пациенти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 Oct 2023 09:32:38 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пациенти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 СЗО: Барањето за евакуација на пациенти во Газа е „смртна казна“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-baraneto-za-evakuatsija-na-patsienti-vo-gaza-e-smrtna-kazna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-baraneto-za-evakuatsija-na-patsienti-vo-gaza-e-smrtna-kazna/#respond Fri, 13 Oct 2023 09:32:38 +0000 https://kurir.mk/?p=888432

Светската здравствена организација (СЗО) нагласи дека барањето од пациентите во болниците да се евакуираат во Газа е „смртна казна“, а генералниот директор на организацијата го повика Израел да ја повлече својата одлука со која нареди евакуација. СЗО денеска соопшти дека локалните здравствени власти во Газа ги информирале оти е невозможно да се евакуираат болнички пациенти од северниот дел на Газа, откако израелската војска повика цивилите да се евакуираат на југ во рок од 24 часа. - Има тешко болни луѓе чии повреди значат дека единствената шанса за преживување им е да бидат на апарати за одржување во живот, како што се механички вентилатори, рече портпаролот на СЗО, Тарик Јашаревиќ. - Значи, преместувањето на тие луѓе е смртна казна. Барањето од здравствените работници да го сторат тоа е повеќе од сурово, нагласи тој. Директорот на СЗО, Тедрос Аданом Гебрејесус рече дека болниците во Газа се на „пресудна точка“ и апелираше директно до Израел да ја откаже наредбата за евакуација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/szo-baraneto-za-evakuatsija-na-patsienti-vo-gaza-e-smrtna-kazna/feed/ 0
ОЈО ќе бара тројца онколошки пациенти кои ќе имаат целосен увид во постапката за скандалот со Онкологија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ojo-ke-bara-trojtsa-onkoloshki-patsienti-koi-ke-imaat-tselosen-uvid-vo-postapkata-za-skandalot-so-onkologija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ojo-ke-bara-trojtsa-onkoloshki-patsienti-koi-ke-imaat-tselosen-uvid-vo-postapkata-za-skandalot-so-onkologija/#respond Mon, 11 Sep 2023 12:07:48 +0000 https://kurir.mk/?p=876919

Имајќи го предвид фактот дека со предметот кој се води во врска со Клиниката за онкологија се испитува евентуална повреда на највисокото уставно загарантирано право на здравствена заштита, Основното јавно обвинителство Скопје ќе преземе дополнителни чекори за обезбедување максимална транспарентност и отчетност на постапката. Врз основа на барањето на онколошките пациенти изнесено на средбата која се одржа на 7 септември, Обвинителството денеска ќе побара од неформалната организација преку која пациентите ги изнесуваат своите барања да избере тројца онколошки пациенти кои во текот на целата постапка ќе имаат директен увид во прибраните докази и во преземените дејствија. Пациентите ќе треба претходно да потпишат изјави со кои ќе се гарантира тајноста на постапката и на личните податоци во кои ќе имаат увид. Начинот на избор на пациентите е оставен на нивните претставници кои го изнесоа ваквото барање. Претходно, Основното јавно обвинителство Скопје ги охрабри сите граѓани кои имаат сознанија во врска со овој предмет, да ги пријават на надлежните органи. Во текот на денешниот ден, надлежниот јавен обвинител телефонски го контактираа 10-тина граѓани, кои сакаат со свои сознанија да и помогнат на постапката. Јавното обвинителство ги презема сите дејствија за обезбедување докази со цел проверка на наводите во овој предмет. Во таа насока, од самиот почеток е вклучен и лекарски и друг медицински персонал.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/ojo-ke-bara-trojtsa-onkoloshki-patsienti-koi-ke-imaat-tselosen-uvid-vo-postapkata-za-skandalot-so-onkologija/feed/ 0
Пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ вчера се сретна со претставници на Асоцијацијата за цистична фиброза, а Владата се уште нема набавено лек за сите пациенти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-vchera-se-sretna-so-pretstavnitsi-na-asotsijatsijata-za-tsistichna-fibroza-a-vladata-se-ushte-nema-nabaveno-lek-za-site-patsienti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-vchera-se-sretna-so-pretstavnitsi-na-asotsijatsijata-za-tsistichna-fibroza-a-vladata-se-ushte-nema-nabaveno-lek-za-site-patsienti/#respond Wed, 24 May 2023 07:25:57 +0000 https://kurir.mk/?p=838118

