„отворено“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 02 Mar 2022 15:51:23 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png „отворено“ – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Грција ја укинува мерката задолжителната маска на отворено https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-ja-ukinuva-merkata-zadolzitelnata-maska-na-otvoreno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-ja-ukinuva-merkata-zadolzitelnata-maska-na-otvoreno/#respond Wed, 02 Mar 2022 15:51:23 +0000 https://kurir.mk/?p=639600

Грчката Влада ја прифати препораката на Комисијата на епидемиолози при Министерството за здравство на Грција за укинување на задолжителната маска на отворено и одлуката во сабота ќе стапи во сила, јави дописничката на МИА од Атина. Одлуката ја соопшти министерот за здравство Танос Плеврис, кој рече дека на денешната седница Комисијата предложила да се укине задолжителната употреба на маска на отворено, но, сепак, „останува силна препорака за употреба на маска на отворени простори со гужва, како и за луѓе со фактори на ризик за сериозни болести и невакцинирани лица“. Додаде дека предлогот е прифатен од Владата, а деталите ќе бидат објаснети во министерската одлука што ќе биде објавена во Службен весник на Грција. Претходно, во интервју за телевизијата „Скај“, Плеврис рече дека со укинувањето на задолжителното носење маса на отворено започнува постепеното олабавување на мерките во земјата -Оценуваме дека до крајот на март ќе бидат укинати поголемиот дел од постоечките рестрикции и ако вака продолжи пандемијата и се потврдат предвидувањата, Велигден и лето ќе бидат многу блиску до нормалата за вакцинираните, рече Плеврис. Истакна дека сепак, рестрикциите и ограничувањата за невакцинираните ќе останат непроменети.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grcija-ja-ukinuva-merkata-zadolzitelnata-maska-na-otvoreno/feed/ 0
Според Филипче рано е за свадби и за неносење маски на отворено https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-filipche-rano-e-za-svadbi-i-za-nenosenje-maski-na-otvoreno/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-filipche-rano-e-za-svadbi-i-za-nenosenje-maski-na-otvoreno/#respond Mon, 10 May 2021 13:26:31 +0000 https://kurir.mk/?p=508527

Сеуште е рано за да се даде општа препорака за маските да не се носат на отворено, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Во одговор на новинарско прашање, Филипче рече дека за ова е разговарано утрово, но оти заклучокот е дека треба да се причека уште недела или две за една ваква мерка. – Следниот чекор би бил, но сеуште е рано да кажеме кога би било тоа, да се носат маските како претходно, односно само во група надвор. Засега е рано. Тоа ќе биде следно за што ќе разговаравме. Утрово инициравме дискусија и заклучокот е дека треба да почекаме уште недела или две, рече Филипче. Засега е рано и да се организираат свадби и концерти. – Сеуште не се дозволени концертите и свадбите бидејќи стравуваме дека во овие случаи може да се намали дистанцата меѓу луѓето кои се присутни и затоа одиме постепено. Ако продолжат трендовите, ќе бидат дозволени и концертите, нагласи Филипче. Новите предлози за олабавување на рестриктивните мерки, како што изјави, се поради трендот на намалување на бројот на новозазарени и значителното празнење на болничките капацитети. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/spored-filipche-rano-e-za-svadbi-i-za-nenosenje-maski-na-otvoreno/feed/ 0
Во оваа балканска земја денеска се укина мерката за задолжително носење маски на отворено https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-ovaa-balkanska-zemja-deneska-se-ukina-merkata-za-zadolzitelno-nosenje-maski-na-otvoreno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-ovaa-balkanska-zemja-deneska-se-ukina-merkata-za-zadolzitelno-nosenje-maski-na-otvoreno/#respond Thu, 29 Apr 2021 13:27:28 +0000 https://kurir.mk/?p=503786

