пакет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 16 Nov 2022 11:02:07 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пакет – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Марихуана и таблета пронајдени во пакет за пациент (20) во Психијатриската болница- Демир Хисар https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/marihuana-i-tableta-pronajdeni-vo-paket-za-pacient-20-vo-psihijatriskata-bolnica-demir-hisar/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/marihuana-i-tableta-pronajdeni-vo-paket-za-pacient-20-vo-psihijatriskata-bolnica-demir-hisar/#respond Wed, 16 Nov 2022 11:02:07 +0000 https://kurir.mk/?p=761592

На 15.11.2022 во ОВР Демир Хисар, од Јавна здравствена установа Психијатриска болница- Демир Хисар било пријавено дека при контрола на пратка наменета за 20-годишен пациент од Охрид биле пронајдени марихуана и една таблета, информира МВР. Полициски службеници ја подигнале дрогата за понатамошна постапка. Се преземаат мерки за расчистување на случајот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/marihuana-i-tableta-pronajdeni-vo-paket-za-pacient-20-vo-psihijatriskata-bolnica-demir-hisar/feed/ 0
Бајден ќе предложи пакет од 33 милијарди долари за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-kje-predlozi-paket-od-33-milijardi-dolari-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-kje-predlozi-paket-od-33-milijardi-dolari-za-ukraina/#respond Thu, 28 Apr 2022 15:00:16 +0000 https://kurir.mk/?p=669358

Вашингтон, 28 април 2022 (МИА) – Американскиот претседател Џо Бајден денеска ќе предложи огромен пакет од 33 милијарди долари за вооружување и поддршка на Украина во нејзината војна против Русија, како и користење на луксузни средства одземени од руските олигарси за да се компензира на погодената држава. Најголемиот дел од предложениот пакет од 33 милијарди долари ќе биде – „20 милијарди долари воена и друга безбедносна помош. Тоа значи дека оружје и муниција треба да дојдат до украинскиот народ“, изјави висок американски функционер. Дополнителна економска помош од 8,5 милијарди долари „ќе и помогне на владата на Украина да одговори на непосредната криза“, додека околу 3 милијарди долари се предложени за финансирање хуманитарна помош и справување со глобалниот шок за цените на снабдувањето со храна. Предложениот пакет вклучува и финансирање за справување со економските нарушувања во САД и на други места, кои се движат од влијанието врз снабдувањето со храна до достапноста на критичните компоненти што се користат во производството на висока технологија. Конгресот треба да го одобри барањето и додека и републиканците и Демократската партија на Бајден сигнализираа дека сакаат да продолжат да ја поддржуваат Украина, неповрзаниот спор околу барањето на Бајден за милијарди долари ново финансирање за пандемијата со Ковид-19 се заканува да го комплицира процесот на одобрување, јавија американски медиуми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/bajden-kje-predlozi-paket-od-33-milijardi-dolari-za-ukraina/feed/ 0
Тоа што го фрли пакетот не е најлошото – ваков доставувач, за среќа, немате видено (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/toa-shto-go-frli-paketot-ne-e-najloshoto-vakov-dostavuvach-za-srekja-nemate-videno-video/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/toa-shto-go-frli-paketot-ne-e-najloshoto-vakov-dostavuvach-za-srekja-nemate-videno-video/#respond Sat, 07 Nov 2020 20:14:44 +0000 https://kurir.mk/?p=426338

Ова семејство од американската држава Џорџија може да биде среќно што на својот дом има инсталирана безбедносна камера. Инаку, тие веројатно никогаш немаше да дознаат што всушност се случило кога најлошата и најнесовесната девојка за испорака во светот дошла да го достави пакетот. Погледнете што направи таа, фрлањето на пакетот не е најлошото. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/toa-shto-go-frli-paketot-ne-e-najloshoto-vakov-dostavuvach-za-srekja-nemate-videno-video/feed/ 0
Макрон и Меркел се за брз одговор за пакетот за излегување од кризата во ЕУ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-i-merkel-se-za-brz-odgovor-za-paketot-za-izleguvanje-od-krizata-vo-eu/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-i-merkel-se-za-brz-odgovor-za-paketot-za-izleguvanje-od-krizata-vo-eu/#respond Tue, 30 Jun 2020 06:38:01 +0000 https://kurir.mk/?p=365487

