канцер. Одговорност мора да има! Нема правда, нема мир!]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreno-pismo-do-pendarovski-razocharani-sme-od-vashiot-molk-za-4-golemi-tragedii-so-97-zhrtvi-i-nula-denovi-zatvor/feed/ 0
Дете исчезнало од градинка, го нашле низ Автокоманда? https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dete-ischeznalo-od-gradinka-go-nashle-niz-avtokomanda/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dete-ischeznalo-od-gradinka-go-nashle-niz-avtokomanda/#respond Fri, 23 Jun 2023 10:45:50 +0000 https://kurir.mk/?p=848937

ОТВОРЕНО ПИСМО ДО ЈАВНОСТА ОД РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА ОД ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ДЕТСКА РАДОСТ Со огромна загиженост го испраќаме ова отворено писмо до јавноста, а од неговата содржина уверени сме дека и Вие ќе бидете загрижени. Имено на ден 20.06.2023 година во објектот Темјанушка при детската градинка Детска радост во Автокоманда едно дете од втората јаслена група поради неажурност и негрижа на вработената го напуштило објектот на градинката и по потрага по некое време истото било пронајдено. Вработената во градинката Р.П. од чија група детето избегало од страна на директорката Анета Петровска добила единствено усна опомена како мерка. Мајката на детето која е самохрана мајка е под притисок да не го објави случајот во јавноста и на истата и е понудено да плаќа помал месечен надоместок, а како дополнителна мерка детето е префрлено во друг клон на градинката. Почитувани новинари, Она на што предупредувавме во минатото за жал станува реалност. Доведена е во прашање безбедноста на нашите деца кои ја посетуваат градинката Детска радост. Вчера оддржавме состанок на кој присуствуваа родители на 116 дечиња кои посетуваат градинка и од истиот произлегоа следните заклучоци: 1.Бараме Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска под чија надлежност е сега градинката Детска радост, ВЕДНАШ и без одлагање да ја РАЗРЕШИ директорката Анета Петровска. 2.Бараме отпочнување на дисциплинска постапка за утврдување на одговорност на вработената во градинката Р.П. од чија група детето успеално да излезе надвор од објектот на градинката за време на престојот во неа. Почитувани новинари, Како родители апелиравме Министерката Тренчевска да не ги одзема надлежностите на општината, токму од овие причини. Неможе некој што незнае каде се наоѓа градинката во Автокоманда да се грижи за заштитата на нашите деца подобро од оној кој ние како народ сме го избрале за градоначалник. Очекуваме и бараме и градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефковски да даде поддршка на нашите барања и да не се изема поради тоа што нема директна надлежност на градинката. Чашата е прелеана. Доколку Министерката која во минатото покажа дека е недопирлива и се чувствува моќно поради власта која ја поседува и овој пат остане глува на нашите барања ќе следуваат конкретни мерки и чекори превземени од наша страна. Апелираме и до премиерот Димитар Ковачевски кој е родител да се стави барем на миг на нашата страна и да помисли какво е нашето чувство кога утрово сме ги оставиле во градинка, а незнаеме како и дали ќе си ги земеме. СО ПОЧИТ, РОДИТЕЛИ НА ДЕЦА ОД ДЕТСКАТА ГРАДИНКА ДЕТСКА РАДОСТ Од МТСП на прашањето на Курир велат дека дознале по допрен глас за исчезнатото дете од ЈОУДГ „Детска Радост“, Општина Гази Баба и дека кај нив нема пристигнато ниту писмен доказ ниту претставка за постапување од страна на инспекциските служби, но притоа ја потврдуваат веста дека ваков немил настан се случил, каде што дете го напуштило објектот и истото било вратено од родител во згрижувачката група. Во врска со вашето прашање во врска со настанот за кој Министерството за труд и социјална политика дозна по допрен глас за наводно исчезнување на дете од ЈОУДГ „Детска Радост“, Општина Гази Баба, до овој момент не е пристигнат ниту писмен доказ ниту претставка за постапување од страна на инспекциските служби. Во интерес на целосна и точна информација за настанот, Министерството стапи во контакт со директорката на предучилишната установа, при што истата изјави дека веднаш по дознавањето на настанот ги повикала одговорните вработени и раководителката на објектот „Темјанушка“ при што било изјавено дека детето било излезено во дворот на градинката и вратено од родител во згрижувачката група. Согласно ингеренциите на директорката на градинката, веднаш бил повикан стручниот тим, инволвираните вработени и раководителката на објектот. Следствено на извршениот разговор веднаш на вработената негователка од групата каде престојувало детето и е издадена писмена опомена, а веќе е формирана и Комисија за утврдување на дисциплинска одговорност за инволвираните вработени и одговорни за згрижување на детето, стои во одговорот на надлежното министерство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/dete-ischeznalo-od-gradinka-go-nashle-niz-avtokomanda/feed/ 0
Мајка на девојче убиено од Коста со емотивно писмо до неговите родители, открива нови детали https://arhiva.kurir.mk/svet/region/majka-na-devojche-ubieno-od-kosta-so-emotivno-pismo-do-negovite-roditeli-otkriva-novi-detali/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/majka-na-devojche-ubieno-od-kosta-so-emotivno-pismo-do-negovite-roditeli-otkriva-novi-detali/#respond Tue, 23 May 2023 08:53:23 +0000 https://kurir.mk/?p=837797

Нина Боровиќ Кобиљски, мајката на Е.К., девојчето убиено во масакрот на 3-ти мај во ОУ „Владислав Рибникар“, со потресни зборови им се обрати на родителите на момчето кое ја уби нивната ќерка и уште осум соученици, како и чуварот на училиштето. Во писмото насловено „До родителите на едно нелекувано момче“, таа изнесува низа досега непознати детали за животите на децата од одделението VII2 пред масакрот. „Порака до родителите на нелекуваното момче: Ако некогаш дојдете да не’ барате и сакате да ни кажете ‘Простeте ни, не знаевме подобро и многу ни е жал’. Знаете, ние повеќе не веруваме во световна правда… Но, се трудиме да продолжиме да веруваме во хуманоста и вистината… Верувам дека добро ви е познато дека нашиот клас VII2 беше исклучителен клас, не затоа што беше составен од одлични ученици, туку затоа што беа добри деца и добри пријатели еден на друг. Насмеани одеа на училиште и се враќаа задоволни. Се сеќавате дека нашите деца отидоа заедно во јазичен камп во Франција… па добивме видеа од нив како пеат покрај каминот, си играат на тематски ноќи и одат на екскурзии… знаете дека сите играа карти и се смееја заедно во собите доцна во ноќта. Како да не знаете, кога со благодарност му се јавивте на класниот раководител и му се заблагодаривте што вашиот син беше толку добро примен од неговите пријатели во новиот клас во кој избравте да го префрлите. Дали знаевте дека на тоа дете му треба помош? Им беше убаво, но истовремено им беше чудно зошто едно дете 7 дена спие свиткано во фотелја наместо во кревет, иако на располагање има цела двокреветна соба?! Дали знаете дека на тоа дете му била потребна