Владата на Федерацијата БиХ одлучи денеска да ја укине мерката за задолжително носење маски на отворено, освен на местата каде не е можно да се одржува препорачаното растојание. Одлуката е донесена на предлог на Кризниот штаб и таа е конечна, соопшти Владата на БиХ. Маските ќе бидат задолжителни само на места како што се пазарите, пероните, автобуските, трамвајските и тролејбуските станици. Исто така, се наведува дека на ниво на Федерацијата БиХ, седумдневната инциденца изнесува 145 случаи на 100.000 жители, додека ситуацијата во Херцеговско-неретванскиот, Западнохерцеговскиот и Посавскиот кантон е особено загрижувачка.(МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-ovaa-balkanska-zemja-deneska-se-ukina-merkata-za-zadolzitelno-nosenje-maski-na-otvoreno/feed/ 0
Маските на отворено немаат смисла https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/maskite-na-otvoreno-nemaat-smisla/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/maskite-na-otvoreno-nemaat-smisla/#respond Tue, 13 Apr 2021 18:20:30 +0000 https://kurir.mk/?p=496700

Ако сакаме да ја ставиме ситуацијата под контрола, мора да ги сензибилизираме луѓето дека опасноста демне во затворени простории“, се вели во писмото до сојузната и покраинските влади, кое го цитира новинската агенција ДПА, објави „Дојче веле“. Авторите критикуваат дека значајни наоди од нивните истражувања не се преточени во практично дејствување. Мерки треба да се преземаат во домовите, канцелариите, училниците, станбените комплекси и установите за згрижување. Според нив инфицирање се случува со затворена просторија дури и ако не се сретнете со некого директно, но претходно во неа било заразено лице, а просторијата била лошо проветрена. Се смета за сигурно дека заразата се шири пред сѐ преку воздухот. Ова може да се случи преку капките што се создаваат при кашлање и кивање на зарзеното лице и се апсорбираат преку мукозните мембрани на здравото лице. Или преку аеросолите, мешавини на цврсти или течни суспендирани честички во воздухот кои содржат честички на Сарс-Ков-2. Тие се дефинирани како јадра на капки помали од пет микрометри и обично остануваат подолго во воздухот отколку поголемите капки кои брзо паѓаат на земја. Аеросолните честички можат да лебдат во воздухот со часови до денови. Другите начини на заразување – на пример преку допирање на контаминирани површини – играат многу помала улога во процесот на инфекција. Дебатите за забрани на шетањето по речните променади, седењето во пивските градини, трчањето или возењето велосипед се контрапродуктивни, се вели натаму во писмото на истражувачите на аеросоли. Таквите забрани се повеќе од симболична природа и од нив „не може да се очекува значително да влијаат врз процесот на инфекција“. На отворено, инфекциите се исклучително ретки, со удел во промили во вкупниот број на инфекции. Ограничените ресурси не треба да се трошат на вакви мерки. Исто така, на отворено нема заразување на големи групи луѓе – т.н. кластери – какви што се забележуваат во затворени простории, на пример во домовите за стари лица, училиштата, хорските проби или патувањата со автобус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/maskite-na-otvoreno-nemaat-smisla/feed/ 0
ИОМ: Во БиХ 3.000 мигранти живеат на отворено, тоа е хуманитарна катастрофа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/iom-vo-bih-3-000-migranti-ziveat-na-otvoreno-toa-e-humanitarna-katastrofa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/iom-vo-bih-3-000-migranti-ziveat-na-otvoreno-toa-e-humanitarna-katastrofa/#respond Mon, 28 Dec 2020 10:15:24 +0000 https://kurir.mk/?p=449322

