овчари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 08 Feb 2021 14:12:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png овчари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Овчарите незадоволни од откупната цена за килограм јагне https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovcharite-nezadovolni-od-otkupnata-cena-za-kilogram-jagne/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovcharite-nezadovolni-od-otkupnata-cena-za-kilogram-jagne/#respond Mon, 08 Feb 2021 14:12:19 +0000 https://kurir.mk/?p=465843

Оваа година македонското јагне има најниска цена и покрај докажаниот висок квалитет, но и покрај недостигот на европскиот пазар каде традиционално извезуваме, велат одгледувачите на овци. Причината за ваквата ситуацијата ја лоцираат во октупувачите. Не веруваат во нивното образложение дека и тие добиваат пониска цена при пласманот, сметаат дека ова им е само изговор за да го земат јагнето што поевтино. Но, откупувачите се децидни дека цената на домашното јагне ја диктира купувачот од надвор. Според нив, за надминување на овој децениски проблем со откупот на јагнето во земјава и откупната цена, решението можеби треба да се бара во обезбедување поголема државна поддршка за овчарите, по примерот на други земји. Моментно, откупната цена за килограм јагне жива мера е 140 – 150 денари, но овчарите велат дека треба да изнесува 160 – 170 денари. -Откупувачите, и покрај милионскиот капитал остварен од извозот на јагне од наше производство, бараат безцарински увоз на живо јагне од ЕУ со цел реекспорт за уште поголем личен профит. Имаат разработено олигополска шема која е погубна за нас. И доколку се дозволи безцарински увоз како што бараат, под изговор дека со отворањето на новиот пазар ќе порасне откупната цена, ние немаме никаква сигурност дека јагнињата ќе ни бидат откупени и дека вистина ќе порасне откупната цена. За безцаринскиот увоз секако очекуваме да се слушне и нашето мислење, како Сојуз на одгледувачи на овци, меѓутоа не ни се претставени во целост можностите што не тангираат, вели за МИА претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци, Никола Георгиев. Лани, истакнува Георгиев, цената во овој период беше иста како сега, околу 150 денари за килограм, но во периодот на зголемена понуда, падна на 110 – 120 денари. И сега се очекува пак да падне кога ќе порасне понудата. Шпицот на понудата, потсетува Георгиев, е од 20 март. Сточарите апелираат надлежните институции да размислат околу доделувањето локации на потенцијални инвеститори за изградба на нови кланици, а АХВ да направи напори за извоз на живо јагне. -Цената на јагнешкото на светските пазари од 2015 година претрпе голема дигресија, појава која предизвика ураган во овчарскиот сектор кај нас, континуиран пад на бројот на овци, демотивација и деморализација кај одгледувачите. Минатата 2020 година светскиот пазар на јагнешко месо се стабилизира и прв пат во однос на претходните пет години се постигна највисока просечна продажна цена. Прв пат се појави недостиг на јагнешко месо на европскиот пазар, кој е наша целна група. Но, во нашава земја, под изговор на корона кризата, повторно имаше намалување на просечната откупна цена на јагнињата. Истото ни се случува и оваа година, иако јазот меѓу побарувачката и понудата се зголемува, односно на европскиот пазар има помала понуда дури од минатогодишната, објаснува претседателот на Сојузот. Според него, остатокот од европските фактори – извозници на јагнешко, очекуваат и добиваат покачена вредност на јагнињата, не само поради недостигот, туку и поради зголемените цени за производство. -Цената на пченката, како основа за прехраната на јагнињата, е покачена е за 30 – 40 проценти во однос на минатогодишната, додека сојата е поскапена за 30 отсто, медикаментите се поскапени за 20 проценти, како и сите други фактори кои влијаат во производството на јагнешко се покачени во одредена мера. Доколку пред две и повеќе години причините за ниска цена на јагнешкото ги баравме во конкурентските цени, сега би можеле да кажеме дека најниска цена на јагнешко е во нашава земја заедно со Србија, дециден е Георгиев. Сојузот предупредува дека последниве неколку години одгледувачите на овци се на крстопат околу одлуката за иднината на дејноста поради исклучително