Денес имавме работен состанок со претставници на Асоцијација за цистична фиброза на кој детално не запознаа со нивните проблеми. Од нив бевме информирани дека и после два месеци откако ги изгласавме законските измени,владата сеуште не набавила модулаторна терапија за сите пациенти. Договоривме заедничка агенда за подобрување на условите за живот на овие пациенти!, објави вчера на социјалната мрежа на Фејсбук пратеникот од редоите на ВМРО-ДПМНЕ Петар Ристески. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pratenichkata-grupa-na-vmro-dpmne-vchera-se-sretna-so-pretstavnitsi-na-asotsijatsijata-za-tsistichna-fibroza-a-vladata-se-ushte-nema-nabaveno-lek-za-site-patsienti/feed/ 0
Болните од рак без имунолошка терапија https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnite-od-rak-bez-imunoloshka-terapija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnite-od-rak-bez-imunoloshka-terapija/#respond Tue, 25 Apr 2023 11:46:07 +0000 https://kurir.mk/?p=827391

Повеќе од две недели нема имунолошка терапија за болните од карцином на скопската Клиника за онкологија, објави „Фокус“. Според информаците на медиумот, пациентите кои ја чекаат оваа терапија се уште не ја примиле. Најверојатно станува збор лошо испланирана набавка, што на некој начин им го загрозува животот на сите оние болни од оваа подмолна болест, чија терапија е неопходна. Имунолошкта терапија се прима на секоја трета недела. „Јас имам карцином на дојка и треба да ја примам имунолошката терапија, која моментално ја нема на клиниката. Ние како пациенти не знаеме која е точната причина зошто ја нема неопходната терапија и не наше да знаеме, но факт е дека е многу битна. Овој вид на терапија може да се задоцни најмногу седум дена, а јас веќе 14 дена како доцнам со примањето“, објаснува пациентка во изјава за „Фокус“. Во зависност од тоа, за каков вид на карцином се работи, онкологот кој ги води пациентите после завршувањето на хемотерапијата и зрачењето одредува дали ќе продолжи со примање на нова терапија и дали тоа ќе биде имунолошка и колку пати треба да се прима. Овој вид на терапија се прима во форма на инекција. Целиот текст прочитајте го на Фокус]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/bolnite-od-rak-bez-imunoloshka-terapija/feed/ 0
Вклучени и пациенти од Македонија: Ковид-19 поврзан со зголемена опасност од подоцнежна гастроинтестинални болести https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vklucheni-i-patsienti-od-makedonija-kovid-19-povrzan-so-zgolemena-opasnost-od-podotsnezhna-gastrointestinalni-bolesti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vklucheni-i-patsienti-od-makedonija-kovid-19-povrzan-so-zgolemena-opasnost-od-podotsnezhna-gastrointestinalni-bolesti/#respond Tue, 21 Mar 2023 07:41:45 +0000 https://kurir.mk/?p=814393

Ковид-19 е поврзан со зголемена опасност од развој на подоцнежни гастроинтестинални нарушувања, вклучително и синдром на нервозно дебело црево, според истражување спроведено во 14 земји ширум светот. Испитувањата опфатиле 2.183 пациенти згрижени во 36 болнички установи во 14 земји: Италија, Бангладеш, Кипар, Египет, Израел, Индија, РС Македонија, Малезија, Романија, Руската Федерација, Србија, Шпанија, Шведска и Турција. Синдромот на нервозно дебело црево вообичаено може да биде хроничен. Тој се одликува со голем број на цревни нарушувања коишто го зафаќаат дебелото црево, вклучувајќи неправилна подвижност на дебелото црево, надуеност и стомачни грчеви. Истражувањето е објавено во списанието „Гат“ (Gut). -Знаеме дека вирусот САРС-КоВ-2 може да го зарази и гастроинтестиналниот тракт, а тоа ја потврдува можноста Ковид-19 да доведе до развој на синдром на нервозно дебело црево, објаснува Џовани Мараско, истражувач на Одделот за медицина и хирургија на Универзитетот на Болоња во Италија. Пациентите кои се заразиле со Ковид-19 биле евалуирани по приемот в болница, а потоа следени во следните 12 месеци, споредувајќи ја нивната состојба со онаа на луѓе незаразени со коронавирус. Анализата покажа дека пациентите згрижени поради Ковид-19 почесто пројавувале гастроинтестинални симптоми (59,3 отсто) отколку контролната група (39,7 отсто). Покрај тоа, истражувачите откриле дека на 6 месеци и 12 месеци по болничкиот орестој, забележани се повисоки нивоа на анксиозност и депресија кај оние кои имале Ковид-19. Откриено е дека последиците од Ковид-19 се поврзани и со појава на алергии, тешкотии со дишењето од лекувањето и внесот на инхибитори на протонска пумпа (гастропротекторни лекови што го блокираат лачењето киселина во желудникот). Натаму, истражувачите откриле траги од коронавирусот во тенкото црево дури и шест месеци по инфекцијата. И во друго неодамнешно научно истражување, објавено во списанието „Нејчр комјуникејшнс“ (Nature Communications), откриено е дека луѓето со Ковид-19 се изложени на зголемена опасност од развој на стомачни нарушувања како што се проблеми со црниот дроб, акутен панкреатитис, синдром на нервозно дебело црево, рефлукс на киселина и чир, во рок од една година по инфекцијата, во споредба со луѓето кои не биле заразени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vklucheni-i-patsienti-od-makedonija-kovid-19-povrzan-so-zgolemena-opasnost-od-podotsnezhna-gastrointestinalni-bolesti/feed/ 0
Речиси 70 пациенти од цела Европа пријавиле ботулизам по ботокс-инјекции за слабеење https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-70-patsienti-od-tsela-evropa-prijavile-botulizam-po-botoks-injektsii-za-slabeene/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-70-patsienti-od-tsela-evropa-prijavile-botulizam-po-botoks-injektsii-za-slabeene/#respond Fri, 17 Mar 2023 12:36:43 +0000 https://kurir.mk/?p=813203

