отворено студио – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 23 Nov 2018 17:54:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png отворено студио – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Георгиевска: Скандалозна е изјавата на министерот за eкологија Дураку дека не сме Швајцарија , тој веднаш треба да биде разрешен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/georgievska-skandalozna-e-izjavata-na-ministerot-za-ekologija-duraku-deka-ne-sme-shvajcarija-toj-vednash-treba-da-bide-razreshen/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/georgievska-skandalozna-e-izjavata-na-ministerot-za-ekologija-duraku-deka-ne-sme-shvajcarija-toj-vednash-treba-da-bide-razreshen/#respond Fri, 23 Nov 2018 17:54:09 +0000 https://kurir.mk/?p=131333

Во емисијата Отворено на Алфа Телевизија на тема „До кога ќе се гушат граѓаните “ гостуваа Невенка Георгиевска од 02 Иницијативата и Андреа Јанков од „ Го сакам Водно“. Невенка Георгиевска истакна дека скандалозна е изјавата на министерот за екологија Садула Дураку дека Македонија не е Швајцарија и дека тој треба веднаш да си даде оставка. „Скандалозна е изјавата на министерот за екологија Садула Дураку дека не сме Швајцарија тој веднаш треба да си даде оставка. “ Георгиевска кажа дека срамно е што и Владата не реагирала на оваа изјава и на потфрлањето на работата на ова министерство . Таа смета дека Владата после таква изјава требала да го разреши.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/georgievska-skandalozna-e-izjavata-na-ministerot-za-ekologija-duraku-deka-ne-sme-shvajcarija-toj-vednash-treba-da-bide-razreshen/feed/ 0
Јанков: Средствата во буџетот издвоени против аерозагадувањето се смешни https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankov-sredstvata-vo-budzetot-izdvoeni-protiv-aerozagaduvanjeto-se-smeshni/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankov-sredstvata-vo-budzetot-izdvoeni-protiv-aerozagaduvanjeto-se-smeshni/#respond Fri, 23 Nov 2018 17:51:51 +0000 https://kurir.mk/?p=131330

Во емисијата Отворено на Алфа Телевизија на тема „До кога ќе се гушат граѓаните “ гостуваа Невенка Георгиева од 02 Иницијативата и Андреа Јанков од„ Го сакам Водно“. Андреа Јанков кажа дека загадувањето е комбинација од незаинтересираноста на институциите да спроведат мерки и смешно малите средства издвоени во буџетот за оваа потреба. „Средствата во буџетот издвоени за борба против загадувањето се смешни. “ – кажа Јанков. Тој истакна дека Владата и институциите воопшто не даваат приоритет на овој проблем кој е од огромно значење.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jankov-sredstvata-vo-budzetot-izdvoeni-protiv-aerozagaduvanjeto-se-smeshni/feed/ 0
Мицкоски: Од грешките во минатото учевме, тие нема да се повторат и одиме напред https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-od-greshkite-vo-minatoto-uchevme-tie-nema-da-se-povtorat-i-odime-napred-2/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-od-greshkite-vo-minatoto-uchevme-tie-nema-da-se-povtorat-i-odime-napred-2/#respond Fri, 23 Nov 2018 15:08:20 +0000 https://kurir.mk/?p=131223

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски вчера гостуваше во отвореното студио на 1 ТВ каде поентираше неколку работи поврзани со ВМРО-ДПМНЕ, власта, идните планови на партијата, како и бегството на Груевски. Во продолжение прочитајте ги најважните поенти од гостувањето на Мицкоски: Претседателот на најголемата опозициска партија во Македонија, ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски, во своето вчерашно гостување во отвореното студио на ТВ 1 тој истакна дека опозицијата созрева, извлекува поука од грешките во минатото и нема да ги повтори. Тој посочи дека гласачите процениле дека има нешто погрешно во политиките на ВМРО-ДПМНЕ и решиле тоа да го казнат, но сега опозицијата е спремна да понуди решение за реалните проблеми на граѓаните на Македонија. -Многу пати сум кажал, еве ќе го повторам и во вашата емисија. Граѓаните на Република Македонија имале сигурно добра причина, зошто гласале против ВМРО-ДПМНЕ , најпрвин на предвремените парламентарни избори во 2016-та година иако ВМРО-ДПМНЕ освои најголем број на пратеници и гласови, но и на локалните избори во 2017-та година. Кога им дадоа доверба малтене акламативна на градоначалниците на СДСМ. Сигурно имале добра причина. Сигурно нешто процениле дека нешто не е добро во политиките на ВМРО-ДПМНЕ и одлучиле да го казнат и ние тоа го почитуваме. Од тоа извлековме поука, пораснавме и ВМРО-ДПМНЕ денеска е зрела да понуди решение за реалните проблеми на граѓаните во оваа држава. Ние никогаш нема да си дозволиме повторно ќе ви кажам дека воздухот во Скопје и ширум Македонија е загаден зошто постои режим или ваква власт каква што имаме сега. Само да се смени режимот или оваа власт ние ќе донесеме алпски воздух. Тоа нема да го направиме, затоа што тоа не може да се случи. Но дека имаме методологија и начин како да го подобриме квалитетот на живот на граѓаните. Да имаме, рече Мицкоски.

