пациент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 03 Sep 2023 09:58:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пациент – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 ПОТРЕСНА ИСПОВЕД: „Енормни трауми – мајка ми почина на Онкологија, ги прашувавме дали ѝ ставаат лек“ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potresna-ispoved-enormni-traumi-majka-mi-pochina-na-onkologija-gi-prashuvavme-dali-stavaat-lek/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potresna-ispoved-enormni-traumi-majka-mi-pochina-na-onkologija-gi-prashuvavme-dali-stavaat-lek/#respond Sun, 03 Sep 2023 09:58:35 +0000 https://kurir.mk/?p=873989

Не стивнуваат реакциите од семејства чии блиски починале од карцином на Клиниката за онкологија. -Мојата мајка, 62 години, почина неодамна од рак. Сомнежот се роди кога после четвртата примена “хемотерапија“,  не и падна косата, што е еден од главните симптоми на примање хемо, оносно дека „лекот работи“, е дел од исповедта на еден профил на фејсбук, кој говори за своето горко искуство. Тој објави фотографија за која вели дека е направена денот кога во него се родил сомнеж. -Постојано ги прашувавме дали е ставен лек, затоа што не видовме вбризгување на хемото, туку само шкрабање со фломастер дека е ставен... Резултатот беше фатален кој не би го посакал ни на најголемиот непријател. Енормни трауми за болниот и блиските околу него, пишува човекот чија мајка починала на Онкологија. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/potresna-ispoved-enormni-traumi-majka-mi-pochina-na-onkologija-gi-prashuvavme-dali-stavaat-lek/feed/ 0
Сали: Министерството за здравство не е најодговорно за смртта на пациентот со цистична фиброза https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sali-ministerstvoto-za-zdravstvo-ne-e-najodgovorno-za-smrtta-na-patsientot-so-tsistichna-fibroza/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sali-ministerstvoto-za-zdravstvo-ne-e-najodgovorno-za-smrtta-na-patsientot-so-tsistichna-fibroza/#respond Thu, 09 Feb 2023 14:02:21 +0000 https://kurir.mk/?p=798488

Министерството за здравство не би било најодговорната институција за смртта на пациентот со цистична фиброза, кој не дочека набавка на лекот „Трикафта“, рече ресорниот министер Беким Сали. По денешната посетата на Општа болница Струга, прашан дали чуствува одговорност за смртта на младиот битолчанец, тој рече дека на време пријавиле и побарале поддршка од Владата и Министерството за финансии, за да одговорат позитивно на барањето за третман на пациентите со цистична фиброза. - Вчера изразив сочуство до сите членови на Асоцијацијата, со кои сум во постојана комуникација. И они ја знаат мојата спремност за решавање на тој порблем кој за жал беше наталожен од други фактори, а не од Министерството за здравство. Имајќи предвид дека Министерството не ги купува лековите, туку го организаира системот и правно го овозможува давањето ингеренции на установите со што можат да располагаат и како да се организираат, изјави Сали. Тој посочи дека вршат измени на три закони, кои ќе овозможат директно преговарање со производител на лекови. - Со денешна одлука на Фондот за здравствено осигурување, а во меѓувреме треба да се одржи и седницата на Управниот одбор треба да се одлучи за дополнителен буџет кој ќе се одобри на педијатрија за да може да обезбеди лекови „трикафта“ за пациенти кои се во критична состојба, рече Сали. Според него, осуммина се во критична состојба и уште 22 се во фаза на средно тешка состојба. Претходно, тој на својот фејсбук профил сподели дека денеска се обезбедени 140 милиони денари буџетски средства за набавка на лекот „трикафта“ за осум пациенти со цистична фиброза.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sali-ministerstvoto-za-zdravstvo-ne-e-najodgovorno-za-smrtta-na-patsientot-so-tsistichna-fibroza/feed/ 0
Британец кој боледувал од Ковид 411 дена конечно е излечен: Му помогнал само овој лек https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanec-koj-boleduval-od-kovid-411-dena-konechno-e-izlechen-mu-pomognal-samo-ovoj-lek/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanec-koj-boleduval-od-kovid-411-dena-konechno-e-izlechen-mu-pomognal-samo-ovoj-lek/#respond Fri, 04 Nov 2022 14:51:11 +0000 https://kurir.mk/?p=755843

