Овидио Гузман Лопез – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 16 Sep 2023 10:35:29 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Овидио Гузман Лопез – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мексико го екстрадираше во Америка синот на поранешниот наркобос Ел Чапо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-go-ekstradirashe-vo-amerika-sinot-na-poraneshniot-narkobos-el-chapo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-go-ekstradirashe-vo-amerika-sinot-na-poraneshniot-narkobos-el-chapo/#respond Sat, 16 Sep 2023 10:35:29 +0000 https://kurir.mk/?p=878644

Мексико го екстрадираше Овидио Гузман Лопез, син на затворениот поранешен водач на картелот Синалоа, Хоакин Гузман, познат како „Ел Чапо“, во Соединетите Американски Држави за да се соочи со обвиненијата за трговија со дрога, изјави синоќа американскиот министер за правда Мерик Гарланд. „Оваа акција е последниот чекор во напорите на Министерството за правда да го нападне секој аспект од работењето на картелот“, рече Гарланд. Тој додаде дека Министерството за правда ќе продолжи да бара одговорност „од оние кои се одговорни за поттикнување на епидемијата на дрога што опустоши премногу заедници низ целата земја“. Во април, американските обвинители објавија долги обвиненија против Гузман и неговите браќа. Тие детално опишаа како синовите го воделе картелот, сè повеќе во трговијата со синтетички дроги како што се метамфетамин и моќниот синтетички фентанил, по екстрадицијата на таткото и можната доживотна казна затвор во САД. Мексиканските безбедносни сили го фатија Гузман Лопез, познат како „Глувче“, во јануари во Кулијакан, главниот град на мексиканската држава Синалоа, по што картелот го доби своето име. Владата се обиде да го фати три години претходно, но ја прекина операцијата кога сојузниците на картелот започнаа бран на насилство во Кулијакан. Апсењето во јануари предизвика слично насилство во кое беа убиени 30 луѓе во тој град, меѓу кои и десет припадници на армијата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/meksiko-go-ekstradirashe-vo-amerika-sinot-na-poraneshniot-narkobos-el-chapo/feed/ 0
ФОТО: Вооружен судир во Мексико по апсењето на синот на Ел Чапо https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-vooruzen-sudir-vo-meksiko-po-apsenjeto-na-sinot-na-el-chapo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-vooruzen-sudir-vo-meksiko-po-apsenjeto-na-sinot-na-el-chapo/#respond Fri, 18 Oct 2019 07:31:59 +0000 https://kurir.mk/?p=253271

Во северниот дел на Мексико дојде до жестоки судири меѓу безбедносните сили и членовите на моќниот картел „Синалоа“, откако бил уапсен еден од лидерите на овој нарко картел Овидио Гузман Лопез, син на кралот на дрогата Хоакин „Ел Чапо“ Гузман. Тешко вооружените членови на картелот ги опколиле безбедносните сили и ги присилиле да го ослободат Гузман Лопез, кој во САД е обвинет за трговија со наркотици, пренесоа британските медиуми. Гузман Лопез е пронајден во текот на рутинска контрола во Кулијакан, додава Би-Би-Си. Министерот за внатрешни работи Алфонсо Дурази објасни дека патролата набрзо ја опколиле бројно поголема група вооружени лица од картелот и дека била донесена одлука силите за безбедност да се повлечат за да се заштитат нивните животи и да се избегне дополнително насилство. Гузман Лопез е син на славниот Ел Чапо, кој е осуден на доживотна затворска казна и во САД на дополнителни 30 години затвор заради трговија со дрога и перење пари.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/foto-vooruzen-sudir-vo-meksiko-po-apsenjeto-na-sinot-na-el-chapo/feed/ 0