Ози Озборн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 11 Jul 2023 08:03:56 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Ози Озборн – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Ози Озборн го откажа закажаниот настап на фестивалот „Пауер трип“ во САД https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ozi-ozborn-go-otkazha-zakazhaniot-nastap-na-festivalot-pauer-trip-vo-sad/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ozi-ozborn-go-otkazha-zakazhaniot-nastap-na-festivalot-pauer-trip-vo-sad/#respond Tue, 11 Jul 2023 08:03:56 +0000 https://kurir.mk/?p=855291

Британскиот рокер Ози Озборн одлучи да се повлече од закажаниот настап на американскиот фестивал „Пауер трип“ бидејќи неговото тело „едноставно сè уште не е подготвено“ за тоа. Озборн (74) вели дека бил оптимист откако му понудиле учество на фестивалот во Калифорнија, но сепак, не би можел да го издржи напорот. Тој требаше да настапи на 7 октомври покрај австралискиот бенд „Еј-си-ди-си“, американскиот „Ганс ен роузис“ и „Ајрон мејден“ од Велика Британија. Во известувањето, Ози вели: „Колку и да беше ова болно, морав да донесам одлука да се повлечам од 'Пауер трип' во октомври. Мојата првична намера и онака беше да се вратам на сцената летото 2024 година, а кога дојде понудава за овој настап, оптимистички прифатив. За жал, телото ми вели дека сѐ уште не сум подготвен за тој пофат. А, јас сум премногу горд за тој прв настап по скоро пет години да не биде каков што го сакам“. Ози и во февруари објави дека засега ќе паузира од турнеите по операцијата на 'рбетот, бидејќи „не е физички способен“ за патување. По падот во неговиот дом 2019 година, тој ги влоши повредите што ги здоби во речиси смртоносната сообраќајна несреќа од 2003, прекинувајќи ги неговите настапи од турнејата „No More Tours 2“ ширум Обединетото Кралство и Европа. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ozi-ozborn-go-otkazha-zakazhaniot-nastap-na-festivalot-pauer-trip-vo-sad/feed/ 0
Откако рокерот објави крај на музичката кариера, сега Ози Озборн најави враќање на сцената https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkako-rokerot-objavi-kraj-na-muzichkata-kariera-sega-ozi-ozborn-najavi-vrakane-na-stsenata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkako-rokerot-objavi-kraj-na-muzichkata-kariera-sega-ozi-ozborn-najavi-vrakane-na-stsenata/#respond Mon, 08 May 2023 11:04:03 +0000 https://kurir.mk/?p=831789

Предводникот на групата „Блек Сабат“ - 74-годишниот Ози Озборн најави дека се враќа на сцената откако во февруари објави дека се повлекува, објави „Метал хемер“ (Metal Hammer). -Не можеш да ја напуштиш оваа игра. Тоа не е работа - тоа е страст. Не можам да правам ништо друго. Јас сум „улично куче“, знаеш? Го правам ова 55 години. Тоа е најдоброто нешто што некогаш ми се случило, изјави музичарот. На почетокот на оваа година, рокерот објави крај на музичката кариера. Наведената причина беа проблеми со 'рбетот. Ги откажа сите свои концерти и им се заблагодари на обожавателите за разбирањето. Но, сега Озборн тие концерти ги нарече „смислата на својот живот“ и вели дека има намера поовторно да излезе на сцената, и покрај нарушеното здравје. Џон Мајкл - „Ози“ Озборн ја почна својата музичка кариера 1968 година, во хеви-метал составот „Блек Сабат“. Раните 80-ти, тој ја почна и својата соло-кариера, со албумот „Blizzard of Ozz“. За нешто повеќе од четириесет години, уметникот објави 13 албуми, од коишто последниот - „Patient Number 9“ е објавен минатата година.   (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/otkako-rokerot-objavi-kraj-na-muzichkata-kariera-sega-ozi-ozborn-najavi-vrakane-na-stsenata/feed/ 0
Легендарниот пејач е во ЛОША СОСТОЈБА, ја откажа турнејата низ Европа https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/legendarniot-pejach-e-vo-losha-sostojba-ja-otkazha-turnejata-niz-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/legendarniot-pejach-e-vo-losha-sostojba-ja-otkazha-turnejata-niz-evropa/#respond Sat, 04 Feb 2023 16:52:02 +0000 https://kurir.mk/?p=796160