Британецот кој се зарази со новиот коронавирус и боледуваше од Ковид-19 подолго од кој било друг во светот - дури 411 дена - конечно е излечен, пишува „SkyNews.com“. Пациент чиј имунолошки систем беше ослабен по трансплантација на бубрег првпат беше позитивен на САРС-КоВ-2 во декември 2020 година. И покрај тоа што ги загуби симптомите, тој беше позитивен на коронавирусот до јануари 2022 година. Лекарите во болниците Гај и Сент Томас велат дека не знаат за друг документиран случај на излечена личност по толку долга инфекција. Тие користеа генетска анализа за да утврдат дека 59-годишникот има рана варијанта на оригиналниот вухански сој, онаа што алфа, делта и омикрон одамна ги надминаа во општата циркулација. Дури кога ја идентификуваа варијантата, можеа да го излечат со „регенерон“, коктел од лекови што исто така му помогна на Доналд Трамп да се бори против Ковид. Истиот лекарски тим лекувал и пациент кој, за жал, починал откако бил позитивен на коронавирусот 505 дена. Во двата случаи, генетското тестирање покажало дека пациентите не биле реинфицирани. Случаите на перзистентна инфекција се разликуваат од долготрајниот ковид, кога пациентот има симптоми со месеци, но не е позитивен на тестот. Медицинскиот тим повика на повеќе истражувања за третман со антитела за постојаните случаи на ковид-19, а активистите предложија новиот лек „evusheld“, кој е комбинација од две моноклонални антитела, да биде достапен во Европа. - Некои нови варијанти на вирусот се отпорни на сите третмани со антитела достапни во Велика Британија и Европа - вели д-р Лук Благдон Снел. - Некои луѓе со ослабен имунолошки систем сè уште се изложени на ризик од тешка болест и постојана инфекција. Сè уште работиме да го откриеме најдобриот начин да ги заштитиме и третираме. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/britanec-koj-boleduval-od-kovid-411-dena-konechno-e-izlechen-mu-pomognal-samo-ovoj-lek/feed/ 0
Во Македонија пациент кој не примил ниту една доза вакцина „фатил“ корона и по четврти пат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-pacient-koj-ne-primil-nitu-edna-doza-vakcina-fatil-korona-i-po-chetvrti-pat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-pacient-koj-ne-primil-nitu-edna-doza-vakcina-fatil-korona-i-po-chetvrti-pat/#respond Mon, 15 Aug 2022 13:31:06 +0000 https://kurir.mk/?p=718877

Во Македонија само еден пациент, кој не примил ниту една доза вакцина, „фатил“ корона по четврти пат, потврдуваат за Канал 5 од Институтот за јавно здравје. Оттаму велат дека во системот се евидентирани вкупно 17.540 лица кои се инфицирале повеќе од еднаш, што значи дека 5 % од вкупниот број на потврдени случаи се реинфекции. Најголем број од нив се заразиле два пати, ама има 102 – ца што три пати „фатиле“ корона. Реинфекции Два пати заразени 17 437 Три пати заразени 102 Четири пати заразени 1 Од сите што по неколку пати се заразиле, без малку 8500 биле вакцинирани, што значи дека половина од реинфекцираните биле имунизирани. Два пати заразени вакцинирани 17 437 8890 Три пати заразени вакцинирани 102 51 17540 8941 Засега во Институтот за јавно здравје нема регистрирано пациент што се заразил по петти пат. А, според статистиката 26 граѓани што два пати се заразиле починале поради компликации на вирусот. Нема починати помеѓу оние што повеќе од два пати се заразиле, велат за Канал 5 од Институтот за јавно здравје. Според лекарите бројот на реинфекции е поголем од она што го покажува статистиката, бидејќи дел од граѓаните не се тестираат или пак земаат брзи тестови од аптека кои секако не се регистрираат во системот. Во летниот корона бран минатата недела за првпат се забележа пад на кривата на заразени за 20 % споредено со претходната седмица. Сепак се забележува пораст на бројот на починати и хоспитализирани. За седум дена вирусот зеде 14 живити, а во болница поради компликации од вирусот лежат околу 180 пациенти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vo-makedonija-pacient-koj-ne-primil-nitu-edna-doza-vakcina-fatil-korona-i-po-chetvrti-pat/feed/ 0
Онколошки пациенти без терапија – Сведоштво за хаосот на Радиологија: Со месеци чекав резултати за на крај да ми кажат дека не ја снимале мајка ми https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/onkoloshki-pacienti-bez-terapija-svedoshtvo-za-haosot-na-radiologija-so-meseci-chekav-rezultati-za-na-kraj-da-mi-kazat-deka-ne-ja-snimale-majka-mi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/onkoloshki-pacienti-bez-terapija-svedoshtvo-za-haosot-na-radiologija-so-meseci-chekav-rezultati-za-na-kraj-da-mi-kazat-deka-ne-ja-snimale-majka-mi/#respond Thu, 07 Jul 2022 10:46:06 +0000 https://kurir.mk/?p=701607

