палестински напаѓач – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 May 2023 09:45:50 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png палестински напаѓач – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Израелската војска урна куќа на палестински напаѓач на Западниот брег https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-vojska-urna-kuka-na-palestinski-napagach-na-zapadniot-breg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-vojska-urna-kuka-na-palestinski-napagach-na-zapadniot-breg/#respond Tue, 23 May 2023 09:45:50 +0000 https://kurir.mk/?p=837823

Израелските безбедносни сили синоќа на окупираниот Западен Брег ја урнаа куќата на палестинскиот напаѓач кој уби Израелец во март во Тел Авив. Во вооружениот напад во март 22-годишниот Мутаз Салах ал Каваџа рани уште двајца Израелци, јавуваат израелските медиуми. Напаѓачот потоа бил убиен од израелски војници и цивили. Израелските војници по полноќ влегле во населбата Нилин во близина на Рамалах, каде што живеел напаѓачот, и се соочиле со отпор од локални млади Палестинци. Палестинските медиуми објавија дека звучниците на џамијата ги повикувале жителите да се соберат околу куќата на Ал-Каваџа за да се спречи уривањето. Жителите пукаа и фрлаа петарди кон израелските војници, кои возвратија на нападите. Армијата им нареди на жителите на околните куќи да се евакуираат, а на покривите беа поставени снајперисти за да ги заштитат војниците на теренот. Вообичаена пракса е Израел да ги урива куќите на Палестинците обвинети за смртоносни напади и нивните поддржувачи. Меѓутоа, за ефикасноста на таквата мерка се разговара во израелскиот одбранбен естаблишмент, а активистите за човекови права сметаат дека таквата практика е неправедна колективна казна. Исламскиот екстремистички Хамас, организацијата што владее со Појасот Газа, соопшти дека Ал Каваџа бил член на нивното воено крило. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/izraelskata-vojska-urna-kuka-na-palestinski-napagach-na-zapadniot-breg/feed/ 0
Палестинец уби двајца доселеници на Западниот Брег https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/palestinets-ubi-dvajtsa-doselenitsi-na-zapadniot-breg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/palestinets-ubi-dvajtsa-doselenitsi-na-zapadniot-breg/#respond Sun, 26 Feb 2023 15:39:09 +0000 https://kurir.mk/?p=805199

Палестински напаѓач уби двајца еврејски доселеници во нивниот автомобил денеска на окупираниот Западен Брег, соопштија израелските власти. Засега никој не ја презеде одговорноста за нападот, што се случи кога израелските и палестинските безбедносни претставници се состанаа во Јордан за да разговараат за намалување на тензиите. Лекари соопштија дека жртвите на нападот, што се случи во близина на Хавара, област каде што се чести вакви инциденти, биле мажи на возраст од дваесетина години жители на населбата Хар Браха, оддалечена осум километри од местото на инцидентот.  (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/palestinets-ubi-dvajtsa-doselenitsi-na-zapadniot-breg/feed/ 0
УЖАС: Палестинец со нож уби тројца, а рани уште тројца Израелци на Западниот брег https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-palestinec-so-noz-ubi-trojca-a-rani-ushte-trojca-izraelci-na-zapadniot-breg/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-palestinec-so-noz-ubi-trojca-a-rani-ushte-trojca-izraelci-na-zapadniot-breg/#respond Tue, 15 Nov 2022 14:11:17 +0000 https://kurir.mk/?p=760977

Палестински напаѓач со нож уби тројца и тешко рани уште тројца други Израелци на окупираниот Западен Брег, соопшти денеска израелската служба за итни случаи. Весникот „Џерусалем пост“ наведе дека нападот се случил во еврејската населба Ариел. Израелската армија претходно соопшти дека напаѓачот бил погоден со куршуми пред да почне да бега, а палестинското Министерство за здравство потврди дека тој е убиен. Израелскиот премиер Јаир Лапид упати сочувство до семејствата на убиените Израелци и рече дека Израел „непрекинато се бори против тероризмот со полна сила“. -Нашите безбедносни сили работат деноноќно за да ги заштитат израелските граѓани и да и нанесат штета на терористичката инфраструктура насекаде, цело време, рече Лапид. Израелската армија соопшти дека Палестинецот ги нападнал Израелците на влезот во индустриската зона во населбата Ариел, а потоа отишол до блиската бензинска пумпа и таму го продолжил нападот. Аматерската снимка емитувана на израелската телевизија покажува како напаѓачот се обидува да побегне со автомобил по автопатот, а потоа излегува од возилото и паѓа откако бил погоден од оган на израелските војници. Мотивот за нападот, што се случува во време на засилено насилство меѓу двете нации, засега е нејасен. Од почетокот на оваа година, најмалку 23 Израелци и над 130 Палестинци се убиени на Западниот Брег и Источен Ерусалим, што се најголеми бројки од 2006 година.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/uzas-palestinec-so-noz-ubi-trojca-a-rani-ushte-trojca-izraelci-na-zapadniot-breg/feed/ 0
На Западниот брег убиен палестински напаѓач, ранет израелски чувар https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-zapadniot-breg-ubien-palestinski-napagjach-ranet-izraelski-chuvar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-zapadniot-breg-ubien-palestinski-napagjach-ranet-izraelski-chuvar/#respond Mon, 06 Dec 2021 09:51:15 +0000 https://kurir.mk/?p=604647

Палестински напаѓач загина кога со својот автомобил удрил во друго возило што минувало низ контролен пункт на Западниот Брег, а израелски чувар бил тешко повреден во инцидентот, соопштија безбедносните власти. Припадници на безбедносните сили пукале во палестинскиот возач и го убиле. Палестинските медиуми го идентификуваа како 16-годишниот Мухамед Нидал Јунис. Министерството за одбрана на Израел, кое управува со контролниот пункт, соопшти дека тој е од Наблус. Израелската брза помош соопшти дека чуварот се здобил со повреди на главата и градниот кош, но оти е во стабилна состојба и свесен во болницата во близина на Тел Авив. Генералниот директор на Министерството за одбрана Амир Ешел го посети местото на нападот и изјави дека чуварите на пунктот реагирале брзо и решително и оти се истражуваат околностите на инцидентот. Нападот утринава се случи два дена откако Палестинец со нож нападна Евреин во близина на Стариот град во Ерусалим. Напаѓачот беше убиен од двајца израелски гранични полицајци кои потоа беа приведени на сослушување бидејќи беше објавена снимка на која се гледа дека тие неколкупати пукаат во Палестинецот додека тој веќе лежи на земја и ја спречиле брзата помош да му се приближи. На видеото кое подоцна го објави и полицијата се гледа дека напаѓачот се обидел со нож да избоде еден од граничните полицајци. Израелскиот премиер Нафтали Бенет и другите високи функционери го пофалија полицискиот одговор на нападот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/na-zapadniot-breg-ubien-palestinski-napagjach-ranet-izraelski-chuvar/feed/ 0