помош од вас како родители и стручните лица? Трагедијата што ни се случи е толку страшна, болна и незамислива што секојдневно се мачиме да дишеме. Мислите кои ќе не прогонуваат до крајот на животот се: Зошто не му помогнавте?! Зошто го трениравте на стрелиште и со него развивате и негувате такви страшни вештини за стрелање и убивање, додека ние ги носевме нашите деца на часови по уметност и спорт?! Ако не сте биле свесни за вашата улога во невидената трагедија од 3 мај 2023 година, тогаш треба да се разбудите и да сфатите дека за жал овде имаме работа со трагедија од светски размери. Јасно ни е дека јавното мислење бара некаква смисла – причина со цел на некој начин да се објасни овој вид на криминал и да разбере како се случило? Да разјасниме, врсничкото насилство е суштинска тема на денешното време, на кое мора да и се посвети најголемо внимание и грижа за да се запре. Но, тоа не се случи во оваа трагедија и не треба повторно да се залажувате и да се криете зад невистините. Жал ми е, тоа се случи на најпогубниот можен начин, но од вашето дете до нашите деца. Дали сте свесни дека преживеаните и ранетите добиваат закани по живот од целиот свет затоа што „некој ќе го заврши започнатото“, во болното убедување на правдата за „злоупотребеното“ момче. Добро знаете дека децата од VII2 наивно го прифатија, му пружија рака за пријателство и тоа беше се’ што можеа нивните златни срца… се’ останато беше до вас кои сте одговорни за него и стручните служби кои мораа да одржуваат објективност тогаш кога ќе се појави родителска слабост. Знаете, 21 век е за жал бесрамен век…во овој век не треба да се срами да се бара сета стручна помош која е достапна денес. Кога повторно ќе ве прашаат, размислете дали ќе повторите: „Јас не сум виновен“ или барем кажете: згрешивме, не знаевме подобро… Можеби тогаш не знаевте, но сега болната вистина е зад сите нас и треба да можете подобро… дури и да речете: „Извини, многу ни е жал, твоите деца не се виновни за било што!” Ова не е само лична трагедија, туку колективна трагедија на едно општество затоа што умреа исклучителни деца кои беа на вистинскиот пат да станат големи луѓе и кои со своите несудени семејства требаше да бидат залог за ова општество. Сè уште се молиме за спасение на вашите души, но без признание, нема покајание“, се наведува во пораката на мајката објавена на Фејсбук. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/majka-na-devojche-ubieno-od-kosta-so-emotivno-pismo-do-negovite-roditeli-otkriva-novi-detali/feed/ 0
Инвеститорите со отворено писмо до Владата бараат побрзо одобрување на изградба на Технолошки парк во Скопје, поддршка и од актерот Мет Дилон https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/investitorite-so-otvoreno-pismo-do-vladata-baraat-pobrzo-odobruvanje-na-izgradba-na-tehnoloshki-park-vo-skopje-poddrshka-i-od-akterot-met-dilon/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/investitorite-so-otvoreno-pismo-do-vladata-baraat-pobrzo-odobruvanje-na-izgradba-na-tehnoloshki-park-vo-skopje-poddrshka-i-od-akterot-met-dilon/#respond Sun, 04 Sep 2022 08:53:03 +0000 https://kurir.mk/?p=728452

Инвеститорите бараат забрзување на процедурата, зашто секој ден е важен за проектот што треба да донесе развој на регионот. Актерот Мет Дилон за Македонската телевизија со поддршка за изградба на технолошкиот парк во Скопје. Отворено писмо од инвеститори до Владата за побрзо одобрување на одлуката за изградба на Технолошки парк во Скопје. Велат- секој ден е важен за инвестицијата што треба да донесе развој за целиот регион. -Економскиот ефект ќе биде голем. Презедовме обврска дека првично ќе има заработувачка од 172 до 400 милиони евра, а според проценките на ММФ дополнително ќе се создадат над 540 милиони евра позитивен економски ефект во наредните три години. Проценуваме отворање на над 800 работни места во првите три години. Не помалку важен е и едукативниот и забавниот, изјави за МТВ првиот човек на компанијата што планира да вложува. Поддршка за проектот и од холивудската ѕвезда Мет Дилон. -Би сакал да ги поздравам луѓето во Македонија. Со нетрпение очекувам да го посетам Скопје кога ќе се пробиеме со овој значаен проект. Затоа би ја повикал Владата на Северна Македонија што поскоро да го одобри проектот на технолошки парк Скопје за да може да направиме големи работи заедно со талентираните луѓе од Македонија и целиот регион. Заедно ќе ги подигнеме филмот, музиката и балканската култура на едно ново ниво, вели Дилон за МРТ. Повеќе на МРТ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/investitorite-so-otvoreno-pismo-do-vladata-baraat-pobrzo-odobruvanje-na-izgradba-na-tehnoloshki-park-vo-skopje-poddrshka-i-od-akterot-met-dilon/feed/ 0
Отворено писмо на претседателот на МДС: МНР ми подготви дисциплинска постапка затоа што јасно зборував за состојбите во дипломатијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreno-pismo-na-pretsedatelot-na-mds-mnr-mi-podgotvi-disciplinska-postapka-zatoa-shto-jasno-zboruvav-za-sostojbite-vo-diplomatijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreno-pismo-na-pretsedatelot-na-mds-mnr-mi-podgotvi-disciplinska-postapka-zatoa-shto-jasno-zboruvav-za-sostojbite-vo-diplomatijata/#respond Sun, 24 Jul 2022 09:04:22 +0000 https://kurir.mk/?p=709494

МНР ми подготви дисциплинска постапка затоа што како Претседател на МДС јавно зборував за состојбите во дипломатијата и нејзиното можеби тенденциозно уништување. Насилието, ароганцијата и заплашувањето продолжуваат кон мене и членовите на Синдикатот, но залудно, стои во отвореното писмо на Зоран Дабиќ, Претседател на Македонски Дипломатски Синдикат. Тој побара ЈАВНА ПОДДРШКА од сите, без разлика на национална и верска припадност, да се одземе правото на гласно зборување. - Јас цел свој живот и кариера ги посветив на одбрана на македонските национални интереси и сега, неколку месеци пред пензија нема да дозволам никој да ме замолчи! Дисциплинската постапка е покрената и покрај тоа што има низа прекршувања во истата на повеќе закони, дури и дел од Уставот на државата, кој толку сакаат да го споменуваат периодов! Нејсе, ова нека биде мој печат на мојата долгогодишна дипломатска кариера која ќе ја завршам за Македонија! Македонија е наша татковина, земјата моја и на моите деца! Моите пензионерски денови ќе ги уживам во прекрасните македонски места со убава македонска храна и прекрасни пријатели кои не познаваат вера и нација, туку само убаво поминати денови. Останете ми живи и здрави, секое раководство доаѓа и си заминува, додава тој во своето отворено писмо. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreno-pismo-na-pretsedatelot-na-mds-mnr-mi-podgotvi-disciplinska-postapka-zatoa-shto-jasno-zboruvav-za-sostojbite-vo-diplomatijata/feed/ 0
Бојан Јовановски со ново отворено писмо, објави пораки https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bojan-jovanovski-so-novo-otvoreno-pismo-objavi-poraki/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bojan-jovanovski-so-novo-otvoreno-pismo-objavi-poraki/#respond Wed, 02 Feb 2022 09:18:56 +0000 https://kurir.mk/?p=625768

