панос каменос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 26 May 2019 18:41:53 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png панос каменос – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Каменос на Твитер: СИРИЗА се самоуби во Преспа https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kamenos-na-tviter-siriza-se-samoubi-vo-prespa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kamenos-na-tviter-siriza-se-samoubi-vo-prespa/#respond Sun, 26 May 2019 18:34:20 +0000 https://kurir.mk/?p=202239

Во исто време додека грчките телевизии ги објавува т.н. exit polls, односно проценката на изборниот резултат од агенциите за истражување, лидерот на Независни Грци, Панос Каменос излезе со коментар на неговиот официјален Твитер профил, јави дописничката на МИА од Атина. -СИРИЗА се самоуби во Преспа, напиша Каменос. Според проценките на изборниот резултат за евроизборите агенциите за рејтинг спроведени за грчките телевизии, Независни Грци добиваат меѓу еден и два отсто од граѓаните. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kamenos-na-tviter-siriza-se-samoubi-vo-prespa/feed/ 0
Ќе дознаеме ли конечно кои македонски медиуми биле финансирани од грчкото МНР? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-doznaeme-li-konechno-koi-makedonski-mediumi-bile-finansirani-od-grchkoto-mnr/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-doznaeme-li-konechno-koi-makedonski-mediumi-bile-finansirani-od-grchkoto-mnr/#respond Mon, 25 Feb 2019 14:11:38 +0000 https://kurir.mk/?p=168108

Лидерот на АНЕЛ (Независни Грци) Панос Каменос најави контра-тужба против поранешниот шеф на грчкото МНР и потписник на преспанскиот договор, Никос Коѕијас. Овие најави доаѓаат само неколку дена откако Коѕијас соопшти дека го тужи Каменос за „нарушување на честа, угледот и достоинството“. Коѕијас тврди дека бил уценуван и под закана, како и дека за него биле ширени неколку лаги, меѓу кои и дека добил 50 милиони евра од Сорос и дека ги злоупотребувал тајните фондови во грчкото МНР. Токму тајните фондови од грчкото МНР се од посебен интерес за македонската јавност, имајќи предвид дека во октомври минатата година, само една недела пред караницата меѓу Коѕијас и Каменос која резултираше со оставка на тогашниот шеф на дипломатијата, „Ефимерида“ објави напис во кој соопшти за основано сомнение за користење на милионски суми од грчките тајни фонодви за финансирање на медиуми во Албанија и Македонија, како и за лобирање за црковните интереси, анализира телевизија „Алфа“. Новинарот Димитрис Такис кој ја објави аферата пишуваше дека на прашањето зошто биле финансирани медиуми во Албанија и Македонија, образложението било дека овие пари се користеле за да се финансираат позитивни новински написи за Грција во македонските и албанските медиуми и да се лобира кај новинари и сопственици на медиуми во нашата и соседната земја да работат за грчките интереси. По написот во „Ефимерида“ грчкото обвинителство нареди итна истрага за објавување доверливи информации, а од кабинетот на премиерот Алексис Ципрас реагираа велејќи дека објавувањето наводни информации за распределувањето на тајните фондови на Министерството за надворешни работи директно влијае врз националните интереси. Но, освен за објавувањето на доверливите информации, други новини нема. Односно, сеуште нема ни трага ни глас од детали за истрагата дали навистина со милионски суми биле плаќани новинари и сопственици на медиуми во Македонија и Албанија. Дали грчката влада и обвинителство ги штитат своите соработници во соседните земји кои ги бранеле грчките национални интереси? Каменос најави дека деновиве во обвинителството ќе достави сериозни докази кои ќе ја докажат инкриминираноста на Коѕијас, но не најави на што конкретно ќе се однесуваат овие докази. Можеби меѓу тие докази ќе има и некој кој ќе даде одговори на прашањата кои ја засегаат и македонската јавност, анализира „Алфа“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kje-doznaeme-li-konechno-koi-makedonski-mediumi-bile-finansirani-od-grchkoto-mnr/feed/ 0
Каменос: Нема закана од Скопје, за 20 минути ќе ги средиме ако им пратиме тенкови https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamenos-nema-zakana-od-skopje-za-20-minuti-kje-gi-sredime-ako-im-pratime-tenkovi/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamenos-nema-zakana-od-skopje-za-20-minuti-kje-gi-sredime-ako-im-pratime-tenkovi/#respond Thu, 21 Feb 2019 10:09:50 +0000 https://kurir.mk/?p=166376

