овоштари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 26 Nov 2022 13:06:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png овоштари – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Овоштарите од преспанскиот регион и оваа година имаат проблем со пласманот, власта им ја нема исплатено помошта од 3 денари по килограм од лани https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoshtarite-od-prespanskiot-region-i-ovaa-godina-imaat-problem-so-plasmanot-vlasta-im-ja-nema-isplateno-pomoshta-od-3-denari-po-kilogram-od-lani/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoshtarite-od-prespanskiot-region-i-ovaa-godina-imaat-problem-so-plasmanot-vlasta-im-ja-nema-isplateno-pomoshta-od-3-denari-po-kilogram-od-lani/#respond Sat, 26 Nov 2022 13:06:38 +0000 https://kurir.mk/?p=766872

Денеска сум на средба со овоштарите од преспанскиот регион, разговаравме за актуелната состојба на откупот и пласманот на конзумното и индустриското јаболко од овој регион. Она што можам да го потенцирам и сакам да ја информирам јавноста е дека овоштарите упатија сериозна критика до актуелната власт за повеќе проблеми кои се наталожени од изминативе години од лошите и погрешни политики кои што ги применува власта. А тоа е дека се уште овоштарите од преспанскиот регион ги чекаат оние дополнителни 3 денари од минатата година коишто требаше да власта преку интеревентниот фонд да им ги исплати бидејќи имаа лоша откупна сезона, стои во Фејсбук објавата на Цветан Трипуновски од ВМРО-ДПМНЕ. Тој потсети дека сме 2022 година, тече новата реколта, а тие 3 денари се уште не се исплатени. - Исто така потенцираат дека повратот на 2% спрема земјоделците веќе трета година по ред власта го нема направено. Потенцираат дека и оваа година се соочуваат со сериозен проблем околу пласманот јаболкото. Тоа значи дека оние минимални количини кои се откупуваат индустриско јаболко се по мизерни 3 до 3,5 денари по килограм, додека конзумното се откупува за некои 8 до 9 денари за килограм. Меѓутоа кога ќе се одбие она што оди како индустрија испаѓа дека цената е далеку под производната а тоа значи дека ќе имаме уште една тешка година за овоштарите од овој регион, односно ќе имаат проблеми во егзистенцијата за наредната зима која што ќе биде од економски тежок карактер, појасни Трипуновски. Тој упати порака до власта да барем оваа последна година од своето владение се одважи и им помогне на овоштарите од овој регион затоа што овие луѓе немаат друга егзистенција освен пласманот и продажбата на јаболкото кое го произведуваат како и да ги доисплати сите субвенции кои ги има обврска да ги исплати и сите мерки кои ги заслужуваат да ги добијат во текот на наредниве месец дена до затворање на буџетот и нормално ако не е способна на пролет да се оди на предвремени парламентарни избори затоа што како што вели тој, ВМРО-ДПМНЕ има план и концепт како да помогне и на овоштарите и на сите земјоделци во Македонија кои заслужуваат достоинствен живот преку загарантиран пласман на својот род. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoshtarite-od-prespanskiot-region-i-ovaa-godina-imaat-problem-so-plasmanot-vlasta-im-ja-nema-isplateno-pomoshta-od-3-denari-po-kilogram-od-lani/feed/ 0
Мирен протест на овоштарите од Преспа, бараат исплата на околу 4,5 милиони евра https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miren-protest-na-ovoshtarite-od-prespa-baraat-isplata-na-okolu-4-5-milioni-evra/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miren-protest-na-ovoshtarite-od-prespa-baraat-isplata-na-okolu-4-5-milioni-evra/#respond Thu, 25 Aug 2022 12:26:57 +0000 https://kurir.mk/?p=723809