Бојан Јовановски преку својот правен тим испраќа отворено писмо адресирано со Зоран Заев, Љубомир Јовевски, Вилма Русковска, Љупчо Николовски и Оливер Спасовски. Во писмото Јовановски обвинува дека Русковска е, како што вели помагач во кривичните дела на браќата Заеви. Во продолжение интегрално ви ја пренесуваме содржината на писмото. На самиот почеток на ова отворено писмо ќе го издвојам следново.... смешен и ефтин блеф, бламирачки пропаганден потег е изјавата на Русковска дека и се заканувале со ликвидација доколку не ги гони Заев и популарниот му брат.... ееејјј Вилма од нашево правосудство и јавно обвинителски систем ти направи Боливуд со ефтини приказни и сценарија!!! Како прво, госпоѓо Русковска, ти си должна согласно закон да постапиш и да ги гониш припадниците на кланот Заеви, без никој да ти се заканува, доколку постапуваше по закон и доколку и ти самата не си вплеткана во сите незаконски дејанија на споменатите!!! Како второ, фолираш, бидејќи однапред сакаш да се извадиш дека нема да ги гониш со флоскулата дека немаш докази против браќата Заеви, но за да ја разобличам таа твоја флоскула еве јас сега пред целата јавност ќе прикажам комуникации кои укажуваат за незаконските и криминални дејствија на истите, а во што јавноста ќе увиди на кој начин постапуваш, односно непостапуваш и како сокриваш криминал, што би значело според Кривичниот Законик на Република Македонија дека ти си соизвршител или помагач во сторените кривични дела!!! И како трето, Вилмич верувај ми дека никој за тебе не би валкал раце, не вредиш за некој да одговара како за убиство на човек!!! Така да, драга Вилмич не се плаши никој нема да те ликвидира!!! Ти самата ќе се ликвидираш со твоето незаконско и криминално постапување од позиција на моќ, како што ти реков твоето место е загарантирано овде од каде што го пишувам ова писмо, во затворот Идризово, инаку тука не е лошо, можеш да запознаеш и добри луѓе, неправедно и невино осудени од таквите правосудни “професионалци” како тебе!!! Може да се стекнат и пријатели, поискрени и почесни од оние фејк интерес пријатели какви сум ги имал јас!!! Околу ликвидација да ти го објаснам и следново, госпоѓо обвинителке Русковска ти си потребна жива, за да одговараш и да платиш на овоземскиот свет за цело нанесено зло на безброј семејства кои се жртви на твојата пакост, незнаење и луцидност!!! Мојот совет до тебе како познаници од минатото, биди спокојна и подготвувај одбрана со некои од твоите омилени адвокати (особено со еден од нив) ако до тогаш и тие не те фрлат како употребена прљава и измастена крпа за кујна!!!! Едно прашање, госпоѓо обвинителке Русковска и господине обвинител Јовевски - не ви е ли срам до толку ниско да паднете со такви ефтини изјави дека некој ви се заканувал и дека вие не се плашите?!? Јас ве разбирам дека мора да ја оправдате вашата неспособност, селективност и полтронизам, но очекував малку повеќе стил и умешност согласно функциите кои демек ги извршувате.... грозно и трагично, вие сте златна малина за лоша режија, сценарио и глума! Господине обвинител Јовевски, наместо да се бламирате на овој начин пред пензија (иако веќе требаше да бидете заминат во пензија, но мора да ја доизработите зададената агенда) погледнете во ова писмо пред што се замижала и не постапила согласно предвидените законски должности вашата “турнеа” колешка со која си се прошетавте до Бугарија, малку парадиравте по автопатот каде што се случи големата сообраќајна несреќа, додека Македонија тагуваше за изгубените животи на нашите сограѓани!!! Обвинителски блам тандем, тоа сте вие, за жал! Сепак, обвинител Јовевски со оној барем мал процент на личен и професионален интегритет прочитајте го писмово, погледнете ги фактите и самиот одлучете дали ќе бидете и вие соучесник, ако веќе и не сте ?!?! Океј ајде сега одиме по ред... Аналогно на содржината од претходните две отворени писма упатени до Заев и Русковска го упатувам ова отворено писмо до погоре наведените лица и до челата општа и стручна јавност, со цел за прикажување и обелоденување на сите незаконски и негативни, а во истовреме и несанкционирани дејствија сторени од страна на споменатите и други! Напоменувам дека сите наводи во ова писание ги темелам од лични сознанија, сведоштва и податоци кои се наоѓаат во мојот телефон и истите претставуваат апсолутна материјална вистина, за оние кои сакаат да ја видат а надлежните да ја процесираат после сето опишано и изнесено во ова отворено четиво! Во смисла на зајакнување на веродостојноста и кредибилноста на содржината на изнесеното, во прилог на ова отворено писмо ќе објавам материјални докази од остварени комуникации од мојот телефон. Бидејќи одредени навивачки и платени структури после двете објавени писма ја доведуваа во прашање вистинитоста на моите наводи и велеа дека не ја пишувам вистината па еве денеска платениците ќе останат без плата, а вистината ќе добие светлост на денот, бидејќи со изнесување на денешните докази, платениците ќе мораат да си го голтнат јазикот, посочените да одговараат, а надлежните да делуваат или пак и тие еден ден да одговараат заедно со посочените!!! Господине Заев, гледам дека сте на некое зимување во некој скап европски ски центар.... и јас бев друже Зоки на скапо летување пред да ме уапсите, па во таа смисла сакам да ви кажам дека во случајности не верувам, а во карма да!!! Зоране Заев, ако мислите дека ќе се спасите со молчење и игнорирање на поставените прашања и тези од писмото кое што ви го упатив, ве уверувам дека се лажете!!! Спроведената цензура во медиумите под ваша контрола, кои не смееја ни збор да пренесат од отворените писма, зборува за вашето присутно влијание и владеење и покрај театарската оставка!!! Вие Зоране Заев, позади себе оставивте општествена, социјална и правна ерозија и катастрофа, оставивте целосно девастиран систем во кој сеуште вашите послушници владеат и пустошат, а вие како демек сте се повлекле, ма немојте ве молам! Еден пример од повеќето, вашиот омилен министер за корупција сега повторно се врати да биде министер за земјоделие, небаре нема постручен од него, а и во матните криминални зделки верувам и дека нема, одлично си парирате. “Сличан се сличном радује”! А зошто баш Љупчо Николовски повторно се врати како министер во земјоделие сега ќе им стане јасно на сите и ве молам после ова нема бегање, после ова мора да следи одговорност веднаш!!! Во контекст на ова, го прашувам Љупчо Николовски екс и актуелен министер за земјоделие да одговори : - Љупчо, колку во вашиот прв министерски мандат имате трансформирано државно земјоделско земјиште во државно градежно земјиште, колку законски процедури имате прекршено кои морале да бидат спроведени, за чии потреби и интереси и за колкави пари ја имате разработено оваа криминална шема заедно со Заев, брат му Вице и уште неколку пајташи на кланот Заеви и на крајот колку пари искеширавте сите заедно од погореопишаното??? За нештата да станат појасни и за да се види кој ја зборува вистината, а кој панично бега од истата повелете!   