паника – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 20 Jul 2023 08:35:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png паника – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 (ВИДЕО) „НЕ ИЗЛЕГУВАЈТЕ ОД ДОМА, ЛАВИЦА ШЕТА ПО УЛИЦИТЕ“ Жителите во паника, полицијата со хеликоптер го бара дивото животно https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-ne-izleguvajte-od-doma-lavitsa-sheta-po-ulitsite-zhitelite-vo-panika-politsijata-so-helikopter-go-bara-divoto-zhivotno/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-ne-izleguvajte-od-doma-lavitsa-sheta-po-ulitsite-zhitelite-vo-panika-politsijata-so-helikopter-go-bara-divoto-zhivotno/#respond Thu, 20 Jul 2023 08:35:10 +0000 https://kurir.mk/?p=858353

Во јужниот и југозападниот дел на Берлин денеска е во тек голема потрага по диво животно, најверојатно побегната лавица, соопштија локалните власти, апелирајќи до жителите во таа област да не ги напуштаат своите домови. „Дивото животно може да биде лавица“, објави берлинската полиција на Твитер, додавајќи дека предупредувањето се однесува на југот и југозападот на германската престолнина и неговата периферија. Од полицијата додаваат дека тревогата е издадена во текот на ноќта, а животното за кое било пријавено дека не побегнало од зоолошката градина или циркусот се уште не е пронајдено. „Околу полноќ добивме порака од двајца минувачи кои виделе диво животно како брка друго“, велат од полицијата, додавајќи дека едно од тие животни е дива свиња. Берлинската полиција навела дека минувачите ги снимиле животните, едната е дива свиња, а другата најверојатно лавица. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-ne-izleguvajte-od-doma-lavitsa-sheta-po-ulitsite-zhitelite-vo-panika-politsijata-so-helikopter-go-bara-divoto-zhivotno/feed/ 0
ЧЕТИРИ начини како да се справите со НАПАД НА ПАНИКА: Дишењето може да биде од клучно значење https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chetiri-nachini-kako-da-se-spravite-so-napad-na-panika-disheneto-mozhe-da-bide-od-kluchno-znachene/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chetiri-nachini-kako-da-se-spravite-so-napad-na-panika-disheneto-mozhe-da-bide-od-kluchno-znachene/#respond Wed, 19 Apr 2023 07:27:32 +0000 https://kurir.mk/?p=825294