Ози Озбор ја откажа турнејата низ Европа. По тешката операција на р’бетот рече дека не е физички способен да настапи на концертите кои му беа закажани во мај и јуни. Се повреди во 2019-та година кога падна кај него дома. Беше повреден и од сообраќајка во 2003 година, а сега само ги влоши работите. „Ова е една од најтешките работи кои ги споделувам со фановите. Пред четири години доживеав голема несреќа во која го повредив р’бетот. Единствена цел периодов ми е да се вратам на сцена“, рече Озборн. Рече дека сè му е во ред со гласот, но дека по трите операции, третманот со матични клетки и физикалните терапии, телото сè уште му е слабо. Ги пофали фановити кои периодов трпеливо чекале за влезници. „Никогаш не можев да замислам дека турнејата ќе ми заврши на ваков начин. Тимот во моментов бара начин како може да настапам, а да не морам да патувам од град во град и од држава во држава“, рече Озбор и им заблагодари на фановите, екипата, семејството и бендот Judas Priest.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/legendarniot-pejach-e-vo-losha-sostojba-ja-otkazha-turnejata-niz-evropa/feed/ 0
Шерон Озборн проговори за болеста на Ози https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sheron-ozborn-progovori-za-bolesta-na-ozi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sheron-ozborn-progovori-za-bolesta-na-ozi/#respond Thu, 06 Oct 2022 10:57:50 +0000 https://kurir.mk/?p=741849

Шерон Озборн искрено проговори за здравствените битки на својот сопруг Ози, односно – како Паркинсоновата болест на рокерот влијаеле врз семејството, откако ја открило неговата дијагноза откриена пред две години. – Се потсетувам на мојот сопруг, кој беше енергичен, сакаше да излегува на прошетки, правеше двочасовно шоу на сцената секоја вечер, трчајќи наоколу како „луд човек“… Одеднаш, вашиот живот, просто, застанува, вели Шерон во новиот документарец „Прилагодувајќи се на Паркинсон“. Таа натаму додаде дека е тажна за својот сопруг. – Моето срце се кине за него. Тажна сум и за себе што го гледам вака, но она низ што тој минува е полошо, изјави таа. Во јануари 2020 година, Ози – заедно со неговата сопруга и двете од нивните деца Кели (37) и Џек (36), на емисијата „Добро утро Америка“ ја соопштија веста за неговата болест.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/sheron-ozborn-progovori-za-bolesta-na-ozi/feed/ 0
Ози Озборн ги напушта САД https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ozi-ozborn-gi-napushta-sad/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ozi-ozborn-gi-napushta-sad/#respond Mon, 29 Aug 2022 07:08:18 +0000 https://kurir.mk/?p=725275