Првиот земјоделец по заевистичкиот модел вака работел, работи и ќе работи се додека не одговара заедно со неговиот ментор и идол за сите криминали, ова е само еден мал пример, но и повеќе од доволен да се отворат многу прашања и да се превземаат истражни дејствија!!! Господине Зоране Заев во писмото кое ви го упатив наведов дека јас лично сум ве споил со сега покојниот Жарко Луковски и наведов дека изработивте милионски проекти и дека наплативте милионски провизии во име на коруптивни награди за вас и вашиот Рашковски кои вие лично му го делегиравте на Луковски!!! Ќе се види дека и други ваши соработници го барале Луковски, но вие му велите најдобро со Рашковски!!! Меѓудругото денеска ќе се види кој тргувал со СЈО и на кого му се жалел Луковски за истрага во СЈО, на мене или на тебе Зоране Заев?!?!? И на крајот нели Жарко Луковски беше режимски директор од времето на Груевски и кум на Мијалков... еееххх друже Зоки со ова се гледа целата твоја фасада, политичко манипулирање и жонглирање. Пред гласачите рушеше режим, а во кабинетот се полнеше со пари!!! Еве ја целата комуникација. Повелете! ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bojan-jovanovski-so-novo-otvoreno-pismo-objavi-poraki/feed/ 0
Боки 13 со отворено писмо до Зоран Заев, открива низа скандали https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-so-otvoreno-pismo-do-zoran-zaev-otkriva-niza-skandali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-so-otvoreno-pismo-do-zoran-zaev-otkriva-niza-skandali/#respond Fri, 24 Dec 2021 11:26:15 +0000 https://kurir.mk/?p=612601

Бојан Јовановски познат како Боки 13 преку својот правен тим до медиуми испрати Отворено писмо до Зоран Заев. Во писмото, Јовановски открива низа скандали поврзани со Заев, нивната комуникација, но и, како што тврди Јовановски, мешањето на Заев во судската власт. Во продолжение интегрално ви го пренесуваме писмото на Јовановски до Заев. Размислив дали да ве персирам во ова отворено писмо, па одлучив истото да го започнам на перси, а како ќе завршиме ќе видиме...Неисе, на крајот не важно дали ќе ве персирам или не, важна е суштината на ова писание, а суштината е ВИСТИНАТА, КОЈА ТОЛКУ МНОГУ ВЕ БОЛИ И ПО СЕКОЈА ЦЕНА САКАТЕ ДА ЈА СОКРИЕТЕ СО ПОМОШ НА ВАШИТЕ ПИОНИ, ЛАМФЕРИ, ТОПОВИ И КОЊИ (ќе се препознаат сите кој која фигура е) На самиот почеток на ова писмо укажувам дека истото е составено од несоборливи и ноторни факти и дека стојам позади содржината под целосна морална, правна и кривична одговорност!!! Сите наводи во ова писание произлегуваат од содржината на мојот телефон и од остварените комуникации на апликацијата what’s app! Вие господине Заев после ова писмо сте должни поради сериозноста на наводите и високиот степен на јавниот интерес да одговорите на секое прашање или на сите наводи или пак господине Заев демантирајте ме, тужете ме, докажете дека не ја говорам вистината и гонете ме! Не ви се плашев и не ви се плашам воопшто и покрај заканите кои ми ги пративте вие и вашиот брат Вице Заев преку ваши емисари и потрчковци дека ќе ме ликвидирате и дека нема жив да излезам од затвор, јас денеска при чиста свест и силна волја ви се обраќам и ќе ве соголам пред јавноста аргументирано и со факти. Машки ви се обраќам Зоране Заев и ве молам машки да одговорите, нели ме нарековте п*дер во месец Август 2019 година, па еве сега прилика да видиме кој е п*дер ако кој маж, по карактерна особина де, така нели мислевте кога ме навредивте јавно и гнасно, простачки и најдолно?!?! Елем, мене вашата оставка не ми значи ништо ама баш ништооо, таа театарска оставка поделена во повеќе драмски чинови е само ваш нов лукав политички маневар, маневар за спас, а не чин на одговорност и демократија, ма каква црна демократија, вие сте најпластичниот пример кој што ќе го памети оваа држава по анархија, предавство, криминали, корупција и лаги, а најмалку по вистинска демократија!!! Мене Зоране Заев ми значи само понесување на ваша кривична одговорност и согласно закон добивање на правна последица за сето сторено во изминативе години!!! Вашата оставка поднесена како чин од морален карактер е смешна, бидејќи веќе е докажано дека вие сте последниот кој може да се повика на морални и етички вредности. Така да Зоки доста ги лажете луѓето никој не ви верува, дури ни оние што ги плаќате да ви веруваат и да ве бранат, не ви веруваат! Доста веќе со замајување и со платена пропаганда од твои новинари кои ги раководи Марјан Забрчанец. Меѓудругото за волја на вистината и мене ме раководел истиот тој Марјан Забрчанец додека постоеше 1ТВ, па така на дневно ниво по 100 пати ми испраќал текстови и линкови кои мораа да бидат пласирани во етер! Е тоа се вашите методи, но полека ќе стигнеме до секоја точка што мораме да ја разјасниме во ова писмо! Комуникацијата помеѓу мене, Марјан Забрчанец и Роберт Поповски тогашен некаков министер за транспарентост и отчетност се одвиваше на what’s app апликацијата, а јас не сум избришал ништо, од комуникацијата може да се види бруталната злоупотреба на медиумите за потребите на власта, за твоите лични потреби господине Заев, за спас на твоите политики. И да, 1ТВ немаше добиено ниту еден денар од државата или пак од СДСМ, заради тоа што кога некој ве снимал кажавте дека сте ми помагале со финансии за одржливост на телевизијата, лажете како и секогаш, лажете и гледате во очи, лажете без пардон, лажете до коска и ја ставате раката на срце, вие сте патолошки случај со минахаузенов синдром, лажете и кога не треба и верувате во сопствените лаги!!! Во ова писмо ќе ве потсетам на важни дејствија каде вие сте главен актер, на сите ваши свесни манипулации, на вашата поврзаност со повеќе лица од криминалното подземје, на ваша директна поврзаност со случајот Рекет, но и со други криминогени активности од ваша страна, па во тоа име ќе ви поставам прашања и тези, кои ако не сега еден ден ќе морате да ги одговорите, ве уверувам во тоа!!! Сега Зоране Заев одиме по ред! Одговорете и на јавноста колку бизнисмени изрекетиравте уште пред да станете премиер со проектот ВИСТИНАТА ЗА МАКЕДОНИЈА кога ги пуштавте таканаречените бомби?!?! И тогаш селективно пуштавте бомби, оние бизнисмени што ви платија не ги пуштивте јавно и не ги предадовте нивните снимки во тогаш формираното СЈО!!! Сакате пример со доказ, еве ви пример повелете... Лицето Силјан Мицевски бизнисмен од Битола наводно измамен од мене во случајот Меѓународен Сојуз, но за тој случај ќе се објасниме во друга прилика. Бил прислушкуван и за него имало многу снимки од различен карактер. Вие стапувате во контакт со споменатиот Мицевски преку Александар Кирацовски и во име на партијата му барате пари за да не ги објавувате спорните снимки (па затоа објавувате само една каде зборува со Чинговски за изборен процес). Во тоа име и по ваша изнуда и уцена споменатиот Мицевски во Струмица ви ги носи и предава првите 250.000 евра во кеш, демек помош за партијата и тоа е само почеток и прва транша и