овчарство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Jun 2019 12:05:13 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png овчарство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Овчарството во Тетовско има потреба од помош поради загубите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovcharstvoto-vo-tetovsko-ima-potreba-od-pomosh-poradi-zagubite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovcharstvoto-vo-tetovsko-ima-potreba-od-pomosh-poradi-zagubite/#respond Fri, 07 Jun 2019 12:05:13 +0000 https://kurir.mk/?p=206600

Одгледувачите на овци од Тетовско побараа што поскоро ресорното Министерство да најде начин да им се помогне околу загубите, бидејќи поради тоа сточарите се одлучуваат да го продаваат добитокот и на друг начин да обезбедуваат егзистенција. Своите ставови денеска ги истакнаа на состанокот во Тетово со раководството на Сојузот на одгледувачи на овци и другите сродни асоцијации и установи. -Пред продавање на јагнињата ни беше ветено дека загубата ќе се покрие. Сто десет до 130 денари се откупуваше јагнето, а цена на „чинење“ на јагне е 180 денари по килограм. Тоа значи загуба од по 40-70 денари по килограм. Се зборуваше да се плати по предадено јагне во кланица, да се додаде некој денар да не одат во загуба. Поради откупот на јагнињата сме во загуба, сите ги продаваат овците и бараат друга работа, рече Меџит Амити, одгледувач на овци од Тетовско. Тој додаде дека и состојбата со волната е катастрофална. -Никој не ја купува волната. Една овца да се стриже е 50 денари, а волната ни 10 денари не ја земаат, сите ја фрлаат од сточарите, рече Амити. Актуелната состојба во овчарството треба да се координира со ветувањата од Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство за одржливост во оваа област, велат од Сојузот. -Имаме три мерки да се покрие загубата за кои разговараме по региони. Треба да одлучиме дали со интервентна мерка за килограм продадено јагне во кланични капацитети или по глава продадено јагне или со зголемување субвенции со што би се надоместиле загубите што ги трпат овчарите. Загубата ја утврдува Институт за овчарство – Скопје. Тие утврдија по региони дека загубите не се подеднакви. Сметам дека треба да се одржува оваа гранка, бидејќи за разлика од Европа ние се уште имаме млади луѓе кои се волни да работат во сточарството, изјави Никола Георгиев, претседател на Сојузот на огледувачи на овци на Република Северна Македонија. На состанокот се разговараше и за спроведувањето на традиционалната манифестација „Овчарски денови на Бистра“]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovcharstvoto-vo-tetovsko-ima-potreba-od-pomosh-poradi-zagubite/feed/ 0
Денови на овчарство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denovi-na-ovcharstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denovi-na-ovcharstvo/#respond Sat, 04 Aug 2018 08:52:23 +0000 https://kurir.mk/?p=84407

Во селото Маврово денеска ќе се одржат 12. Денови на овчарство. На манифестацијата, традиционално, ќе се стрижат овци, ќе се дегустира овчо сирење и ќе има борба со пеливани. Гостите ќе можат да пробаат овчарски грав и да ја погледнат изложбата на шарпланинци. Вообичаено, на крајот ќе се бира најдоброто овчо бело сирење. Деновите на овчарство ги организира Јавното претпријатие за стопансиување со пасишта, а поддржувач е Министерството за земјоделство. На манифестацијата ќе се обратат заменик-министерот Благе Цветковиќ, претседателот на Регионалното здружение на овчари Меџит Амити и градоначалникот на Маврово-Ростуше Медат Куртовски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/denovi-na-ovcharstvo/feed/ 0