Овоштарите од Преспа, но и овоштари од Охрид и Битола денеска одржаа мирен протест и блокада на регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид со кои испратија порака дека бараат да почне исплатата на средствата кои како што рекоа, веќе се одобрени со одлука на Владата. Станува збор за околу 4,5 милиони евра кои треба да ги добијат околу 4.000 овоштари, најголем дел од нив од Ресенско, но и овоштари од Битола и Охрид, истакна Љубе Пампулевски, овоштар од Ресен. -На денешниот прв протест потсетивме дека веднаш треба да се исплатат средствата, односно надомест за предизвикана штета од невреме град и мраз во зимски услови од 2016 година, дел од 2017 година и во 2018 година врз овошните насади. Бараме средствата во целост да се исплатат најдоцна до 29 август оваа година, односно средствата да се уплатат на посебната, наменска сметка на Општина Ресен, во спротивно ние ќе продолжиме со протести, посочи Пампулевски. За време на двочасовниот мирен протест, овоштарите изнесоа 11 барања до владата со цел да се надминат проблемите со кои се соочуваат во време на зголемени трошоци кои директно влијаат врз овоштарството и овоштарите. -Бараме повисока цена на индустриското јаболко, навремена исплата на картичките за зелена нафта, а в година субвенционирањето да биде изразено во литри заради различната цена на нафтата, односно овоштарите реално да ги добијат договорените 100 литри нафта по хектар. Бараме исплата на сите заостанати дополнителни плаќања за регистриран земјоделец и рурален развој за 2020 и 2021 година, покачување на субвенциите за директни плаќања за 50 насто во 2023 година, забрзување на изградбата на откупно-дистрибутивниот центар за јаболка кај Царев Двор и други дополнителни барања, истакна Пампулевски. Преспанските овоштари побараа државата да обезбеди посигурни пазари за извоз на конзумното јаболко, односно Владата да го задолжи МНР преку своите амбасадори да создадат услови за извоз на македонско јаболко во африканските земји, Турција, Египет и на Блискиот Исток.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/miren-protest-na-ovoshtarite-od-prespa-baraat-isplata-na-okolu-4-5-milioni-evra/feed/ 0
Овоштарите денеска на протест, ќе го блокираат патот Битола – Ресен – Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoshtarite-deneska-na-protest-kje-go-blokiraat-patot-bitola-resen-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoshtarite-deneska-na-protest-kje-go-blokiraat-patot-bitola-resen-ohrid/#respond Thu, 25 Aug 2022 05:36:43 +0000 https://kurir.mk/?p=723561

Регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид денеска ќе биде блокиран од 10 до 12 часот поради протестен собир на овоштарите од Преспа, а кој ќе се одржи на местото викано „Макази“ . Членот на организацискиот тим Љубе Пампулевски истакна дека протестот е неизбежен затоа што Министерството за финансии не ги исплаќа преземените обврски кон преспанските овоштари. -Протестот го организираме затоа што сеуште не е исплатен надоместокот за предизвикана штета од невреме град и мраз во зимски услови од 2016 година, дел од 2017 година и 2018 година врз овошните насади. Веднаш сакам да истакнам дека ние имаме одлична соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ресорниот министер, но и покрај одлуката на Владата, за жал Министерството за финансии и по изгласаниот ребаланс во јуни, сепак овоштарите не ги добиваат своите пари, изјави Пампулевски за МИА. Овоштарите од Преспа бараат итна средба со премиерот Ковачевски и министерот Бесими за надминување на проблемот во пресрет на бербата на јаболката која почнува за еден месец. Протестот на овоштарите се организира заради неисплатен надоместок за предизвикана штета од невреме со град и мраз во зимски услови врз овошните насади од 2016 година, дел од 2017 година и 2018 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoshtarite-deneska-na-protest-kje-go-blokiraat-patot-bitola-resen-ohrid/feed/ 0
Овоштарите утре ќе го блокираат патот Битола – Ресен – Охрид https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoshtarite-utre-kje-go-blokiraat-patot-bitola-resen-ohrid/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoshtarite-utre-kje-go-blokiraat-patot-bitola-resen-ohrid/#respond Wed, 24 Aug 2022 11:37:26 +0000 https://kurir.mk/?p=723187