кеширање од страна на Силјан Мицевски, за останатите транши вие подобро си знаете и ќе мора да одговорите! За изнесеното има повеќе сведоци, но постои и материјален доказ во мојот телефон каде лично Силјан Мицевски ми го кажува горенапишаното во мојата канцеларија во директен разговор со мене. Во продолжение на разговорот вели дека џабе ги добива тендерите од РЕК Битола кога мора повеќе да ви плати за добиените тендери, отколку што тој наплаќа од тендерот за ископи во РЕК Битола!!! ВНИМАНИЕ!!! Вашиот брат Вице Заев, откако Силјан Мицевски го добива тендерот во РЕК Битола веднаш стапува лично во контакт со него, на средба во Битола и веднаш му бара пари поради добиениот тендер во РЕК Битола. Средствата во милионски износ вашиот брат Вице му ги бара на Силјан веднаш пред да биде исплатен добиениот тендер! Знаете за ова господине Заев, така нели?! Јас сум живиот сведок на примопредавање на кеш пари (стотици илјади евра) од страна на Силјан Мицевски кон вашиот брат Вице Заев во просториите на Меѓународен Сојуз. Лицето по име Кире кое ги земаше парите во кеш во два наврати возеше бело ауди со струмички таблици и беше играч на вашиот брат Вице Заев и вие одлично го познававте тоа лице!!! Силјан Мицевски во една прилика ми вели, цитирам: “Овие се без усул, поиќе ми зедоа него што треба да наплатам”!!! Еее па Зоране и оваа изговорена реченица ја има во мојот телефон како материјален доказ, како и се друго што наведов и што ќе наведам во ова отворено писмо! Вакви слични примери има со повеќе лица и компании, добро знаете каде и кого се пустошевте како што милувате да кажете ЗА ТИЕ ПУСТИ ПАРИ! А да, Силјан му даде и на Александар Кирацовски тогаш генерален секретар на СДСМ едно убаво плико полно со евра како знак на благодарност за тендерската документација и позитивната одлука на тендерската комисија. Го уништивте човекот! И потоа јас сум рекетирал и сум земал пари, срам ве било!!! Одговорете дали преку мене стапивте во контакт со покојниот Жарко Луковски и за што се гледавте во премиерскиот кабинет? Одговорете дали договаравте мултимилионски проекти со вртоглави незаконски провизии кои Луковски требаше да ви ги исплати и дали вие го делегиравте Драги Рашковски како ваш човек од доверба кој беше задолжен за спроведување на мултимилионските проекти и за исплатите на провизиите односно коруптивните награди од Жарко Луковски?!?! Одговорете дали на прашање од Жарко Луковски со кого да ја продолжи работата вие му велите дека е најдобро со Рашковски?! Е за овој бизнис не сакавте да знае вашиот брат Вице Заев бидејќи и тој го имаше таргетирано Жарко Луковски, кој исто така беше таргетиран и од еден ваш друг близок соработник! И за ова Зоране Заев ја имам целата комуникација од what’s app апликацијата помеѓу вас и покојниот Луковски бидејќи тој ми ја испраќаше во форма на screen shot на мојот телефон на what’s app апликацијата! Нема бегање од вистината!!! Одговорете дали Зоран Милевски ви беше човек од доверба, на кој му поверувавте извршни задачи од удбашко/криминален карактер?! Со лицето Зоран Милевски Кичевскиот имавте исто така средби во премиерскиот кабинет, па така ви ја носеше и Ана Камчева, други обвинети во предметот ИМПЕРИЈА, разно разни самонаречени инвеститори од земјава и странство, дилери на наркотични средства... Знаете ли Зоране Заев дека истиот тој ваш омилен извршител ве снимал цело време и вас, па така да ве потсетам дека јас во тоа време со дотичниот бев во многу блиска релација па ме информираше за сите негови активности и задачи кои ги извршуваше за вас. Горделиво зборуваше за вас, но сепак и вас ве снимаше! Неколку примери ќе издвојам за вашите релации и комбинации со Кичевскиот! Местењето на изборните резултати за претседателските избори кога едвај победи Пендаровски за охридскиот регион одеше се преку вашиот омилен Зоран Милевски Кичевскиот. Покрај претседателските избори имаше и локални избори во Охрид па така градоначалник бидна тој некој Константин. Повторно по макотрпна работа на Кичевскиот и манипулирање со група гласачи египјани. Па вие лично го испративте Киевскиот да го снима Мицкоски, а тој како докажам сервилен лигуш се правеше како што ќе му наредевте, но за волја на вистината за возврат си добиваше многу работи за кои ќе зборуваме во друга прилика! Имам јас уште многу да кажам за фантомот Зоран Милевски Кичевскиот и за фамозната LV торба, полека ќе дојде време!!! Одговорете дали ми имате испратено порака на апликацијата what’s app со следна содржина: Дали СМ (Сашо Мијалков) ќе гостува во телевизија и дали ќе повика за референдум? Оваа порака ми ја испративте додека јас бев на ручек со Мијалков во хотелот Мериот (месец Јуни 2018) со кој договарав и преговарав за телевизиско интервју во 1ТВ, а подоцна по ваш налог почнав да преговарам за референдумското прашање, за делувањето на Мијалков против раководството на ВМРО ДПМНЕ и јавните писма против Мицкоски?!?! Вие точно знаете дека Мијалков прво на мене ми ги испраќаше писмата кои подоцна ги пласираше во јавност против Мицкоски? Да појаснам, прво вие со лицето Сашо Мијалков имавте посредна комуникација преку извесно лице по име Столе, па потоа посредната комуникација се одвиваше преку мене за на крајот да имате лична и директна комуникација! Елем, се сеќавате ли што се договоривте со Мијалков откако ја започнавте вашата лична комуникација? Ви бараше ли Мијалков да му завршите работа за да му биде вратен пасошот кој му беше одземен по барање на СЈО?! Се сеќавате ли дека се договоривте со Мијалков за кои предмети ќе биде осуден (поради јавноста)?! Се сеќавате ли како и се деревте на Катица Јанева што ги притворила Камчев и Мијалков за случајот ИМПЕРИЈА, месец Ноември 2018? Бевте избезумен поради тоа што токму тие двајца ви ги обезбедувале потребните пратеници за гласање на уставните измени?! Се сеќавате ли дека на денот на притворот на Камчев му се јавивте на Иван Џолев за да ја отворат гаражата од судот да не биде Камчев фотографиран и снимен како е носен во кривичен суд по повод притворот за ИМПЕРЈА?! (не постои ниедна фотографија или пак снимка од Камчев кога го доби притворот за Империја, аналогно на ова само Цветан Панделевски беше фотографиран и снимен). Се сеќавате ли колку пати беа во вашиот кабинет Зоран Милевски Кичевскиот и Камчев уште летото пред да биде отворен предметот ИМПЕРИЈА?! Одговорете јасно што се договаравте со Јордан Камчев кој за вас во еднаш тогаш дадено интервју кажа дека сте најдобриот премиер што го имала нашата држава. Дали вечерта додека се одлучуваше за притворот на Камчев по предметот Империја и се јавивте лично на судијата Весна Димишкова да и влијаете да не одреди притвор туку други мерки и за возврат и ветивте повисока судиска функција?! Овој одговор го има во податоците во мојот телефон!!! Одговорете сега кои се тие ваши заеднички, ваши и на Камчев бугарски пријатели кои ја организираа операцијата наречена РЕКЕТ која беше извршена од Русковска и со која операција е нарушен суверенитетот на државата?!