Во Босна и Херцеговина најмалку 3.000 мигранти престојуваат на отворено во зимски услови, што може да се опише како хуманитарна катастрофа, предупреди денеска шефот на мисијата на Меѓународната организација за миграција (ИОМ) во земјата, Питер Ван дер Авераерт. Тој рече дека по пожарот и привременото затворање на кампот „Липа“ во околината на Бихаќ минатата недела, околу илјада мигранти кои престојуваа таму останаа без засолниште, а треба да се додадат и уште една и пол илјада до две илјади кои живеат во напуштени објекти и импровизирани населби со шатори во околината на Бихаќ и Велика Кладуша. – Ние сме во хуманитарна катастрофа, изјави Ван дер Авераерт за телевизијата Н1 во Босна и Херцеговина. Тој потврди дека ИОМ има потребни ресурси за формирање нов центар за прием, но проблемот е во локацијата. Советот на министри на БиХ претходно прифати локација на селото Липа да стане постојан центар за сместување мигранти, но за да се договори тоа треба да се испразни сегашното привремено засолниште за шатори и да се изгради нова населба со контејнери со потребната инфраструктура. Властите во Бихаќ не дозволија мигрантите од областа Липа привремено да бидат сместени во поранешниот камп во близина на фабриката „Бира“. Ван дер Авераерт изјави дека оваа ситуација предизвика дополнителен миграциски притисок на границите затоа што некои од оние кои останаа без засолниште се упатија кон Хрватска, а некои решија да се вратат во Србија, верувајќи дека таму можат да ја поминат зимата во подобри услови. Вкупниот број илегални мигранти кои моментално живеат во БиХ, според проценките на ИОМ, е околу осум илјади, а повеќето од нив се наоѓаат во Унско-Санската жупанија и во околината на Сараево, каде има два центри за нивно сместување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/iom-vo-bih-3-000-migranti-ziveat-na-otvoreno-toa-e-humanitarna-katastrofa/feed/ 0
Покрај „затворањето“ на Британија, дозволена продажба на новогодишни елки на отворено https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pokraj-zatvoranjeto-na-britanija-dozvolena-prodazba-na-novogodishni-elki-na-otvoreno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pokraj-zatvoranjeto-na-britanija-dozvolena-prodazba-na-novogodishni-elki-na-otvoreno/#respond Sun, 22 Nov 2020 18:30:42 +0000 https://kurir.mk/?p=432900

Со одлука на британската Влада продажбата на новогодишни елки да се класифицира како „основна“ стока, викендов е можно да се купат новогодишни елки на тезги и фарми во Англија. Здружението на одгледувачи на елки се залагаше за промена на одлуката според која само супермаркетите се изземени од забраната за работа, нагласувајќи дека продажбата ќе се одвива надвор, каде што е полесно да се почитуваат мерките на физичка дистанца, пренесува „Гардијан“. Здружението брои повеќе од 320 члена кои продаваат дрвја, со свежи венци и новогодишни елки по цени генерално пониски отколку во цвеќарниците.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pokraj-zatvoranjeto-na-britanija-dozvolena-prodazba-na-novogodishni-elki-na-otvoreno/feed/ 0
Португалија воведува задолжително носење маска на отворено каде има метеж https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portugalija-voveduva-zadolzitelno-nosenje-maska-na-otvoreno-kade-ima-metez/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portugalija-voveduva-zadolzitelno-nosenje-maska-na-otvoreno-kade-ima-metez/#respond Fri, 23 Oct 2020 16:30:32 +0000 https://kurir.mk/?p=419910

Во Португалија денеска е донесена мерка за задолжително носење заштитни маски на отворено каде има метеж, со цел да се запре зголемувањето на бројот на заразени со коронавирус. Сите лица постари од 10 години ќе бидат обврзани да носат заштитни маски на отворено кога не е можно да се одржи физичко растојание, а мерката ќе биде во сила најмалку 70 дена. Прекршителите на оваа мерка ќе бидат казнети со парична казна од 100 до 500 евра. Во земјата, со население од нешто повеќе од 10 милиони, пријавени се вкупно 109.541 случаи на коронавирус, а досега починале 2.245 лица како резултат на Ковид-19. Португалската Влада вчера соопшти дека три општини во северниот дел на земјата ќе бидат ставени во делумен карантин за да се спречи зголемувањето на новите случаи на коронавирус. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/portugalija-voveduva-zadolzitelno-nosenje-maska-na-otvoreno-kade-ima-metez/feed/ 0
Носењето маска на отворено стана задолжително во Техеран https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nosenjeto-maska-na-otvoreno-stana-zadolzitelno-vo-teheran/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nosenjeto-maska-na-otvoreno-stana-zadolzitelno-vo-teheran/#respond Sun, 11 Oct 2020 07:34:51 +0000 https://kurir.mk/?p=414950

