Паоло Џентилони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sun, 30 Jul 2023 07:21:09 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Паоло Џентилони – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Џентилони: Економскиот раст на Еврозоната годинава ќе биде помал од претходно прогнозираниот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dhentiloni-ekonomskiot-rast-na-evrozonata-godinava-ke-bide-pomal-od-prethodno-prognoziraniot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dhentiloni-ekonomskiot-rast-na-evrozonata-godinava-ke-bide-pomal-od-prethodno-prognoziraniot/#respond Sun, 30 Jul 2023 07:21:09 +0000 https://kurir.mk/?p=861590

По стагнацијата на почетокот на годината, растот во Еврозоната до крајот на 2023-та најверојатно ќе остане ограничен, поради што прогнозата за годишниот економскиот раст, што ќе биде објавена во септември, веројатно ќе биде помалку оптимистичка отколку јунските предвидувања, порача еврокомесарот за економија Паоло Џентилони. Во јуни Европската комисија предвиде раст на економијата во Еврозоната во 2023 година од 1,1 отсто, но според најавата на Џентилони, новите прогнози што треба да бидат објавени на 11 септември, веројатно ќе укажуваат на помал очекуван раст. Ваквиот намален оптимизам за економскиот раст се должи на зголемените трошоци за задолжување, падот на довербата на бизнисот и потрошувачите и големата инфлација, која и покрај намалувањето и натаму има висока стапка. Според аналитичарите, сето ова укажува дека граѓаните на ЕУ и претстојнава зима ќе се соочат со големи трошоци за живот, чиј раст започна со ковид пандемијата, а потоа продолжи и со руската инвазија врз Украина. Европската централна банка (ЕЦБ) во четвртокот ја зголеми основната камата на 3,75 отсто, што е највисока стапка од воведувањето на еврото во 1999 година, во обид да ја намали високата инфлација. Ваквата висока стапка се одрази и на каматите на банките, што претставува дополнителен трошок за граѓаните кои имаат кредити, но во исто време го пригушува и растот. Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард посочи дека е можно ова да биде последно зголемување на каматната стапка годинавата поради опасноста од рецесија, но дека не може да се каже ништо со сигурност пред следната средба на раководителите на централните банки во септември. Целта на растот на каматните стапи е да се стимулираат бизнисите и домаќинствата да штедат повеќе и да трошат помалку, што по правило го забавува економскиот раст. Високите камати постигнаа резултати во битката со инфлацијата која во јуни се намали на 5,5 проценти, што е речиси двојно помала стапка во споредба со онаа во октомври 2022 година, кога достигна рекордното ниво. Високите камати резултираа и со намалување на обемот на кредити подигнати од страна на деловините субјекти, чија вредност во вториот квартал годинава достигна историски најниско ниво, како и со пад на побарувачката на заеми од страна на домаќинствата. Во последниот квартал од 2022 година економијата на еврозоната забележа пад, а само благодарение на добрите статистички резултати на Ирска таквиот тренд беше ублажен во првото овогодишно тромесечие. Резултатите за економскиот раст во вториот квартал треба да бидат објавени утре и според аналитичарите, најверојатно нема да остават простор за преголемо задоволство. Клучниот показател за економското расположение во еврозоната, индексот на доверба на деловните субјекти и потрошувачите, во јули се намали за 0,8 индексни поени на 94,5. Падот најмногу се должи на намалувањето на индексот на доверба во Франција за 2,3 индексни поени и во Германија за 2,1 поени. Меѓународниот монетарен фонд неделава ја ревидираше својата прогноза за годишниот глобалниот раст во надолна линија, додека за еврозоната предвиде раст од 0,9 проценти. Од друга страна, Институтот за светска економија од Кил предвиде дека Германија, најмоќната економија во ЕУ и еврозоната, годинава ќе ја заврши во блага рецесија, со пад на производството од 0,3 отсто. Ваквата состојба на германската економија несомнено ќе има негативни ефекти врз побарувачката во Европа. Сепак, и покрај двете последователни стапки на негативен квартален економски раст, што технички ја воведе Евозоната во рецесија, таа сепак беше помала од стравувањата, главно благодарение на пакетите за фискални стимулации и помошта од фондовите на ЕУ кои ги одржуваа високите нивоа на побарувачка и вработеност. Економистот во „Голдман Сакс“, Филипо Тадеи оцени дека и покрај надолните ревизии на прогнозите за економскиот раст за 2023-та, Еврозоната сепак ќе ја заврши годината со „низок раст, но не и во рецесија“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dhentiloni-ekonomskiot-rast-na-evrozonata-godinava-ke-bide-pomal-od-prethodno-prognoziraniot/feed/ 0
Џентилони: Пропаѓањето на СВБ не е директна закана за европските банки https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dhentiloni-propaganeto-na-svb-ne-e-direktna-zakana-za-evropskite-banki/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dhentiloni-propaganeto-na-svb-ne-e-direktna-zakana-za-evropskite-banki/#respond Mon, 13 Mar 2023 16:53:52 +0000 https://kurir.mk/?p=811487