Овоштарите од Преспа утре од 10 до 12 часот ќе одржат протестен собир на местото викано „Макази“ и ќе го блокираат регионалниот патен правец Битола – Ресен – Охрид. Во изјава за МИА, членот на организацискиот тим Љубе Пампулевски истакна дека протестот е неизбежен затоа што Министерството за финансии не ги исплаќа преземените обврски кон преспанските овоштари. -Протестот го организираме затоа што сеуште не е исплатен надоместокот за предизвикана штета од невреме град и мраз во зимски услови од 2016 година, дел од 2017 година и 2018 година врз овошните насади. Веднаш сакам да истакнам дека ние имаме одлична соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство и ресорниот министер, но и покрај одлуката на Владата, за жал Министерството за финансии и по изгласаниот ребаланс во јуни, сепак овоштарите не ги добиваат своите пари, изјави Пампулевски. Овоштарите од Преспа бараат итна средба со премиерот Ковачевски и министерот Бесими за надминување на проблемот во пресрет на бербата на јаболката која почнува за еден месец. -Овоштарите се во тешка состојба. Имаме кредити кон домашните банки, извршители често се пред нашите врати, а дополнително на тоа се зголемуваат трошоците за енергија, нафта и нафтени деривати, земјоделски ѓубрива, како и други финансиски проблеми кои единствено можеме да ги решаваме доколку Министерството за финансии ги исплати средствата, нагласи Пампулевски. Протестот на преспанските овоштари и блокадата на регионалниот патен правец Битола-Ресен-Охрид кај местото викано „Макази“ е уредно пријавен, посочија организаторите на протестот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoshtarite-utre-kje-go-blokiraat-patot-bitola-resen-ohrid/feed/ 0
Јованчев: Власта молчи за катастрофалната состојба на овоштарите од Росоман, ВМРО-ДПМНЕ бара да се превмезат итни чекори https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanchev-vlasta-molchi-za-katastrofalnata-sostojba-na-ovoshtarite-od-rosoman-vmro-dpmne-bara-da-se-prevmezat-itni-chekori/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanchev-vlasta-molchi-za-katastrofalnata-sostojba-na-ovoshtarite-od-rosoman-vmro-dpmne-bara-da-se-prevmezat-itni-chekori/#respond Fri, 16 Apr 2021 11:01:22 +0000 https://kurir.mk/?p=498132

Заради екстремно ниските температури кои ја зафатија Република Македонија, изминатата недела настана измрзнување на над 3000 хектари овошни насади низ државата. Најпогодени се овоштарите од Росоманскиот регион каде се одгледуваат околу 2000 хектари на овошни насади. Кај безмалку сите плантажи на овошки во регионот на Тиквешијата констатирано е 100 процентно оштетување на цветот. Тоа значи дека оваа година нема да има ниту минимално производство на овошје во овој регион, изјави денеска за медиумите, Зоран Јованчев, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. - Власта и најповиканите државни институции, како по обичај, катастрофалната состојба ја премолчуваат. Доколку за неа не се зборува не значи дека неа и ја нема. Најповиканите и најодговорни лица наместо да излезат на терен и заедно со овоштарите направат увид во состојбата, една недела не превземаат ништо. Помош за овоштарите мора да има! Во услови на распространета здравствена криза и последиците од неа врз стопанството и економијата, кои ги засегаат и земјоделците, недостасуваше да се случи и оваа штета, која веројатно има и посериозни оштетувања на самите овошни стебла, рече тој. Јованчев истакна декакако пратеничка група на ВМРО ДПМНЕ бараат да се превземат итни чекори за конкретна и директна помош на овоштарите со финансиска поддршка и дополнителни мерки. - Прво што е потребно да се стори е донесување одлука за покривање на производните трошоци по килограм за секој земјоделски производител. Од страна на стручни лица потребно е да се пресмета просечната производна цена по килограм за секоја сорта на овошје. Врз основа на пресметаниот просечен род, во изминатите три години, за секој земјоделски производител потребно е да се предвидат финансиски средства по основ на обештетување и покривање на производните трошоци. Втората мерка е ослободување на овоштарите од обврската за плаќање на водниот надоместок за наводнување на земјоделското земјиште на кое се наоѓаат овошните насади. Третата мерка е осолободување на земјоделските производители, од обврската за плаќање на закупнината, за користење на државното земјоделско земјиште под закуп, и хитно решавање на земјиштето за кое земјоделците немаат добиено договор за концесија со што не им следува право на користење на субвенциите, посочи тој. - Државата овие финансиски