Палермо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 02 Jul 2022 05:51:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Палермо – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Газдите на Манчестер Сити го купија Палермо https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gazdite-na-manchester-siti-go-kupija-palermo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gazdite-na-manchester-siti-go-kupija-palermo/#respond Sat, 02 Jul 2022 05:51:40 +0000 https://kurir.mk/?p=698663

Медиумите од Италија пренесуваат дека денеска во Милано биле потпишани документите со кои „Сити Фудбал Груп" станува нов сопственик на Палермо во зделка вредна околу 13 милиони евра. Палермо е 11-тиот клуб под капата на Шеикот Мансур и „Сити Фудбал Груп“, попладнево во Милано биле потпишани документите за продажба на клубот од „сицилија“. „Сити Фудбал Груп“ ќе плати околу 13 милиони евра за да купи 80% од Палермо, додека пак сегашниот претседател Дарио Мири ќе задржи 20% и ќе остане на чело на клубот. Палермо во 2019 влезе во големи финансиски проблеми, клубот банкротираше и беше преселен во четврта лига, но оваа сезона успеа да се избори за промоција во Серија Б, и следната сезона ќе настапува во втора лига. На натпреварите од плејо-офот имаше и над 30.000 публика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/gazdite-na-manchester-siti-go-kupija-palermo/feed/ 0
Сопствениците на Манчестер сити заинтересирани да го купат Палермо https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sopstvenicite-na-manchester-siti-zainteresirani-da-go-kupat-palermo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sopstvenicite-na-manchester-siti-zainteresirani-da-go-kupat-palermo/#respond Thu, 16 Jun 2022 17:42:08 +0000 https://kurir.mk/?p=691874

Фудбалскиот клуб Палермо, за кој во минатото настапуваа македонските репрезентативци Александар Трајковски и Илија Несторовски, би можел наскоро да биде продаден на „Сити Фудбал Груп“ (CFG), која, меѓудругото, е сопственик на премиерлигашот Манчестер сити. Италијанскиот весник „Газета дело Спорт“, објави дека „преговорите за продажба на Палермо на CGF забрзано напредуваат“, додека телевизијата „Скај Италија“, јави оти „трансакцијата би можела да биде комплетирана во следните денови“. Палермо до 2017 година настапуваше во Серија А, по што банкротираше и беше деградиран во аматерски ранг, а клубот од Сицилија во 2019 година го купи група инвеститори, предводена од актуелниот клупски претседател Дарио Мири. Палермо сезонава обезбеди пласман во Серија Б, откако во финалниот бараж беше поуспешен од Падова.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/sopstvenicite-na-manchester-siti-zainteresirani-da-go-kupat-palermo/feed/ 0
Тупанчевски за патувањето во Палермо: Јас сум голем фудбалски фан, за Португалија нема да одам заменикот нема да биде тука https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupanchevski-za-patuvanjeto-vo-palermo-jas-sum-golem-fudbalski-fan-za-portugalija-nema-da-odam-zamenikot-nema-da-bide-tuka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupanchevski-za-patuvanjeto-vo-palermo-jas-sum-golem-fudbalski-fan-za-portugalija-nema-da-odam-zamenikot-nema-da-bide-tuka/#respond Mon, 28 Mar 2022 08:36:44 +0000 https://kurir.mk/?p=654427

Во однос на патувањето во Палермо, на фудбалскиот натпревар каде македонската фудбалска репрезентација ја совлада Италија, министерот за правда Никола Тупанчески посочува дека се важни две компоненти, а тоа е дали тој патувал службено и кој ги покрил трошоците. – Одговорот на првото прашање е „Не, јас не патував службено“, и втората компонента за тоа кој ги плати трошоците: „Tрошоците ги платив јас од моја трансакциска сметка“, истакнува Тупанчески. На прашањето дали бил изненаден од прозивањето на Антикорупциска за неговото патување и присуство во Палермо на фудбалскиот натпревар, министерот вели дека бил шокиран. -Бев шокиран зошто го велам ова тоа, затоа што јас имам коректен однос со многу луѓе тука и како професор. За да се стигне до вистината треба да се слушне и другата страна, додава Тупанчески. Посочува дека ниедна законска ниту етичка норма не е прекршена со неговото патување во Италија на фудбалски натпревар. Тој додава дека Владата има етички кодекс во кој меѓу другото се дефинираат патувања на службените лица. -Јас не сум користел буџетски средства, не сум користел службено возило, не сум користел обезбедување, а трошоците сум ги покрил сам. Јас сум голем фудбалски фан. За Португалија нема да одам оти заменикот министер нема да биде тука, па не е во ред Министерството да остане така. А има чартер летови на еден ден, вели Тупанчески.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/tupanchevski-za-patuvanjeto-vo-palermo-jas-sum-golem-fudbalski-fan-za-portugalija-nema-da-odam-zamenikot-nema-da-bide-tuka/feed/ 0
Фатиме Фетаи: На свој трошок бев во Палермо https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fatime-fetai-na-svoj-troshok-bev-vo-palermo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fatime-fetai-na-svoj-troshok-bev-vo-palermo/#respond Fri, 25 Mar 2022 18:53:40 +0000 https://kurir.mk/?p=653508

