папа Бенедикт Шеснаесетти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 27 Jan 2023 14:38:20 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png папа Бенедикт Шеснаесетти – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Несоница довела до оставката на папата Бенедикт во 2013 година https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nesonitsa-dovela-do-ostavkata-na-papata-benedikt-vo-2013-godina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nesonitsa-dovela-do-ostavkata-na-papata-benedikt-vo-2013-godina/#respond Fri, 27 Jan 2023 14:38:20 +0000 https://kurir.mk/?p=792913

Починатиот папа Бенедикт како главна причина за оставката ја наведе несоницата, се наведува во неговото писмо, чија содржина денеска ја пренесоа германските медиуми. Од почетокот на неговиот понтификат, Бенедикт речиси „постојано“ го мачела несоница, се наведува во писмото напишано неколку недели пред неговата смрт. Во писмото до неговиот биограф Петер Зевалд, до кое дојде германското списание „Фокус“, Бенедикт вели дека „јаките“ таблети што ги препишал неговиот лекар му овозможиле да ги исполни своите должности на папа. Тие лекови, меѓутоа, „дојдоа до своите граници“, наведува тој во писмото од 28 октомври минатата година. Несреќата за време на посетата на Мексико и Куба во март 2012 година ја забрза неговата одлука да се повлече. На првото утро од тоа патување, Бенедикт го нашол своето марамче „целосно натопено во крв“. „Веројатно удрив во нешто во бањата и паднав“, напишал Бенедикт во писмото. По тој инцидент, лекарот побарал намалена употреба на апчиња за спиење и инсистирал Бенедикт на идните патувања да учествува само во утринските настани. Набрзо меѓутоа на папата му станало јасно дека ќе може да ги почитува овие медицински ограничувања само „кратко време“, што го натерало во 2013 година да објави дека се повлекува од должноста. Бенедикт Шеснаесетти, роден како Џозеф Рацингер, го шокираше светот со својата објава дека станал првиот папа по речиси шестотини години кој се откажа од своите должности. Самиот си ја одреди титулата „почесен папа“ и продолжи да живее во Ватикан, со неговиот наследник Франциск. Почина на Нова Година 2022/23 година, ослабен од болеста.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/nesonitsa-dovela-do-ostavkata-na-papata-benedikt-vo-2013-godina/feed/ 0
Денеска ќе биде погребан поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deneska-kje-bide-pogreban-poraneshniot-papa-benedikt-shesnaesetti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deneska-kje-bide-pogreban-poraneshniot-papa-benedikt-shesnaesetti/#respond Thu, 05 Jan 2023 08:12:04 +0000 https://kurir.mk/?p=783898