средства може и мора да ги обезбеди, од посебните фондови наменети за обештетување на земјоделските производители, од штети предизвикани од вонредни и неповолни временски прилики. Владата мора уште веднаш да пристапи кон решавање на проблемите на овоштарите, бидејќи доколку не им се помогне во овој момент во прашање е доведена егзистенцијата на стотици семејства кои единствен приход кои го остваруваат им е од производството на овошје, додаде Јованчев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/jovanchev-vlasta-molchi-za-katastrofalnata-sostojba-na-ovoshtarite-od-rosoman-vmro-dpmne-bara-da-se-prevmezat-itni-chekori/feed/ 0
Димовски: Власта ја премолчува катастрофалната состојба на росоманските овоштари, одговорните лица да излезат на терен https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-vlasta-ja-premolchuva-katastrofalnata-sostojba-na-rosomanskite-ovoshtari-odgovornite-lica-da-izlezat-na-teren/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-vlasta-ja-premolchuva-katastrofalnata-sostojba-na-rosomanskite-ovoshtari-odgovornite-lica-da-izlezat-na-teren/#respond Wed, 14 Apr 2021 09:28:49 +0000 https://kurir.mk/?p=496980

Росоманските овоштари, особено производителите на праски деновиве ја трпат најголемата штета која до сега се случила. Заради екстрмно ниските температури кај безмалку сите плантажи на праски во регионото констатирано е 100 процентно оштетување на цветот. Тоа значи дека оваа година нема да има ниту минимално производство на овошје во овој регион. Власта и најповиканите државни институции, како по обичај, катастрофалната состојба ја премолчуваат. Доколку за неа не се зборува не значи дека неа и ја нема. Најповиканите и најодговорни лица наместо да излезат на терен и заедно со овоштарите направат увид во состојбата, одбрале да не превземаат ништо. Помош за росоманските овоштари мора да има, стои во Фејсбук статусот на Љупчо Димовски. Во услови на распространета здравствена криза и последиците од неа врз стопанството и економијата, кои ги засегаат и земјоделците, недостасуваше да се случи и оваа штета, која веројатно има и посериозни оштетувања на самите овошни стебла. Затоа мора да се превземат итни чекори за конкретна и директна помош на овоштарите со финансиска поддршка и дополнителни мерки, пишува тој. ➡️ Прво што е потребно да се стори е донесување Одлука за покривање на производните трошоци по килограм за секој земјоделски производител. Базата на податоци во Агенцијата за финансиска поддршка на земјоделството и руралниот развој располага со информации за секој земјоделец, за вкупната земјоделска површина која се обработува, за бројот на овошните стебла, за сортата и податок за просечниот род за секое стебло изразен во килограми. Од страна на стручни лица потребно е да се пресмета просечната производна цена по килограм за секоја сорта на овошје. Врз основа на пресметаниот просечнен род во изминатите три години за секој земјоделски производител потребно е да се предвидат финансиски средства по основ на обештетување и покривање на производните трошоци. ➡️ Втората мерка е ослободување на овоштарите од обврската за плаќање на водниот надоместок за нводнување на земјоделското земјиште на кое се наоѓаат овошните насади. ➡️ Третата мерка е осолободување на земјоделските производители од обврската за плаќање на закупнината за користење на државното земјоделско земјиште под закуп. Државата овие финансиски средства може и мора да ги обезбеди од посебните фондови наменети за обештетување на земјоделските производители од штети предизвикани од вонредни и неповолни временски прилики. Доколку владата има желба и доколку навистина сака да излезе во пресрет на потребите на овоштарите и првично да ја санира претрпената штета, тогаш овие мерки е потребно безусловно да се исполнат, пишува Димовски во неговата Фејсбук објава.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dimovski-vlasta-ja-premolchuva-katastrofalnata-sostojba-na-rosomanskite-ovoshtari-odgovornite-lica-da-izlezat-na-teren/feed/ 0