Отежнато дишење, болки во градите, потење и забрзано чукање на срцето се само некои од симптомите на напад на паника. Овој напад може да се случи ненадејно и често спречува каква било реакција, бидејќи личноста се чувствува како да е парализирана. Многу луѓе кои имаат напади на паника велат дека се чувствуваат како да умираат или да добиваат срцев удар, додека други го опишуваат нападот на паника како чувство како да ја изгубиле контролата врз своето тело, пишува Newsbeast, пренесувајќи начини кои можат да бидат корисни во кризни ситуации. 1. Техника 4:6 За оние кои барем еднаш во животот имале напад на паника, пораката „земи длабок здив“ можеби звучи несериозно. Според д-р Јан Стенли, психолог од Универзитетот во Колорадо, оваа техника всушност функционира, но на специфичен начин. Тој препорачува да го истуркате воздухот од белите дробови неколку секунди подолго отколку што е потребно за вдишување. Обидете се да го задржите вдишувањето четири секунди, а издишувањето шест секунди. 2. „Виножито“ Д-р Каролин Рубенштајн, психолог од Флорида, им препорачува на луѓето кои имаат напади на паника да ги фокусираат своите сетила на нешто околу нив што може да го окупира и нивниот вид и нивните мисли. – Помислете на виножитото. Или побарајте три црвени работи во собата во која се наоѓате, а потоа три жолти, сини и зелени работи. Ова се многу ефикасни методи, бидејќи ќе ви го одвлечат вниманието – нагласува психологот Рубенштајн. Други „корисни одвлекувања“ може да бидат слушање музика или излегување на свеж воздух. 3. Грижете се за вашето држење Д-р Карен Лин Касидеј, директор на Центарот за третман на анксиозност во Чикаго, изјави за DailyMail дека луѓето кои се склони кон напади на паника треба да се грижат за своето држење и да стојат исправено. Променетото дишење и лошото држење може да ги влошат симптомите на анксиозност. – Стоењето или седењето во поза што ја отсликува вашата самодоверба има психолошки поттик, бидејќи го подобрува расположението и нивото на енергија, а во исто време го намалува стресот и анксиозноста – објасни д-р Касидеј. 4. Идентификувајте го нападот За многу луѓе, едноставно идентификувањето на напад на паника може да биде смирувачко. Исто така, неопходно е да се промени аголот на гледање на напад на паника и да се набљудува без реакција. – Тоа е ментален трик што го користиме, а кој некако носи логика и контрола над емоциите – откри д-р Рубенштајн.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/chetiri-nachini-kako-da-se-spravite-so-napad-na-panika-disheneto-mozhe-da-bide-od-kluchno-znachene/feed/ 0
Испаничен татко се обидува да го заштити синот по експлозијата во Бејрут (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ispanichen-tatko-se-obiduva-da-go-zashtiti-sinot-po-eksplozijata-vo-bejrut-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ispanichen-tatko-se-obiduva-da-go-zashtiti-sinot-po-eksplozijata-vo-bejrut-video/#respond Wed, 05 Aug 2020 15:31:05 +0000 https://kurir.mk/?p=386763

Експлозијата во Бејрут ја потресе либанската престолнина, а на социјалните мрежи постојано се објавуваат видео снимки и фотографии од моментот кога се случила несреќата. Таков пример е и снимката од домашната безбедносна камера од еден стан во Бејрут која го прикажува испаничениот татко како се обидува да го спаси синот од експлозијата. Како што може да се забележи на видеото, таткото постојано го прегрнува својот син и се обидува да го смири, а на крајот решава да го сокрие под масата и со своето тело да го заштити од евентуално рушење на зградата. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ispanichen-tatko-se-obiduva-da-go-zashtiti-sinot-po-eksplozijata-vo-bejrut-video/feed/ 0
СДСМ во паника, сериозно ги злоупотребува приватните броеви на граѓаните https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-vo-panika-seriozno-gi-zloupotrebuva-privatnite-broevi-na-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-vo-panika-seriozno-gi-zloupotrebuva-privatnite-broevi-na-gragjanite/#respond Sun, 12 Jul 2020 17:44:21 +0000 https://kurir.mk/?p=374765

Непосредно пред почетокот на предизборниот молк, СДСМ и коалицијата „Можеме“ започнаа „лов“ за албанските гласачи со испраќање порака на нивните приватни броеви. Ова покажува дека СДСМ е во паника и не се колеба да го злоупотребува приватните броеви на граѓаните. Пораката ја има оваа содржина: „Од вас зависи дали ќе продолжиме кон ЕУ или ќе дозволиме враќање на режимот ВМРО-ДУИ. Излезете, гласајте за европската иднина. ГЛАСАЈ 3 Коалиција МОЖЕМЕ.” Голем број граѓани го осудија случајот за кој станува збор. Пријави за слични случаи имаше и до нашата редакција, пренесува порталот aktuale.mk.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/sdsm-vo-panika-seriozno-gi-zloupotrebuva-privatnite-broevi-na-gragjanite/feed/ 0
Ќе покрене ли ЈО кривична постапка против Дамјан Манчевски за ширење на лажни вести во врска со пандемијата? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-pokrene-li-jo-krivichna-postapka-protiv-damjan-manchevski-za-shirenje-na-lazni-vesti-vo-vrska-so-pandemijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-pokrene-li-jo-krivichna-postapka-protiv-damjan-manchevski-za-shirenje-na-lazni-vesti-vo-vrska-so-pandemijata/#respond Fri, 22 May 2020 09:42:46 +0000 https://kurir.mk/?p=349019

