ОВК – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Oct 2023 13:58:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png ОВК – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Албанија нема да го екстрадира во Хаг припадникот на ОВК Гоџај, уапсен по барање на Специјалното обвинителство на Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-nema-da-go-ekstradira-vo-hag-pripadnikot-na-ovk-godhaj-uapsen-po-barane-na-spetsijalnoto-obvinitelstvo-na-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-nema-da-go-ekstradira-vo-hag-pripadnikot-na-ovk-godhaj-uapsen-po-barane-na-spetsijalnoto-obvinitelstvo-na-kosovo/#respond Tue, 10 Oct 2023 13:58:38 +0000 https://kurir.mk/?p=887521

Апелацискиот суд во Тирана денеска ја укина одлуката на првостепениот суд и го одби барањето за екстрадиција во Хаг на поранешниот припадник на ОВК, Дритан Гоџај, уапсен на 11 јули годинава во Тирана, по барање на Специјалното обвинителство на Косово, со седиште во Хаг. Исто така, судот целосно го ослободи од обвинувањата подигнати откако на социјалните мрежи објави сомнителни тајни докази за Хаг. За Гоџај, Обвинителството во овој случај работи за правно-политичките интереси на Србија и Русија, осудувајќи ја правичната војна на албанскиот народ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/albanija-nema-da-go-ekstradira-vo-hag-pripadnikot-na-ovk-godhaj-uapsen-po-barane-na-spetsijalnoto-obvinitelstvo-na-kosovo/feed/ 0
Кимберли Вест е новата хашка обвинителка за злосторствата на ОВК https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kimberli-vest-e-novata-hashka-obvinitelka-za-zlostorstvata-na-ovk/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kimberli-vest-e-novata-hashka-obvinitelka-za-zlostorstvata-na-ovk/#respond Fri, 02 Jun 2023 09:50:33 +0000 https://kurir.mk/?p=841465

Американската обвинителка Кимберли Вест е именувана на функцијата главен обвинител за злосторства извршени од борците на ОВК во Хаг, соопшти денеска тој суд. Во соопштението на судот пишува дека Вест е именувана „по процесот организиран од Европската Унија“. Во САД, Вест беше федерален обвинител и партнер во приватна адвокатска фирма. Од 2008 до 2013 година, таа работеше и во обвинителството на Хашкиот трибунал во судските процеси против поранешниот претседател на Република Српска, Радован Караџиќ и лидерот на босанските Хрвати, Јадранко Прлиќ. Кимберли Вест ќе го замени Џек Смит како главен обвинител, кој се врати во САД во ноември минатата година и ја презеде истрагата за доверливите документи пронајдени кај поранешниот американски претседател Доналд Трамп. Во меѓувреме, вршител на должноста главен обвинител беше Алекс Вајтинг. Првиот главен обвинител беше Дејвид Швендиман, исто така Американец.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kimberli-vest-e-novata-hashka-obvinitelka-za-zlostorstvata-na-ovk/feed/ 0
Поранешен командант на ОВК треба да плати и отштета на жртвите од над 200 илјади евра https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshen-komandant-na-ovk-treba-da-plati-i-otshteta-na-zhrtvite-od-nad-200-iljadi-evra/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshen-komandant-na-ovk-treba-da-plati-i-otshteta-na-zhrtvite-od-nad-200-iljadi-evra/#respond Thu, 06 Apr 2023 13:57:45 +0000 https://kurir.mk/?p=821081