На „американскиот сон“ на Ози Озборн му се ближи крајот. Хеви-метал бендот „Блек сабат“ и реалното шоу „Озборнови“ му донесоа светска слава, но рокерот сега е подготвен да се врати во својата родна Англија. Во ново интервју за „Обсервер“, 73-годишниот музичар го наведе оруженото насилство во САД како фактор во неговата одлука да замине. – Таму сѐ е смешно! Господ знае колку луѓе се застрелани во пукотници во училиштата. А, тука е и масовното пукање во Лас Вегас на тој концертот… Тоа е лудило!, изјави Озборн. Опкружен со здравствени проблеми последниве години – вклучително и дијагноза за Паркинсонова болест, две стафилокока-инфекции, пневмонија, Ковид-19 и, најново – операцијата во јуни за отстранување на металните плочи од исцрпувачкиот зафат околу ‘рбетот во 2019 година. – Не сакам да умрам во Америка. Не сакам да бидам закопан во „шума“ со тревник (имајќи ги предвид сѐ погустите гробишта во Л.А., б.п.). Јас сум Англичанец!, додаде музичарот од Бирмингем, Велика Британија. Сопругата Шерон Озборн се согласува со рокерот. – Едноставно, време е. Америка се промени толку драстично… Ова воопшто не се Соединетите Американски Држави. Нема ништо „соединето“ околу тоа. Многу чудно место за живеење во мигов, изјави таа. Шерон, инаку, денес работи во Обединетото Кралство, откако лани беше отпуштена од ток-шоуто на „Си-би-ес“ – „Разговори“ по внатрешна истрага за нејзиниот спор во живо со другата водителка Шерил Андервуд. За време на несогласувањето, Шерон го бранеше британскиот водител Пирс Морган, чија критика кон Меган Маркл беше оценувана како е расистичка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ozi-ozborn-gi-napushta-sad/feed/ 0
Ози Озборн прозборе за многубројните операции https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ozi-ozborn-prozbore-za-mnogubrojnite-operacii/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ozi-ozborn-prozbore-za-mnogubrojnite-operacii/#respond Fri, 12 Aug 2022 08:17:38 +0000 https://kurir.mk/?p=717428

Легендарниот музичар Ози Озборн за „Сан“ проговорил за борбата со Паркинсовата болест која му е дијагностицирана во 2020 година. Ози имаше лош пад во 2019 година од кога се почнало. Му се влошиле долготрајните повреди добиени пред 16 години кога го скршил вратот. По операцијата која му го променила животот, на патот да се врати во нормала поддршка имал од сопругата Шерон. Во однос на Паркинсовата болест, Ози вели дека докторот му рекол дека има најблага форма. Музичарот само во изминатите три години имал три операции. Првата не поминала добро, а од другите две се уште заздравува. -Ми кажаа „Имаш добри шанси да останеш парализиран до крајот на животот.“. Не очекувате дека хирургот ќе биде месар. Оставам во агонија, вели тој.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ozi-ozborn-prozbore-za-mnogubrojnite-operacii/feed/ 0
Нивната љубовна приказна наскоро ќе се прикаже и на големото патно – снимен филм за Шерон и Ози Озборн https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/nivnata-ljubovna-prikazna-naskoro-kje-se-prikaze-i-na-golemoto-patno-snimen-film-za-sheron-i-ozi-ozborn/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/nivnata-ljubovna-prikazna-naskoro-kje-se-prikaze-i-na-golemoto-patno-snimen-film-za-sheron-i-ozi-ozborn/#respond Fri, 22 Oct 2021 10:50:49 +0000 https://kurir.mk/?p=583680

Љубовната приказна на Шерон и Ози Озборн наскоро ќе се прикаже на големото платно. Филмот го снима „Сони пикчрс“, а сценариото е на Ли Хол. - Нашиот однос понекогаш беше бурен, но бескрајната љубов успеа да нѐ одржи заедно. Драго ни е што аранжманите за снимањето се во тек, изјави Шерон. Двојката се венча во 1982 година, по тригодишна врска. Многу од песните на рок-бендот „Блек Сабат“ на Ози, како и оние што ги снимил за време на неговата соло-кариера, ќе бидат дел од филмот. Ова познато семејство претходно беше и во главна улога во реалното шоу на Ем-ти-ви – „Озборнови“. Се емитуваше од 2002 до 2005 година, а нивниот син Џек (35) и ќерка им Кели, исто така, беа дел од шоуто. Сепак, иако шоуто беше меѓу најгледаните продукции на Музичката телевизија во тоа време, нивната најстара ќерка Ејми одби да учествува во снимањето. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/nivnata-ljubovna-prikazna-naskoro-kje-se-prikaze-i-na-golemoto-patno-snimen-film-za-sheron-i-ozi-ozborn/feed/ 0
Ози Озборн се обидел да ја убие сопругата https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ozi-ozborn-se-obidel-da-ja-ubie-soprugata/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ozi-ozborn-se-obidel-da-ja-ubie-soprugata/#respond Wed, 09 Sep 2020 11:27:38 +0000 https://kurir.mk/?p=401027