Колапсот на американската банка во Силиконската долина -СВБ (SVB) не претставува директна закана за европскиот банкарски сектор, но неговите индиректни последици треба да се следат, предупреди денеска еврокомесарот за економија Паоло Џентилони. -Мораме да ги следиме можните индиректни последици, но во овој момент мислиме дека тие не претставуваат значителен ризик, рече Џентилони. Европската централна банка (ЕЦБ) будно ја следи ситуацијата, а сите европски банки преземаат соодветни мерки за отстранување на ризикот од слично сценарио, нагласи еврокомесарот. Влијанието врз вредноста на акциите на европскиот банкарски сектор беше очекувано, но проценката на ризикот од домино ефектот е друга работа, нагласи тој. -Мислам дека во моментов нема реална опасност од ширење на негативни последици во Европа, рече еврокомесарот. Американската корпорација за осигурување на депозити ФДИЦ (FDIC) во петокот соопшти дека ја купила СВБ, чие седиште е во Силиконската долина. Банка специјализирана за финансирање стартапи пропадна бидејќи не успеа да ги добие парите изгубени од портфолиото на обврзници со итна докапитализација. ДПА јави дека министрите за финансии од еврозоната денеска се собраа во Брисел на редовна средба, на која ќе ја анализираат состојбата на економијата и ќе разговараат за буџетската политика.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/dhentiloni-propaganeto-na-svb-ne-e-direktna-zakana-za-evropskite-banki/feed/ 0
Ќе има летна туристичка сезона во Европа https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kje-ima-letna-turistichka-sezona-vo-evropa/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kje-ima-letna-turistichka-sezona-vo-evropa/#respond Wed, 13 May 2020 08:47:06 +0000 https://kurir.mk/?p=345258

Европскиот комесар за економија Паоло Џентилони е убеден дека годинава, и покрај пандемијата на коронавирусот, ќе има летна туристичка сезона во Европа. Тој во интервју за германскиот „Зидојче Цајтунг“ изјави дека дефинитивно ќе има туристички сезони во текот на летото, но под одредени мерки и со ограничувања. Европската комисија денеска треба да презентира препораки за постепено укинување на граничните контроли воведени за време на борбата против коронавирусот. Ограничувањата прво треба да се укинат во оние земји каде има добар напредок во однос на бројот на пациенти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/kje-ima-letna-turistichka-sezona-vo-evropa/feed/ 0
Планот за опоравување на ЕУ ќе биде подготвен во втората половина од 2020 https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/planot-za-oporavuvanje-na-eu-kje-bide-podgotven-vo-vtorata-polovina-od-2020/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/planot-za-oporavuvanje-na-eu-kje-bide-podgotven-vo-vtorata-polovina-od-2020/#respond Thu, 30 Apr 2020 05:15:44 +0000 https://kurir.mk/?p=339653

Планот за опоравување на Европа од кризата предизвикана од Ковид-19 треба да биде подготвен да стапи на сила во втората половина од годинава, нагласи еврокомесарот за економија Паоло Џентилони. Џетилони, поранешен шеф на италијанската дипломатија, во интервју за францускиот весник „Лес Ехос“ рече дека планот за опоравување, за кој лидерите на ЕУ се уште анализираат, би била комбинација на грантови и заеми за најтешко погодените земји. „Според мое мислење, таа стратегија за обновување треба да се почне во втората половина на оваа година, а не во декември. Тоа е итно“, рече Динтилони. Европскиот комесар за економија истакна дека не не може да се чека една година за спроведување на таа стратегија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/planot-za-oporavuvanje-na-eu-kje-bide-podgotven-vo-vtorata-polovina-od-2020/feed/ 0