Еден од командантите на ОВК, Салих Мустафа, кој беше осуден од Специјалниот суд на Косово на 26 години затвор за воени злосторства, киднапирање, тортура и убиства на албански цивили во април 1999 година во селото Злаш, мора да плати вкупно 207.000 евра отштета на настраданите. Советот на Специјалниот суд го прифати предлогот на адвокатите на жртвите и денеска нареди Мустафа да плати 170.000 евра за трите директни жртви, по 80.000, 60.000 и по 30.000 евра, додека петте индиректни жртви, против чии блиски членови на семејството е извршено делото, ќе добијат вкупно 37.000 евра, три семејства по 10.000 евра, едно 5.000, и уште едно - 2.000 евра. Судијката Мапи Фелт Фоља рече дека Мустафа е прогласен за виновен и должен да ја надомести оваа штета. Судијката Фоља изјави дека осудителната пресуда на Мустафа е правда за жртвите по повеќе од две децении и дека иако парите не можат да ги вратат убиените или да ги надоместат деновите на тортура и болката што настанала и траела долго потоа, материјалната отштета ќе значи нешто за нив. По ваквата одлука на судскиот совет, претседателот на Специјалниот суд на Косово во Хаг треба да назначи судски орган, кој ќе го следи спроведувањето и извршувањето на оваа наредба за репарација и ќе го определи рокот до кој треба да се исплатат сите жртви.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/poraneshen-komandant-na-ovk-treba-da-plati-i-otshteta-na-zhrtvite-od-nad-200-iljadi-evra/feed/ 0
Тачи: Светот сега знае дека ОВК не тргувала со човечки органи и дека Жолтата куќа не постоела https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-svetot-sega-znae-deka-ovk-ne-trguvala-so-chovechki-organi-i-deka-zholtata-kuka-ne-postoela/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-svetot-sega-znae-deka-ovk-ne-trguvala-so-chovechki-organi-i-deka-zholtata-kuka-ne-postoela/#respond Tue, 04 Apr 2023 13:11:02 +0000 https://kurir.mk/?p=820088

Поранешниот командант на ОВК, Хашим Тачи, обвинет за злосторства во Косово и Албанија, денеска пред судот во Хаг, негираше дека ОВК тргувала со човечки органи на затвореници во 1999 година и повтори дека не е виновен за делата во обвинението. - Светот сега знае, како резултат на овие процеси, дека немало трговија со органи и дека Жолтата куќа никогаш не постоела. Сега знаеме дека јас и ОВК, и народот на Косово и сите Албанци сме ослободени од тоа обвинение, рече Тачи алудирајќи на обвинението во кое не се споменува трговија со органи, пренесува Бета. Тачи го нарече „застрашувачко“ тврдењето од извештајот на Дик Марти, специјалниот известувач на Советот на Европа, објавен во 2011 година, дека ОВК и тој лично биле вклучени во трговијата со човечки органи. Обвинетиот рече дека „веднаш побарал меѓународната заедница да спроведе независна истрага“ за тие обвинувања. - Меѓународната заедница ми одговори дека е неопходен специјален суд за да се укине црниот облак од обвиненија за трговија со органи, кој висеше над Косово … Вистината сега е кажана и црниот облак се крена над Косово, рече Тачи. Тврдејќи дека неговото „жртвување“ затоа „било вредно“, Тачи нагласи дека очекува на крајот од судењето да биде ослободен од сите обвиненија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/tachi-svetot-sega-znae-deka-ovk-ne-trguvala-so-chovechki-organi-i-deka-zholtata-kuka-ne-postoela/feed/ 0
Судир на косовската полиција и ветераните на ОВК во Приштина, повредено едно лице https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sudir-na-kosovskata-policija-i-veteranite-na-ovk-vo-prishtina-povredeno-edno-lice/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sudir-na-kosovskata-policija-i-veteranite-na-ovk-vo-prishtina-povredeno-edno-lice/#respond Mon, 06 Jun 2022 11:48:13 +0000 https://kurir.mk/?p=687268

Пред Собранието на Косово денеска дојде до судир меѓу полицијата и ветераните нас ОВК, кои ги растурија безбедносните огради и влегоа во дворот на собранието. Притоа со повреди се здобил еден полицаец, јави Економија онлајн. Претседателот на ОВК, Фатон Кљинаку изјави дека законот за минимална плата не треба да биде изгласан во Собранието. Со законот, според него, се настојува да се елиминираат ветераните. – Мораме да протестираме поради вредноста на таа војна, имавме состанок со Владата и се изјаснивме за нашите ставови, додаде тој. Организации изразуваат незадоволство од невклучените боречки категории во зголемувањето на минималната плата, предлог на Владата. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sudir-na-kosovskata-policija-i-veteranite-na-ovk-vo-prishtina-povredeno-edno-lice/feed/ 0
Забранети посетите на Тачи и припадниците на ОВК во притворот во Хаг https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zabraneti-posetite-na-tachi-i-pripadnicite-na-ovk-vo-pritvorot-vo-hag/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zabraneti-posetite-na-tachi-i-pripadnicite-na-ovk-vo-pritvorot-vo-hag/#respond Tue, 24 Nov 2020 07:13:18 +0000 https://kurir.mk/?p=433463

