ОУ Круме Кепески – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 02 Feb 2023 11:21:44 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ОУ Круме Кепески – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Половина од училиштата во Кисела Вода опремени со сензорни соби, oтворена нова во ООУ „Круме Кепески” https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/polovina-od-uchilishtata-vo-kisela-voda-opremeni-so-senzorni-sobi-otvorena-nova-vo-oou-krume-kepeski/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/polovina-od-uchilishtata-vo-kisela-voda-opremeni-so-senzorni-sobi-otvorena-nova-vo-oou-krume-kepeski/#respond Thu, 02 Feb 2023 11:21:44 +0000 https://kurir.mk/?p=795122

Градоначaлникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски денес го посети ООУ “Круме Кепески” каде заедно со претставници од Фондацијата „Чекор по чекор“, во овој објект отворија нова сензорна соба, која значително го олеснува и унпредува образовниот процес на учениците со попреченост. Сензорната соба, која е дел од проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ е со површина од 50 м2. Сместена е во просторија која пред темелното реновирање беше училница која не се користеше. Заедно со денес отворената, Општина Кисела Вода сега има сензорни соби во половина од основните училишта на своја територија, но интензивно се работи, бројот да се удвои, односно сите училишта да имаат ваква сензорна соба, изјави градоначалникот Ѓорѓиевски. -Денес сме во ООУ “Круме Кепески” во Кисела Вода, каде уште еднаш, со проект потврдуваме дека инклузијата на лицата со попреченост високо котира на листата на приоритетите за делување на Општина Кисела Вода. Годината ја започнавме со отворање на првата инклузивна градинка во Скопје, лоцирана во Усје, мината година отворивме сензорни соби во две други училишта, а од денес и 21 ученик со попречност од ова училиште доби просторија која е уредена со рехабилитациско-рекреациска опрема и мноштво дидактички материјали и сензорни елементи. Со реализацијата на денешниот проект, сме на половина од крајната цел, да им обезбедиме на сите 102 ученици од општината кои имаат ваква потреба, да имаат сензорна соба во своето училиште, односно сите основни училишта кои се под надлежност на Општина Кисела Вода да имаат сензорна соба. Ова е нешто на кое интензивно работиме и кое во најскоро можно време ќе го реализираме. Во таа насока, сакам да се заблагодарам на Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“, финансиран од Европската Унија, на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, на Советот на родители од ова училиште, како и на повеќе компании кои преку својата општествена одговорност дадоа свој влог во креирањето на подобра иднина за овие лица, изјави Ѓорѓиевски. -„Фондација “Чекор по Чекор” веќе триесетина години ја промовира идејата дека со соодветна поддршка од рана возраст, сите деца можат да го развијат својот целосен развоен потенцијал. Во изминатите 25 месеци, колку што го спроведуваме проектот, реализиравме 43 училишни грантови, со кои го поддржавме подобрувањето на пристапноста и инклузивноста на некои од училиштата каде учат 474 стипендисти на проектот. Проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“ ефинансиран од Европската Унија и го спроведуваат Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, заедно со Здружението за промоција и развој на инклузивно општество „Инклузива“ и Здружението за давање услуги на лицата со попреченост „Хандимак“, а се реализира вo соработка со Министерството за образование и наука. Со овој последен грант, го опремивме овој мултисензорен простор во ООУ „Круме Кепески“, обезбeдувајќи стимулативна средина за учење, развој и креативност без ограничувања.“, изјави Елена Мишиќ, Раководителка на проектот „Биди ИН, биди ИНклузивен, биди ИНклудиран“. Директорката на ООУ “Круме Кепески”, Павлина Трипуновска, ја потенцираше важноста на проектот во насока на развивање на инклузивна клима и им врачи благодарници на сите кои зедоа учество и го поддржаа отворањето на сензорната соба.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/polovina-od-uchilishtata-vo-kisela-voda-opremeni-so-senzorni-sobi-otvorena-nova-vo-oou-krume-kepeski/feed/ 0
Ѓорѓиевски: Проектот спроведен преку Центарот за скопски плански регион овозможи во смарт табли во сите училишта https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gjorgjievski-proektot-sproveden-preku-centarot-za-skopski-planski-region-ovozmozi-vo-smart-tabli-vo-site-uchilishta/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gjorgjievski-proektot-sproveden-preku-centarot-za-skopski-planski-region-ovozmozi-vo-smart-tabli-vo-site-uchilishta/#respond Fri, 06 May 2022 09:37:33 +0000 https://kurir.mk/?p=672794

Градоначалникот Орце Ѓорѓиевски и директорот на Центарот за скопски плански регион Љупчо Кец Мицковски денес го посетија училиштето “Круме Кепески”. Тоа е едно од училиштата што доби смарт табли преку проектот “Поддршка на образовниот процес и стимулирање на дигиталните вештини на учениците во основните училишта во Општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода“. Со обезбедените 16 кои веќе се користат во наставниот процес, сега веќе сите основни училишта во Кисела Вода се опремени со дигитални табли. -Осовременувањето на училиштата, преку стимулирање на дигиталните вештини е поставено високо во приоритетите на Општина Кисела Вода. Затоа, сакам да се заблагодарам на Центарот за развој на Скопскиот плански регион и на директорот на оваа институција, Љупчо Кец Мицковски кои го овозможија проектот за обезбедување на дополнителен број на дигитални табли во општинските училишта. Истиот, започна токму во Кисела Вода и значи унапредување на наставниот процес во сите училишни објекти во општина Кисела Вода. Со оваа донација од 16 смарт табли, сега истите се опремени со 43 дигитални табли и 75 смарт телевизори. Поддршката за вакви проекти кои значат подобрување на условите во училиштата е секогаш добредојдена, но сакам да нагласам дека непрекинато течат и нашите сопствени инвестиции во речиси сите училишни објекти. По спроведувањето на проектот “Компјутер за секој наставник”, со кој Општина Кисела Вода, преку донации обезбеди компјутер за секоја училница од сите 11 училишни објекти, во финална фаза се реновирањето на училишната спортска сала во ООУ “Невена Георгиева Дуња”, изградбата на две сензорни соби во ООУ “Кузман Шапкарев” и во ООУ “Кузман Јосифовски Питу”. Во овој објект, веќе е завршена и замената на кровната конструкција и фасадата, а сега следува и изградба на лифт за деца со посебни потреби, пристапни рампи, специјални тоалети, дактилни патеки кои овој објект ќе го направат првото целосно инклузивно училиште во Скопје-изјави градоначалникот Ѓорѓиевски. Проектот „Поддршка на образовниот процес и стимулирање на дигиталните вештини на учениците во основните училишта во Општините Аеродром, Карпош и Кисела Вода“ се спроведуваше во изминатите два месеци. Носител на проектот е Центар за развој на Скопски плански регион, кој со финасиски поддршка од Владата, преку Министерство за локална самоуправа и Бирото за регионален развој, овозможи снабдувањето со 54 дигитални табли во вкупно 27 училишта во трите споменати општини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/gjorgjievski-proektot-sproveden-preku-centarot-za-skopski-planski-region-ovozmozi-vo-smart-tabli-vo-site-uchilishta/feed/ 0