паметен телефон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 07 Apr 2023 17:27:43 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png паметен телефон – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Компанија Даст мобајл: Секој паметен телефон може да биде прислушуван https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kompanija-dast-mobajl-sekoj-pameten-telefon-mozhe-da-bide-prislushuvan/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kompanija-dast-mobajl-sekoj-pameten-telefon-mozhe-da-bide-prislushuvan/#respond Fri, 07 Apr 2023 18:05:30 +0000 https://kurir.mk/?p=821625

Секој паметен телефон може да се прислушува и шпионира без да се инсталира специјален софтвер за таа цел, предупреди денеска компанијата Даст Мобајл (Dust Mobile) на Меѓународниот форум за кибер безбедност во Лил, на северот на Франција. „За 500 долари месечно на дарк нет (кој не е видлив на обичните пребарувачи), хакер може, само знаејќи го телефонскиот број, да го лоцира вашиот телефон од далечина и без ваше знаење, да пресретнува и слуша повици и да има пристап до вашите пораки. “ соопштија од компанијата. Компанијата прецизира дека хакер може дури и да промени некои пораки и да ги испрати на некој друг од вашиот број. Може да остварува и телефонски повици од вашиот број. Компанијата разви систем за заштита од овој малку познат ризик од хакирање. Овој систем може да открие дали хакерите користат некои безбедносни дупки на SIM-картичките или системите што овозможуваат комуникација помеѓу две лица кои немаат ист оператор. Овие недостатоци се присутни уште од самиот почеток, бидејќи овие протоколи за комуникација помеѓу операторите првично беа дизајнирани без заштита бидејќи само операторите имаа пристап до овие протоколи. Сега секој може потенцијално да има пристап. Мобилната компанија Даст создаде заштитна СИМ-картичка која во случај на хакерски напад го активира алармот и веднаш го блокира нападот. Ваквата картичка е особено наменета за компании и владини институции. Картичката може да детектира и напади од таканаречениот систем IMSI-Catcher, кој го користат разузнавачките служби. Хакерските напади на мобилните телефони стануваат сè пософистицирани, со софтвер дискретно инсталиран на телефонот и шпионирање на неговата содржина. Еден од најпознатите такви софтвери е Пегаз.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/kompanija-dast-mobajl-sekoj-pameten-telefon-mozhe-da-bide-prislushuvan/feed/ 0
Како детето да се оттргне од паметните уреди во зимскиот распуст? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-deteto-da-se-ottrgne-od-pametnite-uredi-vo-zimskiot-raspust/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-deteto-da-se-ottrgne-od-pametnite-uredi-vo-zimskiot-raspust/#respond Tue, 03 Jan 2023 09:24:14 +0000 https://kurir.mk/?p=783405

За време на зимскиот распуст активностите на отворено се намалуваат, па родителите, најчесто за да си олеснат себеси, им дозволуваат на децата да минуваат повеќе време „пред екраните“. Тоа, сепак, не е најдобрата опција за малечките, велат стручњаците. Конзумирањето медиумски содржини може да им наштети на децата при развивање емпатија, бидејќи ги отуѓува од социјалните интеракции и така тие го губат интересот за потребите на другите. Но, има начини да се намали употребата на мобилни телефони и таблети кај детето. Пред сѐ, возрасниот мора да биде пример со тоа што самиот ќе ја намали нивната употреба. Детето прво учи од своите родители и се однесува според она што го гледа кај другите. Поставете ограничување на користењето на уредот. На детето тоа нема да му се допадне на почетокот, но сите се навикнуваат. Тоа е еден од најдобрите совети за оттргнување од екранот. Следна „неодоливата понуда“ со други занимливи и забавни содржини, на пр. друштвени игри за целото семејство. На овој начин, освен што помалку ќе се користат уредите, децата ќе научат и нови вештини додека играат. Корисно е да се има место каде што ќе може, едноставно – да се остави мобилниот телефон, па и возрасните и децата ќе може да се посветат на пополезни и покорисни активности. Важно е, секако, детето да остане зафатено со она што го правите. Дозволете му, на пр., да готви едноставни оброци или да учествува во чистењето на плакарот, а тоа да биде забавно. На овој начин и детето ќе се чувствува подобро, а и ќе стекне добри навики коишто подоцна во животот ќе му бидат од корист.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/kako-deteto-da-se-ottrgne-od-pametnite-uredi-vo-zimskiot-raspust/feed/ 0
Путин сè уште не користи паметен телефон https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/putin-se-ushte-ne-koristi-pameten-telefon/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/putin-se-ushte-ne-koristi-pameten-telefon/#respond Fri, 18 Dec 2020 16:07:03 +0000 https://kurir.mk/?p=445309