Поранешните политички и воени лидери на ОВК, кои се приведени од Специјалниот суд во Хаг, можат само преку видо врска да комуницираат со членовите на своите семејства, а никој не може физички да ги посети. Оваа информација ја потврди Специјалниот суд во Хаг. -Посетите во притворската единица во моментов не се можни поради ограничувачките мерки поради коронавирусот. Со цел да се олесни редовниот контакт со семејството, овозможени се средби преку видео врски, изјави портпаролката на Специјалниот суд, Ангела Грип, пренесена од „Косово онлајн“. Седум поранешни политички и воени лидери на ОВК се обвинети за серија злосторства, од заплашување на сведоци, до убиства и лошо постапување. На списокот на обвинети се Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и Саљих Мустафа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zabraneti-posetite-na-tachi-i-pripadnicite-na-ovk-vo-pritvorot-vo-hag/feed/ 0
Уапсен претседателот на ветеранската организација на ОВК, Хисни Гуцати https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-pretsedatelot-na-veteranskata-organizacija-na-ovk-hisni-gucati/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-pretsedatelot-na-veteranskata-organizacija-na-ovk-hisni-gucati/#respond Fri, 25 Sep 2020 13:00:30 +0000 https://kurir.mk/?p=408441

Полицијата на Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС го приведе претседателот на Организацијата на воени ветерани на ОВК Хисни Гуцати и се очекува да го спроведе во Хаг пред меѓународниот суд за воени злосторства во Косово, каде што е подигнато обвинение против него, јави дописникот на МИА од Приштина. Гуцати е забележан како се изнесува со лисици на рацете од просториите на ОВВ-ОВК околу 13.30 часот. Апсењето е извршено во рамките на денешната акција на ЕУЛЕКС во седиштето на ОВВ-ОВК, која започна околу 11.30 часот. Засега нема официјална информација за причините за неговото приведување. Веста за апсењето на Гуцати и неговото пренесување во Хаг преку објава на Фејсбук ја потврди секретарот на ОВВ-ОВК Фатон Клинаку. Клинаку, по денешниот упад на полицијата на Меѓународната мисија за владеење на правото во Косово ЕУЛЕКС во просториите на организацијата, изјави дека ЕУЛЕКС при упадот не покажал никаков документ кој му дава за право да врши претрес. Тој ги нарече припадниците на ЕУЛЕКС „криминалци“ и порача дека, доколку бидат принудени, припадниците на некогашната ОВК ќе се борат против меѓународната организација, како што се бореле и против Југославија. Во изминатите десетина дена во три наврати во ветеранската организација на ОВК маскирани лица донесоа бројни досиеја на Специјалниот суд, со класификувани податоци од истрагата против лицата осомничени за воени злосторства и со имињата и сведоштвата на лица испитувани од Специјалното обвинителство. Досиејата им беа врачени на истражителите на Судот чие седиште е во Хаг. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uapsen-pretsedatelot-na-veteranskata-organizacija-na-ovk-hisni-gucati/feed/ 0
Ахмети сведочел пред хашките истражители како основач на ОВК за периодот 1998-2000 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-svedochel-pred-hashkite-istraziteli-kako-osnovach-na-ovk-za-periodot-1998-2000/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-svedochel-pred-hashkite-istraziteli-kako-osnovach-na-ovk-za-periodot-1998-2000/#respond Sat, 05 Sep 2020 07:26:34 +0000 https://kurir.mk/?p=399431

