пакистан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 04 Nov 2023 12:42:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пакистан – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Повеќе од 200.000 авганистански бегалци протерани од Пакистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-200-000-avganistanski-begaltsi-proterani-od-pakistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-200-000-avganistanski-begaltsi-proterani-od-pakistan/#respond Sat, 04 Nov 2023 12:45:17 +0000 https://kurir.mk/?p=896425

Повеќе од 200.000 авганистански бегалци досега се протерани од Пакистан како дел од напорите за справување со илегалните имигранти, соопшти денеска Министерството за внатрешни работи на Пакистан. „Повеќе од 200.000 авганистански бегалци досега се вратени во нивната татковина“, рече министерот за внатрешни работи сенаторот Сарфраз Бугти. Бугти рече дека процесот на репатријација се одвива без проблеми на сите премини во провинциите што граничат со Авганистан. Во изминатите неколку недели, повеќе од 160.000 бегалци ја минаа границата од северозападната провинција Хајбер Пахтунхва, а повеќе од 50.000 ја напуштија земјата од југозападната провинција Балуџистан. Според владините податоци, во Пакистан живеат приближно 4,4 милиони авганистански бегалци, од кои 1,7 милиони немаат валидни документи. Минатиот месец Пакистан објави масовни депортации на авганистански бегалци без документи или илегални бегалци кои живеат во земјата, што наиде на критики од западните влади и глобалните групи за човекови права.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-200-000-avganistanski-begaltsi-proterani-od-pakistan/feed/ 0
Пакистан: Акција за вакцинација на 44 милиони деца против полио вирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistan-aktsija-za-vaktsinatsija-na-44-milioni-detsa-protiv-polio-virusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistan-aktsija-za-vaktsinatsija-na-44-milioni-detsa-protiv-polio-virusot/#respond Mon, 02 Oct 2023 13:02:29 +0000 https://kurir.mk/?p=884281

Пакистан денеска ја почна својата втора национална кампања против полио вирусот во обид да се вакцинираат 44 милиони деца на возраст под пет години за да се искорени детската парализа. Привремениот премиер Анварул ул Хак Какар почна петдневна кампања за вакцинација и во телевизиско обраќање ги повика родителите да соработуваат со 350.000 здравствени работници кои одат од врата до врата и даваат вакцини на децата. Кампањата се одвива под силно обезбедување. Владата ги ангажираше полицајците и безбедносните сили за да ја осигура безбедноста на работниците кои вршат вакцинација. Здравствените работници и полицијата задолжена за нивна заштита беа нападнати за време на претходните кампањи против детска парализа, за кои екстремистите лажно тврдеа дека се заговор на Запад за стерилизирање деца. Пакистан и соседниот Авганистан се единствените две земји во светот каде детската парализа продолжува да го загрозува здравјето и благосостојбата на децата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistan-aktsija-za-vaktsinatsija-na-44-milioni-detsa-protiv-polio-virusot/feed/ 0
Уапсени сопственикот и операторот на жичницата која вчера се заглави во Пакистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-sopstvenikot-i-operatorot-na-zhichnitsata-koja-vchera-se-zaglavi-vo-pakistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-sopstvenikot-i-operatorot-na-zhichnitsata-koja-vchera-se-zaglavi-vo-pakistan/#respond Wed, 23 Aug 2023 15:33:54 +0000 https://kurir.mk/?p=870134

Во Пакистан денеска се уапсени сопственикот и операторот на жичницата која вчера се заглави поради силниот ветер, соопшти локалната полиција. Двајцата мажи биле приведени откако сите деца биле спасени, но не се наведени детали за обвиненијата против нив. Пакистанската армија вчера спаси шест деца и двајца возрасни, кои останаа заробени во жичницата, заглавена на висина од околу 370 метри. Децата со жичницата патувале на училиште во оддалечената планинска област Батаграм, околу 200 километри северно од Исламабад, соопштија властите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uapseni-sopstvenikot-i-operatorot-na-zhichnitsata-koja-vchera-se-zaglavi-vo-pakistan/feed/ 0
Спасени сите осум лица од заглавената жичница во Пакистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spaseni-site-osum-litsa-od-zaglavenata-zhichnitsa-vo-pakistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spaseni-site-osum-litsa-od-zaglavenata-zhichnitsa-vo-pakistan/#respond Tue, 22 Aug 2023 19:29:18 +0000 https://kurir.mk/?p=869792