Снегот и мразот ги оставија дел од овошките без род https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/snegot-i-mrazot-gi-ostavija-del-od-ovoshkite-bez-rod/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/snegot-i-mrazot-gi-ostavija-del-od-ovoshkite-bez-rod/#respond Fri, 26 Mar 2021 10:19:36 +0000 https://kurir.mk/?p=488079

Како лани така и годинава овошките што најрано расцветаа, под товарот на снегот и минусните температури во ноќните часови, останаа без планираниот род, што ги разочара овоштарите во кичевско-бродскиот регион, каде што во полн ек на цветање беа кајсиите и сливите. – Од тоа што најмногу стравувавме се чини и се случи, а тоа е големо потфрлање на родот на сливите и кајсиите. Тире пред крајот на минатата недела беа во екот на цветање, а неделниот снег надополнет со ноќните минусни температури, кои се бележат деновиве, ќе придонесат сливите и кајсиите да останат без род, Ние ќе останеме без планираните количества сливова ракија и други приходи што ги остваруваме од овие овошки, вели Миле Стојкоски, жител на едно село во регионот. Овоштарите од регионот откако го загубија родот на сливите и кајсиите, сега целото внимание го насочуваат кон јаболката и крушите. Тие цветаат на почетокот од третата декада на месец април и очекуваат барем овие овошки да немаат толкава загуба. – Со искуствата од претходните пет години, кога во екот на цветањето на крушите и јаболката, температурите во два вечери паднаа под нула и наместо да ги добиеме планираните количества јаболка и круши, ние се сведовме на по неколку гајби род и затоа сме во исчекување што ќе се случи кон крајот на април, вели овоштарот Томе Вељаноски. Тој појаснува дека годините во овој регион како да се повторуваат и по релативно топлите зими, доаѓаат крајно променливи месеци март и април, кои придонесуваат родот на овошките да биде или многу помал или да биде со лош квалитет. Според неговите зборови, глобалното затоплување го прави своето и од година во година природата го покажува својот непредвидлив карактер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/snegot-i-mrazot-gi-ostavija-del-od-ovoshkite-bez-rod/feed/ 0
Oсвен лозарите, и овоштарите незадоволни од откупот: Владата глува на нивните барања https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osven-lozarite-i-ovoshtarite-nezadovolni-od-otkupot-vladata-gluva-na-nivnite-baranja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osven-lozarite-i-ovoshtarite-nezadovolni-od-otkupot-vladata-gluva-na-nivnite-baranja/#respond Mon, 07 Sep 2020 13:46:58 +0000 https://kurir.mk/?p=400221

Производителите на грозје од Тиквешкиот регион се јавија деновиве со реакции поради ниската цена на откупот на нивниот род. Освен лозарите, со реакции за цената и пласманот се јавија и овоштарите и производителите на сливи од радовишкиот и пијанечкиот регион. Замјоделците незадоволни од цените и откупот бараат поддршка и велат дека владата останува глува на нивните барања. Деновиве започна интензивирањето на бербата на винско грозје. Лозарите ја дефинираат 2020 година како катастрофална година за нив. Тие се жалат дека за првпат по неколку години имаат намалување на цената на грозјето. Исто така наместо ветувањата од страна на владата за обезбеден откуп, односно пласман со повисоки цени, добиле неорганизиран откуп, по намалени и крајно понижувачки цени за нив. -Повторно сме изиграни од страна на винариите и власта. Почна бербата на грозје цените се ниски, откупот негарантиран нема ниту договори, нема ништо, вели еден лозар. Лозарите се загрижени за својот род годинава и стравуваат дека постои можност 30 милиони килограми од овогодинешниот род на грозје да не се откупи. Лозарите велат дека оваа година работат со загуба. Освен лозарите годинава на откупот и цените се жалат и овоштарите и производителите на слива. Производителите на сина слива во радовишкиот и пијанечкиот регион велат дека се повторува 2018 година кога имаа богат и квалитетен род, но нема кој да го откупи Во делчевско производители на сливи мака мачат со откупот на брендот на овој регион. Во моментов сливата се откупува за 10 денари, но производителите тврдат дека откупот им оди само на оние кои имаат пријатели во откупните фирми. Во пијанечкиот регион годинава се очекува производство од 12.000 до 14.000 тони сина слива. На терен се мал број на откупувачи, производителите тврдат дека годинава ги нема ни од Косово, кои земаат големи количини. Производителите на сливи бараат решавање на проблемите, и државата да им помогне со отворање на производствени капацитети за преработка или дестилерии, а фирмите коишто откупуваат да имаат лиценци.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osven-lozarite-i-ovoshtarite-nezadovolni-od-otkupot-vladata-gluva-na-nivnite-baranja/feed/ 0