Поранешниот грчки министер за одбрана Панос Каменос во интервју во средата го напаѓаше Преспанскиот договор, велејќи дека Грција за 20 минути би ја зазела Македонија, пишува „Катимерини“ „Ние не чувствуваме никаква закана. Скопје е работа од 20 минути. Ако трупа тенкови решат да ја преминат границата, ќе стигнат до другата страна на Скопје. Ќе стигнат до Србија“, рече тој за грчкиот телевизиски канал ТРТ. Тој потоа повтори дека бил „измамен“ од премиерот Алексис Ципрас, за кој рече дека првично требало да го донесе договорот за името во парламентот по март. Поранешниот владин коалициски партнер, кој поднесе оставка од министерското место откако договорот беше донесен на ратификација во парламентот, го критикуваше и поранешниот министер за надворешни работи Никос Коѕијас велејќи дека „дејствувал предавнички“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamenos-nema-zakana-od-skopje-za-20-minuti-kje-gi-sredime-ako-im-pratime-tenkovi/feed/ 0
Коѕијас го тужи Каменос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kodzijas-go-tuzi-kamenos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kodzijas-go-tuzi-kamenos/#respond Mon, 18 Feb 2019 16:34:47 +0000 https://kurir.mk/?p=165381

Каменос има потенцијална одговорност ако ми се случи нешто мене и на моето семејство, пишува Никос Коѕијас во тужбата, што преку неговиот адвокат ја покрена против претседателот на Независни Грци и поранешен министер и коалиционен партнер во грчката Влада. Поранешниот шеф на грчката дипломатија, смета дека со лагите и дезинформациите што ги ширел Панос Каменос, нарушени му се честа, угледот и достоинството. -Прекршоците се: клевета, закана, поттикнување закана, ширење лажни вести и нарушување на парламентарната демократија во член 157 од Кривичниот законик односно односите на Парламентот со пратениците, рече Христос Куцинасиос, адвокатот на Коѕијас по доставувањето на тужбата. Во тужбата, поранешниот шеф на грчката дипломатија истакнува дека постојат уценувачи кои му се заканувале, кои го клеветеле, со цел да ја оцрнат и самата политика што тој ја водел, а тоа е Договорот од Преспа. Коѕијас пишува дека уценувачите ширеле три лаги за да го принудат да замолчи: дека зел 50 милиони евра од Сорос, дека крадел пари од тајните фондови на грчкото Министерство за надворешни работи и оти на нелегален и за него профитабилен начин одбрал компанија за издавање визи. - Верувам и неопходно е судот да ме заштити. Би сакал исто така да кажам и да изјавам пред грчката правда дека тоа што методично бев на негова мета од летото 2018, го прави потенцијално одговорен ако ми случи било што лошо на мене и на моето семејство, по нашето физичко и ментално здравје, пишува поранешниот министер за надворешни работи на Грција и лидер на движењето „Прато“ на крајот од тужбата. Откако адвокатот на Коѕијас ја достави тужбата, преку неговиот официјален Твитер профил се огласи Панос Каменос. -Подготвен сум и ќе ги доставам сите докази до правдата од кој толку се плаши, напиша Каменос на Твитер.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kodzijas-go-tuzi-kamenos/feed/ 0
Каменос преку Твитер повикува на масовни оставки за да се блокира ратификацијата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamenos-preku-tviter-povikuva-na-masovni-ostavki-za-da-se-blokira-ratifikacijata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamenos-preku-tviter-povikuva-na-masovni-ostavki-za-da-se-blokira-ratifikacijata/#respond Fri, 25 Jan 2019 09:26:03 +0000 https://kurir.mk/?p=156407

