папа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 27 Jun 2023 14:14:10 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png папа – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Мировниот пратеник на папата Франциск ќе ја посети Москва https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mirovniot-pratenik-na-papata-frantsisk-ke-ja-poseti-moskva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mirovniot-pratenik-na-papata-frantsisk-ke-ja-poseti-moskva/#respond Tue, 27 Jun 2023 14:14:10 +0000 https://kurir.mk/?p=850149

Италијанскиот кардинал Матео Зупи, задолжен од папата Франциск, ќе предводи мировната мисија во обид да помогне да се стави крај на војната во Украина. Тој утре и в четврток ќе престојува во Москва. Целта на оваа иницијатива е да се поттикне чувството за хуманост што може да придонесе за решавање на актуелната трагична ситуација и да се изнајдат начини за постигнување праведен мир, се наведува во денешното соопштението на Ватикан. Но, не е објавено со кого Зупи ќе се сретне во Москва. Тој на 6 јуни оствари средби со верските поглавари и украинскиот претседател Володимир Зеленски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mirovniot-pratenik-na-papata-frantsisk-ke-ja-poseti-moskva/feed/ 0
Операцијата на папата заврши без компликации https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/operatsijata-na-papata-zavrshi-bez-komplikatsii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/operatsijata-na-papata-zavrshi-bez-komplikatsii/#respond Wed, 07 Jun 2023 18:17:58 +0000 https://kurir.mk/?p=843348

Операцијата на папата Франциск, извршена под општа анестезија, заврши без компликации, соопшти денеска Ватикан. - Интервенцијата е завршена, се одвиваше без компликации и траеше три часа, соопшти прес-службата на Светата столица. Поради хируршката интервенција, папата ќе остане во болница неколку дена. Претходно беше соопштено дека како мерка на претпазливост, должностите на папата се откажани до 18 јуни, со цел 86-годишниот папа да има време да закрепне. Направена е операција на кила во абдоминалниот ѕид. Операции на кила ретко се изведуваат по итна постапка, но се чини дека оваа процедура била доста итна бидејќи била закажана само еден ден откако папата отишол во болница на прегледи. Неговите лекари веројатно сакале да му дадат повеќе време да закрепне пред полниот распоред на патувања ова лето. Папата страдал од болна и влошена хернија која се формирала над претходна лузна, за која се верува дека е од неговата операција на дебелото црево во 2021 година. Експертите велат дека формирањето на хернија е позната компликација по операција на цревата. Папата вчера отиде во болницата Џемели на претходно ненајавени контроли, се врати во Ватикан и утрово одржа аудиенција, а потоа веднаш се врати во болница за хируршка процедура. Според црковниот закон, папата останува поглавар на Ватикан и на Католичката црква со 1,3 милијарди следбеници дури и кога е без свест во болница. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/operatsijata-na-papata-zavrshi-bez-komplikatsii/feed/ 0
Папата Франциск одбележува 10 години на чело на Римокатоличката црква https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-odbelezhuva-10-godini-na-chelo-na-rimokatolichkata-tsrkva/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-odbelezhuva-10-godini-na-chelo-na-rimokatolichkata-tsrkva/#respond Mon, 13 Mar 2023 10:18:02 +0000 https://kurir.mk/?p=811250