кажете во какви бизнис релации сте со тие лица од соседна Бугарија и колку нечисти пари имате избројано, па сте им должни по повеќе основи?! Одговорете зошто тој директор на тогашната УБК Горан Николовски Џони не преземал никакви службени дејствија кои морал да ги преземе по слово на законски надлежности овластувања? Доколку споменатиот Џони (со надимак како маалско куче) преземел службени дејствија не мораше да биде целиов циркуз, нели така? Сега ќе имавме познат сторител фатен на дело со пари во рака, а не вака една правна расомонијада!!! Но сега ви поставувам и конкретно многу суштинско прашање, дали Џони ве штитеше од сторен криминал вас лично и вашиот брат Вице Заев па затоа денес јас сум во затвор наместо вие и вашиот брат, господине Зоран Заев?! Се сеќавате ли Зоране Заев дека ми кажавте дека можете да го згаснете СЈО кога и да посакате бидејќи Катица Јанева со нејзиното делување ви правела политички проблем?! Категорично тврдам дека СЈО го згаснавте вие и вашите пајташикримоси, а знаете зошто и кои ви беа вистинските побуди да не постои СЈО! Одговорете и на јавноста заради што ја викавте Катица Јанева во вашиот кабинет и на кој начин ја уценивте да му го врати пасошот на Јордан Камчев (кога се појави некаков спортски натпревар надвор од државата). Признајте дека вие извршивте влијание таа да даде позитивно мислење за издавање на времен пасош на Камчева, судот тоа го одобри тоа е во месец Април и Мај 2019 година, баш во критичниот период за кој јас бев обвинет а денеска осуден. Осуден сум токму под истата околност дека сум и влијаел на Катица да му го врати пасошот на Камчев, а вие Зоране Заев го сторивте тоа бидејќи бевте во прљава криминална шема со лицето Јордан Камчев. Јас немав никаква врска ниту со пасош ниту со пуштање од притвор на Камчев!!! Вие ја уценивте Катица Јанева и за пасошот на Камчев и за пуштањето од притвор на Камчев и Мијалков вие Зоране Заев имавте реален авторитет поради вашата премиерска функција па на тој начин можевте да извршите влијание врз Катица Јанева, а не јас!!! Јас сум имал комуникација и дружење со Катица и тоа не го порекнувам и стојам позади што било!!! Јас сум имал состаноци и со Камчев и со други лица, од бизнис секторот, јас сум водел медиум и на мене како приватник ми доликувало да преговара со бизнисмени и да се договарам со нив за пари и рекламирање, но на вас Зоране Заев не само што не ви доликувало туку ви било забрането согласно Закон затоа ќе сносите кривична одговорност кога тогаш!!! За мене скоро па сите од СДСМ велевте дека не сте ме познавале, дека сте ме познавале само преку телевизија, па потоа дека сум ве злоупотребувал. Ма немојте ве молам, па нели се срамите, имате ли тронка човечко достоинство? Инаку да, во една прилика во мојот дом покрај сите други кои биле на гости, беа Радмила Шекеринска и Катица Јанева и точно е дека никогаш со Радмила не сум зборувал за никаков Орце, за никаква ИМПЕРИЈА, за никаков Мијалков, туку зборувавме за носењето на Законот за СЈО кој беше во подготвителна форма, а доказ за истото постои во мојот телефон во мојата маил комуникација каде Рената Дескоска ни го испрати предлог законското решение кое го емитувавме во вестите на 1ТВ. И токму така беше, Радмила е една од ретките чесни и достоинствени политичари која веројатно се згрозувала од вашите заевистички пазарења и криминали!!! Кога сме веќе кај гостите што доаѓале кај мене ги има повеќе на број, но ќе дојде ред па ќе објаснам за секого и се што ќе биде потребно за кристализирање на многу односи, релации и недоречености кои лебдат во воздух. Господине Зоране Заев се сеќавате ли како присилно ме натеравте да напишам писмо додека бев во Шутка каде што ќе го величам вашето име и ќе напишам дека немате врска со случајот рекет??? Е тогаш ме натеравте присилно да пишувам писмо, ми го уништивте семејството, го инкриминиравте мојот татко во кривични процеси само поради притисок врз мене, ми ја уништивте телевизијата, ме оцрнивте и од мене направивте најголем злосторник и криминалец, но ете дојде ден кога своеволно ви го пишувам ова писмо полно со факти и аргументи! Па затоа на самиот крај ви поставувам уште едно прашање... господине Зоране Заев до кога мислите да се правите луди за наводното бегство на Никола Груевски?!?! Категорично и недвојбено тврдам дека вие сте оној кој му помогна на Груевски елегантно да си замине во Будимпешта!!! На мене лично ми кажавте дека тоа е политичко решение!!! И затоа тишина и никогаш повеќе не го споменувајте бегството на Груевски!!! Имам уште многу теми, тези, прашања и одговори но ќе ги оставам за следно продолжение. Што се однесува до Меѓународен сојуз и целиот тој случај ќе се видиме очи во очи на суд па ќе ви поставам директни прашања поврзани со случајот каде на обвинителна клупа седат невини луѓе!!! Во смисла на сето ова што го напишав во ова отворено писание, подготвен сум да одговора на сите овие теми на секое прашање при полиграфско испитување, пред целата јавност, во име на вистината!!! Знаете зошто апелацискиот суд ни ја потврди правно безмислената и катастрофална пресуда за предметот Рекет донесена од братучетката на Иван Џолев, судија Васка Николовска Масевска??? Само поради вашето влијание и вашите притисоци да не се дознае вистината и утврди вашата вина!!! Јас лежам невин, осуден без доказ и со прљава пропаганда!!! Не дек јас сум цвеќе за мирисање, но во споредба со вас сум мало бебе!!! Тоа што сега од страна на МВР и Русковска мистериозно се исчезнати комуникациите од апликацијата what’s app од мојот телефон е јасен показател за вашиот страв, но не заборавајте сите вие дека уништување на доказен материјал е тешко кривично дело па така сите учесници колективно ќе си одговарате!!! Господине Зоране Заев наместо да се подготвувате после оваа театарска оставка да возите мотори со Филипче, подгответе си адвокатски тим и подгответе добра одбрана, ќе ви биде потребно!!! После ова отворено писмо, барам од државата неприкосновена заштита на мојот физички интегритет а воедно и заштита на членовите на моето семејство и блиски луѓе до мене, поради сериозноста на изнесеното и поради познавањето на структурата личноста на која е наменето ова писмо, барањето е основано и неопходно!!! Случајот РЕКЕТ не е завршен, тек започнува... Продолжува... TO BE CONTINUED… Срдечен поздрав, Бојан Јовановски]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/boki-13-so-otvoreno-pismo-do-zoran-zaev-otkriva-niza-skandali/feed/ 0
Отворено писмо од докторите во ,,Аџибадем Систина’’ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreno-pismo-od-doktorite-vo-adzibadem-sistina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreno-pismo-od-doktorite-vo-adzibadem-sistina/#respond Sat, 20 Mar 2021 11:22:05 +0000 https://kurir.mk/?p=485184