Претседателот на Независни Грци и до неодамна коалициски партнер во владата, Панос Каменос, преку неговиот Твитер профил, утрово побара масовни оставки на пратениците за да се спречи ратификацијата на Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина. -До 14 часот можеме да го блокираме гласањето на Договорот од Преспа со оставка на 101 пратеник. Прв ја потпишувам мојата оставка, напиша Каменос и упати повик до Мицотакис за оставка. Со сличен предлог за време на расправата во грчкиот Парламент во изминатите два дена излезе и лидерот на Златна зора, Никос Михалољакос, кој тврдеше дека ако неговите пратеници, пратениците од Нова демократија и од ПАСОК си поднесат оставки тогаш, според него треба да се распишат избори, а слични шпекулации излегоа и во дел од медиумите. Меѓутоа, пратеници од СИРИЗА и од Нова демократија во нивните говори ги демантираа и ги отфрлија ваквите сценарија, објаснувајќи дека грчкиот Устав не предвидува такво нешто. Панос Каменос, неговото обраќање за време на расправата за ратификација на Договорот од Преспа, доцна синоќа го започна велејќи дека можеби е последен пат што говори како претседател на Независни Грци во актуелниот Парламент, бидејќи „група од владејачката СИРИЗА заедно со претседателот на парламентот веќе работат на сценариото за распаѓање на пратеничката група на Независни Грци, како што направија со Река“. Лидерот на Независни Грци ја коментираше фотографијата на Зоран Заев со Џорџ Сорос, која македонскиот премиер ја објави вчера на Твитер. -Пред три часа, неслучајно, претседателот на организациите за глобализација, заедно со Фондацијата Клинтон, Џорџ Сорос, се сликаше со господинот Заев. Се сликаа заедно во Швајцарија и долу во коментар се честитките од господинот Џорџ Сорос до господинот Заев за Договорот од Преспа и во суштина, почеток на спроведувањето на планот за распаѓање на Грција, рече Каменос, а од собраниската говорница ја покажа фотографијата на Сорос и Заев. Додаде дека „за тоа кој работи за Сорос ќе видиме многу брзо правдата и некои судии ќе отворат сметки на некои“ и истакна дека ако не го сторат тоа обвинителите, ќе го сторат тие. Во однос на Договорот од Преспа го повтори неговиот став, говореше за предавство и рече дека за „за неколку часа Македонија нема да биде грчка“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamenos-preku-tviter-povikuva-na-masovni-ostavki-za-da-se-blokira-ratifikacijata/feed/ 0
Каменос до Ципрас: Распишете веднаш референдум за Договорот од Преспа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamenos-do-cipras-raspishete-vednash-referendum-za-dogovorot-od-prespa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamenos-do-cipras-raspishete-vednash-referendum-za-dogovorot-od-prespa/#respond Wed, 16 Jan 2019 19:16:54 +0000 https://kurir.mk/?p=153086

Овој предлог за доверба е поврзан со тоа дали се согласуваме или не со Договорот од Преспа, затоа сме принудени да не дадеме глас за доверба, рече лидерот на Независни Грци и до неодамна коалициски партнер во грчката Влада, Панос Каменос. Во неговиот говор од грчкиот Парламент за време на расправата за гласање доверба, Каменос уште еднаш го повтори неговиот став дека не се согласува со сложено име со географска одредица со терминот Македонија и го повика грчкиот премиер уште веднаш, да ја прекине расправата за гласање доверба и да распише референдум за Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamenos-do-cipras-raspishete-vednash-referendum-za-dogovorot-od-prespa/feed/ 0
Каменос: Грешка на премиерот е што го поддржува веќе мртвиот Договор од Преспа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamenos-greshka-na-premierot-e-shto-go-poddrzuva-vekje-mrtviot-dogovor-od-prespa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamenos-greshka-na-premierot-e-shto-go-poddrzuva-vekje-mrtviot-dogovor-od-prespa/#respond Tue, 15 Jan 2019 13:34:08 +0000 https://kurir.mk/?p=152474

Лидерот на Независни Грци, Панос Каменос, денеска на Твитер упати критики до грчкиот премиер, Алексис Ципрас за Договорот од Преспа, јави дописничката на МИА од Атина. „Грешка на премиерот е поддржувањето на веќе мртвиот Договор од Преспа“, напиша лидерот на Независни Грци, Панос Каменос на неговиот официјален Твитер профил, веднаш по говорот на Алексис Ципрас во грчкиот Парламент. Како што претходно објави МИА, грчкиот премиер истакна дека не се согласува со ставот на лидерот на Независни Грци во однос на прашањето за името, но и во однос на одлуката за повлекување од владата. -Му кажав и него ќе кажам и јавно. Сметам дека греши, мислам дека не постапува правилно.  Исто така не сметам дека опција како оваа беше неизбежна бидејќи овој избор ја став ги стави во опасност обидите на владата, објасни грчкиот премиер во парламентот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamenos-greshka-na-premierot-e-shto-go-poddrzuva-vekje-mrtviot-dogovor-od-prespa/feed/ 0
Независниот пратеник Фокас се приклучи во пратеничката група на Каменос https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nezavisniot-pratenik-fokas-se-prikluchi-vo-pratenichkata-grupa-na-kamenos/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nezavisniot-pratenik-fokas-se-prikluchi-vo-pratenichkata-grupa-na-kamenos/#respond Tue, 15 Jan 2019 08:35:33 +0000 https://kurir.mk/?p=152289