Овоштарите од Преспа денеска излегоа на протест- власта е глува на нашите проблеми и ветувања (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoshtarite-od-prespa-deneska-izlegoa-na-protest-vlasta-e-gluva-na-nashite-problemi-i-vetuvanja-video/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoshtarite-od-prespa-deneska-izlegoa-na-protest-vlasta-e-gluva-na-nashite-problemi-i-vetuvanja-video/#respond Fri, 27 Sep 2019 18:55:48 +0000 https://kurir.mk/?p=245406

Денеска започна преспанскиот јаболкобер, но овоштарите покрај тоа протестираа поради лошите услови со кои се соочуваат тие. Имено тие се незадоволни од власта предводена од СДСМ бидејќи има ниски откупни цени, неисплатени субвенции по неколку основи од претходните години, неисплатени средства од ИПАРД програмата, неисплатени обештетувања од мразот, градот и неисплатените штети на овоштарите од Долна Преспа по невремето оваа година. Поради сите овие проблеми со кои се соочуваат тие денеска излегоа на протест и ги повикаа властите да ги решат нивните проблеми со кои се соочуваат со години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovoshtarite-od-prespa-deneska-izlegoa-na-protest-vlasta-e-gluva-na-nashite-problemi-i-vetuvanja-video/feed/ 0
Формирано ново регионално здружение на лозари, овоштари и градинари „Тиквеш“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/formirano-novo-regionalno-zdruzenie-na-lozari-ovoshtari-i-gradinari-tikvesh/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/formirano-novo-regionalno-zdruzenie-na-lozari-ovoshtari-i-gradinari-tikvesh/#respond Thu, 08 Aug 2019 10:27:00 +0000 https://kurir.mk/?p=227649

Денеска за прв пат регистриравме регионално здружение Градско, Росоман, Кавадарци, Неготино и Демир Капија. На регион лозари, овоштари и градинари. Да се здружиме сите заедно, да си ги кажеме нашите маки и да ги решаваме нашите маки заедно, вели претседателот на Регионалното Здружение  за лозари,овоштари и градинари „Тиквеш“ Златко Стојчев. Тој посочи дека како земјоделци имаат многу проблеми посебно кога доаѓа бербата на грозјето во Тиквешијата, но дека не се задоволни од страна на министерот бидејќи како што рече Стојчев министерот вчера бил во Кавадарци но само се сликал и си заминал што кај нив се создал дополнителен револт. -Баш вчера беше министерот, дојде се слика и си замина и многу сме револтирани, изјави Стојчев. Стојчевски посочи дека очекувана цена на килограм грозје  годинава е  17 за смедеревката , 18 денари за Кратошијата “Вранец„, но и дека бара помош и поддршка од сите партии иако наидел на реакција од страна на претходното здружение затоа што бил на средба во ВМРО-ДПМНЕ за да побараат поддршка и да ги кажат проблемите на земјоделците од Тиквешијата со кои што се соочуваат секоја година. -Ми велат слушај  ти Златко ти беше во штабот на ВМРО-ДПМНЕ. Јас им велам и во ДУИ бев. Јас барам помош од сите и поддршка од сите. Затоа што јас најавува голем штрајк. Јас сам штрајкот не можам да го направам, од сите партии ќе побарам помош и ако треба и сега истото ќе го направиме ние, објасни Стојчев. Стојчев нагласи дека има голема поддршка и од другите земјоделци бидејќи владата им ветила исплата на еден денар за откупено грозје, како и исплата на грозје во винариите Повардарие и Стефани, но дека иако им ветиле се уште ништо не им исполниле. -Денарот кој што ни го ветија не ни го дадоа, најбитни работа, не испатено винариите  Повардари, исто и Стефани не е исплатена. Тоа беше фарса за да не смират тогаш за тогаш и тоа го направија на многу културен начин но од тогаш наваму нема ништо, кажа тој. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/formirano-novo-regionalno-zdruzenie-na-lozari-ovoshtari-i-gradinari-tikvesh/feed/ 0