папата франциск – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 03 Oct 2023 05:51:11 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png папата франциск – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Промоција на книга од папата Франциск на македонски јазик https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promotsija-na-kniga-od-papata-frantsisk-na-makedonski-jazik/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promotsija-na-kniga-od-papata-frantsisk-na-makedonski-jazik/#respond Tue, 03 Oct 2023 05:43:36 +0000 https://kurir.mk/?p=884424

Во организација на Комисијата за односи со верските заедници денеска во Скопје ќе биде промовирана книгата „Слава Тебе“ (Лаудато Си) енциклика на папата Франциск на македонски јазик. Издавач на книгата на папата Франциск е македонската Комисија за односи со верските заедници по ексклузивно одобрение од ватиканскиот Дикастер за комуникации. Книгата е посветена на грижата за животната средина, како и на неопходната здружена акција од сите совесни за спас на нашиот заеднички дом. Во светската јавност се смета за темелно и современо четиво или за вистински отрезнувачки повик од римскиот понтиф до светската јавност. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/promotsija-na-kniga-od-papata-frantsisk-na-makedonski-jazik/feed/ 0
Папата Франциск во Лисабон повика да се слуша „болниот плач на жртвите“ од педофилија во црквата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-vo-lisabon-povika-da-se-slusha-bolniot-plach-na-zhrtvite-od-pedofilija-vo-tsrkvata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-vo-lisabon-povika-da-se-slusha-bolniot-plach-na-zhrtvite-od-pedofilija-vo-tsrkvata/#respond Thu, 03 Aug 2023 06:03:56 +0000 https://kurir.mk/?p=862772

Папата Франциск го повика португалското свештенство да го „прифатат и слушнат болниот крик на жртвите“ на сексуалното злоставување во црквата, на првиот ден од неговата посета на Лисабон и шест месеци по објавувањето на извештајот што ја згрози земјата. „Разочарувањето и гневот што некои го чувствуваат кон Црквата понекогаш е поради нашето лошо сведочење и скандалите што го оцрнија нејзиното лице“, рече папата Франциск, обраќајќи се пред свештениците, ѓаконите и епископите собрани во манастирот Јеронимит. Според него, овие скандали „повикуваат на понизно и непрекинато чистење, поаѓајќи од болниот крик на жртвите кои секогаш треба да бидат прифатени и слушнати“. Извештајот нарачан од Португалската бискупска конференција и изготвен од комисија од независни експерти во февруари покажа дека најмалку 4.815 малолетници биле жртви на сексуална злоупотреба во црковните средини од 1950 година. Црковното раководство „систематски“ го прикрило злоставувањето, заклучиле откако собрале повеќе од 500 изјави на сведоци во земја каде што 80 отсто од 10-те милиони жители се сметаат за католици. Црковната хиерархија побара прошка од жртвите и призна дека е неопходно да се „промени црковната култура“, а во едно истражување 68 отсто од испитаниците изјавиле дека е нарушен угледот на Црквата. Во пресрет на пристигнувањето на папата во Лисабон, група за помош на жртвите постави три големи билборди во градот со порака дека „Католичката црква во Португалија злоставувала повеќе од 4.800 деца“. Според португалската бискупска конференција, папата Франциск треба приватно да се сретне со жртвите на злоупотреба на свештениците, но овие состаноци не се дел од официјалната програма. Залагајќи се за „нулта толеранција“ кон сексуалното злоставување, Папата неколку пати се сретна со жртвите и формираше советодавна Комисија за заштита на малолетниците.  (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-vo-lisabon-povika-da-se-slusha-bolniot-plach-na-zhrtvite-od-pedofilija-vo-tsrkvata/feed/ 0
Папата Франциск со апел до Русија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-so-apel-do-rusija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-so-apel-do-rusija/#respond Sun, 30 Jul 2023 11:47:00 +0000 https://kurir.mk/?p=861690

Папата Франциск денеска ја повика Русија да го оживее Црноморскиот договор за жито, кој и овозможи на Украина да извезува жито од своите поморски пристаништа и покрај војната. - Апелирам до моите браќа, функционерите на Руската Федерација, да продолжи црноморската иницијатива и безбедно да се транспортира житото, рече папата Франциск за време на неделната молитва. Русија не го продолжи Црноморскиот договор за жито, по неговото истекување на 17 јули бидејќи, како што тврди Кремљ, делот што се однесува на Русија не е спроведен. Москва долго време се жали дека и понатаму има пречки за нејзиниот извоз на жито и ѓубрива. Потпишан во јули 2022 година во Истанбул, договорот со посредство на Турција и ОН веќе двапати беше обновен. Договорот овозможи 33 милиони тони жито да се извезат преку украинските пристаништа минатата година и покрај конфликтот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-so-apel-do-rusija/feed/ 0
Папата Франциск до трансродово лице: Бог нѐ сака такви какви што сме https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-do-transrodovo-litse-bog-n-saka-takvi-kakvi-shto-sme/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-do-transrodovo-litse-bog-n-saka-takvi-kakvi-shto-sme/#respond Tue, 25 Jul 2023 15:06:12 +0000 https://kurir.mk/?p=859925