Вишата обвинителка Фатиме Фетаи за Фокус изјави дека трошоците за да го проследи фудбалскиот натпревар во Палермо сама ги покрила. -Пред се сакам да им честитам на нашите фудбалери и на сите граѓани кои се радуваат на победата на нашата држава за многу значајната победа над Италија и да посакам иста таква да оствариме и во Португалија. Секако дека трошоците поврзани со следењето на натпреварот (овој и на другите) сама ги покривам. Да се радуваме заеднички на овој и тоа како заслужен успех, изјави за Фокус Фетаи, штом пристигна во Скопје. Претходно и министерот за правда, Никола Тупанчевски изјави дека и тој на свој трошок бил во Палермо.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/fatime-fetai-na-svoj-troshok-bev-vo-palermo/feed/ 0
СДК: Кој ги подмирил трошоците на Тупанчевски, Фетаи и Нанев за патот во Палермо? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-koj-gi-podmiril-troshocite-na-tupanchevski-fetai-i-nanev-za-patot-vo-palermo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-koj-gi-podmiril-troshocite-na-tupanchevski-fetai-i-nanev-za-patot-vo-palermo/#respond Fri, 25 Mar 2022 12:53:03 +0000 https://kurir.mk/?p=653279

Министерот за правда Никола Тупанчевски, вишата јавна обвинителка Фатиме Фетаи и претседателот на Основниот суд Кавадарци Лазар Нанев вчера беа во ложата на стадионот „Ренцо Барбера“ во Палермо, каде што Македонија ја победи Италија во полуфиналето од плејофот за пласман на Светското првенство во фудбал. Бидејќи станува збор за избрани и именувани лица, САКАМДАКАЖАМ.МК се обрати кај претседателката на Антикорупциската комисија Билјана Ивановска, која вели дека тие самите треба да си кажат кој им ги платил трошоците за следење на македонската фудбалска репрезентација. „Доколку службените лица не патувале во рамки на своите службени должности, сами нека си објават кој им ги подмирил трошоците за патување“, вели Ивановска. САКАМДАКАЖАМ.МК ги праша тројцата со смс порака за трошоците, но не доби одговор до објавување на текстот. Судијата Нанев е поранешен долгогодишен член на Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија. Македонија синоќа ја победи Италија со 1:0 и во вторник во Порто ќе игра против Португалија за пласман на СП 2022. Фудбалската федерација на Македонија редовно носи свои гости на патувањата на репрезентацијата, обично со чартер летови. ФФМ е најбогатата спортска федерација во земјата и не прима пари од државата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdk-koj-gi-podmiril-troshocite-na-tupanchevski-fetai-i-nanev-za-patot-vo-palermo/feed/ 0
Македонските фудбалери ги стартуваат подготовките за баражот во Палермо https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskite-fudbaleri-gi-startuvaat-podgotovkite-za-barazot-vo-palermo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskite-fudbaleri-gi-startuvaat-podgotovkite-za-barazot-vo-palermo/#respond Mon, 21 Mar 2022 15:08:00 +0000 https://kurir.mk/?p=650772

Во комплетен состав и без дополнителни здравствени проблеми, македонската фудбалска репрезентација денеска во Скопје ќе ги стартува мини – подготовките за претстојниот натпревар против актуелниот европски првак Италија, во рамки на полуфиналниот бараж за пласман на Светското првенство во Катар. Избраниците на селекторот Благоја Милевски попладнево од 17 часот ќе го одржат првиот од планираните неколку тренинзи пред заминувањето за Палермо, каде в четврток од 20:45 часот ќе и гостуваат на Италија на стадионот „Ренцо Барбера“. Милевски за дуелот против Италија повика 27 фудбалери, од кои поради повреда отпадна напаѓачот на турски Гезтепе, Адис Јаховиќ, а на негово место дополнително беше повикан Ердон Даци од белгискиот второлигаш Вестерло.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/makedonskite-fudbaleri-gi-startuvaat-podgotovkite-za-barazot-vo-palermo/feed/ 0
Во Палермо уапсени 20 мафијаши https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-palermo-uapseni-20-mafijashi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-palermo-uapseni-20-mafijashi/#respond Tue, 13 Oct 2020 13:58:46 +0000 https://kurir.mk/?p=415773

Италијанската полиција постигна голем успех откако во Палермо уапси повеќе од 20 припадници на мафијашката организација „Коза ностра“, почнувајќи од шефови до ситни крадци и вршители на илегални работи, пишува дневниот весник „Хафингтон Пост“. Уапсените се обвинети за изнудување, убиства, криминално здружување, продавање дрога, кражби и слично. Акцијата е спроведена откако сопственици на одреден број продавници во Палермо се пожалиле и ги пријавиле мафијашите во полиција, бидејќи не можеле повеќе да издржат да ја плаќаат принудната „заштита“ на мафијашката фамилија на Анџело Монти. Шефот Монти бил в затвор последните три години, исто така поради мафијашко делување, но по излегувањето ја преземал старата улога на „бос“ и продолжил со криминалната работа. Мафијата во квартот Борго Векио не ја контролирала само комерцијалната дејност, туку и организација и принудно собирање пари за религиозни манифестации и музички концерти. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/vo-palermo-uapseni-20-mafijashi/feed/ 0
Професионалниот тенис враќа во Палермо https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/profesionalniot-tenis-vrakja-vo-palermo/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/profesionalniot-tenis-vrakja-vo-palermo/#respond Sat, 01 Aug 2020 10:44:21 +0000 https://kurir.mk/?p=384723