Папата Франциск денеска одбележува 10 години на чело на Римокатоличката црква со миса со кардинали во капелата Санта Марта во Ватикан. Роден во Аргентина, Франциск, кој има 86 години, стана првиот латиноамерикански понтиф на 13 март 2013 година, наследувајќи го Бенедикт Шеснаесетти, првиот папа во шест века што се повлече од светата столица. - Се чини како да беше вчера. Времето лета, рече Светиот Отец во подкаст објавен денеска на веб-страницата „Ватикан њуз“. Поранешниот кардинал Хорхе Марио Берголио се обидува да остане скромен и покрај свечената улога што ја извршува и никогаш не се населил во папските станови во Апостолската палата што ги користеле неговите претходници. Тој изјави дека претпочита да живее меѓу луѓето заради своето „ментално здравје“. Папата ги покани сите кардинали кои се во Рим да присуствуваат на денешната миса. Постојаното заболување на коленото го принуди Франциск повремено да се движи со бастун и инвалидска количка, но се чини дека е во добра здравствена состојба, коментираат светските агенции. - Со црквата не владее коленото, туку главата, му рекол тој на својот помошник откако минатиот мај првпат почнал повремено да користи инвалидска количка во јавност. Франциск јасно стави до знаење дека би бил подготвен да се повлече доколку сериозни здравствени проблеми го спречат да управува со 1,38 милијарди членови на Римокатоличката црква. Но, тој исто така рече дека мисли оти папите треба да се обидуваат да владеат доживотно и дека таканаречениот почесен папа, како што е покојниот Бенедикт Шеснаесетти, „не треба да стане мода“. Бенедикт поднесе оставка поради здравствени причини, живеејќи уште речиси 10 години. Со 10 години како понтиф, Франциск веќе е на тронот на Свети Петар подолго од просекот. Претходните 265 папи биле на чело на Римокатоличката црква во просек 7,5 години. Тој посети 60 земји и територии, патувајќи речиси 410.000 километри. Се верува дека најдолгиот понтификат е на апостол Свети Петар, првиот папа, за кој се верува дека траел околу 35 години. Најдолгото папство во последните векови било она на Пие IX – 32 години, помеѓу 1846 и 1878 година. Потоа е понтификатот на Јопван Павле втори – повеќе од 26 години меѓу 1978 и 2005 година. Се верува дека најкраткото папство е на Урбан VII, кое траело 13 дена во 1590 година.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-odbelezhuva-10-godini-na-chelo-na-rimokatolichkata-tsrkva/feed/ 0
ВИДЕО: Одржана погребната церемонија на Бенедикт Шеснаесетти пред базиликата „Свети Петар“ во Ватикан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-odrzana-pogrebnata-ceremonija-na-benedikt-shesnaesetti-pred-bazilikata-sveti-petar-vo-vatikan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-odrzana-pogrebnata-ceremonija-na-benedikt-shesnaesetti-pred-bazilikata-sveti-petar-vo-vatikan/#respond Thu, 05 Jan 2023 10:19:48 +0000 https://kurir.mk/?p=783952

Со изнесувањето на ковчегот со посмртните останки на Бенедикт Шеснаесетти на плоштадот „Свети Петар“ пред истоимената базилика во Ватикан денеска започна погребната церемонија на поранешниот поглавар на Римокатоличката црква. Огромна толпа верници и великодостојници, јавни личности и обични луѓе со аплауз го пречекаа ковчегот пред базиликата. Меѓу официјалните гости присутни се претседателите на Италија, Германија, Полска и на Того, канцеларот на Германија, кралот на Белгија, францускиот министер за внатрешни работи, поранешната шпанска кралица Софија. Заврши двочасовната литургија за починатиот папа, предводена од папата Франциск, во сослужение на бројни кардинали, бискупи и свештеници. Луѓето почнаа да се собираат на плоштадот пред базиликата уште во текот на ноќта. Меѓу нив имаше и следбеници на Бенедикт Шеснаесетти кои потекнуваат од неговата родна Баварија, облечени во традиционална баварска облека. Некои од нив држеа плакати на кои на германски пишува „Благодарам Бенедикт“. Погребната церемонија ја следеа илјада новинари од целиот свет. Светата столица го објави и текстот што го сумира понтификатот на Бенедикт Шеснаесетти, што во метален цилиндар ќе биде ставен во неговиот ковчег. Во текстот меѓу другото се наведува дека поранешниот папа „одлучно се борел против злосторствата што претставниците на свештенството ги направиле против малолетници и луѓе на кои им била потребна заштита, како и оти постојано ја повикувал црквата на промени, на молитви, на покајание и прочистување“, јави ДПА. За време на понтификатот на Бенедикт Шеснаесетти и низ годините откако тој се повлече, имаше бројни обвинувања дека не направил доволно за да ја исчисти црквата од погрешните лица, откако се појавија докази за злоупотреби во осумте години додека тој беше на чело на Римокатоличката црква.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/video-odrzana-pogrebnata-ceremonija-na-benedikt-shesnaesetti-pred-bazilikata-sveti-petar-vo-vatikan/feed/ 0
Почина поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-poraneshniot-papa-benedikt-shesnaesetti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-poraneshniot-papa-benedikt-shesnaesetti/#respond Sat, 31 Dec 2022 10:15:53 +0000 https://kurir.mk/?p=782692