Рускиот претседател Владимир Путин сè уште не користи паметен телефон, иако од време на време користи интернет, изјави за радиостаницата „Комсомолскаја правда“ портпаролот на Кремљ, Дмитриј Песков. – Нема паметен телефон, тоа едноставно е невозможно, рече тој. Иако Путин повремено користи интернет, тој нема многу време, рече Песков, одговарајќи на прашањето дали Путин може да прочита бројните објави на интернет за него и неговото опкружување. Портпарол на Кремљ потсети дека Путин во изминатите денови се подготвувал за годишната прес-конференција, се занимавал со горливите државни прашања, вклучувајќи ги и цените на храната. На прашањето кој може да стои зад лажните вести за личниот живот на Путин, Песков истакна дека некои неодамна објавени материјали „насекаде имаат отпечатоци од странска разузнавачка агенција“, но се воздржаа да ги именува. Путин вчера ги прозва американскиот Стејт департмент и американските разузнавачки агенции дека се автори на лажни вести за него и неговото семејство. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/putin-se-ushte-ne-koristi-pameten-telefon/feed/ 0
Кој купува класични телефони во 2020 година и зошто? https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/koj-kupuva-klasichni-telefoni-vo-2020-godina-i-zoshto/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/koj-kupuva-klasichni-telefoni-vo-2020-godina-i-zoshto/#respond Thu, 06 Aug 2020 07:28:42 +0000 https://kurir.mk/?p=386911

Паметниот телефон во вашиот џеб може да направи милиони пресметки во секунда, да ви овозможи да играте зачудувачки 3Д-видеоигри или да имате пристап до какви било информации во светот. Денес, сето ова го земаме „здраво за готово“, особено ако се сетиме на почетоците. И покрај сè, телефоните како познатиот нокиа „цигла“ сè уште се произведуваат, но кој ги купува и зошто? Подолг период од 90-те и 2000-те години може да се стави во две категории кога се во прашање мобилните телефони: класични и „оние другите“. Во класичните телефони спаѓаат оние телефони што ги извршуваа основните функции, повикување и праќање порака. Тие беа направени за големи пазари, но немаа голема употребна вредност од основната. За да се илустрира оваа група телефони, доволно е да се потсетиме на моделите како што се нокиа 3310 или моторола стартак. Како што одминуваше времето, телефоните добиваа сè повеќе функции, како на пример видео, фотопораки, и основно пребарување на интернет преку технологии, како што е Бежичен протокол за апликација (WAP). Сепак, високите трошоци и релативно лошиот квалитет на мрежата драстично ги ограничуваа корисниците. Голем број луѓе ги користеле телефоните само за основни потреби. Дел од членовите на оваа втора група се: псион петта серија, нокиа комуникатор или блекбери. Класични мобилни телефони во 2020 година Можеби мислите дека класичните телефони исчезнаа целосно со појавата на паметните телефони. Но, тоа не е точно – особено се популарни во региони како Супсахарска Африка, каде и најевтиниот андроид-уред е едноставно многу скап за голем број жители. Интересно е и дека постои голема дигитална економија фокусирана на класичните мобилни телефони. Најдобар пример за ова е М-песа, услуга што им служи на жителите на африканските земји како што се Кенија и Танзанија да испраќаат и примаат пари преку СМС. Сепак, на западот, класичните телефони заземаат малку поинаква позиција на пазарот. Тие честопати се популарен избор за постарите луѓе, кои не се многу добро снаодливи со технологијата. Исто така, постои елемент на носталгија. Многу современи телефони се едноставно ажурирани верзии на претходните уреди. Пример за ова е нокиа, која има надградени верзии на моделите 3310, 8110 и 5310. Сите тие се сè уште „основни“ телефони, но сега тие имаат екрани во боја, можност да се пушти музика и да фотографираат. Овие телефони веројатно се користат како резервна варијанта или во околини каде може да се оштети паметниот телефон, како што се музички фестивали. Некаде во средина Сепак, постојат уреди што се наоѓаат некаде на средина, помеѓу класичните телефони и паметните телефони. Тие работат со помош на оперативен систем наречен КаиОС. Овие телефони честопати личат на уреди пред паметните телефони и содржат функции како што се физичка тастатура. Сепак, тие исто така имаат карактеристики специфични за паметните телефони, како што се Плеј стор, веб-прелистувач или говорен асистент. Патем, КаиОС започна како Фајрфокс ОС, кога Мозила се обиде да создаде оперативен систем за паметни телефони, што ќе биде достоен ривал за Андроир и Иос, најголема предност е тоа што може да работи на поевтини, а слаби уреди. Мозила се откажа во 2017 година, но тоа не беше крај – ја презема интернет-заедницата, развивајќи го КаиОС врз основа на проектот Boot 2 Gecko. Во мај минатата година КаиОС обележа 100 милиони уреди на кои функционира. Класичните мобилни телефони наскоро можат да бидат потиснати уште повеќе, поради растечкиот развој на КаиОС, но и проектот Андроид гоу, обидот на Андроид да го донесе својот оперативен систем на послаби уреди.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/koj-kupuva-klasichni-telefoni-vo-2020-godina-i-zoshto/feed/ 0
Пронајден диносаурус голем колку паметен телефон https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pronajden-dinosaurus-golem-kolku-pameten-telefon/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pronajden-dinosaurus-golem-kolku-pameten-telefon/#respond Tue, 07 Jul 2020 10:47:12 +0000 https://kurir.mk/?p=370767