Жена од Кочани која е онколошки пациент, речиси четири месеци е без потребната терапија поради хаосот кој се случува на Институтот за Радиологија. Нејзината ќерка Симона ја контактираше нашата редакција и раскажа за голготата низ која минува веќе со месеци. Како што објаснува, на крајот на март отишла на Радиологија со упат од Онкологија, каде и закажале снимања за нејзината мајка на компјутерска томографија за бели дробови, абдомен и мала карлица за 4-ти мај. Резултатите, вели за Курир, успеала да ги земе дури вчера по кавга со вработените, но само за снимањето на бели дробови. Шокот следувал кога дознала дека за останатите снимања резултатите не се готови, бидејќи снимањата не биле воопшто направени, иако упатите биле уредно доставени. -„Горе нема никој, џабе ќе одиш. Не знам што да ти кажам“ – вака ми велеа кога им реков дека сакам да разговарам со одговорното лице на Радиологија. Ме упатуваа да земам нов упат од Онкологија за снимањата кои не ги направиле и да дојдам пак на Радиологија да ми закажат термин. Така мајка ми ќе изгуби нови четири месеци. Таа од крајот на март е без потребната терапија бидејќи нема резултати. Вчера со мене резултати бараа 30-тина пациенти, повеќето онколошки случаи беа, на сите им беше кажано нема резултати. На едно момче по кавгата која ја имаше резултатот му го напишаа за еден час. Така ли треба сите да правиме? Да се тепаме за да дојдеме до резултат во нормално време?, вели во изјава за Курир Симона која и самата е онколошки пациент. Во битката за животот на својата мајка и што поскоро доаѓање до резултати и терапија, вели сега треба приватно да ги закажува снимањата. -За да дојдеме поскоро до резултати од кои зависи нејзината терапија, сега треба сите снимања приватно да ги правиме. Сигурно тоа ќе не’ чини околу 40-50.000 денари, а мојата мајка зема пензија од 11.000 денари. Каде да најдам толку многу пари?, вели Симона. Иста или слична судбина делат голем пациенти, без разлика дали се работи за онколошки случаи или не. Резултати со месеци се чекаат на Радиологија, минатата недела на Институтот влезе и инспекција. Како што пишуваше претходно Курир, по вонредниот инспекциски надзор беа констатирани недостатоци во работењето и на Радиологија и беше даден рок од седум дена за постапување. Рокот за постапување е изминат, а Курир денеска побара одговор од директорката на ДСЗИ доктор Ирина Бухова за тоа каква е состојбата на Радиологија. Бухова вели дека во текот на вчерашниот ден бил извршен контролен инспекциски надзор. -Констатирано е дека веќе се постапува по наложените мерки. До крајот на тековната недела ќе биде завршено изготвувањето на сите заостанати резултати, изјави за Курир доктор Бухова. Додава дека до државниот санитарниот и здравствен инспекторат не е доставена нова претставка од пациенти. Поврзани вести https://kurir.mk/makedonija/vesti/kolaps-na-radiologija-pacienti-so-meseci-chekaat-rezultati-del-od-niv-i-onkoloshki-sluchai/ https://kurir.mk/makedonija/vesti/inspekcija-vleze-na-radiologija-dodeka-na-drzavno-so-meseci-se-chekaat-rezultati-privatno-se-naplakja-i-do-500-evra/  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/onkoloshki-pacienti-bez-terapija-svedoshtvo-za-haosot-na-radiologija-so-meseci-chekav-rezultati-za-na-kraj-da-mi-kazat-deka-ne-ja-snimale-majka-mi/feed/ 0
Драма на Неврохирургија: Пациент нападнал болничар и друг пациент, па скокнал од прозор https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-na-nevrohirurgija-pacient-napadnal-bolnichar-i-drug-pacient-pa-skoknal-od-prozor/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-na-nevrohirurgija-pacient-napadnal-bolnichar-i-drug-pacient-pa-skoknal-od-prozor/#respond Mon, 11 Apr 2022 07:47:08 +0000 https://kurir.mk/?p=661134