Поранешниот папа Бенедикт Шеснаесетти почина во својата резиденција во Ватикан, на 95-годишна возраст, речиси една деценија откако се повлече поради нарушено здравје. Тој ја водеше Католичката црква помалку од осум години и во 2013 година стана првиот папа што поднесе оставка по Григориј Дванаесетти во 1415 година. Бенедикт ги помина своите последни години во манастирот Mater Ecclesiae внатре во Ватикан. – Со тага ве известуваме дека почесниот папа Бенедикт Шеснаесетти почина денеска во 9:34 часот во манастирот Mater Ecclesiae во Ватикан, се вели во соопштението на Ватикан. Иако поранешниот папа беше болен подолго време, Светата столица соопшти дека неговата состојба се влошила поради староста. Во средата, папата Франциск на неговата последна аудиенција за годинава во Ватикан повика на „посебна молитва за почесниот папа Бенедикт“, за кој рече дека е многу болен.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pochina-poraneshniot-papa-benedikt-shesnaesetti/feed/ 0
Папата упати нов повик за мир во Украина за време на Божиќ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-upati-nov-povik-za-mir-vo-ukraina-za-vreme-na-bozikj/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-upati-nov-povik-za-mir-vo-ukraina-za-vreme-na-bozikj/#respond Mon, 26 Dec 2022 16:52:08 +0000 https://kurir.mk/?p=780768

Папата Франциск го повтори својот повик за мир во Украина во неговото трето обраќање за Божиќ денеска во Рим. – Ја обновувам мојата желба за мир: мир во семејствата, мир во парохиите и верските заедници, мир во движењата и здруженијата, мир за оние народи разурнати од војна, мир за милата и маченичка Украина, рече Франциск во обраќањето до верниците на плоштадот Свети Петар. Поглаварот на римокатоличката црква упати слични повици за време на Божиќната миса во Свети Петар и во говорот на традиционалниот благослов Urbi et Orbi на Божиќ. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-upati-nov-povik-za-mir-vo-ukraina-za-vreme-na-bozikj/feed/ 0
Папата Франциск нема да присуствува на погребот на кралицата Елизабета https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-nema-da-prisustvuva-na-pogrebot-na-kralicata-elizabeta/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-nema-da-prisustvuva-na-pogrebot-na-kralicata-elizabeta/#respond Sun, 18 Sep 2022 09:50:05 +0000 https://kurir.mk/?p=734360

Папата Франциск нема да присуствува на погребот на кралицата Елизабета Втора во понеделник, соопшти Ватикан. Од Рим соопштија дека Римокатоличката црква ќе испрати висок функционер кој работи како претставник на Ватикан за надворешни работи, објави „Индепендент“. „Пречесниот Пол Галагер, секретар за односи со странски држави и меѓународни организации, ќе биде претставник на папата Франциск на погребот на нејзиното височество кралицата Елизабета Втора“ – соопшти Ватикан. На почетокот на оваа недела, Франциск испрати телеграма со сочувство до новиот британски крал, Чарлс III. Кралицата и папата се сретнаа во Италија во 2014 година. Папата Франциск во четвртокот ја заврши тридневната посета на Казахстан, каде што учествуваше на 7. Конгрес на светските и верските лидери.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-nema-da-prisustvuva-na-pogrebot-na-kralicata-elizabeta/feed/ 0
Можно е папата Франциск да ја посети Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mozno-e-papata-francisk-da-ja-poseti-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mozno-e-papata-francisk-da-ja-poseti-ukraina/#respond Sat, 04 Jun 2022 20:06:56 +0000 https://kurir.mk/?p=686699

