панчево – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 06 Jun 2023 09:54:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png панчево – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Руско семејство пронајдено мртво во Панчево: Маж си ги убил сопругата и детето, па се самоубил https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rusko-semejstvo-pronajdeno-mrtvo-vo-panchevo-mazh-si-gi-ubil-soprugata-i-deteto-pa-se-samoubil/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rusko-semejstvo-pronajdeno-mrtvo-vo-panchevo-mazh-si-gi-ubil-soprugata-i-deteto-pa-se-samoubil/#respond Tue, 06 Jun 2023 09:54:08 +0000 https://kurir.mk/?p=842666

Во населбата Котеж во Панчево ноќеска околу полноќ, 50-годишен маж ги убил сопругата и деветгодишното дете, а потоа се самоубил, јави дописникот на МИА од Белград. Од Основното јавно обвинителство во Панчево го потврдија настанот. Постои сомневање дека таткото (51) со остар предмет, највероватно нож, ги убил сопругата (50) и детето (9), по што се самоубил. Станува збор за руски државјани. Семејството се преселило во Панчево во август минатата година и имале соодветни дозволи за престој и визи. - Нивни пријатели, исто така руски државјани, пријавиле во полиција дека не им се јавуваат, по што полицијата и пожарникарите насилно влегле во станот, наведе извор запознаен со истрагата, објави Нова.рс. Досега немало јавувања од тоа семејство и од соседите поради расправија и врева. - Од станодавецот дознавме дека по професија биле доктори и дека сопругата неодамна се пожалила дека нејзиниот сопруг е во депресија, но дека никогаш не правеле проблеми и дека биле нормално семејство, објави РТС. Наредена е и анализа на телесното ткиво за присуство на наркотични дроги, алкохол и лекови на база на седативи, а се прибираат и други докази потребни за утврдување на сите околности на настанот, соопштија од Обвинителството. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/rusko-semejstvo-pronajdeno-mrtvo-vo-panchevo-mazh-si-gi-ubil-soprugata-i-deteto-pa-se-samoubil/feed/ 0
Амонијак истече од цистерна кај Панчево: Едно лице во болница, евакуирано населението https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amonijak-isteche-od-tsisterna-kaj-panchevo-edno-litse-vo-bolnitsa-evakuirano-naselenieto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amonijak-isteche-od-tsisterna-kaj-panchevo-edno-litse-vo-bolnitsa-evakuirano-naselenieto/#respond Fri, 13 Jan 2023 06:52:53 +0000 https://kurir.mk/?p=786705

Истекување на амонијак од цистерна се случило синоќа во населбата Топол кај Панчево. Како што јавуваат српските медиуми, на едно лице му е пружена медицинска помош и е пренесено во болница каде е под кислородна терапија. Според медиумите, истекувањето се случило околу 23 часот. Полициски и противпожарни екипи се на лице место. Евакуирани биле жителите од околу десет куќи кои се наоѓале во непосредна близина. Како што се наведува, повеќе нема опасност за граѓаните.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/amonijak-isteche-od-tsisterna-kaj-panchevo-edno-litse-vo-bolnitsa-evakuirano-naselenieto/feed/ 0
Грозоморно убиство во Панчево: Маж ја закла сопругата среде улица (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grozomorno-ubistvo-vo-panchevo-maz-ja-zakla-soprugata-srede-ulica-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grozomorno-ubistvo-vo-panchevo-maz-ja-zakla-soprugata-srede-ulica-video/#respond Fri, 12 Jul 2019 20:25:17 +0000 https://kurir.mk/?p=217952

Петар М. (64) од Панчево денеска ја убил својата поранешна сопруга Десанка М.(60) во центарот на градот пред очите на десеетици минувачи. Десанка им подлегна на повредите во болница во Панчево, а нејзиниот поранешен сопруг бил уапсен по нападот. Десанка М. била прободена пред автобуската станица во Панчево, а нејзиниот поранешен сопруг се обиде да избега, но бил спречен од шоферите на локалното транспортно претпријатие. Тие го држеле убиецот додека да дојде полицијата. Во исто време минувачите се обидувале да ја спасат жената, која крварела на улицата. Таа сепак, им подлегнала на повредите на вратот, но и на стомакот кога Петар со нож ја нападнал од грб. Двајцата не живееле заедно бидејчи во тек била бракоразводна постапка, а Десанка живеела во Сигурна куќа, а тој имал забрана да и се доближува. Убиецот, сепак, ја нашол сопругата и ја нападнал. Видеото можете да го погледнете на следниов линк, на БЛИЦ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/grozomorno-ubistvo-vo-panchevo-maz-ja-zakla-soprugata-srede-ulica-video/feed/ 0
ВИДЕО: Во Панчево врнело град со големина на лешник- луѓето бегале на улица, удирало на сите страни https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-vo-panchevo-vrnelo-grad-so-golemina-na-leshnik-lugjeto-begale-na-ulica-udiralo-na-site-strani/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-vo-panchevo-vrnelo-grad-so-golemina-na-leshnik-lugjeto-begale-na-ulica-udiralo-na-site-strani/#respond Tue, 30 Apr 2019 15:45:27 +0000 https://kurir.mk/?p=192711

