Пајат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 10 Dec 2019 21:15:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Пајат – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Средба Мицотакис – Пајат за патувањето на грчкиот премиер во САД и разговорите со Трамп https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sredba-micotakis-pajat-za-patuvanjeto-na-grchkiot-premier-vo-sad-i-razgovorite-so-tramp/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sredba-micotakis-pajat-za-patuvanjeto-na-grchkiot-premier-vo-sad-i-razgovorite-so-tramp/#respond Tue, 10 Dec 2019 21:21:51 +0000 https://kurir.mk/?p=275736

Подготовката за патувањето на грчкиот премиер во САД од 6 до 8 јануари 2020 година и средбата со американскиот претседател Доналд Трамп беше во фокусот на средбата на Кирјакос Мицотакис со амбасадорот на САД во Грција, Џефри Пајат, јави дописничката на МИА од Атина. Мицотакис и Пајат на нивната средба во премиерската палата разговараа и за содржината на дописите што Грција ги испрати до Генералниот секретар на ОН и Советот за безбедност во однос на турско-либискиот договор, а грчкиот премиер, на амбасадорот на САД му ги анализирал позициите на Атина во однос на активностите на Турција. – Одлична средба со премиерот за да разговараме за неговото патување за да се сретне со претседателот на САФ на 7 јануари, јасен сигнал за растечката важност на Грција во Вашингтон како столб на стабилноста во овој критичен и комплициран регион и нашата заложба за поддршка на целосно економско закрепнување на Грција, напиша амбасадорот на САД во Атина на неговиот официјален Твитер профил по средбата со Мицотакис. Средбата Мицотакис – Трамп, како што веќе објави МИА е закажана за 7 јануари следната година. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/sredba-micotakis-pajat-za-patuvanjeto-na-grchkiot-premier-vo-sad-i-razgovorite-so-tramp/feed/ 0