Докторите од приватната болница „Аџибадем Систина“ преку отворени писмо до јавноста мерката притвор која е изречена за Јордан Камчев е престрога и сериозно го попречува на секојдневното работење на болницата. во продолжение интегрален текст од отвореното писмо на докторите Се обраќаме во името на колективот на најголемата приватна клиничка болница во земјата ,,Аџибадем Систина’’ која е дел од најголемата групација на болници во Југоисточна Европа „Аџибадем“ и дел од вториот најголем синџир болници во светот, малезиската групација IHH. ,,Аџибадем Систина’’ е болница која вработува повеќе од 1100 луѓе, која располага со најреномираниот тим од 200 врвни специјалисти, дел од нив и универзитетски професори како и останат медицински и технички персонал кои придонесуваат за врвната услуга која ја нуди болницата на пациентите. Придонесите на Клиничката болница ,,Аџибадем Систина’’ и нејзиното значење за целиот здравствен систем во земјата се и повеќе од евидентни. Истите особено се изразени и континуирано се дополнуваат во ковид периодот каде што болницата со сите свои ресурси и капацитети се обидува да им излезе во пресрет на сите граѓани кои имаат потреба. Покрај целосната посветеност кон активностите поврзани со ковид во болницата и отворањето на инфективниот оддел во кој со врвен тим на инфектолози и останат медицински персонал се нудат најсовремени методи при грижата за пациенти заразени со вирусот, во текот на за сите особено предизвикувачката 2020 година како дел од ,,Аџибадем Систина’’ беше отворена и новата Педијатриска болница, единствена во регионот која ги содржи сите педијатриски супспецијалности и е распространета на 4.000 квадратни метри, а во нејзиното работење се вклучени 210 врвни професионалци. ,,Аџибадем Систина’’ само во текот на 2020 година инвестираше близу 10 милиони евра во најсовремена технологија со што нејзиниот имиџинг – дијагностички центар е опремен со најновите достигнувања во дијагностичка опрема кои нудат квалитетна, брза и прецизна услуга на пациентите. Во периодот кога јавните здравствени установи беа оптеретени со притисокот од ковид кризата, ,,Аџибадем Систина’’ ги отвори вратите и за младите, идни доктори и со пионерскиот проект во државата Академска пракса ,,Аџибадем Систина’’ на 100 студенти, потенцијални доктори им обезбеди пракса со врвни услови и можност да учат од најдобрите доктори во најголемата и најсовремена приватна болница во земјата. Сето тоа е по заслуга и насоки на г-динот Јордан Камчев, како дел од највисокиот менаџмент на КБ ,,Аџибадем Систина’’. Неговите директни заложби во функционирањето на болницата не се само од аспект на Претседател на Одборот на директори на болницата тука и од аспект на припадност во големото семејство и тимот на ,,Аџибадем Систина’’. Г-динот Камчев покрај тоа што е движечка сила и поддршка на сите проекти во болницата тој е и мотивација за сите нас кои сме дел од тој тим. Со оглед на тоа, тековната ситуација поврзана со г-динот Камчев неминовно влијае и на сите секојдневни активности и сериозни проекти кои тој ги има иницирано и со кои раководи во КБ ,,Аџибадем Систина’’ . Во тек се многу големи чекори кои тој ги спроведуваше, а доказ за тоа е дека само еден ден пред неговото приведување по негови насоки, согледувајќи ги сериозните потреби на граѓаните, итно и вонредно беше проширен капацитетот за хоспитализација на ковид – пациенти во болницата, со што покрај комплетно опремување и функционалност на новиот, дополнитен ковид центар се реализираа и нови вработувања на медицински персонал - двајца специјалисти инфектолози, доктори специјалисти за интерна медицина,  пет доктори по општа медицина и нови 15 медицински сестри. Г-динот Јордан Камчев е директно потребен за реализација на голем број на активности во Болницата, а престрогата мерка притвор е сериозно попречување на секојдневното работење. Целосно ги поддржуваме и охрабруваме сите правни процеси на институциите кои се во насока на донесување на правични судски одлуки. Со оглед на тоа дека за г-динот Камчев се веќе преземени други мерки за обезбедување – одземање на патни исправи и обезбедување со капитал и истите тој во целост безусловно ги почитува и редовно се јавувал на сите покани во судот сметаме дека моменталните мерки кои се применуваат за г-динот Камчев се неразумни и престроги и индиректно влијаат и на вработувањето на повеќе од 1100 луѓе во КБ ,,Аџибадем Систина’’. Бараме, додека судските постапки се сѐ уште во тек, при донесувањето одлуки за г-динот Камчев да се земат во предвид сите овие факти за неговата неопходна присутност во КБ ,,Аџибадем Систина’’.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreno-pismo-od-doktorite-vo-adzibadem-sistina/feed/ 0
Отворено писмо до државното раководство од припадниците на Армијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreno-pismo-do-drzavnoto-rakovodstvo-od-pripadnicite-na-armijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreno-pismo-do-drzavnoto-rakovodstvo-od-pripadnicite-na-armijata/#respond Tue, 01 Dec 2020 20:04:21 +0000 https://kurir.mk/?p=437177

Почитувани Претседател, Премиер, Министер за одбрана, Ние, како припадници на АРМ, цениме дека ова писмо треба да почне со заклетвата: „Се колнам дека ќе ги бранам слободата, сувереноста, самостојноста и територијалниот интегритет на Република Македонија. Дисциплинирано, совесно и одговорно ќе ги извршувам обврските и должностите како бранител на мојата татковина Република Македонија и ќе се борам за нејзината слобода и чест!“ Заклетва која сите припадници на Армијата на Република Македонија, почнувајќи од осамостојувањето во 1991 година па се до денес, ја даваат кога ќе ја облечат униформата и ќе стапат на служба во АРМ. Заклетва која, Ние, припадниците на АРМ, кога ја даваме се колнеме на Македонија, без разлика дали претседател е Киро Глигоров, Борис Трајковски, Бранко Црвенковски или Стево Пендаровски. Без разлика дали премиер е Никола Кљусев, Бранко Црвенковски, Љубчо Георгиевски, Владо Бучковски, Хари Костов, Никола Груевски, Емил Димитриев, Оливер Спасовски или Зоран Заев. Без разлика дали министер е Трајан Гоцевски, Владо Поповски, Благој Ханџиски, Никола Кљусев, Лазар Китановски, Љубен Пауновски, Владо Бучковски, Лазар Еленовски, Јован Манасијевски, Зоран Коњановски, Фатмир Бесими, Талат Џафери, Зоран Јолевски или Радмила Шекеринска. Без разлика дали Вие сте од СДСМ, ВМРО, ДУИ, ЛДП, ДПА, или било која друга политичка партија. Без разлика дали Вие како Премиер, Претседател или Министер сте Македонец, Албанец, Турчин, Србин, Ром, Влав,..... Без разлика дали сте православен, муслиман, католик, протестант,..... Без разлика на сите можни поделби по кои можеме да се делиме и да бидеме различни меѓу себе, Ние се колнеме на Македонија. (нека ни простат сите оние кои ненамерно не се спомнати, меѓутоа целта на писмото не е да набројуваме.) Вие, претседателите, премиерите, министрите, исто така давате свечени заклетви и изјави кога ќе стапите на функциите и должностите кои ги извршувате. И Вие, како и Ние, се колнете и изјавувате дека функциите ќе ги извршувате совесно и одговорно, ќе ги почитувате Уставот и законите, ќе ги штитите територијалниот интегритет, суверенитет и независноста на Република Македонија. Изјавувате дека ќе работите во интерес на граѓаните и за доброто