Лидерот на ДУИ Али Ахмети бил повикан од Специјалното обвинителство за Косово во својство на сведок како еден од основачите на ОВК за перидот 1998 – 2000 година. Првиот вицепремиер Артан Груби тврди дека испрашувањето на Ахмети од хашките истражители е поврзано со активности на Ксово, а не и во Македонија. -Поканата дојде преку нашето обвинителство, на поканата пишува во кое својство е поканет – во својство на сведок за неговата улога како основач на ОВК и како еден од коосновачите на народното движење на Косово за периодот од 1998 до 2000 година. Само во овој период и за тие активности. Во целото испрашување нема прашувано за какви било други активности во Македонија или во било која друга земја. Се однесува во својство на сведок само за околностите во Косово 98/00 и толкав е и мандатот на специјалното обвинителство на Косово, изјави Груби за ТВ Сител. Претседателот на ДУИ Али Ахмети на 2 и 3 септември беше на распит пред истражителите на Меѓународниот суд за Косово со седиште во Хаг. По дводневното испрашување во канцелариите на ЕУЛЕКС во Приштина, Ахмети изјави дека бил интервјуиран во својство на сведок, но дека не може да даде информација до завршување на процесите пред меѓународниот трибунал. -До завршувањето на овој процес не можам да споделам никаква информација со јавноста, затоа што така е предвидено со закон. Кога ќе добие епилог процесот, тогаш ќе можеме да говориме, тогаш тоа ни го дозволува и законот, изјави кратко лидерот на ДУИ. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ahmeti-svedochel-pred-hashkite-istraziteli-kako-osnovach-na-ovk-za-periodot-1998-2000/feed/ 0
Харадинај: Ветераните со иницијатива за затворање на Меѓународниот суд за Косово https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-veteranite-so-inicijativa-za-zatvoranje-na-megjunarodniot-sud-za-kosovo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-veteranite-so-inicijativa-za-zatvoranje-na-megjunarodniot-sud-za-kosovo/#respond Wed, 15 Jul 2020 08:53:59 +0000 https://kurir.mk/?p=375993

Потпретседателот на Организацијата на воени ветерани на Ослободителната војска на Косово (ОВВ-ОВК), Насим Харадинај најави дека поранешните борци идниот месец ќе ги започнат активностите за затворање на Специјалниот суд за воени злосторства во Косово, чие седиште е во Хаг. Харадинај во синоќешното интервју за телевизијата Т7 изјави дека за таа цел ОВВ-ОВК во август ќе организира петиција, која ќе ја достави до Собранието на Косово, со чија одлука пред пет години беше формиран Меѓународниот трибунал, познат во јавноста како „Суд за ОВК“. – По петицијата, во август ќе ги повикаме пратениците, за кои верувам дека сега се опаметиле, за да го иницираме поништувањето на Специјалниот суд. Ќе покренеме иницијатива за затворање на тој суд, не еднаш, туку сто пати ако треба, изјави Харадинај. Пред Специјалните совети за Косово, како што е официјалниот назив на судот што треба да ги испита евентуалните злосторства на ОВК против цивилите Албанци, Срби, Роми и други во последната војна, неодамна беше подигнато обвинение против претседателот на Косово, еден од основачите и водачите на ОВК, Хашим Тачи, кој од завчера се наоѓа на распит пред специјалното обвинителство во Хаг. Освен против претседателот на државата, обвиненија се подигнати и против лидерот на Демократската партија на Косово (ПДК) и поранешен собраниски спикер, Кадри Весели, како и против други водачи на ОВК. Тие се осомничени дека се виновни, меѓу другото, за убиство на над 100 цивили од разни националности за време и непосредно по војната во 1998-99 година. Тачи најави дека ќе поднесе оставка од претседателската функција доколку биде потврдено обвинението против него. Пред една година, откако беше повикан на интервју во обвинителството во Хаг, оставка од функцијата поднесе тогашниот премиер Рамуш Харадинај, исто така еден од челниците на ОВК. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/haradinaj-veteranite-so-inicijativa-za-zatvoranje-na-megjunarodniot-sud-za-kosovo/feed/ 0
Осомничен за учество во воени злосторства уапсен во Македонија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/osomnichen-za-uchestvo-vo-voeni-zlostorstva-uapsen-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/osomnichen-za-uchestvo-vo-voeni-zlostorstva-uapsen-vo-makedonija/#respond Wed, 24 Jul 2019 16:14:07 +0000 https://kurir.mk/?p=222241

Поранешниот припадник на ОВК Томор Морина, учесник во борбите во Косово, денеска е уапсен во нашата земја на граничниот премин Блаце. Од МВР за МИА потврдија дека Морина е уапсен по барање на Србија, поради сомнение за учество во воени злосторства против цивилното население на Косово. Српските медиуми пишуваат дека се очекува во наредниот период да се покрене постапка за испорачување на Морина во Србија, односно Министерството за правда да упати барање до македонското правосудство кое треба да одлучи дали се исполнети условите за негово испорачување. Според косовските медиуми, Морина учествувал во борбите во областа Дукаџини.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/osomnichen-za-uchestvo-vo-voeni-zlostorstva-uapsen-vo-makedonija/feed/ 0