Пратеникот од Солун, Аристидис Фокас, кој во 2015 беше избран од Сојуз на централисти, а од септември минатата година е независен пратеник, утрово и се приклучи на пратеничката група на Независни Грци, јави дописничката на МИА од Атина. -Му посакуваме добредојде на пратеникот од Солун, Аристидис Фокас во пратеничката група на Независни Грци, напиша Каменос на неговиот официјален Твитер профил. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nezavisniot-pratenik-fokas-se-prikluchi-vo-pratenichkata-grupa-na-kamenos/feed/ 0
Каменос: Ќе направиме сѐ владата да не добие доверба и да го блокираме Договорот од Преспа https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamenos-kje-napravime-s-vladata-da-ne-dobie-doverba-i-da-go-blokirame-dogovorot-od-prespa/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamenos-kje-napravime-s-vladata-da-ne-dobie-doverba-i-da-go-blokirame-dogovorot-od-prespa/#respond Tue, 15 Jan 2019 08:11:50 +0000 https://kurir.mk/?p=152276

На сите начини, што уставно ми стојат на располагање, ќе се борам владата да не добие доверба, бидејќи тоа е поврзано со Договорот од Преспа и ќе направиме сѐ што можеме, во и вон Парламентот да го блокираме договорот, рече лидерот на Независни Грци, Панос Каменос во интервју за централното издание на вестите на грчката телевизија Стар, јави дописничката на МИА од Атина.  – Оваа влада бара гласање доверба за Договорот од Преспа, според тоа оваа влада нема доверба од нас. Дај Боже Ципрас да сменеше мислење, се потрудив многу околу тоа, објасни Каменос, кој рече дека тие ќе направат се и за да го блокираат Договорот од Преспа, а во недела ќе учествуваат на протестот закажан во Атина. Лидерот на Независни Грци упати отворен повик до претседателот на Нова демократија, да го прифати неговиот услов „да не постои никакво решение со терминот Македонија, да не се продаде името Македонија и да не се преговара за договор како оној од Преспа со терминот Македонија“, и во тој случај, Каменос заедно со Мицотакис ќе потпише иницијатива за гласање недоверба на владата „за да падне оваа влада и следната влада да го спаси името Македонија“. -Ние велиме никаква употреба на терминот Македонија и ова го вели мнозинството од грчкиот народ. Можеме сега да блокираме. Уште вечерва, Кирјакос Мицотакис како лидер на Нова демократија нека преземе одговорност и јас му ветувам дека утре наутро во Парламентот ќе ја потпишам иницијативата за гласање недоверба, порача Каменос, префрлајќи ја топката и упатувајќи обвинувања до опозициската Нова демократија. Говорејќи за двајцата пратеници од Независни Грци кои останаа на нивните министерски позиции и решија да ја поддржат владата рече дека тие го продале и го предале. Лидерот на Независни Грци рече дека со Ципрас, како коалициски партнери, немале никакви несогласувања, се додека не дошло конкретното прашање. -Два пати во овој случај, не си го задржа зборот. Првиот пат беше во однос на почетниот разговор да почне дијалог со Скопје за да видиме дали ќе има некое решение каде што се обврзаа и господинот Коѕијас и премиерот дека ќе биде по изборите, дека грчкиот народ ќе донесе одлука. Вториот пат беше кога рече дека одново ќе разговараме за тоа во март. Но, кон средината на декември јас сфатив дека се подготвуваше да дојде договорот, рече Каменос во интервјуто за ТВ Стар. МИА]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kamenos-kje-napravime-s-vladata-da-ne-dobie-doverba-i-da-go-blokirame-dogovorot-od-prespa/feed/ 0
Каменос преку Твитер го отстрани и Кокалис од пратеничката група на Независни Грци https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kamenos-preku-tviter-go-otstrani-i-kokalis-od-pratenichkata-grupa-na-nezavisni-grci/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kamenos-preku-tviter-go-otstrani-i-kokalis-od-pratenichkata-grupa-na-nezavisni-grci/#respond Mon, 14 Jan 2019 10:16:01 +0000 https://kurir.mk/?p=151970

По министерката за туризам, Елена Кундура и заменик министерот за земјоделство, Василис Кокалис е отстранет од пратеничката група на Независни Грци. Исто како и за Кундура, така и за Кокалис, лидерот на партијата, Панос Каменос реагираше преку неговиот официјален Твитер профил, јави дописничката на МИА од Атина. -Василис Кокалис иако се наоѓа во фаза на преговори од Кина за неговиот глас за националното прашање доволна е неговата намера за замена на позицијата за да биде отстранет од пратеничката група на Независни Грци, напиша Каменос на Твитер. Заменик министерот за земјоделство претходно, како што веќе објави МИА преку писмена изјава за медиумите, од Кина, каде што е дел од владината делегација, рече дека ќе ја поддржи Владата на Алексис Ципрас.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/kamenos-preku-tviter-go-otstrani-i-kokalis-od-pratenichkata-grupa-na-nezavisni-grci/feed/ 0