палмер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 28 May 2020 09:32:14 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png палмер – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Палмер: Србија и Црна Гора треба да имаат отворени канали за комуникација https://arhiva.kurir.mk/svet/region/palmer-srbija-i-crna-gora-treba-da-imaat-otvoreni-kanali-za-komunikacija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/palmer-srbija-i-crna-gora-treba-da-imaat-otvoreni-kanali-za-komunikacija/#respond Thu, 28 May 2020 09:32:14 +0000 https://kurir.mk/?p=350966

Србија и Црна Гора вечно ќе бидат соседи и треба да најдат начин да ги решат сите прашања во партнерски однос, изјави за Гласот на Америка специјалниот пратеник за Балканот, Метју Палмер. Тој посочи дека Црна Гора има право да воспостави параметри за тоа кој може да влезе во земјата во согласност со епидемиолошките препораки. – Најважната порака е дека двете земји треба да разговараат, владите треба да комуницираат и треба да има отворени канали за комуникација, кажа Палмер. Тој додаде дека треба да се внимава на одлуките што можат да влијаат врз односите со важен сосед и како тие ќе влијаат на летната туристичка сезона, со оглед на важната улога на српските туристи во црногорската економија. – Значи, постои простор за разговор што треба да биде отворен, транспарентен, спроведен мирно и да се идентификува патот напред, кој е во корист на сите, истакна Палмер. Тој за дијалогот меѓу Белград и Приштина оцени дека во предлогот на Франција и Германија нема ништо изненадувачко. – Нема ништо во тој предлог што е за изненадување. Искрено, секој што ќе стави нешто конструктивно на маса – ќе направи добро. Ние би сакале да видиме дека прашањето за формирање влада во Косово ќе се реши што е можно поскоро, да се изберат легитимни претставници кои ќе го претставуваат Косово во меѓународната заедница и во дијалогот. И, да видиме дали можеме да ги доближиме Србија и Косово до договорот за нормализација, истакна Палмер. Американскиот дипломат за Гласот на Америка изјави и дека САД разбираат некои од аргументите на српската опозиција дека изборните услови не се фер, но посочи дека нејзиниот глас помалку ќе се слуша ако ја напушти политичката арена. – Кога станува збор за изборите на 21 јуни, би сакале граѓаните на Србија да имаат најголем можен избор, важно е во демократскиот процес да постои правилен избор и ги охрабривме сите политички партии да учествуваат. Бојкотот скоро никогаш не е добар начин да се изрази незадоволство. Ја поздравуваме одлуката на оние што решија да учествуваат и се надеваме дека граѓаните на Србија кога ќе излезат на гласање на 21 јуни, ќе имаат за кого да гласаат, наведе Палмер. Тој додаде дека е важно мисијата на ОБСЕ во Србија да ги процени условите за изборите. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/palmer-srbija-i-crna-gora-treba-da-imaat-otvoreni-kanali-za-komunikacija/feed/ 0
Палмер: Сите кои ќе му се приклучат на Додик ризкуваат американски санкции https://arhiva.kurir.mk/svet/region/palmer-site-koi-kje-mu-se-prikluchat-na-dodik-rizkuvaat-amerikanski-sankcii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/palmer-site-koi-kje-mu-se-prikluchat-na-dodik-rizkuvaat-amerikanski-sankcii/#respond Sat, 22 Feb 2020 14:21:07 +0000 https://kurir.mk/?p=307419

Специјалниот претставник на Стејт департментот за Западен Балкан, Метју Палмер, рече дека секој што ќе приклучи на блокадата на институциите во БиХ, ризикува санкции од САД, веќе изречени за српскиот лидер Милорад Додик, и дека државна парализа нема да биде дозволена. -Додик претходно се однесуваше на начин неконзистентен и некомпатибилен со Дејтонскиот договор и затоа беше подложен на американски санкции. Секој што споделува ставови против Дејтон, ризикува да има таков одговор од САД, рече Палмер во интервју за „Гласот на Америка“. Додик е на црната листа веќе пет години за влегување во САД и замрзнат имот, а пред неколку дена американскиот амбасадор во БиХ, Ерик Гордон Нелсон му рече на Додик дека може да следат нови американски санкции ако продолжи блокадата на државните институции. Палмер ги оцени потезите на властите на РС како сериозна закана и нагласи дека на Додик нема да му биде дозволено да ги продолжи блокадите. – Сите ние мора да бидеме јасни, меѓународната заедница мора колективно да даде до знаење дека тоа е неприфатливо и нема да смее да опстане, рече американскиот дипломат на прашање за честата опструкција на Додик. Палмер вели дека Република Српска мора да разбере дека потезите на српските власти носат ризици и штета на европската перспектива на Босна и Херцеговина. Палмер исто така ги критикуваше одлуките на Европскиот совет, со кои не беа отворени преговори за пристапување со Северна Македонија и со Албанија порано, што според него испрати лоша порака до целиот регион на Западен Балкан.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/palmer-site-koi-kje-mu-se-prikluchat-na-dodik-rizkuvaat-amerikanski-sankcii/feed/ 0