Светски познатиот британски рокер Ози Озборн во новиот документарен филм под наслов „Биографија: Деветте животи на Ози Озборн“, раскажува како пред 30 години се обидел да ја убие неговата сопруга Шерон. Тие се в брак 38 години. -Тоа не е баш едно од моите најголеми достигнувања. Сè на што се сеќавам е дека се разбудив во затворот Амершам (Англија), па го прашав полицаецот: „Зошто сум овде?“ Тој ми рече: „Сакаш да ти го прочитам обвинението?“ Па, почна – „Џон Мајкл Озборн, Вие сте уапсен за обид за убиство…“, раскажува рокерот од „Блек Сабат“. Тоа се случило 1989 година. Шерон раскажува дека тоа се случило среде некој настап, имало голем метеж и оти Ози, просто, не бил при себе. -Само ми рече „Ние одлучивме дека ти треба да умреш“. Беше смирен. Многу смирен… И одеднаш почна да ме дави. Ме легна наземи и седна врз мене, се потсеќа Шерон. Според неа, на тој настан му претходеле неколку караници меѓу нив двајца. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ozi-ozborn-se-obidel-da-ja-ubie-soprugata/feed/ 0
Легендарниот музичар ја откажал турнејата, заминува на лекување од тешка болест! https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/legendarniot-muzichar-ja-otkazal-turnejata-zaminuva-na-lekuvanje-od-teshka-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/legendarniot-muzichar-ja-otkazal-turnejata-zaminuva-na-lekuvanje-od-teshka-bolest/#respond Wed, 19 Feb 2020 13:50:36 +0000 https://kurir.mk/?p=306056

Британскиот пејач Ози Озборн, бившиот фронтмен на хеви метал бендот „Black Sabbath“ ја откажал цела северноамериканска турнеја за да оди на лекување од Паркинсоновата болест во Швајцарија. Турнејата No More Tours 2 по Северна Америка била предвидена како продолжување на концертите одржани минатата година. Иконата на метал музиката наместо тоа времето ќе го искроисти за лекување во Европа, после недамнешната објава дека се бори со Паркинсоновата болест. -Благодарен сум им на сите на трпението, имав навистина лоша година. За жал на лекување во Швајцарија доаѓам дури во април, а ќе трае шест до осум недели. Не сакам сега да ја започнувам турнејата и подоцна да откажувам концерти во последен час бидејќи тоа не би било фер кон фановите. Повеќе сакам сега да ги добијат парите назад бидејќи знам дека секој кој купил влезница ќе купи повторно за новите термини, стои во службеното соопштение. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/legendarniot-muzichar-ja-otkazal-turnejata-zaminuva-na-lekuvanje-od-teshka-bolest/feed/ 0
Популарниот пејач потврди дека боледува од Паркинсова болест https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/popularniot-pejach-potvrdi-deka-boleduva-od-parkinsova-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/popularniot-pejach-potvrdi-deka-boleduva-od-parkinsova-bolest/#respond Tue, 21 Jan 2020 17:28:05 +0000 https://kurir.mk/?p=292819

Пејачот на легендарната група „Блек Сабат“, Ози Озборн во разговор со водителите во емисијата „Добро утро Америка“ откри дека има поблага форма на Паркинсовата болест. Тој рече дека неговата болест е откриена во февруари минатата година, откако незгодно паднал и морал да откаже бројни концерти поради лошата здравствена состојба, јавува Би-Би-Си. – Ова беше тежок предизвик за сите нас. Јас го одржав последниот настап за Нова Година и потоа паднав незгодно. Имав операција на вратот што ми ги уништи нервите, рече Озборн. Тој вели дека сега е на лекови за Паркинсоновата болест и против болки во нервите, што ги има уште од операцијата. Ова е првпат да се потврди дека Озборн страда од болест, за што долго време се шпекулираше. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/popularniot-pejach-potvrdi-deka-boleduva-od-parkinsova-bolest/feed/ 0