овчи сипаници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 28 Dec 2022 12:26:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png овчи сипаници – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Зголемен бројот на заболени деца од варичела во Куманово https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zgolemen-brojot-na-zaboleni-deca-od-varichela-vo-kumanovo/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zgolemen-brojot-na-zaboleni-deca-od-varichela-vo-kumanovo/#respond Wed, 28 Dec 2022 12:26:46 +0000 https://kurir.mk/?p=781660

Зголемен е бројот на деца заболени од варичела или познато како овчи сипаници во Куманово, информираа денеска епидемиолози од Центарот за јавно здравје. Лекарите од јавната здравствена установа велат дека трендот на зголемување на бројката на заболени, пред сè деца, почнал од октомври, годинава. – Станува збор за акутно заболување, карактеристично за детска возраст. Речиси 80 проценти од заболените во Куманово се деца од предучилишна и училишна возраст од нула до 14 години, има и новороденчиња, но и возрасни членови на семејствата на заболените дечиња, изјави доктор Јадранка Стаменковска од Центарот за јавно здравје Куманово. Таа појаснува дека станува збор за капкова инфекција, што се пренесува преку кашлање, кивање, говор и преку непосреден допир. Педијатрите ги пријавуваат заболените. Болеста се манифестира со појава на осип што започнува од главата. Лекувањето во најголем дел е во домашни услови бидејќи најчесто, заболените деца поминуваат со лесна клиничка слика, но, има и случаи со воспаление на белите дробови при намален имунитет. Од заболените возрасни, станува збор за родители кои во детството не ја прележале болеста што остава траен имунитет. Последниов месец регистрирани се 119 заболени, од почетокот на годинава, 352 деца. Епидемиолозите појаснуваат дека периодот на инкубација на вирусот трае од десет до 23 дена, заболените пак се најзаразни дента пред појава на карактеристичниот исип. – Значајно за нас е да не настане таа супер инфекција, да не се чешаат тие крустички, убаво да се дезинфицираат рацете, проветрена просторија, богата витаминска исхрана, доколку има температура, користење на симтоматска терапија, купки, додава Стаменковска. Според податоците на Центарот за јавно здравје Куманово, лани од овчи сипаници биле заболени 94 лица, а претходната година, имало околу 115 заболени. Поради пандемијата, претходните две години беше намален бројот на заболени од варичела. Но, од 2017 до 2019 година, таа бројка изнесуваше од 500 до 700 случаи. Кумановските епидемиолози годинава очекуваат да се достигнат овие бројки.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/zgolemen-brojot-na-zaboleni-deca-od-varichela-vo-kumanovo/feed/ 0
Двојно зголемен бројот на заболени од овчи сипаници во ноември https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojno-zgolemen-brojot-na-zaboleni-od-ovchi-sipanici-vo-noemvri/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojno-zgolemen-brojot-na-zaboleni-od-ovchi-sipanici-vo-noemvri/#respond Wed, 21 Dec 2022 21:20:22 +0000 https://kurir.mk/?p=778836

Зголемен број на овчи сипаници во земјава регистрира Институтот за јавно здравје во месец ноември. Според последниот извештај на ИЈЗ, во текот на ноември најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчи сипаници со вкупно 864 пријавени лица. Тие во вкупниот број на заболени во месецот учествуваат со 76,3%, а во групата на десетте најчести заразни заболувања за овој месец учествуваат со 76,7%. -Во однос на претходниот месец октомври 2022, се регистрира зголемување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 2,1 пати, a во однос на месец ноември 2021 се регистрира зголемување за 6,4 пати. Во однос на аритметичката средина се регистрира зголемување од 2,2%. Во вкупниот број на регистрирани овчи сипаници во 2022, пријавените случаи во ноември учествуваат со 27,5% Во вкупниот број на регистрирани акутни заразни заболувања во 2022 година, овчи сипаници учествуваат со 56.5%, се наведува во извештајот на ИЈЗ. Кумулативниот број на заболени од овчи сипаници во 2022 е за 5,8 пати поголем во однос на кумулативата за истиот период во 2021.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dvojno-zgolemen-brojot-na-zaboleni-od-ovchi-sipanici-vo-noemvri/feed/ 0
Овчи сипаници и ентероколити, најчести акутни заболувања минатиот месец https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovchi-sipanici-i-enterokoliti-najchesti-akutni-zaboluvanja-minatiot-mesec/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovchi-sipanici-i-enterokoliti-najchesti-akutni-zaboluvanja-minatiot-mesec/#respond Thu, 18 Aug 2022 06:07:31 +0000 https://kurir.mk/?p=720202

