овошни насади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Mar 2023 18:09:28 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png овошни насади – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Следат ниски температури: МЗШВ апелира за навремено преземање мерки за заштита на овошните насади https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledat-niski-temperaturi-mzshv-apelira-za-navremeno-prezemane-merki-za-zashtita-na-ovoshnite-nasadi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledat-niski-temperaturi-mzshv-apelira-za-navremeno-prezemane-merki-za-zashtita-na-ovoshnite-nasadi/#respond Mon, 27 Mar 2023 18:09:28 +0000 https://kurir.mk/?p=817055

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и Управата за хидрометеоролошки работи ги информираат земјоделците дека во наредните денови 29 и 30 март (среда и четврток) земјата ќе биде зафатена од ниски температури под нулата. Минималните температури на 29 март ќе изнесуваат -5 степени во Крива Паланка, -4 во Ресен и Битола, -3 во Прилеп и Тетово, - 2 во Скопје, Струмица и Кочани, -1 во Демир Капија и Штип, додека 0 степени ќе биде минималната температура во Кавадарци. За 30 март пак минималната температура ќе изнесува -4 степени во Крива Паланка, - 3 во Битола, -2 степени во Струмица, Ресен и Тетово, а -1 во Скопје и Прилеп. Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство апелира до земјоделците навремено да преземат мерки за заштита на овошните насади од измрзнување.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sledat-niski-temperaturi-mzshv-apelira-za-navremeno-prezemane-merki-za-zashtita-na-ovoshnite-nasadi/feed/ 0
Трипуновски: Власта е неспособна да поправи пумпни станици кои оставија без водоснабдување 4500 хектари лозови и овошни насади во Тиквешијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-vlasta-e-nesposobna-da-popravi-pumpni-stanici-koi-ostavija-bez-vodosnabduvanje-4500-hektari-lozovi-i-ovoshni-nasadi-vo-tikveshijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-vlasta-e-nesposobna-da-popravi-pumpni-stanici-koi-ostavija-bez-vodosnabduvanje-4500-hektari-lozovi-i-ovoshni-nasadi-vo-tikveshijata/#respond Sat, 30 Apr 2022 13:23:02 +0000 https://kurir.mk/?p=670151

Денеска на барање на земјоделците од тиквешкиот регион остварив неколку средби на кои што разговаравме за актуелната состојба во земјоделието и поточно наводнувањето на раноградинарските, овоштарството и на лозарството во овој регион. Ги посетивме пумпната станица „Марена“ на која што практично каналите се суви, таа покрива над 1.000 хектари површини кои што треба да ги задоволи со вода за наводнување, меѓутоа заради неспособноста на власта од 6 пумпи кои се во пумпната станица, ниту една не е во функција, а веќе законскиот рок за почеток на полевање, односно 15 април е одамна поминат, изјави денеска за медиумите, Цветан Трипуновски, претседател на Комисија за земјоделство, шумарство и водостопанство на ВМРО-ДПМНЕ. Тој информираше дека лозовите насади, овошните насади на коишто во моментов им е најпотребна вода за наводнување бидејќи го формираат почетокот на родот за оваа година, ќе останат без наводнување, односно значи дека оваа година ќе има сериозно намалување и по квалитет и по квантитет на приносот и на грозје и на градинарски, односно овоштарските култури. - Втората локација која ја посетивме од каде што ја даваме оваа изјава е сифонот „Макарија“ кој покрива околу 3.500 хектари површина од овој дел на тиквешкиот регион. Исто така како што гледате од снимките и овој канал е речиси сув, односно нема вода којашто треба да биде достапна до сите земјоделци коишто имаат потреба. Исто така овој сифон дел од водата која треба да ги снабдува земјоделците се оние кои произведуваат раноградинарски производи, поточно лук кој е доста познат во овој дел на нашата република, но и тие се соочуваат со сериозен недостаток на вода што значи нивната реколта ќе биде сериозно оштетена. Она што сакам да го упатам како критика до власта е дека оваа ситуација која што ја гледате од снимката позади мене е реалноста во Република Македонија и она што ВМРО-ДПМНЕ го укажува како критика е само потврда дека македонскиот аграр е клекнат на колена.АД Водостопанство кое што е најповикано и целата влада за да обезбедат услови во вакви тешки ситуации на светско ниво да обезбедат вода за наводнување, гледаме дека единствено имаат ископите на песок и сепарациите, а не и примарната намена на АД Водостопанство, а тоа е снабдување со вода на сите земјоделски површини. Ова е уште еден показател дека власта се занимава со политиканство, а не со сериозни мерки коишто навистина ќе ги помогнат земјоделците во овие тешки денови, појасни Трипуновски. Тој додаде дека ова што сега се случува со недостаток на вода за полевање во овој дел на Тиквешијата кој е најпознат по производството на винското грозје, оваа година ќе претрпи сериозни штети и по квалитет и по квантитет, а тоа значи дека оние семејства и земјоделци кои егзистираат од оваа гранка едноставно оваа година ќе бидат до работ на егзистенција заради човечки фактор, а тоа е власта и АД Водостопанство кои не си ги завршуваат своите надлежности и законски активности кои треба да обезбедат сериозна количина на вода за полевање за оваа производна година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tripunovski-vlasta-e-nesposobna-da-popravi-pumpni-stanici-koi-ostavija-bez-vodosnabduvanje-4500-hektari-lozovi-i-ovoshni-nasadi-vo-tikveshijata/feed/ 0
Пет години си садел овошни насади на туѓо земјиште https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-godini-si-sadel-ovoshni-nasadi-na-tugjo-zemjishte/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-godini-si-sadel-ovoshni-nasadi-na-tugjo-zemjishte/#respond Thu, 01 Apr 2021 20:31:13 +0000 https://kurir.mk/?p=491067