Пакистанската армија денеска спаси шест деца и двајца возрасни, кои беа заробени во жичницата, заглавена на висина од околу 370 метри над длабока бездна откако се скина кабел. Операцијата со висок ризик е успешно завршена по повеќе од 15 часа, јавија светските агенции. Децата со жичницата патувале на училиште во оддалечената планинска област Батаграм, околу 200 километри северно од Исламабад, соопштија властите. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/spaseni-site-osum-litsa-od-zaglavenata-zhichnitsa-vo-pakistan/feed/ 0
Бројот на загинати во излетувањето на воз во Пакистан се искачи на 30, а 60 се повредени https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zaginati-vo-izletuvaneto-na-voz-vo-pakistan-se-iskachi-na-30-a-60-se-povredeni/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zaginati-vo-izletuvaneto-na-voz-vo-pakistan-se-iskachi-na-30-a-60-se-povredeni/#respond Sun, 06 Aug 2023 15:49:40 +0000 https://kurir.mk/?p=863948

Бројот на загинати во излетувањето на воз од шините во јужен Пакистан се искачи на 30, додека бројот на повредени на 60, а спасувачките операции се уште се во тек, соопштија денеска официјални лица. Возот патувал од Карачи до Равалпинди кога сите 10 вагони излетале од шините во близина на железничката станица Сархари во близина на Навабшах, во јужната провинција Синд. Полициски претставници потврдија дека досега се пронајдени 30 тела, додека 60 повредени се извлечени, од кои некои се во критична состојба. Велат дека бројот на загинати може да се зголеми бидејќи спасувачката операција продолжува. Локалната телевизија покажа дека спасувачките екипи извлекуваат жени, деца и постари патници од оштетените и превртените вагони. Официјални лица рекоа дека спасувачките тимови ги префрлиле повредените патници во блиската болница во Навабшах. Висок официјален претставник на железницата изјави дека поради несреќата биле прекинати железничките линии на главната железничка пруга. На патниците ќе им се обезбеди алтернативен аранжман за патување и медицинска нега. Министерот за железници Каџа Сад Рафик изјави дека несреќата може да биде предизвикана од механички дефект или последица на саботажа. Тој рече дека истрагата е во тек. Железничките несреќи често се случуваат на лошо одржуваните пруги во Пакистан, каде што комуникациските и сигналните системи од колонијалната ера не се модернизирани, а безбедносните стандарди се лоши. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/brojot-na-zaginati-vo-izletuvaneto-na-voz-vo-pakistan-se-iskachi-na-30-a-60-se-povredeni/feed/ 0
Пакистанските безбедносни сили убиле шест бунтовници во засолништа на границата со Авганистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistanskite-bezbednosni-sili-ubile-shest-buntovnitsi-vo-zasolnishta-na-granitsata-so-avganistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistanskite-bezbednosni-sili-ubile-shest-buntovnitsi-vo-zasolnishta-na-granitsata-so-avganistan/#respond Sat, 01 Jul 2023 20:16:26 +0000 https://kurir.mk/?p=851656

Најмалку шест бунтовници беа убиени во Пакистан кога безбедносните сили извршија рација во две нивни засолништа во близина на границата со Авганистан. Пакистанската војска соопшти дека двете рации биле спроведени вчера во областите Тенк и Северен Вазиристан „врз основа на веродостојни разузнавачки информации“ за засолништата на екстремистите. Во рацијата биле запленети оружје и муниција. Идентитетот на убиените или од која бунтовничка група се тие не се објавени, но повеќето бунтовници во областа се пакистанските талибанци, огранок на авганистанските истомисленици. Меѓутоа, во регионот каде што беа извршени рациите, евидентирано е и присуство на борци на Исламската држава. Оваа недела авганистанските безбедносни сили го убиле и командантот на Исламската држава Шафи Улах во близина на границата со Авганистан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistanskite-bezbednosni-sili-ubile-shest-buntovnitsi-vo-zasolnishta-na-granitsata-so-avganistan/feed/ 0
Повеќе од 170.000 евакуирани – Индија и Пакистан се подготвуваат за невреме https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-170-000-evakuirani-indija-i-pakistan-se-podgotvuvaat-za-nevreme/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-170-000-evakuirani-indija-i-pakistan-se-podgotvuvaat-za-nevreme/#respond Thu, 15 Jun 2023 12:50:16 +0000 https://kurir.mk/?p=846158