Иранскиот претседател Хасан Рохани им соопшти на Иранците дека носењето маска на отворени јавни места во главниот град Техеран станува задолжително, а оние што нема да ја почитуваат оваа нова мерка ќе бидат казнети. Иран поминува низ третиот бран од епидемијата, а дневниот број на смртни случаи неделава достигна црн рекорд, со 239 лица жртви на инфекцијата со коронавирусот. Во последните 24 часа во земјата умреа 195 лица, со што вкупниот број на смртни случаи од коронавирус достигна 28.293, а бројот на заразени во просек дневно изнесува 3.875, соопшти Министерството за здравство, пренесе Гардијан. Иран уште во јули ја воведе обврската за носење маска на затворени јавни простории, но без казни за прекршителите на оваа мерка. Маските сега се задолжителни и на отворен и на затворен јавен простор во Техеран. Рохани во телевизиско обраќање рече дека сите што ќе се најдат без маска ќе бидат казнети со 500 ријали, а заразените кои не биле во карантин ќе треба да платат два милиони ријали (речиси 2.000 американски долари). Британските медиуми пренесуваат дека од 3 октомври во Техеран се затворени училиштата, продавниците, рестораните и другите јавни институции. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/nosenjeto-maska-na-otvoreno-stana-zadolzitelno-vo-teheran/feed/ 0
Во Србија задолжително носење заштитни маски на отворено https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-zadolzitelno-nosenje-zashtitni-maski-na-otvoreno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-zadolzitelno-nosenje-zashtitni-maski-na-otvoreno/#respond Wed, 15 Jul 2020 11:40:14 +0000 https://kurir.mk/?p=376216

Носењето маски на отворено ќе биде задолжително на територијата на цела Србија во околности во кои не е можно да се држи дистанца од еден и пол метар, одлучи денеска Кризниот штаб. Исто така, се препорачува да се носат заштитни маски на сите други јавни места на отворено. Заштитни маски се задолжителни и на отворено, на места каде што не е можно да се обезбеди растојание од еден и пол метар, како што се редици пред продавниците, аптеките, автобуските и железничките постојки и слично. Одлуките на Кризниот штаб ќе се применуваат на целата територија на цела Србија, а не, како што беше случај во последните неколку недели, само во одделни градови. Ова важи и за носење маски во затворен простор, што досега беше задолжително во некои градови. Сите мерки кои се усвоени денеска ќе се применуваат од петок, 17 јули. На состанокот на Кризниот штаб донесена е одлука да се забрани собирање на повеќе од 10 лица на отворено. На територијата на цела Србија, без оглед дали е прогласена вонредна состојба во одредена општина или град, забранети се собири на јавни места на затворен и отворен простор за повеќе од десет лица. Владата на Република Србија уште еднаш апелира до граѓаните да ги почитуваат сите преземени мерки заради сопственото здравје и здравјето на своите најблиски. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/vo-srbija-zadolzitelno-nosenje-zashtitni-maski-na-otvoreno/feed/ 0
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски гостин во „Отворено“ на Алфа денеска во 18:18 часот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpretsedatelot-na-vmro-dpmne-aleksandar-nikoloski-gostin-vo-otvoreno-na-alfa-deneska-vo-18-18-chasot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpretsedatelot-na-vmro-dpmne-aleksandar-nikoloski-gostin-vo-otvoreno-na-alfa-deneska-vo-18-18-chasot/#respond Tue, 25 Dec 2018 14:42:44 +0000 https://kurir.mk/?p=144904

Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Александар Николоски денеска ќе биде гостин во „Отворено“ на телевизија Алфа. Тој ќе ја анализира изминатава 2018 година, која е најцрната година и најлошата за Македонија. Емисијата е најавена за денес во 18:18 часот, а по тој повод тој објави и статус на Фејсбук. -На 25.12 (вторник) од 18:18 часот сум гостин во ,,Отворено" на Алфа ТВ. Ќе направиме анализа на 2018 година. Заминува можеби најлошата и најцрна година за Македонија. Осврт за истата како и проекции за 2019. Вторник 18:18 часот Отворено на Алфа ТВ Гледајте!, стои во неговиот статус на Фејсбук.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potpretsedatelot-na-vmro-dpmne-aleksandar-nikoloski-gostin-vo-otvoreno-na-alfa-deneska-vo-18-18-chasot/feed/ 0