Десетици илјади верници и достоинственици се очекува да присуствуват денеска во Ватикан на погребот на упокоениот папа Бенедикт Шеснаесетти. Церемонијата ќе ја води актуелниот папа Франциск. Според најавите, самата церемонијата ќе биде свечена, но скромна, како што би сакал Бенедикт Шеснаесетти. Најавено е присуство на голем број државници, шефови на држави, премиери, министри. Италија ќе биде претставена од претседателот Серџо Матарела, Германија од претседателот Франк-Валтер Штајнмаер и канцеларот Олаф Шолц, а Франција од министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен. На церемонијата ќе присуствуваат и кралот на Белгија – Филип, претседателите на Полска и на Того, поранешната шпанска кралица Софија. На погребот ќе присуствува и Делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија МПЦ – ОА. Делегацијата, како што информираа од МПЦ-ОА за МИА, е составена од митрополитот Тетовско-гостиварски епископот Јосиф и од професорот на Богословскиот факултет, ѓакон Стефан Гоговски. Префектурата Рим очекува денеска во Ватикан да дојдат сто илјади луѓе. Во трите дена колку што беа изложени посмртните останки, од поранешниот папа се простија околу 200 илјади верници. Церемонијата на погребот ќе започне во 8:50 часот по локално време. Ковчегот со смртните останки на Бенедикт Шеснаесетти ќе биде изнесен на плоштадот „Свети Петар“, каде ќе се служи миса на која ќе учествуваат повеќе од четири илјади кардинали, бискупи и свештеници. Литургијата ќе биде отслужена според латински ритуал, но на повеќе јазици. Според традицијата, Бенедикт Шеснаесетти ќе биде погребан во три ковчези. Неговото тело е положено во ковчег од дрво од чемпрес, во кој има монети исковани за време на неговото папство, потоа неговиот палиум (литургиска облека) и метален цилиндар со текст со детали за годините кога тој беше на чело на Римокатоличката црква. Тој ковчег од чемпрес потоа ќе биде ставен во поголем ковчег од цинк, кој пак ќе биде сместен во уште поголем дрвен ковчег. Бенедикт Шеснаесетти ќе биде погребан во криптата на базиликата „Свети Петар” на местото каде некогаш бил погребан папата Јован Павле Втори. Тоа место беше испразнето откако посмртните останки на Јован Павле Втори беа преместени во капелата во базиликата. За обредот папите да се погребуваат во три ковчези, теологот Бери Етериџ од Универзитетот во Кент вели дека првиот ковчег од чемпрес симболизира дека папата е обичен смртник, како и сите други. Вториот ковчег, кој обично е или цинк или олово, симболизира долготрајност. На него е поставен едноставен крст и плоча со името на папата и времетраењето на неговиот понтификат. Третиот дрвен ковчег обично се прави или од костен или од брест и го симболизира папското достоинство. Окован е со шајки и клинови од чисто злато. Предвидено е погребот да го следат повеќе од илјада новинари од 30 земји. За безбедноста се мобилизирани илјада полицајци, на кои ќе им помагаат волонтери од италијанската цивилна одбрана. Во Германија епископската конференција ги повика црквите во земјата да ѕвонат во 10 часот по Гринич во спомен на Џозеф Рацингер (како што беше световното име на папата Бенедикт XVI). Денеска знамињата во Италија се на половина копје, а во Португалија е прогласен ден на национална жалост.

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/deneska-kje-bide-pogreban-poraneshniot-papa-benedikt-shesnaesetti/feed/ 0
Делегација на МПЦ-ОА на погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegacija-na-mpc-oa-na-pogrebot-na-papata-benedikt-shesnaesetti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegacija-na-mpc-oa-na-pogrebot-na-papata-benedikt-shesnaesetti/#respond Wed, 04 Jan 2023 10:14:20 +0000 https://kurir.mk/?p=783718

Делегација на Македонската православна црква – Охридска архиепископија МПЦ – ОА ќе присуствува утре на погребот на папата Бенедикт Шеснаесетти на плоштадот Свети Петар во Ватикан. Како што информираат за МИА од МПЦ-ОА, делегацијата е составена од митрополитот Тетовско-гостиварски епископот Јосиф, придружуван од професорот на Богословскиот факултет, ѓакон Стефан Гоговски. Претставници од повеќе христијански цркви најавија дека ќе имаат официјални претставници на литургијата за почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти, кој почина на 31 декември на 95-годишна возраст. Илјадници луѓе денеска се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан, неколку часа пред зори, за да му оддадат почит на папа Бенедикт Шеснаесетти. Најмалку 25.000 луѓе се очекува да му оддадат почит на поранешниот папа, чие тело e изложено во отворен ковчег во базиликата Свети Петар во следните три дена, почнувајќи од денеска.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/delegacija-na-mpc-oa-na-pogrebot-na-papata-benedikt-shesnaesetti/feed/ 0
Почна оддавањето почит на папата Бенедикт, илјадници луѓе во Ватикан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochna-oddavanjeto-pochit-na-papata-benedikt-iljadnici-lugje-vo-vatikan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochna-oddavanjeto-pochit-na-papata-benedikt-iljadnici-lugje-vo-vatikan/#respond Mon, 02 Jan 2023 09:34:58 +0000 https://kurir.mk/?p=783150

Илјадници луѓе денеска се собраа на плоштадот Свети Петар во Ватикан, неколку часа пред зори, за да му оддадат почит на почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти, кој почина во саботата. Најмалку 25.000 луѓе се очекува да му оддадат почит на поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти, чие тело e изложено во отворен ковчег во базиликата Свети Петар во следните три дена, почнувајќи од денеска. Вратите на базиликата денеска ќе бидат отворени за јавноста од 9 до 19 часот, a утре и задутре од 7 до 19 часот. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochna-oddavanjeto-pochit-na-papata-benedikt-iljadnici-lugje-vo-vatikan/feed/ 0