Мицкоски: Институциите знаат каде се движам, многу прецизно знаат и за Груевски, треба да кажат зошто не преземале ништо

Она што ВМРО-ДПМНЕ ќе го преземе во период кој што ќе следи ќе биде сведок јавноста, а што е поврзано со нашите внатре партиски случувања и дебати итн, истакна претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одговарајќи на прашањето на Александар Чомовски што ќе стори ВМРО-ДПМНЕ со почесниот претседател Никола Груевски, во рамки на интервјуто на 1ТВ. – Но она што е многу поважно за јавноста е да добиеме одговор како ова се случи? Зошто надлежните институции во оваа држава кој што можам да кажам барем од лично сведочење е дека многу прецизно знаат јас каде се движам и не гледам причина како не би знаеле каде движел Груевски. Но доколку не знаеле тогаш навистина е пропуст на тие институции. Бидејќи станува збор за лице кое што нели веќе беше на начин кој што беше тоа сме го коментирале во минатото осуден на затворска казна од две години, посочи Мицкоски.

Мицкоски: Ако критикуваме за минатото, а сега одобруваме време кое е 10 пати полошо, не сме постигнале ништо, треба да се расчисти со криминалците

Во интервјуто Мицкоски во врска со таканареченото „Кацарска судството“ вели дека ова што сега ни се случува е далеку од европски квалитет и европски стандарди. Тој притоа посочува дека пред нас се реформи кои се неопходни да се направат не само во судството туку и во обвинителството но и во други сфери што се поврзани со правната држава. -Ако ние правиме реминисценција за нешто што било во минатото,а создаваме слично такво дури и 10 пати полошо и тоа го оправдуваме, еве и под претпоставка се што било порано било лошо, ако ние исто правиме сега па дури и неколку пати полошо што сме постигнале како општество. Критикувајќи го минатото а гледаме како ни оди во сегашноста без да обезбеди вистински правец за иднината што правиме ние како политичари и како ние на овие граѓани во Република Македонија ќе и овозможиме подобра и посигурна иднина, рече Мицкоски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ притоа пак повтори дека не треба да се навраќаме постојано во минатото туку треба да се фокусираме на сегашноста за да можеме да се работи на иднината.

Мицкоски: Не можам да ветам чуда и лаги како Заев, но можам да ветам дека со сета енергија ќе работам за подобар живот

Сакам да ја видам Македонија со вистински европски вредности, со вистински реформирано судство, Македонија која ќе биде просперитетна, Македонија која ќе нуди можности за сите и тоа можам да го остварам. Имаме прецизна методологија како тоа да го направиме, истакна Мицкоски во интервјуто на 1ТВ. -Не можам вас да ви ветам дека режимот е виновен затоа што имаме загадено Скопје и дека само да се промени режимот од тре ќе дојде чист, свеж алпски воздух. Тоа е невозможно. Но, можам да ви ветам методологија која во период од Х години ќе го направи воздухот помалку загаден за 30 проценти. Не можам да ви ветам 500 километри автопати, затоа што не е возможно, но можам да ветам дека ќе направиме 500 километри патишта низ Македонија, ќе ги реконструираме и реновираме бидејќи имам методологија и знам како тоа да го направам со моите соработници, вели Мицкоски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ нагласи дека зборува за мерки кои ќе значат подобар живот на граѓаните. -Реформирано судство, вистинска борба против криминалот, реформирано здравство, реформирнао образование. Зборувам за држава која ќе нуди можности за сите граѓани, не зборувам за нешто кое ќе биде погрешно, објасни Мицкоски.