Археолози во САД го пронајдоа најмалиот диносаурус, засега познат, кој живеел во праисторијата. Суштеството било долго околу 10 сантиметри, односно не поголемо од денешен обичен телефон. Како што соопшти американската Национална академија на науки, суштеството било претходник на диносаурусите и летечките птеросауруси. – Ова мало животинче денес би било одлично домашно милениче. Но, се работи за возрасно, пораснато суштество. На тоа укажуваат оние специфични годови кај коските, нагласи Кристијан Камерер, палеонтолог од Музејот за природни науки во Северна Каролина и одговорен за новите истражувања. Диносаурусот го доби името „Kongonaphon kely“, а живеел на Мадагаскар пред 237 милиони години.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pronajden-dinosaurus-golem-kolku-pameten-telefon/feed/ 0
Самсунг произведе паметен телефон кој нема интернет, идејата е феноменална https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/samsung-proizvede-pameten-telefon-koj-nema-internet-idejata-e-fenomenalna/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/samsung-proizvede-pameten-telefon-koj-nema-internet-idejata-e-fenomenalna/#respond Sun, 15 Apr 2018 14:38:31 +0000 https://kurir.mk/?p=40916

Самсунг направи паметен телефен за корисници кои не сакаат да користат интернет. Галакси Ј2 Про има слични спецификации и дизајн како и останатите висококвалитетни паметни телефони на Самсунг, но не може да да покрене некои апликации и да се конектира на мрежа. Во соопштението од компанијата се вели дека овој модел е наменет за студентите, односно да им помогне да останат фокусирани на школувањето, а не константно да проверуваат пораки и содржини на Снепчет, Фејсбук и другите апликации. Самсунг понуди и попуст за купувачите од 18 до 21 година за уредот чија регуларна цена е 186 долари. Уредото доаѓа во црна и златна боја, има АМОЛЕД екреан од 5 инчи, 1,5 гигабајти РАМ меморија и простор за микро СД картичка. Тука е предната камера од пет мегапиксели и камера во позадината од осум мегапиксели. На телефонот се наоѓаат сите апликации кои не бараат поврзување на интернет. Овој телефен е наменет и за мали деца чии родители сакаат контрола над нивната употреба. Не е објавено кога Ј2 Про ќе биде достапен и во земјните надвор од Јужна Кореја.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/tehnologija/samsung-proizvede-pameten-telefon-koj-nema-internet-idejata-e-fenomenalna/feed/ 0