Вкупно 67 пациенти од цела Европа се заразиле со ботулизам откако примиле ботокс-инјекции за слабеење во најмалку две клиники во Турција. Затоа здравствените власти веќе бараат итно предупредување за оваа инјекција. Сите засегнати пациенти примиле ботокс за желудникот. Тоа ги парализира мускулите на дигестивниот систем и на тој начин го забавува варењето. Турските клиники ги нудат своите услуги за 970 евра на пациенти кои сакаат да ослабат. Во Европа и САД овие услуги се многу поскапи. Ако не се лекува навреме, ботулизмот може да доведе до посериозна парализа. Најмногу случаи се регистрирани во самата Турција (53 забележани пациенти), потоа Германија (12) и по еден случај во Австрија и Швајцарија. Европскиот центар за превенција и контрола на болести соопшти дека не е јасно што точно го предизвикало ботулизмот. Според турските власти, најголем дел од случаите се по зафати во две клиники, т.е. 60 случаи поврзани со приватна болница во Истанбул и три - со приватна болница во Измир. Оваа состојба што може да биде опасна по живот, е предизвикана од токсини од бактериите „Clostridium botulinum“. Кога токсините се управуваат од обучени лекари и професионалци, процедурата обично е безбедна, но ако тоа е изведено неправилно, може да предизвика слабост, како и отежнато дишење или голтање. Последната фаза на болеста е парализа, што на крајот води и до смрт, доколку не се лекува. Иако повеќето од познатите случаи не се толку опасни, неколку пациенти беа примени в болница. Сите случаи се евидентирани во периодот од 22 февруари до 1 март 2023 година. Европската здравствена организација ги советува сите пациенти кои имале процедура за слабеење со ботокс во наведеното време, веднаш да се јават кај својот лекар, особено при симптоми на ботулизам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/rechisi-70-patsienti-od-tsela-evropa-prijavile-botulizam-po-botoks-injektsii-za-slabeene/feed/ 0
Хакери бараат 4,5 милиони долари за да не објават податоци за пациенти од клиника во Барселона https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakeri-baraat-4-5-milioni-dolari-za-da-ne-objavat-podatotsi-za-patsienti-od-klinika-vo-barselona/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakeri-baraat-4-5-milioni-dolari-za-da-ne-objavat-podatotsi-za-patsienti-od-klinika-vo-barselona/#respond Fri, 10 Mar 2023 16:09:03 +0000 https://kurir.mk/?p=810552