Дали Јавното обвинителство ќе покрене кривична постапка против министерот за информатичко општество и администрација Дамјан Манчевски за ширење на лажни вести во врска со пандемијата? Дали во паника Владата шири лажни вести? Министерот  Манчевски фатен во обид да лиферува фејк информации. Бројките на владиниот сајт koronavirus.gov.mk експресно го демантираа министерот за информатичко општество Дамјан Манчевски кој денеска во гостување на една телевизија во обид да го обвини неговиот политички противник, министерот за внатрешни работи Наќе Чулев рече дека најголемиот број на новозаразени доаѓаат од литијата во Струга и ифтарските вечери. -Оваа Влада добро се справи со Ковид 19, а секако дека клучно ни беше дневното информирање кое го правеа здравствените работници, а клучна улога одиграа и медиумите во пренесување на мерките кои треба да се почитуваат. Меѓу првите воведовме рестрикции, препораки. Од друга страна, МВР – конкретно техничкиот министер Чулев самиот изјавува на медиумите дека не сака да казнува. А знаеме дека новозаразените луѓе доаѓаат од литијата во Струга, ифтарските вечери, прославата на полицијата, а немаме инфо дека е превземено било што, дали внатрешната контрола постапува, немаме изречени санкции, рече Манчевски. Со оглед на тоа дека муслимани има во многу градови, податокот за ифтарските вечери не можеме да го провериме, но литијата во Струга беше локализирана само во градот на Црн Дрим, па лесно може да се проверат податоците. Имено, на владиниот сајт koronavirus.gov.mk може лесно да се забележи дека во овој момент, во целиот регион на Струга има само 5 активни случаи на пациенти кај кои сѐ уште е присутен вирусот. Од друга страна, литијата се одржа на 7 мај, значи пред 14 дена, а до сега, инкубацијата веќе би требало да е помината, па доколку се правеа тестови, до сега веројатно ќе имаше повеќе од 5 случаи. Ова е класично ширење на лажни вести и креирање на неоснована паника, па министерот според закон треба да одговара. Сајтот vistinomer пред два месеци има објавено истражување направено по пребарување по Кривичниот законик, каде јасно се наведува дека граѓаните или медиумите што шират лажни вести поврзани со вирусот „Ковид 19“ можат да добијат од парична казна до затвор помеѓу една и пет години. Меѓу граѓаните, секако, е и Дамјан Манчевски, чии изјави треба да бидат уште посериозно сфатени бидејќи тој е владин министер. -Граѓаните и медиумите би можеле да добијат кривични пријави поврзани со невистини за „Ковид 19“, т.е. ширење лажни вести врз основа на постојни членови во Кривичниот законик (КЗ) на Република Македонија. И претходниот, но особено дополнетиот Кривичен законик од 2018 година, има неколку членови по кои може да се постапува во ваков случај. Во Глава 21 од КЗ, означена како Кривични дела против здравјето на луѓето, полицијата го има на расплагање на пример, Член 205 став 5 од КЗ, во кој се наведува: Тој што ќе ја загрози сигурноста на друг со лажна закана за пренесување или со ширење на невистинити тврдења за постоење на неизлечлива заразна болест ќе се казни со парична казна или затвор до шест месеца. Но, полицијата би можела да се повика и на друг член, кој е насловен во КЗ како ширење на расистички и ксенофобичен материјали по пат на компјутерски систем. Иако, се чини не е поврзано со општото здравје, ако се погледне членот може да се најде врската – ширење ксенофобија кон лица поради нивната здравствена состојба. Во првиот став од Членот 394 г се наведува: (1) Тој што преку компјутерски систем во јавноста шири расистички и ксенофобичен пишан материјал, слика или друга репрезентација на идеја или теорија која помага, промовира или поттикнува омраза, дискриминација или насилство, против кое било лице или група, врз основа на пол, раса, боја на кожа, род, припадност на маргинализирана група, етничка припадност, јазик, државјанство, социјално потекло, религија или верско уверување, други видови уверувања, образование, политичка припадност, личен или општествен статус, ментална или телесна попреченост, возраст, семејна или брачна состојба, имотен статус, здравствена состојба, или на која било друга основа предвидена со закон или со ратификуван меѓународен договор, ќе се казни со затвор од една до пет години. Под компјутерски систем секако спаѓаат и социјалните медиуми. Но, доколку таквите вести бидат проширени од другите средства за јавно информирање, важи истата казна и тоа е ставено во ставот два: (2) Со казната од ставот (1) на овој член ќе се казни и тој што делото ќе го стори преку други средства за јавно информирање.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-pokrene-li-jo-krivichna-postapka-protiv-damjan-manchevski-za-shirenje-na-lazni-vesti-vo-vrska-so-pandemijata/feed/ 0
Земјотрес во Албанија, паника кај граѓаните https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-vo-albanija-panika-kaj-gragjanite/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-vo-albanija-panika-kaj-gragjanite/#respond Tue, 28 Apr 2020 05:33:19 +0000 https://kurir.mk/?p=338404