Со пад на температурите во некои краеви на Србија стигнале обилни врнежи, додека во неколку градови забележани се и врнежи од град. Град со големина на орев паднал во Панчево, а на видеото се гледа како се забелело после невремето. Луѓето во паника се обидувале да се заштитат од градот, па се засолнувале кај најблиските настрешници. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/video-vo-panchevo-vrnelo-grad-so-golemina-na-leshnik-lugjeto-begale-na-ulica-udiralo-na-site-strani/feed/ 0
Ужас во соседството: Куче до смрт искаса жена, синот плачел пред врата https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uzas-vo-sosedstvoto-kuche-do-smrt-iskasa-zena-sinot-plachel-pred-vrata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uzas-vo-sosedstvoto-kuche-do-smrt-iskasa-zena-sinot-plachel-pred-vrata/#respond Sat, 02 Mar 2019 12:26:35 +0000 https://kurir.mk/?p=170239

Една жена почина, а друга е тешко повредена откако утрово околу осум часот биле нападнати од куче од расата стафорд во Панчево, Србија. Починатата жена е мајка на сопственикот на кучето. 66-годишната жена им подлегнала на повредите, додека другата жена се наоѓа во болница. Нападот се случил во дворот на семејството, кое го чувало кучето. Полицијата врши увид и работи на расчистување на околностите, велат од полиција за српски „Телеграф“. Како што репортерот на „Блиц“ известува од лице место, сопственикот на кучето, 33-годишниот И.М. не бил уапсен. -Тој се наоѓа пред куќата во која живеел со мајка си и плаче. Не сака да разговара со нас, вели новинарот на „Блиц“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/uzas-vo-sosedstvoto-kuche-do-smrt-iskasa-zena-sinot-plachel-pred-vrata/feed/ 0
Локализиран пожарот во близина на Панчево https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lokaliziran-pozarot-vo-blizina-na-panchevo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lokaliziran-pozarot-vo-blizina-na-panchevo/#respond Tue, 20 Nov 2018 17:42:23 +0000 https://kurir.mk/?p=130128

Припадници на Секторот за вонредни ситуации го локализираа пожарот кој денеска попладне изби во селото Омољица во близина на Панчево, при што нема повредени лица, соопшти српското Министерство за внатрешни работи. Моментно се работи на доизгаснување на пожарот во магацинот во кој се чуваат сточна храна, гуми и гориво. На местото на инцидентот се ангажирани 13 пожарникари и пет пожарникарски возила. Претходно српската државна телевизија РТС објави дека избил голем пожар откако експлодирале резервоари со нафта, а огнот се проширил кон силосите со жито, кои се наоѓале во близина. МИА  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/lokaliziran-pozarot-vo-blizina-na-panchevo/feed/ 0
Експлозија на резервоари со нафта во близина на Панчево https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eksplozija-na-rezervoari-so-nafta-vo-blizina-na-panchevo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eksplozija-na-rezervoari-so-nafta-vo-blizina-na-panchevo/#respond Tue, 20 Nov 2018 16:22:26 +0000 https://kurir.mk/?p=130108

Во местото Омољица во близина на Панчево изби голем пожар откако експлодирале резервоари со нафта. Огнот се проширил кон силосите со жито, кои се наоѓале во близина, објави српската државна теливизија РТС. На местото на инцидентот веднаш пристигнале пожарникарски и медицински екипи.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/eksplozija-na-rezervoari-so-nafta-vo-blizina-na-panchevo/feed/ 0
Родители платиле парична казна бидејќи децата им бегале од часови https://arhiva.kurir.mk/svet/region/roditeli-platile-parichna-kazna-bidejkji-decata-im-begale-od-chasovi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/roditeli-platile-parichna-kazna-bidejkji-decata-im-begale-od-chasovi/#respond Mon, 08 Jan 2018 08:09:02 +0000 http://kurir.mk/?p=7679

Родители на двајца ученици од основно училиште во Панчево, Србија, платиле казна од 5.000 динари затоа што децата побегнале од часови. Ова е прв случај за примена на новиот закон за образование кој предвидува одговорност на родителите за неоправданите отсуства на децата од наставата. Судот во Панчево поднел вкупно 88 вакви пријави против родители, од денот на донесувањето на законот, а покрај двата случаи со парични казни изречени се и десет опомени. Панчево е прв град во Србија каде што се применуваат ваквите казни, а во новата година ќе се применуваат во сите училишта во Србија. Според новите прописи, родителите се должни во период од 48 часа од моментот кога детето нема да следи настава да ги информираат наставниците за причината. Потоа, должни се во рок од осум дена да ги оправдаат часовите. Доколку тоа не се случи, училиштето ги известува секретаријатот на градската управа и Центарот за социјална работа. Градската управа поднесува барања за покренување прекршочна постапка против родителите на суд. Казната се движи од 5 до 100 илјади динари, а ако родителите не ги платат долговите, може да се соочат и со казна затвор, работа од јавен интерес или блокирање на трансакциската сметка. Прво се изрекува опомена, а ако ученикот продолжи без оправдување да не ја следи наставата, тогаш стапува во сила паричната казна. Надлежните во Србија тврдат дека ваквиот закон има цел да формира уредно и правилно функционирање на училиштата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/roditeli-platile-parichna-kazna-bidejkji-decata-im-begale-od-chasovi/feed/ 0