Сајбер-криминалната група „Ransom House“ минатата недела хакираше клиника во Барселона и сега бара 4,5 милиони долари за да не се објавуваат украдени податоци за пациентите. Владините претставници рекоа дека немаат намера да се согласат со барањата на хакерите, што ја натера каталонската полиција Мосос да предупреди дека постои голема веројатност податоците за пациентите да бидат објавени, пишува шпанска „Лавангардија“. Мосос наведува дека ќе се обиде да спречи ширење информации на „dark web“, но признава дека ќе биде тешко. Поради заканата, клиниката откажа повеќе од 4.000 тестирања на амбулантските пациенти, повеќе од 300 операции и повеќе од 11.000 амбулантски посети, додека околните болници го презедоа лекувањето со радиотерапија на пациентите со карцином во прв стадиум. Во клиниката се се прави и натаму рачно поради нападот и оттаму се надеваат дека до понеделник или вторник ќе се воспостави нормално функционирање. Во меѓувреме, повеќе од 200 компјутери за вонредни ситуации беа инсталирани за да се обезбеди пристап до клиничката документација на пациентите, а 15 отсто од дигиталните системи беа обновени. Во Каталонија минатата година се случија 600 софтверски напади, главно мали сајбер-измами, што претставува само еден процент од сајбер криминалот. Според полицискиот вештак, истрагата за овој вид криминал ја отежнува и фактот дека се случува од странство, а шансите да се фатат криминалците се мали. „Ако мораме да одиме на другата страна на светот да ги бараме овие господа, ќе го направиме тоа. Комплицирана работа е што тие поминуваат од земја во земја кога ќе ги лоцираме“, изјави шефот на каталонската полиција.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/hakeri-baraat-4-5-milioni-dolari-za-da-ne-objavat-podatotsi-za-patsienti-od-klinika-vo-barselona/feed/ 0
Влегоа во празна и разрушена болница, но на одделот за интензивна нега ги дочекало шок: Пациентите оставени сами на себе, нивните крици се морничави! (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlegoa-vo-prazna-i-razrushena-bolnitsa-no-na-oddelot-za-intenzivna-nega-gi-dochekalo-shok-patsientite-ostaveni-sami-na-sebe-nivnite-kritsi-se-mornichavi-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlegoa-vo-prazna-i-razrushena-bolnitsa-no-na-oddelot-za-intenzivna-nega-gi-dochekalo-shok-patsientite-ostaveni-sami-na-sebe-nivnite-kritsi-se-mornichavi-video/#respond Thu, 09 Feb 2023 10:56:38 +0000 https://kurir.mk/?p=798338

Буквално потресно и морничаво видео доаѓа од Турција и најпогоденото место од разорниот земјотрес кој во понеделникот буквално однесе во смрт над 15 илјади луѓе во Турција и Сирија. На Јутјуб се појави видео објавено пред еден час од новинската агенција „IHA“ каде се гледа како спасувачките екипи влегле во разрушена болница каде затекнале едвај живи пациенти. Станува збор за одделот на интензивна нега каде пациентите веќе биле „отпишани“ од сите мислејќи дека земјотресот ги проголтал како и илјадниците други граѓани. Видеото е како нереална снимка од некој хорор филм, погледнете:

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vlegoa-vo-prazna-i-razrushena-bolnitsa-no-na-oddelot-za-intenzivna-nega-gi-dochekalo-shok-patsientite-ostaveni-sami-na-sebe-nivnite-kritsi-se-mornichavi-video/feed/ 0
Пациентите со цистична фиброза утре ќе запалат свеќа пред Влада за збогум со Благојче Илијевски, нивниот соборец кој почина https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patsientite-so-tsistichna-fibroza-utre-ke-zapalat-sveka-pred-vlada-za-zbogum-so-blagojche-ilijevski-nivniot-soborets-koj-pochina/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patsientite-so-tsistichna-fibroza-utre-ke-zapalat-sveka-pred-vlada-za-zbogum-so-blagojche-ilijevski-nivniot-soborets-koj-pochina/#respond Wed, 08 Feb 2023 19:26:58 +0000 https://kurir.mk/?p=798055

Не постои поголемо кршење на човековите права од тоа да се дозволи да умираат луѓе од болести за кои има лек – реагираше вечерва Асоцијацијата за цистична фиброза, откако денеска како последица на болеста почина битолчанецот Благојче Илијевски. Неговите соборци соопштија дека со него ќе се збогуваат утре во 14 часот пред Влада и го опишаа Благојче како еден од најактивните членови на Асоцијацијата. Според нив, тој е жртва на системот. „Тој поради инертноста на системот од надлежните институции и поради тромите бирократски процедури, почина прерано, чекајќи го лекот Трикафта“, велат пациентите со цистична фиброза. Утре тие со едноминутно молчење, свеќи и цвеќе, и официјално ќе се збогуваат со својот соборец, во исто време, кога во Битола ќе бидат погребани неговите посмртни останки.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patsientite-so-tsistichna-fibroza-utre-ke-zapalat-sveka-pred-vlada-za-zbogum-so-blagojche-ilijevski-nivniot-soborets-koj-pochina/feed/ 0
Пациентите со цистична фиброза утре на протест пред Владата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patsientite-so-tsistichna-fibroza-utre-na-protest-pred-vladata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patsientite-so-tsistichna-fibroza-utre-na-protest-pred-vladata/#respond Fri, 03 Feb 2023 12:15:29 +0000 https://kurir.mk/?p=795683

