Пале Илоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 26 Jan 2023 16:07:35 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Пале Илоска – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Апелација: Пале Иловска останува на слобода https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelatsija-pale-ilovska-ostanuva-na-sloboda/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelatsija-pale-ilovska-ostanuva-na-sloboda/#respond Thu, 26 Jan 2023 16:06:58 +0000 https://kurir.mk/?p=792427

Потврдена e слободата на велешанката Пале Иловска, која го усмрти насилниот партнер додека ја давел. Скопскиот Апелационен суд ја потврди ослободителната пресуда. Младата велешанка со нож го усмрти нејзиниот насилен партнер, полицаец од Велес. Иловска беше обвинета за кривично дело убиство во миг. Иако обвинителството поднесе жалба и бараше Илиовска да биде казнета, сепак, Апелација ја потврди пресудата донесена од судијката Габриела Гајдова. Илиовска е целосно ослободена од вина, а пресудата е конечна. Од ДНК под ноктите на покојниот полицаец, се утврдило дека тој навистина ја давел. Гајдова го оправда ослободувањето на Иловска со тоа што таа се бранела од насилниот партнер. Случајот на Пале Иловска предизвика лавина реакции во јавноста кога се дозна дека таа неколкупати го пријавувала партнерот за малтретирање, но тој не бил гонет. Во постапката Пале докажуваше дека таа го убила со убод во нож додека тој ја давел и дека делото го направила во самоодбрана. Таа беше и во куќен притвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/apelatsija-pale-ilovska-ostanuva-na-sloboda/feed/ 0
Пале нема мир ниту на слобода: Колега на убиениот полицаец сака да ја одмазди неговата смрт https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pale-nema-mir-nitu-na-sloboda-kolega-na-ubieniot-policaec-saka-da-ja-odmazdi-negovata-smrt/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pale-nema-mir-nitu-na-sloboda-kolega-na-ubieniot-policaec-saka-da-ja-odmazdi-negovata-smrt/#respond Tue, 15 Feb 2022 13:58:29 +0000 https://kurir.mk/?p=631705

Хелсиншкиот комитет за човекови права апелира до јавното обвинителство веднаш да покрене постапка по допрен глас, откако сега ослободената Пале Илоска, која во самоодбрана го уби својот невенчан сопруг Александар (40) кој физички ја малтретирал со години, вчера во судница сведочеше дека колега на полицаецот сакал да ја одмазди неговата смрт. Од Хелсиншкиот комитет до обвинителството апелираат со ваквото отворање постапка по допрен глас да превенираат понатамошно насилство врз една долгогодишна жртва која не добила заштита од институциите. Хелсиншкиот комитет ја поздравува денешната одлука на Основниот суд Велес да ја ослободи Пале Илоска од обвинение за убиство во миг. Водејќи се од изнесените докази на главната расправа, судот констатираше дека делото е направено во нужна одбрана и ја потврди оправданоста на нашите залагања за промена во обвинението поради историјата на насилство во овој случај. Комитетот и понатаму ќе ја следи постапката и ќе бара одговорност од полициските службеници од СВР Велес, кои со своето непостапување по сите пријави за семејно насилство грубо ги прекршиле своите законски овластувања и овозможиле ескалација на насилството, велат оттаму.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pale-nema-mir-nitu-na-sloboda-kolega-na-ubieniot-policaec-saka-da-ja-odmazdi-negovata-smrt/feed/ 0
Ослободителна пресуда за Пале Илоска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osloboditelna-presuda-za-pale-iloska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osloboditelna-presuda-za-pale-iloska/#respond Tue, 15 Feb 2022 12:38:52 +0000 https://kurir.mk/?p=631657

Велешкиот суд ја ослободи од обвинение Пале Илоска, девојката која минатата година во самоодбрана го уби невенчаниот сопруг, додека тој ја давел и удирал. Илоска одговараше за убиство во миг и по сведоштвата и изнесените докази, велешкиот суд донесе одлука таа да биде ослободена. Како што наведе судијката, трошоците за постапката паѓаат на товар на државата, а мерката куќен притвор се укинува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/osloboditelna-presuda-za-pale-iloska/feed/ 0
Хелсиншки комитет: Обвинението против Пале Илоска ја игнорира историјата на насилство врз неа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-obvinenieto-protiv-pale-iloska-ja-ignorira-istorijata-na-nasilstvo-vrz-nea/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-obvinenieto-protiv-pale-iloska-ja-ignorira-istorijata-na-nasilstvo-vrz-nea/#respond Wed, 02 Feb 2022 12:11:31 +0000 https://kurir.mk/?p=625931

Хелсиншкиот комитет за човекови права реагира на одлуката на Јавното обвинителство да покрене обвинение пред надлежен суд против Пале Илоска од Велес, долгогодишна жртва на семејно насилство. Тие сметаат дека во конкретниов случај станува збор за акт на самоодбрана, односно, за институтот нужна одбрана, а не за сторено кривично дело „убиство на миг“. Имено, според достапните информации и изјавите на сведоците кои беа пренесени во медиумите, Илоска неколку години била во врска со велешкиот полицаец, кој претходно бил осудуван за изнуда и други кривични дела. Во текот на нивната врска, таа често била малтретирана и тепана. Имајќи предвид дека убиството се случило во момент додека починатиот вршел физичко насилство и директно го загрозил животот на жртвата, се јавуваат индиции дека станува збор за нужна одбрана. Впрочем, овие индиции се потврдени и во соопштението од Јавното обвинителство: „Откако се вратиле дома од гости, А.Р. во видно алкохолизирана состојба започнал вербална расправија со обвинетата, нарекувајќи ја со најпогрдни зборови. Таа влегла во спалната соба и легнала да спие, но тој дошол до неа, ја фатил за пижамата и со неа ја влечел до кујната, удирајќи ја со тупаници по главата, увото и левото рамо, како и со клоци по левата натколеница. Потоа силно ја фатил со раце во пределот на вратот да ја дави. Обвинетата давала отпор и го молела да ја пушти, а во еден момент од масата зела нож и му нанела убодна рана во пределот на срцето. Како последица на убодот, дошло до пореметување и престанок на функционирањето на срцето и смрт кај сега починатиот.“ Токму поради ова, Хелсиншкиот комитет бара судот да постапува со должно внимание во овој предмет и да ги разгледа сите решителни факти. -Особено, треба да ги има предвид историјата на насилството врз жртвата, интензитетот на нападите и на повредите кои претходеле на настанот, раздразнетоста и уплавот кај жртвата во моментот на случување и истовремениот противправен напад – ударите по телото на жртвата, давењето и сериозноста на заканата по нејзиниот живот. Судот ќе треба да утврди под кои околности се случило убиството, но сметаме дека нужната одбрана не треба да се гледа само во времето кога се случил настанот, туку треба да се земе предвид дека Илоска била долгогодишна жртва на психичко и физичко насилство, со што кај неа се развил интензивен страв за нејзиниот живот. Понатамошното постапување на правосудните органи во овој случај несомнено ќе го одрази и нивото на општествена свест, а ќе придонесе и за охрабрување на жртвите за пријавување на насилство врз жените и семејно насилство, реагираат од Хелсиншки комитет.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/helsinshki-komitet-obvinenieto-protiv-pale-iloska-ja-ignorira-istorijata-na-nasilstvo-vrz-nea/feed/ 0