Првиот професионален тениски турнир по пауза од повеќе од четири месеци ќе започне денес во Палермо, каде попладнево ќе започнат квалификациите за женска конкуренција во главниот град на Сицилија. Сите машки и женски турнири беа прекинати кон средината на март кога изби пандемијата COVID-19, но Професионалната тениска асоцијација и Женската тениска асоцијација имаат за цел да продолжат со турнирите во август. Неколку од водечките тенисери се повлекоа од Палермо поради загриженост за ширењето на коронавирусот во Италија, како и потребата од карантин за некои од тие што пристигнаа, што доведе до откажување на светската тенисерка број 2 од Романија, Симона Халеп. Прва во главната ждрепка ќе биде Хрватката Петра Мартиќ, број 15 во светот, а Маркета Вондрушова (Чешка) и Марија Сакари (Грција) се другите две учеснички од првите 20 на ранг-листата. Главната шема започнува во понеделник, а денес започнуваат квалификациите, во кои прва носителка е Русинката Варвара Грачева, 101-ва во светот. Турнирот ќе се одржи во согласност со мерките против епидемија, откако играчите ќе ги земаат сами своите пешкири, фрлачите на топки и судиите на линија ќе бидат во ограничен број, но сепак на трибините ќе биде дозволен одреден број на гледачи. Наградниот фонд исто така е намален на 202.000 американски долари како резултат на финансиските последици од кризата, при што директорот на турнирот Оливие Палма откри дека турнирот ќе претрпи финансиска загуба, но „негова одговорност е да докаже дека професионалниот тенис може да се врати безбедно“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/profesionalniot-tenis-vrakja-vo-palermo/feed/ 0
Италија и даде девет гола на Ерменија за 11 победа во низа https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/italija-i-dade-devet-gola-na-ermenija-za-11-pobeda-vo-niza/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/italija-i-dade-devet-gola-na-ermenija-za-11-pobeda-vo-niza/#respond Tue, 19 Nov 2019 08:02:36 +0000 https://kurir.mk/?p=265778

Репрезентацијата на Италија синоќа во Палермо ја совлада Ерменија со 9:1 во последниот натпревар од квалификациите за Европското фудбалско првенство 2020. За тимот предводен од селекторот Роберто Манчини, оваа победа 11. Последователна победа, 10 во квалификациите, и една во пријателски натпревар. Во другите средби на групата Ј, Грција ја совлада Финска со резултат 2:1, додека Босна и Херцеговина го совлада Лихтенштајн со 3:0. Италија и Финска од порано изборија пласман на ЕУРО 2020. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/italija-i-dade-devet-gola-na-ermenija-za-11-pobeda-vo-niza/feed/ 0
Палермо исфрлен во Серија Д, слободни Несторовски и Трајковски! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/palermo-isfrlen-vo-serija-d-slobodni-nestorovski-i-trajkovski/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/palermo-isfrlen-vo-serija-d-slobodni-nestorovski-i-trajkovski/#respond Sat, 13 Jul 2019 11:42:48 +0000 https://kurir.mk/?p=218069

Сега и дефинитивно, Палермо е во Серија Д, четврти ранг во италијанскиот фудбал. Сицилијанците се казнети поради административни проблеми. Ако до вчера имаа амбиции да се вратат во елитата, односно Серија А, сега играчите на Палермо сигурно добро ќе размислат каде ќе ја продолжат својата кариера. Меѓу нив се и двајцата македонски репрезентативци, Илија Несторовски и Александар Трајковски кои со своите голови ја водеа екипата кон остварување на целта. Уште во зимскиот период Палермо беше пред испаѓање, но локалниот бизнисмен Дарио Мири обезбеди скоро три милиони евра, барем привремено да го задржи во Серија Б. Тоа траеше се до пролетта, а потоа призна дека нема намера да го откупи контролниот пакет на акции. Што ќе се случува со клубот, останува да се види, италијанските медиуми шпекулираат дека се очекува финансиска поддршка од Масимо Ферара, шефот на Сампдорија. Претходно беше објавено дека Несторовски веќе има „договор“ со Удинезе и на тој начин се врати во најквалитетното италијанско првенство. За Трајковски се поврзуваа дури два гиганти, Милан и Спортинг Лисабон, а можно е и да остане во Серија Б од каде што имаше една понуда, поточно интересот доаѓа од Салернитана.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/palermo-isfrlen-vo-serija-d-slobodni-nestorovski-i-trajkovski/feed/ 0