Лидерите на Германија и Франција, Ангела Меркел и Емануел Макрон, синоќа изјавија дека ќе го искористат своето влијание за да помогнат во преговорите за брз договор за пакетот за обнова од поледиците на коронавирусот за 27-те земји членки на ЕУ. На првата тет-а-тет средба од почетокот на пандемијата, германската канцеларка и францускиот претседател ја истакнаа нивната решеност да работат заедно за враќање на европските економии на вистинскиот пат, во време кога Германија од утре, 1 јули, го презема шестмесечното претседателство со ЕУ. Лидерите на ЕУ ќе се обидат да ги надминат своите разлики на самитот на 17 и 18 јули околу предлогот на Европската комисија да позајмат 500 милијарди евра од пазарот за новиот фонд за обнова, за да помогнат во заживување на економиите што се најтешко погодени од коронавирусот, особено Италија и Шпанија. Меркел изјави дека се надева на самитот на лидерите следниот месец земјите членки на ЕУ ќе ги надминат своите разлики во врска со повеќегодишниот буџет, како и во врска со фондот за обнова, пренесуваат британските медиуми. -Се надеваме дека можеме да најдеме решение, иако имаме уште долг пат пред нас, рече Меркел. Во мај, Меркел и Макрон предложија формирање на еднократен фонд за обнова во вредност од 500 милијарди евра, што ЕК го прошири, предлагајќи фонд од 750 милијарди евра, што главно ќе се состои од грантови. ЕК, сепак, се соочува со отпор од некои земји, кои се спротивставуваат на неповратните позајмици и затоа одбиваат да обезбедат средства без никакви обврски од корисниците. На заедничката прес-конференција со Макрон во вилата на германската влада во близина на Берлин, Меркел рече дека тие не очекуваат нивниот предлог да биде усвоен како таков, но дека тоа го покажува правецот во кој сакаат да се движат. -Преку нашиот заеднички предлог за фонд за обнова ние јасно ставивме до знаење дека Германија и Франција сакаат да играат улога заедно во наредните месеци, со што јасно ставаме до знаење дека Европа е нашата иднина, рече Меркел. Таа оцени дека очекувањата се големи и додаде дека Европа не е нужно обединета кога Германија и Франција се обединети. -Но, ако Германија и Франција не се согласуваат, тогаш тоа не е добро за единството на Европа, истакна Меркел. Макрон, пак, од своја страна, кажа дека кризата предизвикана од коронавирусот и нејзините економски и социјални последици е „момент на вистината“ за Европа. -Можеме да го направиме овој момент на вистината момент на успех, рече Макрон, инсистирајќи на потребата да се постигне европски договор за план за економско закрепнување. Тој додаде дека двете земји ќе сторат се договорот за буџетот да биде постигнат на самитот во јули. Францускиот претседател ја повика ЕУ да го зајакне својот суверенитет во широк спектар на области, вклучувајќи ги климатските прашања, дигиталната економија, прехранбената индустрија, здравството и безбедноста.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/makron-i-merkel-se-za-brz-odgovor-za-paketot-za-izleguvanje-od-krizata-vo-eu/feed/ 0
Претставничкиот дом на американскиот Конгрес го усвои новиот економски пакет од три трилиона долари https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnichkiot-dom-na-amerikanskiot-kongres-go-usvoi-noviot-ekonomski-paket-od-tri-triliona-dolari/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnichkiot-dom-na-amerikanskiot-kongres-go-usvoi-noviot-ekonomski-paket-od-tri-triliona-dolari/#respond Sat, 16 May 2020 06:44:20 +0000 https://kurir.mk/?p=346497

Претставничкиот дом на Конгресот на САД ноќеска го одобри новиот пакет мерки во вредност од три трилиона долари за поддршка на економијата. Околу еден трилион ќе им бидат дадени на државите и локалните власти, се предвидува и создавање на фонд од 200 милијарди долари за вработените во најважните и најоптоварени сектори, вклучувајќи ја и здравствената заштита. Освен тоа, помошта за семејствата ќе биде зголемена до 6.000 долари, а уште 75 милијарди долари ќе бидат потрошени за спроведување на тестови за коронавирусот. Се предвидува и поголема помош за невработеноста и за покривање на кредитите во образованието. Предлог законот треба да го мине и сенатскиот филтер, Горниот дом на Конгресот на САД. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pretstavnichkiot-dom-na-amerikanskiot-kongres-go-usvoi-noviot-ekonomski-paket-od-tri-triliona-dolari/feed/ 0
Фијаско план на Заев: Единственото што граѓаните ќе го добијат е сиромаштијата која следува https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fijasko-plan-na-zaev-edinstvenoto-shto-gragjanite-kje-go-dobijat-e-siromashtijata-koja-sleduva/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fijasko-plan-na-zaev-edinstvenoto-shto-gragjanite-kje-go-dobijat-e-siromashtijata-koja-sleduva/#respond Tue, 31 Mar 2020 13:52:18 +0000 https://kurir.mk/?p=324974

Како коронавирусот да не е доволно голема грижа за македонските граѓани, па тие денес мора да стравуваат и од економски колапс, кој полека, но сигурно ќе го допре народот. Мерките кои ги предложи поранешниот премиер Зоран Заев веќе наидоа на низа критики од сите страни, но се чини дека неговата замисла е блиска до реализација. Мерките кои тој ги турка, ја туркаат Македонија во голема економска криза, а граѓаните во уште поголема сиромаштија. Лидерот на СДСМ изгледа заборави дека веќе одамна не е премиер, па продолжува да се однесува како да е претседател на Владата. Или пак, со тоа што диктира мерки сака во јавноста да претстави слика дека сите функционери се “под него“? Кога владата конечно се одважи да излезе со мерки, промовирани од премиерот Оливер Спасовски,  пропаднаа сите очекувања на граѓаните дека нешто ќе се промени и дека тие навистина ќе добијат помош. Пакетот мерки кои ги најави Заев, како и пакетот кој го спроведува Спасовски, единствено што ќе направат е продлабочување на кризата и побрзо доаѓање на тешка сиромаштија. Мерките кои ги смисли Заев, а ги соопшти Спасовски нема да им помогнат на најзасегнатите. Оние кои веќе претрпеа голема загуба и криза, единствено што ќе добијат се уште поголеми проблеми. Компаниите кои се најпогодени нема да имаат добробит од новите мерки кои сигурно се недоволни за стопанството во моментов. И актуелниот премиер Спасовски, како и неговиот претходник Заев, можеле многу да научат од искуствата на земјите од регионот каде беа донесени мерки во корист на народот. За жал, негативните последици кои ќе паднат на грбот на обичниот народ, актуелната македонска власт не се ни обиде да ги спречи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fijasko-plan-na-zaev-edinstvenoto-shto-gragjanite-kje-go-dobijat-e-siromashtijata-koja-sleduva/feed/ 0