Инцидент со пациент вчеравечер е регистриран на Клиника за неврохирургија во рамки на клиничкиот центар „Мајка Тереза“. Како што дознава Курир, пациент нападнал друг пациент и болничар, по што скокнал од вториот кат. Од МВР за Курир потврдуваат дека ваков настан кај нив е пријавен вчеравечер околу 21 часот. -Пријавено е дека Б.З. (62) од Свети Николе кој бил пациент во болницата со тврди предмети кои ги нашол во собата фрлал кон пациентот  С.В. (66) од с.Колари, кичевско. Потоа болничарот Н.Б. (23) влегол во собата со цел да ја смири ситуацијата, но Б.З. и кон него почнал да фрла со предмети по што го отворил прозорецот и скокнал од вториот кат, потврдуваат од МВР за Курир. Пациентот се здобил со тешки телесни повреди и бил задржан на понатамошно лекување. Останатите двајца се здобиле со телесни повреди. Полицијата работи на расчитување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/drama-na-nevrohirurgija-pacient-napadnal-bolnichar-i-drug-pacient-pa-skoknal-od-prozor/feed/ 0
Д-р Балевски: Пациентот ја фати за врат 62-годишната лекарка и почна да ја дави https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-balevski-pacientot-ja-fati-za-vrat-62-godishnata-lekarka-i-pochna-da-ja-davi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-balevski-pacientot-ja-fati-za-vrat-62-godishnata-lekarka-i-pochna-da-ja-davi/#respond Sun, 16 Jan 2022 13:18:22 +0000 https://kurir.mk/?p=619996

Едно лице физички нападнало вработена во Инфективното одделение во Охрид, информираше полицијата. Директорот на охридската болница, доктор Горан Балевски за „Слободен печат“ го опиша инцидентот и кажа дека утринава во амбулантата на инфективното одделение, пациент што чекал на ред почнал да дави една од двете лекарки на смена. Докторката, инфектолог, имала 62 години. Инцидентот го спречиле некои присутни членови на семејството на пациентот, па лекарката била навремено оттргната од рацете на лутиот пациент. -Ова е срамота. Нема што не се изнагледавме во пандемијата. Во амбулантата дневно има и по 60 прегледи со само две лекарки и денеска една од нив пациент што не сакал да чека во ред, ја фатил за врат да ја дави. Пријавивме во полиција, лекарката е добра. Станува збор за искусна докторка на 62 години. Срамота е што ги напаѓаат лекарите, изјави доктор Балевски за Слободен печат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/d-r-balevski-pacientot-ja-fati-za-vrat-62-godishnata-lekarka-i-pochna-da-ja-davi/feed/ 0
Пожар на Пулмологија откако пациент на кислородна поддршка запалил цигара, спречена експлозија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozar-na-pulmologija-otkako-pacient-na-kislorodna-poddrshka-zapalil-cigara-sprechena-eksplozija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozar-na-pulmologija-otkako-pacient-na-kislorodna-poddrshka-zapalil-cigara-sprechena-eksplozija/#respond Sun, 26 Dec 2021 20:58:50 +0000 https://kurir.mk/?p=613486