ОВР Валандово поднесе кривична пријава против Л.В.(65) од с.Чалакли, валандовско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „узурпација на недвижности“. Пријавениот, пред околу пет години, на земјоделска површина на место викано „Бабица“, со површина од 468 метри квадратни, сопственост на А.А. од с.Башибос, засадил овошни насади кои ги обработувал и одбивал да ги извади овошките за да го отстапи земјиштето на сопственикот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pet-godini-si-sadel-ovoshni-nasadi-na-tugjo-zemjishte/feed/ 0
Екстремно ниските температури штетно ќе влијаат врз овошните насади https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekstremno-niskite-temperaturi-shtetno-kje-vlijaat-vrz-ovoshnite-nasadi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekstremno-niskite-temperaturi-shtetno-kje-vlijaat-vrz-ovoshnite-nasadi/#respond Mon, 07 Jan 2019 12:47:03 +0000 https://kurir.mk/?p=149397

Екстремно ниските температури што го зафатија Пијанечко-малешевскиот регион може штетно да се одрази по овошните насади сметаа агрономите. Според Неџбедин Мемедов, од Агенцијата за поддршка и развој на земјоделството во Делчево, штетата врз овошките ќе биде помала доколку температурите се движат во рамки на минус 15 степени Целзиусови. -Доколку ниските температури продолжат, а според метеоролозите се најавува остра зима, повеќе со голомразица, сигурно дека ќе се одрази штетно на овошките. Затоа треба да се врши контрола на самите насади. Доколку се задржат овие температури повеќе од месец дена и истите се движат до минус 20 степен, сигурно ќе се одрази штетно врз овошните насади, вели Мемедов. Додава дека во тој случај доаѓа до измрзнување на овошките.< -Тоа најмногу ќе се покаже со сокодвижењето на пролет кога ќе дојде до дехидрација на цели стебла. Затоа за да нема вакви состојби, претходно ова може да се ублажи со солидна исхрана на овошките што треба да е подготвена во текот на есента со употреба на арско ѓубриво и минимална резидба. Но, резидба никако не треба да се прави кога температурата е екстремно ниска, туку треба да се следи временската состојба и спрема тоа да се постапува соодветно, вели агрономот Мемедов. Засега студот не се очекува да предизвика проблеми кај житните култури. Како што велат агрономите на есенските житни посеви евентуална снежна покривка им е повеќе од потребна. Снег според прогнозите може да се очекува кон крајот на неделата. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ekstremno-niskite-temperaturi-shtetno-kje-vlijaat-vrz-ovoshnite-nasadi/feed/ 0