на земјата. Кажувате дека ќе ја оправдате довербата која Ви ја дал НАРОДОТ. Значи, да заклучиме до овде: и Ние и Вие, сите се колнеме дека ќе ги правиме истите работи за Македонија, секој од својата функција, должност, позиција, во склад со своите надлежности, своите можности .... Меѓутоа, во последно време Вие направивте чекори и постапки кои раѓаат сомнеж кај многумина од Нас. Ни го сменивте името на државата, ни ја зедовте Македонија од униформата и ни забранивте да ја носиме, не разоружувате од оружјето и орудијата кои имаат респективна огнена моќ, ни ги „трансформирате“ специјалните и тенковските единици, ни наметнувате да градиме капацитети само како лесна пешадија, ни ги приземјувате воздухопловите,.... Но најважно е дека ни ја менувате историјата (а не сакате да ги слушате историчарите), ни ги распродавате хероите кај соседите, се обидувате да го продадете јазикот, идентитетот,..... Што ќе биде следно? Религијата, територијата,....? Има ли крај? Сето ова не тера да се посомневаме дека Вие како да не ги почитувате заклетвите и изјавите кои свечено ги дадовте и потпишавте. Мислиме дека не ги извршувате Вашите обврски и должности за да ги заштитите интересите на Македонија и дека искрено работите во интерес на граѓаните и татковината. Црвот на сомнежот сé повеќе ги разјадува нашите убедувања дека Вашите намери за живот во мир и благосостојба на народот во Македонија се чесни и искрени. Вие не сте искрени и не ја говорите вистината. Не ви го прифаќаме понижувањето со тоа дека бугарската фашистичка окупација била администрација, а нашата министерка Шекеринска дури и кажува дека треба да ја заборавиме историјата. НЕ! Тоа така не може! Ние во АРМ за наш ден го имаме 18 Август, свет ден кога во Втората Светска Војна 1943 година е формиран македонскиот антифашистички баталјон “Мирче Ацев”. Министерке, тоа не може да ни го негирате, не можете да ни ги негирате традициите од војната во која Македонците се бореле против бугарскиот фашистички окупатор. Затоа, Ве молиме, за доброто на сите: Уште еднаш размислете пред да ги донесете крајните одлуки и да преземете чекори кои може се штетни за македонските национални интереси. Размислете дали вреди да тргнеме по патот од кој нема враќање? Вие сте политичари, ние сме војници! Вие доаѓате и си одите, ние остануваме! Со нас останува и НАРОДОТ! Немојте да нé тестирате до каде ни е прагот на толеранција! Едноставно е, разберете нé! Ние не можеме да да молчиме додека Вие ја предавате и продавате Македонија! Стоп за распродажбата ВЕДНАШ! П.С. Не нé барајте преку службите, доволно нé има, од сите чинови, должности и од сите единици. Со почит, Ние, припадниците на АРМ..., се вели во отвореното писмо до државното раководство од припадниците на Армијата]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreno-pismo-do-drzavnoto-rakovodstvo-od-pripadnicite-na-armijata/feed/ 0
Отворено писмо на група македонски интелектуалци: Македонскиот идентитет не смее да биде основа за политички диктат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreno-pismo-na-grupa-makedonski-intelektualci-makedonskiot-identitet-ne-smee-da-bide-osnova-za-politichki-diktat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreno-pismo-na-grupa-makedonski-intelektualci-makedonskiot-identitet-ne-smee-da-bide-osnova-za-politichki-diktat/#respond Wed, 25 Nov 2020 15:48:54 +0000 https://kurir.mk/?p=434288

Како проучувачи на македонската историја и култура континуирано реагираме на современите политички и општествени предизвици со пишан збор и со јавен настап. Постојано укажуваме на тоа дека целта на ИСТОРИЈАТА како наука е да нè подучи свесно да го разбереме минатото за правилно да се однесуваме во сегашноста и правилно да постапуваме во иднина. Затоа и ја претпочитаме нејзината научна закономерност пред политичките и идеолошките влијанија, притисоци и импровизации на политичките фактори, ова преку отворено писмо го истакнуваат македонските интелектуалци. -Оттука, уште пред три години аргументирано и јасно укажавме на асиметричниот карактер на Договорот за добрососедство со Бугарија и на штетните последици што ќе произлезат од него. Исто така, укажавме и на сериозните обврски што ги презема Република Македонија со потпишувањето на Преспанската спогодба со Грција, што резултира не само со промена на уставното име туку и со откажување од асномските државотворни одлуки. Ова пак, влијаеше и на внатрешниот и на надворешниот политички живот на македонската држава втемелена на решенијата на Првото заседание на АСНОМ одржано токму на историскиот 2 август 1944 г. и создадена од претставници од сите краишта на етногеографска Македонија, од сите социјални слоеви, вери и националности. АСНОМ претставува заокружување на дотогашните борби на македонскиот народ, кој во сите историски бури – старомакедонски, Климентови, Самуилови, Карпошови, илинденски, партизански, референдумски и др., внесува своја содржина. Во сите овие процеси на заемна интеракција и симбиоза на единствениот простор – Македонија, се одвива посебниот историски развој на македонскиот народ, се создава неговиот идентитет, стои во нивното писмо. Тие додаваат дека токму затоа ние, потписниците на ова писмо, најостро реагираме на негаторската политика што ја застапува бугарската влада и уште еднаш најенегрично изјавуваме дека историјата на македонскиот народ, македонскиот јазик, македонската култура и литература, односно сето она што го дефинира македонскиот идентитет не смее да биде основа за политички диктат, ниту предмет на расправа на т.н. заеднички комисии. -Сметаме дека актуелните политички и општествени чинители треба да дејствуваат во насока на заедничко разбирање и на заемно почитување на сите народи, и тоа врз основа на демократските начела на современото цивилизациско поимање, без да се проблематизираат посебните македонски вредности што се создадени во текот на изминатите векови. Едногласна е нашата определба да го повикаме македонскиот политички врв да не подлегне на притисоците и да не дозволи присвојување на македонската историја, на  македонскиот јазик и на македонското културно наследство, како и негирање на македонскиот национален идентитет од страна на Р Бугарија или на која било друга земја, зашто тоа е во спротивност и со вредностите и со принципите на кои е изградена и функционира Европската Унија, истакнуваат интелектуалците преку отвореното писмо испратено до медиумите и јаснова. Скопје, 23.11.2020 г. Потписници: проф. д-р Новица Велјановски проф. д-р Нада Јурукова проф. д-р Тодор Чепреганов проф. д-р Наташа Котлар-Трајкова проф. д-р Илија Велев проф. д-р Лилјана Гушевска проф. д-р Симона Груевска-Маџоска проф. д-р Ѓорѓи Чакарјаневски проф. д-р Виолета Ачкоска проф. д-р Мишо Нетков проф. д-р Танас Вражиновски проф. д-р Елка Јачева-Улчар доц. д-р Славчо Ковилоски доц. д-р Соња Николова]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/otvoreno-pismo-na-grupa-makedonski-intelektualci-makedonskiot-identitet-ne-smee-da-bide-osnova-za-politichki-diktat/feed/ 0