Папата Франциско денеска изјави дека ја разгледува можноста набрзо да ја посети Украина. – Не е лесно да се донесе одлука што може да му нанесе повеќе штета отколку корист на остатокот од светот. Морам да го најдам вистинскиот момент да го направам тоа, истакна папата Франциско. Тој додаде дека следната недела ќе има средба со претставници на украинската Влада во Ватикан и оти со нив ќе разговара за евентуална посета на Украина. Војната во Украина го принуди Ватикан на деликатна дипломатска акција. Ватикан понуди да посредува во конфликтот, а папата Франциско неколку пати имплицитно го критикуваше рускиот претседател Владимир Путин поради инвазијата, но не го именуваше. Тој исто така употреби термини како „неоправдана агресија“ и „инвазија“ и изрази жалење за ужасите врз цивилите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/mozno-e-papata-francisk-da-ja-poseti-ukraina/feed/ 0
Папата ја предводеше светската молитва за мир во Украина и другите со војна погодени држави https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-ja-predvodeshe-svetskata-molitva-za-mir-vo-ukraina-i-drugite-so-vojna-pogodeni-drzavi/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-ja-predvodeshe-svetskata-molitva-za-mir-vo-ukraina-i-drugite-so-vojna-pogodeni-drzavi/#respond Wed, 01 Jun 2022 06:02:05 +0000 https://kurir.mk/?p=684605

Папата Франциск вчера ја предводеше меѓународната молитва за мир во Украина и другите делови на светот зафатени од војна, седејќи во инвалидска количка пред споменикот што Римјани традиционално го поврзуваат со мирот. Папата ја посети базиликата Санта Марија Маџоре во Рим и се помоли пред статуата на Марија Кралицата на мирот. Папата Бенедикт XV го нарачал овој споменик во 1918 година, барајќи од Бога да стави крај на Првата светска војна. Верниците во Украина, Ирак, Сирија и на други места ја следеа церемонијата преку видео врска, а католиците ширум светот се молеа во исто време. На мисата во Рим во живо присуствуваа околу илјада луѓе, меѓу кои и украинскиот амбасадор во Ватикан и многумина кои дојдоа облечени во боите на украинското знаме. Пред молитвата со бројаницата, папата Франциск побара од пресвета Богородица „да ги помири срцата полни со насилство и одмазда“. Светиот отец, кој постојано повикува на мир во Украина, страда од болки во колената и во последните недели се движи со инвалидска количка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-ja-predvodeshe-svetskata-molitva-za-mir-vo-ukraina-i-drugite-so-vojna-pogodeni-drzavi/feed/ 0
Кличко го покани папата да го посети Киев https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-go-pokani-papata-da-go-poseti-kiev/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-go-pokani-papata-da-go-poseti-kiev/#respond Tue, 15 Mar 2022 16:39:48 +0000 https://kurir.mk/?p=647727

Градоначалникот на Киев го покани папата Франциско во главниот град на Украина за да „го покаже своето сочувство“, но Ватикан денеска не соопшти дали понтифот ја прифатил поканата. -Присуството на верскиот водач лично во Киев е клучно за спасување животи и трасирање на патот кон мирот во нашиот град, држава и пошироко, се вели во писмото од 8 март потпишано од Виталиј Кличко. Писмото денеска е обелоденето во медиумите. Кличко, исто така, вели дека ако патувањето до Киев не е возможно, „љубезно бараме заедничка видео конференција, да се снима или да се емитува во живо. Ќе се направат напори да се вклучи претседателот Зеленски во тој повик“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klichko-go-pokani-papata-da-go-poseti-kiev/feed/ 0