Панфиз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 27 Apr 2023 05:34:41 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Панфиз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Почнува 16. Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „ПАНФИЗ“ 2023 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-16-internatsionalen-festival-na-pantomima-i-fizichki-teatar-panfiz-2023/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-16-internatsionalen-festival-na-pantomima-i-fizichki-teatar-panfiz-2023/#respond Thu, 27 Apr 2023 05:34:41 +0000 https://kurir.mk/?p=828073

На Малата сцена на Македонскиот народен театар од денеска до 29 април, ќе се одржи 16. Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „ПАНФИЗ“ 2023. На овогодишното издание на фестивалот ќе бидат прикажани три претстави од различни жанрови и од различни земји. На отворањето на фестивалот денеска ќе настапи гостинот од Швајцарија, Дамир Дантес со 90-минутната пантомима, „Страдањата на Исус“, претстава која како тема ги зема најважните случувања од животот на Исус, а сето тоа преточено преку јазикот на пантомимата. Патување 2000 години назад во минатото, моќно, поетско, драматично, трогателно. На втората вечер на фестивалот ќе настапи младата актерка од Србија, Нада Милошевиќ, со својот буто перформанс „Суштество“, во кој како егзистенцијален предизвик се поставува истражувањето на скриениот архетип на битието, изгубено во сопственото опкружување... Од Македонскиот народен театар информираа дека на третата вечер има гости од Романија кои ќе настапат со својата претстава, физички театар, танц и пантомима „Hommo Love“, претстава која како соло актер ја води Пол Цимпоеру, потпомогнат од својата партнерка Алина Пентак, претстава за љубовта која секогаш и сегде ни се случува и нѐ канат, не да ја видиме, туку да ја почувствуваме... Оваа година фестивалот има ревијален карактер, а како и изминативе три години по ред билетите за претставите се бесплатни.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-16-internatsionalen-festival-na-pantomima-i-fizichki-teatar-panfiz-2023/feed/ 0
Почнува 11.„Панфиз“, четири претстави до понеделник https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-11-panfiz-chetiri-pretstavi-do-ponedelnik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-11-panfiz-chetiri-pretstavi-do-ponedelnik/#respond Sat, 07 Jul 2018 07:36:42 +0000 https://kurir.mk/?p=74023

На малата сцена на Македонскиот народен театар од денеска до 9 јули ќе се одржува првиот дел од 11. Интернационален фестивал на пантомима и физички театар „Панфиз 2018“. Ќе бидат изведени четири претстави од три соседни земји (Грција, Бугарија и Србија), сите жанровски различни, така што публиката ќе може да види куклен, ритуален, класична пантомима и буто. Фестивалот ќе почне вечер во 20 часот со претставата „Снешкото што не сакаше да се стопи“ на Визуелен куклен театар „Празеин Алога“ од Грција и настап на Емануела Капокаки. Утре ќе има две претстави на уметници од Бугарија - гостуваат „Симург“ со Александар Илиев (20 часот) и  „Кругот на животот“ на Филип Дончев (21.30 часот), а во понеделник е претставата „Мандрагора“ на Марко Нектан од Србија. Под водство на буто-артистот Нектан, денеска и утре во рамки на фестивалот ќе биде одржана работилница за буто, кој е театар на движењето со потекло од Јапонија и е мешавина од германската експресионистичка школа за игра, Но театар и јапонската зен-традиција. Според уметничкиот директор Трајче Ѓорѓиев, „Панфиз“ се обидува оваа година да претстави неколку различни жанрови од областа на пантомимата и физичкиот театар. Во основата на сите нив е движењето, а пристапот се базира на драматургијата и карактерите. Вториот дел на „Панфиз“ ќе се одржи на 30 септември, кога ќе гостува финската атракција „Мимо Арт“ од Хелсинки со претставата „Боди Ноутс“ (Body Notes). „Мимо Арт“ е новоформирана театарска трупа која на „Панфиз“ во септември ќе прикаже една од своите најнови продукции. Се работи за артикулирана сценска физичка игра, која во исто време кокетира со танцот како ад хок израз. Влезот за претставите на 11. „Панфиз“ од денеска до 9 јули е бесплатен за посетителите, со претходна резервација во МНТ.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/pochnuva-11-panfiz-chetiri-pretstavi-do-ponedelnik/feed/ 0