Палестинец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 27 Feb 2023 07:23:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Палестинец – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 По убиството на двајца Израелци, убиен е Палестинец, запалени куќи на Западниот Брег https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-ubistvoto-na-dvajtsa-izraeltsi-ubien-e-palestinets-zapaleni-kuki-na-zapadniot-breg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-ubistvoto-na-dvajtsa-izraeltsi-ubien-e-palestinets-zapaleni-kuki-na-zapadniot-breg/#respond Mon, 27 Feb 2023 07:23:42 +0000 https://kurir.mk/?p=805397

Вооружен Палестинец вчера уби двајца Израелци на окупираниот Западен Брег, што поттикна напади од израелски доселеници врз палестински куќи и автомобили во кои е убиен еден Палестинец, соопштија вчера официјални претставници. Сè уште никој не ја презеде одговорноста за нападот, кој се случи во време кога израелските и палестинските претставници за безбедност се состанаа во Јордан за да разговараат за намалување на тензиите. Израелската армија соопшти дека напаѓачот отворил оган врз израелското возило. Претставник на населената област изјави дека се убиени двајца браќа од населбата Хар Браха, оддалечена осум километри. Палестинците по пукањето објавија дека Израелците од блиската населба нападнале палестински домови во областа. Гасан Даглас, официјален претставник задолжен за активностите против населувањето, рече дека неколку палестински куќи и 15 автомобили биле запалени. Израелски доселеник уби 37-годишен Палестинец, соопштија палестинските власти. Палестинскиот претседател Махмуд Абас рече дека ја смета израелската Влада целосно одговорна за нападите. Израелскиот премиер Бенјамин Нетанјаху рече дека војниците трагаат по напаѓачот, а армијата објави дека ја блокирала областа. „Повикувам, дури и кога крвта врие, да не го земате законот во свои раце. Повикувам да им се дозволи на израелските одбранбени сили и безбедносните сили да ја завршат својата работа“, рече Нетанјаху. Нападите се случија во време кога шефовите на израелските и палестинските безбедносни сили се состанаа за прв пат по неколку години, при што се согласија да го прекинат секое насилство и да завршат едностраните мерки во рок од три до шест месеци. „Ова ја вклучува обврската на Израел да ги прекине дискусиите за нови населби на четири месеци и да ги замрзне одобрувањата за какви било нови згради на шест месеци“, додадоа тие и закажаа нов состанок во март. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-ubistvoto-na-dvajtsa-izraeltsi-ubien-e-palestinets-zapaleni-kuki-na-zapadniot-breg/feed/ 0
Израелските војници убија Палестинец на Западниот Брег https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskite-vojnitsi-ubija-palestinets-na-zapadniot-breg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskite-vojnitsi-ubija-palestinets-na-zapadniot-breg/#respond Mon, 30 Jan 2023 12:52:16 +0000 https://kurir.mk/?p=793741

Израелските сили денеска убија Палестинец на окупираниот Западен Брег за време на посетата на американскиот државен секретар на регионот на Блискиот Исток. Израелската армија не го коментираше инцидентот, а палестинското Министерство за здравство соопшти дека 26-годишен маж е убиен во градот Хеброн, жариште на судирите меѓу израелските војници и Палестинците. Насилството меѓу двата народа ескалираше во изминатите денови по нападот на израелската војска врз екстремистичкото упориште Џенин минатата недела, во кој загинаа десет лица, и вооружениот напад на Палестинец во источен Ерусалим во петокот, во кој загинаа седум лица. Тоа ја поттикна израелската влада да одобри серија казнени мерки против Палестинците и тензиите се високи пред пристигнувањето на Блинкен од Каиро да ги посети Израел и Западниот Брег во текот на денот. Израелската војска со месеци апси осомничени екстремисти речиси секоја вечер по бранот палестински напади во пролетта 2022 година, во кои загинаа 19 лица. Уште десет Израелци беа убиени во есента 2022 година. Според израелската организација за човекови права Бецелем, минатата година на Западниот Брег и во Источен Ерусалим биле убиени речиси 150 Палестинци. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskite-vojnitsi-ubija-palestinets-na-zapadniot-breg/feed/ 0
Убиен млад Палестинец во Ерусалим, со нож нападнал израелски полицајци https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-mlad-palestinec-vo-erusalim-so-noz-napadnal-izraelski-policajci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-mlad-palestinec-vo-erusalim-so-noz-napadnal-izraelski-policajci/#respond Sun, 06 Mar 2022 09:11:05 +0000 https://kurir.mk/?p=641870

Млад Палестинец денеска е убиен во Ерусалим, откако претходно  со нож нападнал и ранил израелски полицаец во стариот дел на градот. -Деветнаесетгодишниот Палестинец им пришол на двајца полицајци кои биле на должност пред една од портите на Стариот град, извадил нож и избодел еден од нив, изјави портпаролот на полицијата. Останатите полицајци во близина веднаш реагирале, отвориле оган врз напаѓачот и го убиле. Во инцидентот полесно се повредени двајца полицајци, соопшти полицијата, едниот со нож, а другиот при полициски оган. На фотографијата што ја објави полицијата се гледа крвава дамка и нож фрлени на улица. Палестинските власти досега не го прокоментираа инцидентот. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-mlad-palestinec-vo-erusalim-so-noz-napadnal-izraelski-policajci/feed/ 0
Убиен Палестинец кој фрлал „молотови коктели“ врз автомобили во израелска населба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-palestinec-koj-frlal-molotovi-kokteli-vrz-avtomobili-vo-izraelska-naselba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-palestinec-koj-frlal-molotovi-kokteli-vrz-avtomobili-vo-izraelska-naselba/#respond Fri, 15 Oct 2021 07:49:05 +0000 https://kurir.mk/?p=579391

Израелски војници застрелаа и убија Палестинец кој вчера фрлал „молотови коктели“ врз автомобили во близина на еврејска населба на Западниот брег. Палестинската канцеларија за врски потврди дека еден маж е убиен, а војниците уапсиле уште еден Палестинец, без да соопштат повеќе детали. Армијата објави на Твитер дека двајцата осомничени фрлиле „молотов коктел“ на патот што води кон израелска населба во близина на палестинскиот град Витлеем, загрозувајќи ги возачите. – Војниците кои се наоѓале во близина дејствуваа за да ја спречат заканата, соопшти израелската армија, додавајќи дека отвориле оган врз двајца мажи. Еден од двајцата бил повреден и му била укажана лекарска помош на местото на инцидентот, но им подлегнал на повредите, додека другиот маж бил уапсен, соопшти израелската војска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ubien-palestinec-koj-frlal-molotovi-kokteli-vrz-avtomobili-vo-izraelska-naselba/feed/ 0