лошиот баланс „добивка – загуба“. -Се уште не се знае цената што би можеле ние да ја платиме за домашното јагне зашто се уште не се прецизирани програмите како ќе оди откупот за Велигден. Цената која ние ја добиваме како понуда за извоз, всушност ја диктира цената за откуп дома. Напите странски партнери си го гледаат пазарот таму, локално, кај нив, и доаѓаат со понуда. Велат, ако сакате да ви го откупиме јагнето, можеме да платиме толку и толку. Ние, согласно тоа, им кажуваме на овчарите колку можеме максимум да платиме. Сепак, цената ја диктира купувачот од надвор, објаснува за МИА Весна Станоевска од извозната компанија „Стоко промет – Стоко импекс“. За овој децениски проблем меѓу овчарите и откупувачите, решение, смета Станоевска, можеби треба да се бара во поддршката од државата. -Можеби државата не дава доволно субвенции. Ако се распрашате во околните земји, Грција, Србија, какви се субвенциите, ќе видите каде е разликата. Сега, до крај на месецов, Грција продава поевтино јагне од нашето. Значи, тие дефинитивно мора да се некако поинаку стимулирани зашто трошоците се тие, не може тие да имаат помали трошоци. Можеби имаат повисока цена за млекото или субвенција за секое родено или извезено јагне. Тука е таа разлика. Ние како фирма извозник не можеме да влијаеме – добиваме цена од надвор. Ако ја прифатиме, кажуваме колку максимум можеме да платиме за домашното јагне. Но, затоа сме фрима која нема ниту еден долг кон овларите, тоа што е ветено е изреализирано во рок од неколку дена по откупот. Додека не се замепа државата со некоја субвенција или помош, ситуацијата ќе истане таква, оценува Станоевска. Таа укажува и дека за да бараме купувачи надвор, немаме континуирано производство, ниту исто јагне, со постојана големина. Обично грлата по големина се мешани, од 10 до 30 килограми, а надвор се бараат од околу 15 килограми жива мера за да се добијат седум до осум килограми месо. За продажба годинава земјава ќе има најмногу околу 200.000 јагниња. Освен на традиционалните пазари, во Хрватска и Италија, побарувачка, велат овчарите, има и од Бугарија, Германија, Британија, како и од арапските земји. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovcharite-nezadovolni-od-otkupnata-cena-za-kilogram-jagne/feed/ 0
На овој остров бараат овчар, нудат плата од 25.000 евра https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-ovoj-ostrov-baraat-ovchar-nudat-plata-od-25-000-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-ovoj-ostrov-baraat-ovchar-nudat-plata-od-25-000-evra/#respond Wed, 03 Jul 2019 16:09:20 +0000 https://kurir.mk/?p=215117

За сите на кои им здодеа модерната технологија и современите монотони работи, еден пуст остров нуди нешто единствено. Шкотскиот остров Северен Роналдсеј бара заинтересирани овчари, кои ќе бидат чесно платени за да чуваат редок вид шкотски овци – оркни. Островот бара искусни овчари, пренесува „Метро“, кој ќе пази овците да останат во чопор, да јадат само планирана храна која можат да ја сварат, да бидат на безбедни локации и оддалечени од сите гребени кои се наоѓаат во околината. Овчарите ќе бидат задолжени и да го пазат ѕидот кој го раздвојува природното живеалиште на овците од нивите на кои се одгледува храна за цел остров. А бидејќи ѕидот е стар, овчарот ќе биде задолжен и да го поправи. Работата бара 35 работни часа неделно, за што работодавецот плаќа 24,473 евра. При прифаќањето на работата, идниот вработен ќе мора да остане три години во работен однос за ѕидот во потполност да биде поправен, а бројот на овци да се зголеми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-ovoj-ostrov-baraat-ovchar-nudat-plata-od-25-000-evra/feed/ 0
Овчарите ќе ги дефинираат барањата за одржливо овчарство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovcharite-kje-gi-definiraat-baranjata-za-odrzlivo-ovcharstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovcharite-kje-gi-definiraat-baranjata-za-odrzlivo-ovcharstvo/#respond Fri, 07 Jun 2019 06:08:57 +0000 https://kurir.mk/?p=206340

