пакистанец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 06 Aug 2022 10:02:02 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png пакистанец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Детали за фаталната љубов на Пакистанецот и Гркинката која заврши со убиство, убиецот фатен во Македонија https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-fatalnata-ljubov-na-pakistanecot-i-grkinkata-koja-zavrshi-so-ubistvo-ubiecot-faten-vo-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-fatalnata-ljubov-na-pakistanecot-i-grkinkata-koja-zavrshi-so-ubistvo-ubiecot-faten-vo-makedonija/#respond Sat, 06 Aug 2022 10:02:02 +0000 https://kurir.mk/?p=714960

Грозоморно убиство ја потресе Грција пред неколку дена – тинејџерка (17) беше убиена од страна на своето момче, 21-годишен Пакистанец кој потоа побегна. Уапсен е 21-годишниот маж кој наводно ја убил 17-годишната девојка Николета во Перистери, во понеделникот вечер, јавија грчките медиуми повикувајќи се на објавата на грчкиот министер за јавен ред Такис ​​Теодорикакос, кој соопшти дека 21-годишниот Пакистанец кој ја уби 17-годишната Николета од Перистери сега е во рацете на полицијата. -Тој сега е во рацете на грчката полиција, која го сомниче дека е извршител на убиството на седумнаесетгодишната Николета во Атина и ќе биде изведен пред надлежното обвинителство, објави министерот Теодорикакос. Според информациите на newsit.gr, тој ја напуштил Атика како и Грција и заминал во Северна Македонија со намера да продолжи кон земјите од Централна Европа. Украдениот телефон на брутално убиената 17-годишна Николета како и блиската соработка на полициските власти на Грција и Северна Македонија, доведе до апсење на 21-годишниот Пакистанец, јавуваат грчките медиуми. За неговото бегство биле известени сите балкански власти, посебно полицијата во Северна Македонија. Како резултат на засилените контроли, вчера попладне во Северна Македонија е идентификувана група илегални имигранти, во која е констатирано дека е присутен и наводниот извршител на грозоморното убиство, по потекло од Пакистан. Во истите информации се наведува дека со себе го имал и мобилниот телефон на 17-годишната девојка кој бил без сим-картичка. – Според последните информации на protothema.gr, властите му влегле во трага на 22-годишниот кој побегнал од Грција преку сопствениот мобилен телефон, но и на жртвата. Поточно, сигналот од неговиот мобилен телефон покажал дека се движел кон Северна Грција, додека грчката полиција имала информација дека младиот човек ќе се обиде да ја напушти државата и затоа е распишана меѓународна потерница. Кога преминал во Северна Македонија, 22-годишникот го отворил смартфонот на жртвата кој немал сим-картичка. Сепак, властите успеале да го лоцираат сигналот преку конкретни мобилни апликации кои имале пристап до локацијата на уредот, објавија грчките медиуми. Неговиот мобилен телефон за последен пат дал сигнал во петокот во Солун и со тоа ги мобилизираше тамошните власти, но изгледа го оставил во Солун. Осомничениот Пакистанец исчезна од денот на убиството на 17-годишната девојка од нејзината куќа во Перистери, а со неа бил во љубовна врска. Според форензичкиот извештај смртта кај девојката настанала со задушување, а пред тоа имала тепачка со сторителот која завршила кобно за девојката бидејќи насилникот со раце и ги покрил устата и носот и ја задушил. Младата дама 7 минути се борела со својот убиец, за да се одржи во живот, пишуваат грчките медиуми. Од вадењето на податоците од мобилниот телефон на 17-годишната Николета, произлегува дека малолетничката во последните денови и на денот на убиството добивала низа пораки од 21-годишниот Пакистанец. Малолетничката сакала да ја прекине врската, па дури и побарала да и ги врати клучевите од куќата. Тој не го прифатил тоа и се чини дека станал многу агресивен кон неа што на крајот доведе до убиство на девојката која имала трауматично детство, со оглед на тоа што на 11-годишна возраст заедно со својот помал брат биле силувани од тројца мажи кои потоа се осудени за случајот.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/detali-za-fatalnata-ljubov-na-pakistanecot-i-grkinkata-koja-zavrshi-so-ubistvo-ubiecot-faten-vo-makedonija/feed/ 0
Притворен Пакистанец за разбојништво во Липково https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pritvoren-pakistanec-za-razbojnishtvo-vo-lipkovo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pritvoren-pakistanec-za-razbojnishtvo-vo-lipkovo/#respond Tue, 20 Jul 2021 08:10:16 +0000 https://kurir.mk/?p=539044

Притвор за разбојништво заработи дваесет и едногодишен државјанин на Пакистан кој заедно со уште девет непознати лица физички нападнале група мигранти од кои украле евра и златен накит. Јавното обвинителство сооипшти дека ОЈО Куманово поведе постапка против државјанин на Пакистан кој на 18 јули оваа година, околу пладне, во планинскиот предел на место викано „Под камен“, во атар на село Лојане, општина Липково, во состав на група со уште девет НН лица, со употреба на сила и опасно орудие од друг одзеле туѓи подвижни предмети со намера противправно да ги присвојат. -Осомничениот заедно со другите лица од групата пресретнале мигранти кои се движеле пеш во село Лојане, по што упатувајќи закани кон оштетените започнале со метални шипки да ги удираат оштетените по главите и телата. Притоа од секој од оштетените одзеле пари во износ од 600 до 800 евра, а од дел од нив и златен накит кој оштетените го носеле со себе. Осомничениот заедно со други засега непознати лица од групата, ги задржале оштетените заканувајќи им се по живот, се до моментот кога биле откриени од страна на полициските службеници по што непознатите лица од групата се разбегале во непознат правец, а осомничениот бил фатен од полициските службеници, појаснуваат од ЈО. Јавниот обвинител од Основното јавно обвинителство Куманово до Судијата на претходна постапка при Основниот суд во Куманово поднел Предлог за определување на мерката притвор против осомничениот, а судијата на претходна постапка му определил притвор во траење од 30 дена.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/hronika/pritvoren-pakistanec-za-razbojnishtvo-vo-lipkovo/feed/ 0