овошки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 09 Apr 2021 09:10:45 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png овошки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Штети кај овошките во Тиквешко поради ниските температури https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shteti-kaj-ovoshkite-vo-tikveshko-poradi-niskite-temperaturi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shteti-kaj-ovoshkite-vo-tikveshko-poradi-niskite-temperaturi/#respond Fri, 09 Apr 2021 09:10:45 +0000 https://kurir.mk/?p=494712

Ниските утрински температури предизвикаа штети кај овошките во Тиквешко, за МИА потврдија од подрачните единици на Агенцијата за поттикнување на развојот во земјоделството, во Кавадарци и Неготино. Оттаму појаснија дека утринава температурата паднала околу минус пет степени и дека првичните согледувања се дека штети има кај овошките на пониските места, покрај Вардар и Црна Река. -Дополнителните проверки на терен ќе ја дадат вистинската состојба околу тоа кои микролокации претрпеле штети и колкав е процентот на мрзнење од ниска пролетна утринска температура, рече Драган Николов, советник во кавадаречката подрачна единица. Тој нагласи дека некои од овоштарите, во обид да го спасат годинашниов род, палеле огнови од органски отпад околу овошните насади, со цел да спречат мрзнење на папките кај овошните дрвца. Но, за разлика од организираноста во овој поглед во други држави, овде се уште се работело за изолирани случаи и не многу раширена пракса за заштита. Николов додаде дека увидот на лице место ќе покаже исто така дали има штети и кај некои од винските сорти грозје, како ,,смедеревка” и ,,шардоне”, кои порано ја почнале вегетацијата. Тој им препорача на лозарите кои имаат вакви и слични сорти, вообичаено подоцна да ја вршат резидбата, за да ги избегнат штетите од доцните пролетни мразеви. Раководителот на подрачната единица во Неготино, Ѓорѓи Ајтов исто така рече дека теренската анализа ќе го покаже степенот на оштетеност кај овошките, како последица на ниските пролетни утрински температури.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/shteti-kaj-ovoshkite-vo-tikveshko-poradi-niskite-temperaturi/feed/ 0
Снегот и мразот ги оставија дел од овошките без род https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/snegot-i-mrazot-gi-ostavija-del-od-ovoshkite-bez-rod/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/snegot-i-mrazot-gi-ostavija-del-od-ovoshkite-bez-rod/#respond Fri, 26 Mar 2021 10:19:36 +0000 https://kurir.mk/?p=488079

Како лани така и годинава овошките што најрано расцветаа, под товарот на снегот и минусните температури во ноќните часови, останаа без планираниот род, што ги разочара овоштарите во кичевско-бродскиот регион, каде што во полн ек на цветање беа кајсиите и сливите. – Од тоа што најмногу стравувавме се чини и се случи, а тоа е големо потфрлање на родот на сливите и кајсиите. Тире пред крајот на минатата недела беа во екот на цветање, а неделниот снег надополнет со ноќните минусни температури, кои се бележат деновиве, ќе придонесат сливите и кајсиите да останат без род, Ние ќе останеме без планираните количества сливова ракија и други приходи што ги остваруваме од овие овошки, вели Миле Стојкоски, жител на едно село во регионот. Овоштарите од регионот откако го загубија родот на сливите и кајсиите, сега целото внимание го насочуваат кон јаболката и крушите. Тие цветаат на почетокот од третата декада на месец април и очекуваат барем овие овошки да немаат толкава загуба. – Со искуствата од претходните пет години, кога во екот на цветањето на крушите и јаболката, температурите во два вечери паднаа под нула и наместо да ги добиеме планираните количества јаболка и круши, ние се сведовме на по неколку гајби род и затоа сме во исчекување што ќе се случи кон крајот на април, вели овоштарот Томе Вељаноски. Тој појаснува дека годините во овој регион како да се повторуваат и по релативно топлите зими, доаѓаат крајно променливи месеци март и април, кои придонесуваат родот на овошките да биде или многу помал или да биде со лош квалитет. Според неговите зборови, глобалното затоплување го прави своето и од година во година природата го покажува својот непредвидлив карактер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/snegot-i-mrazot-gi-ostavija-del-od-ovoshkite-bez-rod/feed/ 0
50 сантиметри снег во Преспанскиот регион: Снежната покривка добредојдена за овошките и езерото https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/50-santimetri-sneg-vo-prespanskiot-region-sneznata-pokrivka-dobredojdena-za-ovoshkite-i-ezeroto/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/50-santimetri-sneg-vo-prespanskiot-region-sneznata-pokrivka-dobredojdena-za-ovoshkite-i-ezeroto/#respond Mon, 22 Mar 2021 11:13:22 +0000 https://kurir.mk/?p=486050

Снежните врнежи што го зафатија Преспанскиот регион направија прекини во снабдувањето со електрична енергија во повеќе села, но позитивно ќе влијаат врз овошните насади, како и за хидролошката состојба на Преспанското Езеро. Сите патишта и приоритетните улици, како што информира градоначалникот на Општина Ресен, Живко Гошаревски, се исчистени и проодни. – Силните врнежи од снег направија прекини во снабдувањето со електрична енергија на потегот од Претор до Долно Дупени и кон Стење. Три екипи на ЕВН се на терен и работат на отстранување на дефектот и што побрзо приклучување во системот со електрично напојување. Во овој момент, нема поголем дефект, но, поради лошите временски услови, често доаѓа до прекини на електричната мрежа, изјави Гошаревски за МИА. Службата за зимско одржување при Општина Ресен, нагласи тој, цела ноќ е на терен и континуирано работи на расчистување на снежната покривка, која изнесува околу 50 сантиметри. – Пролетниот снег, кој непрекинато врне од вчера, нема да им наштети на овошките, напротив ќе влијае позитивно, а добредојден е и за подобрување на хидролошката состојба на Преспанското Езеро, нагласи Гошаревски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/50-santimetri-sneg-vo-prespanskiot-region-sneznata-pokrivka-dobredojdena-za-ovoshkite-i-ezeroto/feed/ 0