Сојузот на одгледувачи на овци денеска во Тетово ќе одржи состанок на кој треба да се разгледаат можностите за одржливост на овчарството. Според претседателот на Сојузот, Никола Георгиев, во игра се две опции: зголемување на субвенциите за 800 денари по грло или воведување интервентна мерка  – поддршка за предадено грло во кланичен капацитет. Која од нив ќе биде преточена во барање до државата, ќе се знае по состанокот. -Не можам да прејудицирам колкава поддршка ќе бараме зашто загубите во производството се различни зависно од регионот. Ќе почекаме за тоа оценка да даде Институтот за сточарство. Според нашите пресметки, би требало да биде 40 денари за килограм предадено јагне во капацитет или околу 1.000 по грло предадено во кланичен капацитет, вели Георгиев за МИА. Колкаво да биде зголемувањето на субвенциите би требало најреално да се знае по 30 јуни, до кога е пролонгиран и рокот за пријавување. Како што додава Георгиев, пријавувањето всушност ќе ја прикаже бројната состојба на овците во земјава. На состанокот во Тетово, покрај одгледувачите на овци ќе присуствуваат и претставници од Министерството за земјоделство и од Јавното претпријатие за пасишта. Освен за актуелната состојба во овчарството, ќе стане збор и за претстојните Овчарски денови кои традиционално се одржуваат секој 7 јули на Бистра. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovcharite-kje-gi-definiraat-baranjata-za-odrzlivo-ovcharstvo/feed/ 0
Овчарите со нови барања, повисоки субвенции или поддршка за предадено грло во кланица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovcharite-so-novi-baranja-povisoki-subvencii-ili-poddrshka-za-predadeno-grlo-vo-klanica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovcharite-so-novi-baranja-povisoki-subvencii-ili-poddrshka-za-predadeno-grlo-vo-klanica/#respond Thu, 06 Jun 2019 10:33:12 +0000 https://kurir.mk/?p=206013

Зголемување на субвенциите за 800 денари по грло или воведување интервентна мерка  – поддршка за предадено грло во кланичен капацитет, ќе побараат од државата одгледувачите на овци. Овие две опции тие ќе ги разгледаат утре, на состанок во Тетово, а целта е, како што велат, изнаоѓање најсоодветно решение за одржливост на овчарството. – Не можам да прејудицирам колкава поддршка ќе бараме зашто загубите во производството се различни зависно од регионот. Ќе почекаме за тоа оценка да даде Институтот за сточарство. Според нашите пресметки, би требало да биде 40 денари за килограм предадено јагне во капацитет или околу 1.000 по грло предадено во кланичен капацитет, вели за МИА претседателот на Сојузот на одгледувачи на овци, Никола Георгиев. Колкаво да биде зголемувањето на субвенциите би требало најреално да се знае по 30 јуни, до кога е пролонгиран и рокот за пријавување. Како што додава Георгиев, пријавувањето всушност ќе ја прикаже бројната состојба на овците во земјава. – Кампањскиот откуп е завршен и заклучено со православниот Велигден извезени се 180.000 јагниња, додека досега бројката е околу 200.000. Лани вкупно беа извезени 198.000 грла. Очекуваме надминување иако моментно ситуацијата со извозот е статус-кво, нагласува Георгиев. На утрешниот состанок во Тетово, покрај одгледувачите ќе присуствуваат и претставници од Министерството за земјоделство и од Јавното претпријатие за пасишта. Освен за актуелната состојба во овчарството, ќе стане збор и за претстојните Овчарски денови кои традиционално се одржуваат секој 7 јули на Бистра.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovcharite-so-novi-baranja-povisoki-subvencii-ili-poddrshka-za-predadeno-grlo-vo-klanica/feed/ 0
Протестот на овчарите во мирување, во јануари ќе се знае дали ќе им бидат исполнети барањата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protestot-na-ovcharite-vo-miruvanje-vo-januari-kje-se-znae-dali-kje-im-bidat-ispolneti-baranjata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protestot-na-ovcharite-vo-miruvanje-vo-januari-kje-se-znae-dali-kje-im-bidat-ispolneti-baranjata/#respond Thu, 20 Dec 2018 12:11:35 +0000 https://kurir.mk/?p=142732