Заедно со пандемијата од новиот коронавирус меѓу албанските граѓани се врати и стравот од земјотреси. По неколкуте во текот на овој месец, синоќа е регистриран земјотрес со интензитет од 3,4 степени според Рихтеровата скала. Министертвото за одбрана на Албанија соопшти дека епицентарот на земјотрсот бил во Дервен, кај Фуш Круја, на длабочина од 34 километри и се почувствувал и во Тирана, Драч и други градови. Освен вознемиреност не се регистрирани повредени лица или материјална штета. Земјотресот со мал интензитет е почувствуван и во западните делови на Северна Македонија. Според сеизмолозите последните потреси се последователни на катастрофалниот земјотрес што ја подоги Албанија на 26 ноември минатата година, со интензитет од 6,4 степени, што предивика огромна материјална штета, имаше над илјада повредени и 51 загинат.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/zemjotres-vo-albanija-panika-kaj-gragjanite/feed/ 0
Надлежните апелираат да не се крева паника без потреба за коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadleznite-apeliraat-da-ne-se-kreva-panika-bez-potreba-za-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadleznite-apeliraat-da-ne-se-kreva-panika-bez-potreba-za-koronavirusot/#respond Tue, 25 Feb 2020 10:53:06 +0000 https://kurir.mk/?p=308517

Јавноста да не наседнува на лажни вести и да не се крева паника без потреба. Здравствениот систем е подготвен и спремни се сите капацитети на Клиниката за инфективни болести и на трите инфективни одделенија во Штип, Велес и Гостивар, изјави денеска министерот за здравство Венко Филипче. Апелираше патниците кои доаѓаат од критичните региони да се придржуваат до препораките во упатството, односно доколку почувствуваат некои од симптомите, да не шетаат по здравствените установи, туку да се јават на телефонските броеви на Институтот за јавно здравје. – Со цел да не шетаат по здравствените институции, тие патници кои во моментот немаат никакви симптоми, а може да се во инкубациски период и кај кои евентуално по неколку дена се јават симптоми, да се јават на еден од телефонските броеви на локалните центри за јавно здравје и на Институтот за јавно здравје за да може тим соодветно опремен да ги посети во нивните домови, рече Филипче. Додаде дека има сосема доволна количина на потребен материјал, односно оти располагаат со околу 40 илјади маски и 10-тина илјади мантили и скафандери, но оти се подготвува и набавка на дополнителен број. Филипче уште еднаш апелираше да не се патува во критичните региони без итна потреба, а на денешната седница на Влада ќе се разговара за откажување на сите планирани патувања во Европа организирани од страна на државните институции.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nadleznite-apeliraat-da-ne-se-kreva-panika-bez-potreba-za-koronavirusot/feed/ 0
Пандов: Заев е во паника, за три години направи еден куп криминали https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pandov-zaev-e-vo-panika-za-tri-godini-napravi-eden-kup-kriminali/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pandov-zaev-e-vo-panika-za-tri-godini-napravi-eden-kup-kriminali/#respond Tue, 11 Feb 2020 20:10:15 +0000 https://kurir.mk/?p=302598

