озил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 08 Oct 2020 12:48:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png озил – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Арсенал нема да го продолжи договорот со Озил https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/arsenal-nema-da-go-prodolzi-dogovorot-so-ozil/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/arsenal-nema-da-go-prodolzi-dogovorot-so-ozil/#respond Thu, 08 Oct 2020 12:48:06 +0000 https://kurir.mk/?p=413968

Германскиот играч за врска Месут Озил ќе го напушти Арсенал следното лето откако му истече договорот, пишува „Дејли меил“. Според изворот, 31-годишниот Германец неодамна изразил незадоволство од управата и стручниот штаб на „Топчиите“, поради што е одлучено да не се продолжи договорот со него. Озил игра во Арсенал од 2013 година. Во сезоната 2019/20, тој одигра 23 натпревари за тимот, постигна еден гол и три асистенции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/arsenal-nema-da-go-prodolzi-dogovorot-so-ozil/feed/ 0
Арсенал дава 18 милиони фунти за да се ослободи од Озил https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/arsenal-dava-18-milioni-funti-za-da-se-oslobodi-od-ozil/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/arsenal-dava-18-milioni-funti-za-da-se-oslobodi-od-ozil/#respond Mon, 10 Aug 2020 18:59:43 +0000 https://kurir.mk/?p=388981

Раководството на Арсенал е подготвено да понуди 18 милиони фунти на Месут Озил за раскинување на неговиот договор, пренесува британскиот таблоид „Мирор“. Поранешниот германски репрезентативец целосно ја загуби довербата на менаџерот на „топџиите“ Микел Артета и повеќе не е дел од неговите планови, а клубот се обидува да се ослободи од 31-годишниот играч од средниот ред за да го олесни буџетот за плати. Озил во моментов заработува 350.000 фунти неделно и е врзан за лондонскиот клуб до летото 2021 година, но ниту еден тим не е подготвен да го купи. Затоа, Арсенал е подготвен да му ја плати на Озил целата сума според неговиот договор, само за да се ослободи од неговите услуги. Друга опција за „топџиите“ да му понудат на некој тим да плаќаат дел од неговата плата следната година. Во секој случај, се чини дека е сигурно дека Озил веќе го одиграл својот последен натпревар во дресот на лондонскиот тим.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/arsenal-dava-18-milioni-funti-za-da-se-oslobodi-od-ozil/feed/ 0
Емери: Не постои конфликт, Озил отсуствува поради болест https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/emeri-ne-postoi-konflikt-ozil-otsustvuva-poradi-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/emeri-ne-postoi-konflikt-ozil-otsustvuva-poradi-bolest/#respond Sun, 26 Aug 2018 09:16:59 +0000 https://kurir.mk/?p=92235

Тренерот на Арсенал, Унаи Емери, ги демантираше гласините дека фудбалерот Месут Озил не настапил на натпреварот против Вест Хем поради наводна кавга меѓу нив за време на тренинг. Емери истакна дека Озил не дошол на натпреварот поради болест, а не поради конфликт меѓу нив двајцата. - Озил е болен и не постои никаков друг проблем. Можете да разговарате со нашиот лекар и тој се ќе ви објасни, истакна Емери. Претходно во медиумите се појавија гласини дека двајцата се скарале на тренингот во петокот, а дека Озил одбил да настапи на натпреварот откако дознал дека нема да биде во почетната постава. Арсенал по двата пораза од Манчестер сити и Челзи, вчера под водство на Унаи Емери ја забележа првата победа во Премиер лигата и со 3:1 го совлада Вест Хем.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/emeri-ne-postoi-konflikt-ozil-otsustvuva-poradi-bolest/feed/ 0