Одгледувачите на овци кои денеска одржаа мирен протест пред Министерството за земјоделство, од ресорниот министер Љупчо Николовски добија ветување дека ќе ги разгледа нивните барања, но дали и кое од нив ќе биде исполнето, ќе се знае по 20 јануари. Тогаш Николовски треба да ги посети овчарите во велешко и да ја соопшти владината одлука. -На средбата беше договорено по 20 јануари министерот да дојде во Велес и да ги соопшти решнијата. Дотогаш го ставаме протестот во мирување. На средбата ги повторивме нашите барања: 1.500 денари субвенции за грло овца и 1.000 за оставено женско јагне, како и поддршка од државата ако откупната цена на јагнето е пониска од производната, изјави за МИА Митко Јанков, одгледувач на овци од Велес. Овчарите речиси веднаш откако пристигнаа пред Министерството, беа примени на разговор кај министериот Николовски. На средбата присуствуваше и директорот на Платежната агенција Николче Бабовски. Тој информирал дека субевнциите за органското производство и за млекото од 2017 година се веќе пуштени и треба легнат на сметките на земјоделците идната недела. -Николовски им порачал на одгледувачите на овци дека барањата ќе бидат детално разгледани и веднаш ќе се направат анализи за да се види кое од нив може најбрзо да се реализира со цел да се овозможи рентабилно производство. Исто така, министерот потенцираше дека ќе иницира средба со градоначалниците од сточарските региони за најскоро време да се решат и проблемите што ги имаат одгледувачите на овци во делот на патната и канализациската инфраструктура, информираат од МЗШВ по средбата. Според Министерството, овчарството е стратегиска гранка поради што ќе преземеме се што е потребно за да се стопира падот на бројот овци. -Предлозите ќе бидат анализирани и ќе видиме кое од предложените барања може најбрзо да се реализира. Веќе работиме на нови мерки за оваа гранка.Од следната година со Програмата за рурален развој е планирано зголемување на сумата за набавка на приплоден добиток од постојните 14 на 60 милиони денари, субвенциите за предадено овчо млеко од годинашните четири денари на 4,5 денари за литар предадено млеко. И следната година во Програмата за финансиска поддршка за 10 отсто ќе бидат зголемени субвенциите за сточарите со развоен потенцијал вклучително и за одгледувачите на овци. Не велам дека ова е доволно, затоа сме тука за да ги слушнеме и вашите предлози и заеднички да креираме мерки кои што ќе го развијат сточасртвото а вие како сточари ќе имате поголеми приходи, им порачал Николовски на одгледувачите на овци. Повторил и дека од 2019 година преку програмите на МЗШВ за ЈП Пасишта ќе бидат одвоени 24,5 милиони денари за фотоволтаици, поила и корита за летните пасишта (трла) со овци. Од следната година ќе почне и електоронско преобележување на ситниот добиток вклучително и на овците, со што ќе се евидентира точниот број. -За овој потег и сточарите изразија задоволство, бидејќи ова е едно и од нивните барања. МЗШВ работи и на измени на Правилникот со кој е предвидено олеснување на критериумите за отворање мали производни капацитети за преработка на традиционални сточарски производи. Во новиот оглас за мерката „Млад земјоделец“ предност имаат токму младите сточари, вклучително и за одгледувачите на овци, а прв пат се објавија наменски огласи за доделување државно земјоделско земјиште под закуп за производство на добиточна храна до и над три хектари. МЗШВ активно работи на изработка на нов закон за пасишта, со што ќе им се помогне на сточарите во планирањето и организирањето на сточарското производство. Во фаза на обработка се и барањата за исплата на субвенциите за органско производство меѓу кои се и субвенциите за одгледувачите на овци кои имаат органско производство, за што исплатата ќе почне оваа недела. Министерот и претстваниците на здруженијата на одгледувачи на овци се договорија во првиот месец од следната година, повторно да имаат средба на која ќе се резимира имплементацијата на мерките на МЗШВ и на нивните предлози, наведуваат од Министерството. Овчарите го најавија протестот вчера. Иако утрово се собраа мирно, пред Министерството ги пречека полициско обезбедување. Пред да влезат на средба кај Николовски, се пожалија дека се во многу тешка финансиска состојба и дека се бората за опстанок. Подвлекоа дека не бараат профит, туку егзистенција. Ако државата не им излезе во пресрет, предупредија, Македонија за три години ќе остане без овци. Субвенциите засега изнесуваат 1.100 за грло овца и 700 денари за оставено женско јагне, а вкупниот фонд овци во земјава, како што посочија сточарите, не е 750.000, туку максимум 450.000.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/protestot-na-ovcharite-vo-miruvanje-vo-januari-kje-se-znae-dali-kje-im-bidat-ispolneti-baranjata/feed/ 0