Мицкоски: Да не живееме во минатото, тоа нема да донесе 500 евра плата, почист воздух, тоа треба да го направи оваа влада

Можеме да зборуваме за ланскиот снег колку сакаме, но тоа нема да ни донесе 500 евра плата, тоа нема да ни донесе реформи во „Кацарска судството“. Тоа нема да ја придвижи Македонија напред. Тоа нема да обезбеди повисоки пензии, почист воздух, посочи Мицкоски, при самото гостување на интервју на 1ТВ. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ децидно објасни дека тој сака да ја види Македонија со вистински европски вредности, со вистинско реформирано судство. Македонија која што ќе биде просперитетна, која што ќе нуди можности за сите и тоа тој може да го оствари.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-od-greshkite-vo-minatoto-uchevme-tie-nema-da-se-povtorat-i-odime-napred-2/feed/ 0
Палевски: Притворот на лицата од 27-ми април е само провокација,изживување и обид да се створи страв и да се скрши духот на Македонецот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/palevski-pritvorot-na-licata-od-27-mi-april-e-samo-provokacija-izzivuvanje-i-obid-da-se-stvori-strav-i-da-se-skrshi-duhot-na-makedonecot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/palevski-pritvorot-na-licata-od-27-mi-april-e-samo-provokacija-izzivuvanje-i-obid-da-se-stvori-strav-i-da-se-skrshi-duhot-na-makedonecot/#respond Tue, 02 Jan 2018 13:03:16 +0000 http://kurir.mk/?p=5409

Македонскиот бизнисмен и поранешен екс партиски функционери од СДСМ, Љупчо Палевски во „Отворено студио“ на телевизија НОВА направи краток осврт во времето на еднопартискиот систем во Југославија и моменталната ситуација во Република Македонија. Тој го анализираше и го објасни настанот од 27-ми април таканаречен крвав четврток. Палевски истакна дека луѓето кои влегле во Собранието не биле сите членови на ВМРО-ДПМНЕ, туку биле луѓе испровоцирани и навредени од постапките на одредени политичари во Собранието. Тој додаде дека Зоран Заев не може да се нарешен социјалдемократ и дека неговата намера е да ја направи најголемата глупост од постоењето на овој народ а тоа е промена на уставното име на Република Македонија. -Реакцијата од групирањето и нечесното однесување на албанските политички субјекти го испровоцираа македонскиот народ и таму излегоа луѓе кои не се ВМРО-ДПМНЕ. Не се сите ВМРО, претпоставувам дека имало голем број на членови, меѓутоа не можеш да кажеш дека тоа се членови на ВРМО-ДПМНЕ. Тие луѓе не се навлечени, тие луѓе се прогласени за терористи, и јас тврдам дека ако они се терористи, тогаш на Минчо Јорданов во комунизмот му штрајкуваа 10.000 работници во Железара. Во едноумие, во еднопартиски систем влегоа во Парламентот, се поганија и мокреа на истите столици и ниту еден од тие 10.000 луѓе кои влегоа во салата за пленарни седници, дури немаше ниту едно македонско знаме, револтот не беше воопшто етнички или национален и ниту еден не беше од нив прогласен за учество во топла, а камо ли пак за терорист, изјави Палевски Според луѓето влегле во Собранието да пеат и да си ја бранат државата бидејќи биле испровоцирани и разочарани од одредена номенклатура на политичари кои насилно се обидела да се воспостави на власт во Република Македонија. Вакво безобразно и насилно гонење на сите тие 30, 60 или утре ден може да бидат и 200 луѓе е уште една провокација на Македонецот, изживување на Македонецот, да се скрши неговиот дух, да се створи некаков страв, апатија да нема реакција во намерите на Димитров и Заев како тандем кој не се социјалдемократи, а имаат намера да ја направат најголемата глупост од постоење на овој народ а тоа е само промена на името, констатираше Палевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/palevski-pritvorot-na-licata-od-27-mi-april-e-samo-provokacija-izzivuvanje-i-obid-da-se-stvori-strav-i-da-se-skrshi-duhot-na-makedonecot/feed/ 0