Повеќе од 170 илјади луѓе се евакуирани поради силните веторви и обилните дождови кои зафаќаат делови од северозападна Индија и јужен Пакистан пред циклонот Бипарџу да дојде до копното, пренесоа британските медиуми. Метеоролозите предупредија дека циклонот Бипарџу што на бенгалски значи „катастрофа“ може да уништи домови и земјоделски култури. Процесот се очекува да почне по 18 часот по локално време. Циклонот треба да удри во близина на пристаништето Јахау меѓу Мандви во Гуџарат и Кети Бандар во пакистанската провинција Синд. Пакистанската агенција за управување со катастрофи предупреди на бранови на невреме до три-четири метри долж крајбрежјето од Карачи до Гуџарат. Функционерот задолжен за операциите за помош во Гуџарат, Алок Пандеј изјави дека интензитетот на циклонот е намален, но дека брзината на ветрот сè уште се очекува да биде на „многу опасни“ нивоа од околу 110-125 километри на час во моментот на падот. Министерот за здравство на државата, Рушикеш Пател ги замоли луѓето да избегнуваат патувања. „Нашата цел е да обезбедиме нула жртви“, нагласи тој. Најмалку седум смртни случаи беа пријавени поради обилните дождови во Индија оваа недела. Меѓу жртвите има две деца згмечени од ѕид што се урна и една жена погодена од дрво кое паднало додека била на мотор.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/poveke-od-170-000-evakuirani-indija-i-pakistan-se-podgotvuvaat-za-nevreme/feed/ 0
Околу илјада приврзаници на Кан се приведени во Пенџаб https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-iljada-privrzanitsi-na-kan-se-privedeni-vo-pendhab/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-iljada-privrzanitsi-na-kan-se-privedeni-vo-pendhab/#respond Wed, 10 May 2023 12:13:37 +0000 https://kurir.mk/?p=832708

Приближно илјада луѓе се приведени од синоќа досега во најбројната пакистанска провинција Пенџаб поради протестите што избија по апсењето на поранешниот премиер Имран Кан. Полицијата привела 945 прекршители на законот, а во немирите повредени се 130 полицајци. Поддржувачите на поранешниот пакистански премиер Кан за денеска подготвуваат протестен марш до главниот град Исламабад, каде што тој е во притвор за случај за корупција. Кан беше уапсен вчера од пакистанската служба за борба против корупцијата по наредба на Врховниот суд. Полицијата соопшти дека рочиштето ќе се одржи во полициската гостинска куќа каде што тој е сместен. Апсењето уследи откако армијата го обвини Кан дека постојано обвинувал висок армиски офицер дека се обидел да го организира неговиот атентат и поранешниот шеф на вооружените сили дека ја поттикнал неговата смена од премиерската функција минатата година. Како одговор, неговото Движење за правда повика на „блокирање“ на целата земја, а во многу градови поддржувачите на Кан се судрија со полицијата. Во Лахор и Равалпинди беа нападнати армиски згради. Поддржувачите на Кан во северозападната провинција Хајбер Пахтунхва беа повикани да се соберат рано утринава во градот Сваби за да заминат за Исламабад.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/okolu-iljada-privrzanitsi-na-kan-se-privedeni-vo-pendhab/feed/ 0
Пакистан ќе увезува евтина руска нафта https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistan-ke-uvezuva-evtina-ruska-nafta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistan-ke-uvezuva-evtina-ruska-nafta/#respond Thu, 27 Apr 2023 13:56:14 +0000 https://kurir.mk/?p=828361

Пакистанскиот премиер Шехбаз Шариф денеска изјави дека е постигнат договор Пакистан да ја добие првата пратка руска нафта по намалена цена. „Додека зборуваме, руската нафта се товари за да биде испратена овде“, рече премиерот во парламентот. Според договорот, Пакистан ќе купува само сурова нафта, а не нафтени деривати. Министерот за нафта Мусадик Малик минатата недела потврди дека Пакистан ја купил првата пратка руска сурова нафта по намалена цена. Исламабад сака да увезува 100.000 барели дневно доколку првата трансакција се одвива без проблеми. Првата пратка најверојатно ќе пристигне во пристаништето Карачи во мај. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pakistan-ke-uvezuva-evtina-ruska-nafta/feed/ 0
Најмалку 12 загинати во експлозија во антитерористички оддел на полицијата во Пакистан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-12-zaginati-vo-eksplozija-vo-antiteroristichki-oddel-na-politsijata-vo-pakistan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-12-zaginati-vo-eksplozija-vo-antiteroristichki-oddel-na-politsijata-vo-pakistan/#respond Tue, 25 Apr 2023 09:17:09 +0000 https://kurir.mk/?p=827279

Најмалку 12 лица загинаа, а 50 се ранети во експлозија на муниција предизвикана од краток спој во антитерористичката единица на пакистанската полиција, соопштија денеска локалните власти. Експлозиите „во канцеларијата“ на полицијата во Кабал, во северозападната долина Сват, предизвикаа зградата „да се урне до темел“, изјави Калид Сохаил, шеф на полициската служба за борба против тероризмот. Шефот на полицијата на Сват, Шафи Ула Гандапур, додаде дека експлозиите биле предизвикани од краток спој во подрумот каде што имало „рачни гранати и други експлозивни направи“. - Нема индикации дека експлозиите се поврзани со надворешен напад или со напад на бомбаш-самоубиец, рече тој. Шефот на полицијата Ахтар Хајат рече дека „повеќето од жртвите се полицајци“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/najmalku-12-zaginati-vo-eksplozija-vo-antiteroristichki-oddel-na-politsijata-vo-pakistan/feed/ 0