Во текот на претходниот месец во земјава се пријавени вкупно 607 заболени лица од акутни заразни заболувања, без КОВИД-19, грип, туберкулоза, СИДА, АФП и хепатит Б и Ц и ХИВ. Првите две најчести заболувања се овчи сипаници и ентероколити, кои учествуваат со 90,4 проценти во вкупниот број на заболени, а со 91,9 отсто во десетте најчесто пријавени акутни заразни заболувања во јули, покажуваат податоците од Билтенот на Одделот за епидемиологија на заразни заболувања при Институтот за јавно здравје. Во текот на јули, најчесто регистрирано акутно заразно заболување се овчите сипаници со вкупно 298 пријавени лица. Во однос на јуни има намалување на бројот на пријавени од овчи сипаници за 3,9 проценти, а во споредба со јули лани зголемување од 3,7 проценти. На второ место по бројот на пријавени заболени во јули се ентероколитите, со 251 случај. Во однос на јуни се регистрира зголемен број на заболени лица од ентероколити за 36,4 проценти, а во однос на јули минатата година има намалување од 31,4 проценти. Во однос на поделбата на акутни заразни заболувања по групи, најголем број припаѓаат на капкови заболувања. Од нив, најголем број се за овчи сипаници. Во оваа група се пријавени по 4 случаи на инфективна мононуклеоза и скарлатина и по еден случај на заразни заушки, легионерска болест и пневмококна инфекција. Во јули пријавени се 279 случаи на заболени од групата на цревни заболувања. Од нив, најголем број и инциденца чинат пријавите за ентероколити. Пријавени се 16 случаи на бактериски алиментарни инфекции и интоксикации и 12 случаи на салмонелоза. Во групата на сексуално и крвно преносливи инфекции (без ХИВ/СИДА) се регистрирани три заболени лица, односно два случаи на хламидија и еден случај на вирусен хепатит Ц. Во групата на зоонози пријавени се шест заболени лица, по два случаи на бруцелоза и ехинококоза и по еден случај на лајм борелиоза и лајшманиоза. Во групата на останати акутни заразни заболувања, во јули се регистрирани десет случаи, од кои седум случаи на шуга, два случаи на вирусен менингит и еден случај на вирусен енцефалитис. Во Билтенот се наведува дека во текот на јули има пријавено три случаи на ХИВ/СИДА, сите од машки пол. Едниот е на возраст од 20 до 24 години, вториот од 35 од 39 и третиот од 40 до 44 години. Според местото на живеење, трите лица се од Струга, Велес и Скопје и сите припаѓаат на групата бисексуалци. Пријавено е едно починато лице од ХИВ/СИДА од машки пол на возраст од 50-54 години од Скопје. Согласно постоечката евиденција, како што покажуваат податоците, заклучно со 31 јули 2022 година кумулативниот број на лица регистрирани со ХИВ/СИДА во Северна Македонија, за периодот 1987 – 2022 година изнесува 567, од кои 120 починале, а 443 живеат со ХИВ/СИДА. До ИЈЗ во јули пријавена е и епидемија на заразна болест Toxoinfectio alimentaris, заболување со знаци на труење кај деца од детска градинка кои консумирале храна во мензата на детската градинка во Штип. – Се работи за појава на заболување со знаци на труење кај деца од детска градинка кои консумирале храна во мензата на детската градинка. Од експонираните 100 лица, заболеле вкупно 7 лица, од кои 2 лица биле хоспитализирани во КБ Штип, испишани се во добра општа состојба, информираат од Институтот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovchi-sipanici-i-enterokoliti-najchesti-akutni-zaboluvanja-minatiot-mesec/feed/ 0
Прогласена епидемија на варичела во Крива Паланка и Ранковце, заболени 73 деца https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proglasena-epidemija-na-varichela-vo-kriva-palanka-i-rankovce-zaboleni-73-deca/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proglasena-epidemija-na-varichela-vo-kriva-palanka-i-rankovce-zaboleni-73-deca/#respond Mon, 11 Nov 2019 07:17:11 +0000 https://kurir.mk/?p=262441

Според податоците за пријавени случаи на лица заболени од овчи сипаници од Подрачната единица на Центарот за јавно здравје Крива Паланка, прогласена епидемија на ова високозаразно заболување на подрачјето на општините Крива Паланка и Ранковце. -Следејќи го пријавувањето на овчите сипаници на ниво на општина последните два месеца, се бележи зголемување на бројот на заболени лица. Почнувајќи од месец септември 2019, заклучно со 31 октомври регистрирани се вкупно 73 заболени лица, што е алармантна бројка споредено со истиот период минатата година, кога не е регистриран ниту еден случај на заболени од варичела, информира докторката Елена Крстевска-Ивановска, од ПЕ на Хигиено-епидемиолошка служба Центар за јавно здравје, Крива Паланка. И во 2016 година во истоветниот период била прогласена епричела на ниво на општина Крива Паланка и Ранковце, што покажува дека станува збор за заразно заболување кое се јавува циклично.  -Од вкупно 73 заболени, 55 се регистрирани кај деца од предучилишна возраст, дечиња до пет годинки, кои посетуваат или не посетуваат предучилишни установи,  а останатите се на возраст од 6 до 19 години, ученици во основните училишта во градот. Како резултат на  зголемениот број заболени во училиштата и градинките се доставени информации за начинот на пренесување на ова заразно заболување и превземањето превентивни мерки со кои би се спречила опасноста од понатамошно ширење на болеста, додаде Крстевска-Ивановска. Од вкупниот број регистрирани заболени од варичела, 51 лице е од град, додека 22 заболени се од руралните подрачја.Во однос на полот, заболени се 38 момчиња и 35 девојчиња. Од ПЕ на ХЕС Центар за јавно здравје Крива Паланка посочија дека како превентивна мерка дадени се препораки до установите и извршена е едукација на населението со цел да се спречи понатамошна појава на ширење на заболувањето, а епидемиолошката состојба на подрачеј на општините во реонот се следи постојано.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/proglasena-epidemija-na-varichela-vo-kriva-palanka-i-rankovce-zaboleni-73-deca/feed/ 0