пациентки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 15 Sep 2023 11:20:58 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пациентки – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Две пациентки добија увид во истрагата за Онкологија на Обвинителството https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-patsientki-dobija-uvid-vo-istragata-za-onkologija-na-obvinitelstvoto/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-patsientki-dobija-uvid-vo-istragata-za-onkologija-na-obvinitelstvoto/#respond Fri, 15 Sep 2023 11:20:58 +0000 https://kurir.mk/?p=878345

Она што можам со сигурност да ви го кажам е дека постапката тече, сѐ уште се собираат докази и податоци и сметаме дека се на прав пат. Се уверивме во посветеноста на двете обвинителки одговорни за случајот и очекуваме позитивен исход од целата истрага. Ова го објави на фејсбук Елизабета Ристовска, една од пациентките вклучени во истрагата на Јавното обвинителство за случајот Онкологија. - Добар ден драги соборци и соборки и сите засегнати од случајот Онкологија. Денес за прв пат јас и Катерина Милошева бевме повикани од страна на ОЈО и сме запознаени со предистражната постапка. Ви ветувам дека таму ќе бидеме достојни претставници кои ќе учествуваат активно во целиот процес. Во име на Јавните обвинителки ве замолувам сите кои имате некакви неправилности во лечењето, недобивањето потпис за одреден лек, терапија или сте се соочиле со каков било проблем, кој е поткрепен со факти да ги исконтактирате ОЈО или испратете ми име, презиме и матичен број за да биде покрената истрага и ќе помогне во целокупниот случај, стои во нејзината објава на фејсбук. Дополнува дека мирниот собир секој ден во 19 часот пред ОЈО продолжува. Средбата следува откако Обвинителството информираше дека неформална група пациенти од Клиниката за онкологија доставила список од тројца директни пациенти и еден близок сродник на пациент на Клиниката кои би биле вклучени и би добиле директен увид во сите докази прибрани во текот на постапката. Наводите за злоупотреба на терапијата за рак на Клиниката за онкологија предизвика низа реакции од сите страни. Надлежните уверуваат дека се прибираат докази и се истражуваат наводите за сторени кривични дела, а граѓаните и пациентите организираат протести барајќи одговорност.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/dve-patsientki-dobija-uvid-vo-istragata-za-onkologija-na-obvinitelstvoto/feed/ 0
ХОРОР во Германска болница: Доктор ги дрогирал, па ги силувал своите пациентки… https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-vo-germanska-bolnica-doktor-gi-drogiral-pa-gi-siluval-svoite-pacientki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-vo-germanska-bolnica-doktor-gi-drogiral-pa-gi-siluval-svoite-pacientki/#respond Wed, 23 Sep 2020 15:20:54 +0000 https://kurir.mk/?p=407417

Германската полиција уапси доктор кој работел во болница во градот Билефелд поради сомнение дека дрогирал, а потоа и силувал неколку свои пациентки. Како што пренесува „РТЛ“, докторот од клиниката „Бетел“ бил под „лупа“ на полицијата уште од пролетта кога една пациентка го пријавила дека ја „дрогирал“ пред да биде снимена на магнетна резонанца. Истрагата утврдила дека докторот на пациентката ѝ дал лекови кои не биле неопходни. Сепак, таа не навела дека била злоставувана, туку дека докторот свесно ѝ наштетил на нејзиното здравје со вбризгувањето на непотребните медикаменти. Набрзо потоа била отворена истрага која на крајот довела до претрес на станот на осомничениот доктор. Тоа што го откриле полицајците ја шокираше германската јавност. Имено, во телефонот на докторот биле пронајдени и снимки на кои се гледало како ги сексуално ги злоставува своите пациентки. Наводно снимил како силува дури 10 пациентки. Точниот број на жртви на докторот-манијак засега не е утврден со оглед на тоа што не е познато дали го снимил секое злоставување или не. Се верува дека пациентките примиле големи дози на седативи пред да бидат силувани. Осомничениот доктор, кој после пријавата на пациентката веќе бил суспендиран, сега доби и отказ, а неговото име било отстрането од списокот со доктори на официјалната интернет страница на болницата. Уапсениот доктор би требало да биде сослушан во текот на оваа седмица.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/horor-vo-germanska-bolnica-doktor-gi-drogiral-pa-gi-siluval-svoite-pacientki/feed/ 0
ГАК: На пациентките кои немаат итност ќе им бидат откажани прегледите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gak-na-pacientkite-koi-nemaat-itnost-kje-im-bidat-otkazani-pregledite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gak-na-pacientkite-koi-nemaat-itnost-kje-im-bidat-otkazani-pregledite/#respond Wed, 11 Mar 2020 10:54:33 +0000 https://kurir.mk/?p=314997

По донесените мерки од Владата во функција на превенција од ширење на корона вирус, Универзитетската Клиника за гинекологија и акушерство – Скопје упатува апел до пациентките кои имаат закажано преглед преку „Мој термин“, да се јават на преглед само во исклучително нужна и итна ситуација, со цел намалување на приливот на пациенти, редуцирање на метежот по амбулантите и превенирање од ширење на Ковид-19, информираат од Клиниката. Апелот особено важи за категоријата на пациентки од над 65-годишна возраст, кај кои е највисок ризикот при евентуална зараза со коронавирусот. -Заради утврдување на итноста од преглед на пациентките, ЈЗУ У ГАК ќе испрати циркуларно писмо до матичните гинеколози, кои ќе треба да прават строга селекција на итност согласно состојбата на пациентките. Службата за известување при ЈЗУ У ГАК телефонски ќе ги информира пациентките за откажување на прегледите кои не подразбираат итно доаѓање на клиниката за преглед, објаснуваат од ГАК. Од Клиниката апелираат пациентите целосно да ги почитуваат мерките за превенција од оваа болест, упатени од Министерството за здравство.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/gak-na-pacientkite-koi-nemaat-itnost-kje-im-bidat-otkazani-pregledite/feed/ 0