Во гостувањето во МРТ 1, аналитичарот Александар Пандов потенцираше дека Зоран Заев е во паника бидејќи изминатите три години направи еден куп криминали за кои ќе треба да одговоара и токму ова е причината поради која не партиите не може да се договорат за законот за обвинителство. Според него Заев е загрижен за себе за неговото семејство како и за најбилските соработници па така нормално е да го прави ова што го прави. -Ако ти тргнуваш во политиката кога ги гледаш нештата од сам себе и ако си ти чесен, поштен човек, нормално е со чудење да гледаш и викаш зошто еден закон кој што е нормална работа да се донесе било каде, кај нас не може да се донесе. Затоа што има куп криминали Заев направено, кој што е претседател на СДСМ и се плаши за него за неговот семејство, за неговите блиски околу него и нормално е во паника сега, да го прави ова што го прави.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pandov-zaev-e-vo-panika-za-tri-godini-napravi-eden-kup-kriminali/feed/ 0
ФОТО+ ВИДЕО: Срушени згради, општа паника кај народот во погодените подрачја од силниот земјотрес во Турција https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-video-srusheni-zgradi-opshta-panika-kaj-narodot-vo-pogodenite-podrachja-od-silniot-zemjotres-vo-turcija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-video-srusheni-zgradi-opshta-panika-kaj-narodot-vo-pogodenite-podrachja-od-silniot-zemjotres-vo-turcija/#respond Fri, 24 Jan 2020 20:08:34 +0000 https://kurir.mk/?p=294358

Силниот земјотрес што ја погоди Турција, предизвика општа паника во повеќе турски градови, притоа принудувајќи жителите да ги напуштат своите домови и да излезат на улица. Земјотресот од 6,8 степени, покрај предизвиканата материјална штета, како што потврди министерот за внатрешни работи на Турција, за сега однесе и четири човечки животи. Епицентарот бил на 218 километри од турскиот град Газиамтеп и 34 километри од Елазиг.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/foto-video-srusheni-zgradi-opshta-panika-kaj-narodot-vo-pogodenite-podrachja-od-silniot-zemjotres-vo-turcija/feed/ 0
Tуристи, аџии и работници во паника по предупредувањето за можни напади во Кашмир https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turisti-adzii-i-rabotnici-vo-panika-po-predupreduvanjeto-za-mozni-napadi-vo-kashmir/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turisti-adzii-i-rabotnici-vo-panika-po-predupreduvanjeto-za-mozni-napadi-vo-kashmir/#respond Sun, 04 Aug 2019 10:25:03 +0000 https://kurir.mk/?p=226228

Повеќе илјади индиски туристи, аџии и работници го напуштаат Кашмир, спорниот регион што е под контрола на Индија, по предупредувањето на локалната влада за можни напади од екстремистите. Индија претходно соопшти дека се убиени петмина екстремисти откако нападнале припадници на индиската армија. Индиските безбедносни сили во петокот соопштија дека имаат доказ дела пакистански екстремисти планираат да нападнат хиндуистички верници Кашмир. Додека пакистанската Влада соопшти дека е загрижена поради ситуацијата во Кашмир, при тоа отфрлајќи ги индиските претпоставки за евентуален напад. Индија и Пакистан го поделија Кашмир во 1947 година кога станаа независни држави, а потоа двапати војуваа за таа територија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/turisti-adzii-i-rabotnici-vo-panika-po-predupreduvanjeto-za-mozni-napadi-vo-kashmir/feed/ 0