падобранец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 13 May 2022 08:11:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png падобранец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мечка усмрти 30-годишен падобранец https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mechka-usmrti-30-godishen-padobranec/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mechka-usmrti-30-godishen-padobranec/#respond Fri, 13 May 2022 08:11:34 +0000 https://kurir.mk/?p=676098

Мечка нападнала војници на Алјаска. Едниот им подлегнал на повредите, идентификуван од американската армија како падобранец и ветеран од војната во Авганистан. Другиот војник се здобил со повреди при нападот. Починатиот имал 30 години и е нападнат за време на тренинг во базата Елмендорф-Ричардсон во Енкориџ. Медиуми наведуваат дека надлежните ја бараат мечката, за која не се знае од каков вид е. Алјаска е дом на три вида мечки во Северна Америка – црна, кафеава и поларна, но третата е поретка во јужниот дел. Според „Њујорк тајмс“, повикувајќи се на полицаец од Алјаска, војниците биле нападнати откако наишле на мечкино дувло, додека истражувале можно место за обука во дивината.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mechka-usmrti-30-godishen-padobranec/feed/ 0
Поранешен падобранец цели кон рекорд во скок без падобран https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/poraneshen-padobranec-celi-kon-rekord-vo-skok-bez-padobran/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/poraneshen-padobranec-celi-kon-rekord-vo-skok-bez-padobran/#respond Thu, 29 Oct 2020 08:06:48 +0000 https://kurir.mk/?p=421976

Поранешниот падобранец Џон Брим (34), кого го нарекуваат и „Летечка риба“, се обиде да постави нов светски рекорд во скок од хеликоптер во море, без падобран. Брим скокна од висина од околу 40 метри во водите на Ла Манш, близу Хемпшир, југоисточна Англија. Член на тимот нуркачи кои го чекаа во водата изјави дека веднаш откако паднал, Брим за кусо ја изгубил свеста и дека е пренесен в болница поради претпазливост. Подоцна, тој ја вратил свеста и разговарал со лекарите. Претставник на „Гинисовите светски рекорди“ изјави оти сѐ уште се разгледуваат доказите за официјализирање на новиот рекорд. Негова основна цел беше собирање пари за британските хуманитарни организации и луѓето кои се грижат за менталното здравје.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/poraneshen-padobranec-celi-kon-rekord-vo-skok-bez-padobran/feed/ 0
Среде воена парада, падобранец удри во бандера и остана да виси пред кралот (ФОТО+ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/srede-voena-parada-padobranec-udri-vo-bandera-i-ostana-da-visi-pred-kralot-foto-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/srede-voena-parada-padobranec-udri-vo-bandera-i-ostana-da-visi-pred-kralot-foto-video/#respond Sun, 13 Oct 2019 12:09:33 +0000 https://kurir.mk/?p=251132

Воената парада во Мадрид, по повод националниот празник, ја одбележа „судир“ на падобранец со бандера, кој наместо да слета пред кралот и свечено да му го предаде шпанското знаме, остана да виси. Публиката која во ѓиво ја следеше вчерашната парада, но и оние кои преку телевизија ја следеа, сведочеа на мал инцидент, кога падобранот се закачи за бандерата и падобранецот остана да виси наместо да слета на трибината пред кралот Фелипе Шести, неговата сопруга Летиција и нивните ќерки. Како поддршка за падобранецот, кралското семејство започна да му аплаудира. Потоа, војникот го испушти големото знаме на Кралството Шпанија за да се подигне на време во знак на одбележување на пристигнувањето на Кристофер Колумбо во Америка во 1492 година. Шпанското Министерство за одбрана подоцна соопшти дека војникот бил искусен падобранец со околу 600 скокови и не бил повреден при слетувањето. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/srede-voena-parada-padobranec-udri-vo-bandera-i-ostana-da-visi-pred-kralot-foto-video/feed/ 0