Овчарите утре на протест пред МЗШВ, бараат средба со Николовски и Заев https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovcharite-utre-na-protest-pred-mzshv-baraat-sredba-so-nikolovski-i-zaev/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovcharite-utre-na-protest-pred-mzshv-baraat-sredba-so-nikolovski-i-zaev/#respond Wed, 19 Dec 2018 14:17:54 +0000 https://kurir.mk/?p=142410

Одгледувачите на овци од Македонија за утре најавуваат мирен протест пред Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство поради, како што велат, алармантната состојба во овчарството. Тие бараат средба со ресорниот министер Љупчо Николовски на која е добро, нагласуваат, да присуствува и премиерот Зоран Заев. Се жалат дека се дојдени на работ од егзистенција зашто секоја година се соочуваат со 2.000 – 5.000 евра загуба поради ниската цена на јагнето. -Одлучивме да реагираме со протест за да видат дека постоиме. И претходната и оваа власт нема слух за овчарите. Сакаме уште еднаш да укажеме дека откупната цена на јагнето е пониска од производната, а минимални се и субвенциите за плодна овца и оставено женско јагне. Тоа сакаме да му го соопштиме директно на министерот Николовски, а бараме ако е можно, да присуствува и премиерот Заев, истакнува еден од одгледувачите на овци за МИА. Овчарите досега имале неколку состаноци со Николовски на кои присуствувале и директорот на Платежната агенција Николче Бабовски, како и директорот на Јавното претпријатие за пасишта Љуљзим Фејзулаи. Ги искажале проблемите со кои се соочуваат, но од надлежните, кои ги ислушале, не добиле конкретен одговор. -Имавме повеќе средби. Последната беше минатиот месец во Берово. Министерот беше присутен, беа и Бабовски и Фејзулаи. Ги сослушаа нашите барања: покачување на субвенциите за оставено женско јагне и за приплод на овца. Но, не добивме конкретен одговор. Ставот им беше неутрален. Утре, со протестот, всушност ќе упатиме молба повторно да разговараме и да најдеме заедничко решение за да го спасиме овчарството, велат сточарите. Додаваат и дека се многу револтирани од начинот на работење на Министерството, и од ова на сегашната, но и од тоа на претходната власт. Во врска со фондот овци во земјата, ја демантираат бројката од 700.000 – 750.000 овци која, нагласуваат, се пласира во јавноста. – Таа бројка не е точна. Во Македонија има максимум 450.000 овци. И не само што е преполовен бројот, туку постојат и фантом овци, а тоа значи дека некој зема субвенции, а нема грла, посочуваат овчарите и додаваат дека причината за тоа е немањето соодветна комуникација меѓу МЗШВ, АХВ и Платежната агенција. Според нив, смешно е зголемувањето на субвенциите за оставено женско јагне, од 1.000 на 1.100 денари. Цената, пак, на јагнето е многу ниска, под производната, и овој проблем се провлекува со години. -Производна цена е 165 денари за килограм жива мера, а продажна 120 – 140 денари, информираат производителите. Утрешниот протест го поддржуваат Националното здружение на овчари, Регионалното здружение на западна Македонија, Земјоделското здружение „Агро центар“ – Велес, „Орлови бари“ – Битола и „Рудо јагне“ – Прилеп. Овчарите за протестот денеска го информирале Министерството за земјоделство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovcharite-utre-na-protest-pred-mzshv-baraat-sredba-so-nikolovski-i-zaev/feed/ 0
Денови на овчарство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denovi-na-ovcharstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denovi-na-ovcharstvo/#respond Sat, 04 Aug 2018 08:52:23 +0000 https://kurir.mk/?p=84407

Во селото Маврово денеска ќе се одржат 12. Денови на овчарство. На манифестацијата, традиционално, ќе се стрижат овци, ќе се дегустира овчо сирење и ќе има борба со пеливани. Гостите ќе можат да пробаат овчарски грав и да ја погледнат изложбата на шарпланинци. Вообичаено, на крајот ќе се бира најдоброто овчо бело сирење. Деновите на овчарство ги организира Јавното претпријатие за стопансиување со пасишта, а поддржувач е Министерството за земјоделство. На манифестацијата ќе се обратат заменик-министерот Благе Цветковиќ, претседателот на Регионалното здружение на овчари Меџит Амити и градоначалникот на Маврово-Ростуше Медат Куртовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denovi-na-ovcharstvo/feed/ 0