Министерството за здравство информира дека вечерва на Клиниката за пулмологија во Скопје пациент, сместен во соба за кислородна поддршка, ја извадил маската преку која примал кислород и запалил цигара. -Поради проток на кислород во собата дошло до пожар и пациентот се здобил со помали изгореници на лицето и градите. Дежурниот медицински пероснал брзо реагирал, дотокот на кислород навреме бил исклучен со што била спречена експлозија, информираат од Министерството. Од Клиниката случајот e пријавен во полиција, а повредениот пациент кој го предизвикал пожарот нема животозагорзувачки повреди. Во пожарот нема други повредени, а од болничката соба оштетен е мал дел од подот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pozar-na-pulmologija-otkako-pacient-na-kislorodna-poddrshka-zapalil-cigara-sprechena-eksplozija/feed/ 0
Најмалку еден починат во Британија заразен со новата варијанта омикрон https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-eden-pochinat-vo-britanija-zarazen-so-novata-varijanta-omikron/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-eden-pochinat-vo-britanija-zarazen-so-novata-varijanta-omikron/#respond Mon, 13 Dec 2021 12:00:18 +0000 https://kurir.mk/?p=607775

Премиерот на Велика Британија, Борис Џонсон изјави дека починал најмалку еден пациент кај кого била потврдена новата варијанта на коронавирусот, омикрон. - За жал заразените кај кои е регистриран сојот омикрон завршуваат во болница и најмалку еден пациент кој се заразил од овој сој почина, истакна Џонсон. Британскиот премиер истакна дека треба да бидат внимателни. - Идејата дека ова е на некој начин поблага варијанта на вирусот треба да се стави на една страна, а од друга страна да се гледа пошироката слика и како тој забрзано се шири. Најдоброто нешто што можеме да направиме е да примиме бустер доза – изјави британскиот премиер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-eden-pochinat-vo-britanija-zarazen-so-novata-varijanta-omikron/feed/ 0
МЗ: Пристигната е пријава од лекар само за еден случај за сомнеж за смрт на пациент после вакцинација https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mz-pristignata-e-prijava-od-lekar-samo-za-eden-sluchaj-za-somnez-za-smrt-na-pacient-posle-vakcinacija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mz-pristignata-e-prijava-od-lekar-samo-za-eden-sluchaj-za-somnez-za-smrt-na-pacient-posle-vakcinacija/#respond Mon, 06 Dec 2021 17:40:31 +0000 https://kurir.mk/?p=604931

Лекарот кој ќе утврди несакана реакција после примена вакцина за Ковид-19, го пријавува случајот до МАЛМЕД по еклектронски пат и пријавува до епидемилошката служба на надлежниот Центар за јавно здравје, соопшти Министерството за здравство. -Досега има стигнато еден образец за случај од април односно за настапена смрт кај 85 годишно лице, 32 часа после примена вакцина Астра Зенека. Освен констатирана смрт од страна на Брза Помош, нема лекарски извештај за претходна здравствена состојба, само е наведено дека лицето прима инсулинска терапија. Не е извршена обдукција на починатото лице, а земајќи ја предвид возраста на лицето не може да се утврди дали причината за смртта била вакцината. Лицето е вакцинирано со прва доза на 06.04.2021 година, а пријава од семејството е поднесена 8 дена по настанатиот смртен исход, велат од МЗ. Според Здравство, во вториот случај станува збор за лице на возраст од 54 години. -За вториот случај, станува збор за лице на возраст од 54 години, кое било ревакцинирано на 09.09.2021, а кај кого смртта настапила на 25.09.2021 година. Лицето било вакцинирано со вакцина Фајзер, а после примена прва доза истиот немал никаква реакција. Според пријавата на матичниот лекар станува збор за пациент со хоронични заболувања. Пријавата за овој случај е пристигната само од МАЛМЕД. Дополнително ќе се утврдува дали има евентуална поврзаност на вакцината и смртниот исход, стои во соопштението на МЗ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/mz-pristignata-e-prijava-od-lekar-samo-za-eden-sluchaj-za-somnez-za-smrt-na-pacient-posle-vakcinacija/feed/ 0