Пациентите со цистична фиброза утре на пладне ќе протестираат пред Владата, бидејќи, како што велат, се изреволтирани од изјавите на министерот за здравство Беким Сали и на министерот за финансии Фатмир Бесими, дека терапија за цистична фиброза првично ќе добијат осум пациенти кои имаат потешка форма на болеста, и како што најави Сали, ќе се стремат за набавка на лек на 30 пациенти во текот на оваа година. -Изреволтирани сме и разочарани од изјавата на министерот за здравство и на министерот за финансии, се надевавме, баравме исклучително писмен документ во којшто ќе гарантираат дека работите ќе се движат и тоа е се со цел затоа што во минатото сме излажани со усни изјави, и затоа сега не можеме да се потпреме на тоа и не можеме да бараме од пациентите повторно, после две и пол години, се уште да го одложиме процесот и да чекаат дека нешто ќе се среди да се потпреме на тоа дека надлежните се одредени личности што се држат до нивниот збор, рече Фики Гаспар од Асоцијацијата за цистична фиброза на денешната прес-конференција. Тој најави дека ќе го продолжат протестот утре во 12 часот пред Владата и ги повика сите граѓани кои сакаат да ги поддржат, се со цел, како што вели, да го добиеме правото на лек и да се забрза носењето на сите закони кои се потребни и да сфатат дека ние време за чекање немаме. -Правните работи се нивна обврска, обврска на надлежните и се надевам дека ќе ги решаваат брзо. И после протестот ќе продолжат инсистирањата, ќе продолжат официјалните барања до Министерството за здравство, до Министерството за финансии, до Фондот и до Владата да има решение, но затоа апелирам до сите вас кои не поддржувавте, утре бидете со нас, за да можеме да покажеме дека за нас само усните ветувања не се доволни, рече Гаспар. Ивана Атанасовска, претседателка на Асоцијацијата за цистична фиброза, повика на итност надлежните да ја сфатат нивната состојба. - Јас би сакала да порачам надлежните кога ќе ги носат наредните одлуки да земат една сламка цевче да дишат и низ неа и да ја сфатат итноста на нашата состојба и се надевам дека во тој случај ќе донесат многу побрзо решение и ниеден живот нема да биде загрозен. Се зголемува бројот на пациенти со влошена состојба посебно заради вакви работи кои дополнително ни го влошуваат здравјето со стресови – дали ќе има одлука, дали ќе нема одлука, па делумна одлука и сето тоа влијае колку на психичкото толку и на физичкото здравје. И имаме пациенти кои се веќе постојано на кислородна поддршка, но тој број постојано ќе се зголемува затоа што времето нас не ни оди во прилог, рече таа. Министерството за здравство, Министерството за финансии и Фондот за здравствено осигурување најавуваат дека ќе бидат во постојана меѓусебна и комуникација со производителот околу набавката на лекот „трикафта“ за пациентите со цистична фиброза. Министрите за здравство Сали и за финансии Бесими денеска одржаа состанок за обезбедувањето финансиски средства за набавка на лекот. Терапијата, како што информираа, е првично за осум пациенти во потешка состојба, а стремежите се набавка на лек за 30 пациенти во текот на оваа година. Сали по средбата изјави оти се надева дека во најскоро време со сите потребни измени на Законот за јавни набавки и други закони поврзани со набавка на лекови, и со обезбедување финансиски средства, ќе се обезбеди терапија за овие пациенти. Ќе иницира измени во текот на следната недела и се надева дека ќе бидат поддржани во Собранието. -Во делот на цената сè уште нема конкретна финална цена. Имаме првични информации за цената на еден третман за еден пациент на годишно ниво, меѓутоа останува финалната цена да ја добиеме од производителот, изјави Сали. Министерот Бесими рече дека ќе се најде решение за да се набави овој лек директно од производителот бидејќи е скап.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/patsientite-so-tsistichna-fibroza-utre-na-protest-pred-vladata/feed/ 0