„Бог нѐ сака такви какви што сме“, рече папата Франциск, обраќајќи се на трансродово лице, објавија ватиканските медиуми. Неговите зборови беа кажани во подкаст во кој тој слушаше и одговараше на аудио пораки пред католичкиот младински фестивал во Португалија следната недела. Една од пораките дојде од Гиона, Италијанка, дваесетина години, која рече дека е растргната од „дихотомијата меѓу нејзината католичка вера и нејзиниот трансродов идентитет“. Папата одговори дека Господ е секогаш со нас, „дури и кога сме грешници, тој ни се приближува за да ни помогне“. „Господ нѐ сака такви какви што сме. Тоа е луда Божја љубов“, рекол папата Франциск. Католичката црква посочува дека членовите на ЛГБТ заедницата треба да се третираат со почит, сочувство и чувствителност и дека треба да се почитуваат нивните човекови права. Односот на црквата кон ЛГБТ заедницата, жените и католиците кои се развеле и повторно се венчале во црква ќе биде тема на светската средба на бискупите што треба да се одржи во октомври годинава и во 2024 година. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-do-transrodovo-litse-bog-n-saka-takvi-kakvi-shto-sme/feed/ 0
Пратеник на папата работи на „механизам“ за враќање на децата во Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenik-na-papata-raboti-na-mehanizam-za-vrakane-na-detsata-vo-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenik-na-papata-raboti-na-mehanizam-za-vrakane-na-detsata-vo-ukraina/#respond Tue, 04 Jul 2023 19:40:42 +0000 https://kurir.mk/?p=852720

Мировниот пратеник на папата Франциск за Украина, кардиналот Матео Зупи, денеска изјави дека работи на „механизам“ што би можел да обезбеди враќање во Украина на децата кои Русија наводно ги киднапирала. - Ќе видиме како да започнеме механизам за помош на децата, особено на оние на кои мора да им се даде можност да се вратат во Украина, рече Зупи. Тој додаде дека лично разговарал за ова прашање со папата. Италијанскиот кардинал минатата недела ја посети Москва, а претходно беше во главниот град на Украина. Ватикан соопшти дека неговите напори се насочени кон идентификување на хуманитарни иницијативи кои би можеле да го отворат патот кон мирот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pratenik-na-papata-raboti-na-mehanizam-za-vrakane-na-detsata-vo-ukraina/feed/ 0
Операцијата на папата заврши без компликации https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/operatsijata-na-papata-zavrshi-bez-komplikatsii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/operatsijata-na-papata-zavrshi-bez-komplikatsii/#respond Wed, 07 Jun 2023 18:17:58 +0000 https://kurir.mk/?p=843348

Операцијата на папата Франциск, извршена под општа анестезија, заврши без компликации, соопшти денеска Ватикан. - Интервенцијата е завршена, се одвиваше без компликации и траеше три часа, соопшти прес-службата на Светата столица. Поради хируршката интервенција, папата ќе остане во болница неколку дена. Претходно беше соопштено дека како мерка на претпазливост, должностите на папата се откажани до 18 јуни, со цел 86-годишниот папа да има време да закрепне. Направена е операција на кила во абдоминалниот ѕид. Операции на кила ретко се изведуваат по итна постапка, но се чини дека оваа процедура била доста итна бидејќи била закажана само еден ден откако папата отишол во болница на прегледи. Неговите лекари веројатно сакале да му дадат повеќе време да закрепне пред полниот распоред на патувања ова лето. Папата страдал од болна и влошена хернија која се формирала над претходна лузна, за која се верува дека е од неговата операција на дебелото црево во 2021 година. Експертите велат дека формирањето на хернија е позната компликација по операција на цревата. Папата вчера отиде во болницата Џемели на претходно ненајавени контроли, се врати во Ватикан и утрово одржа аудиенција, а потоа веднаш се врати во болница за хируршка процедура. Според црковниот закон, папата останува поглавар на Ватикан и на Католичката црква со 1,3 милијарди следбеници дури и кога е без свест во болница. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/operatsijata-na-papata-zavrshi-bez-komplikatsii/feed/ 0
Папата Франциск заминува на шестдневно патување во ДР Конго, Јужен Судан https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-zaminuva-na-shestdnevno-patuvane-vo-dr-kongo-juzhen-sudan/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-zaminuva-na-shestdnevno-patuvane-vo-dr-kongo-juzhen-sudan/#respond Tue, 31 Jan 2023 06:52:38 +0000 https://kurir.mk/?p=793976

Папата Франциск денеска ќе замине на своето прво меѓународно патување оваа година – шестдневна посета на Демократска Република Конго и Јужен Судан. Првата дестинација на римокатоличкиот понтиф е главниот град на Конго, Киншаса, каде што ќе остане до петок. Франциск потоа планира да замине за Џуба, главниот град на Јужен Судан, пред да се врати во Ватикан во недела. Посетата на папата на двете земји погодени од конфликти, насилство и природни катастрофи има за цел да донесе порака за мир и помирување. Како што пренесе ДПА, најважните моменти од патувањето се очекува да вклучуваат јавна миса во воената воздухопловна база во Киншаса утре, која се очекува да привлече еден милион верници, како и средби меѓу папата и жртвите на насилство, бегалците и внатрешно раселените лица. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-zaminuva-na-shestdnevno-patuvane-vo-dr-kongo-juzhen-sudan/feed/ 0
Папата Франциск ги повика христијаните да присуствуваат на заедничка молитва на плоштадот „Свети Петар“ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-gi-povika-hristijanite-da-prisustvuvaat-na-zaednichka-molitva-na-ploshtadot-sveti-petar/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-gi-povika-hristijanite-da-prisustvuvaat-na-zaednichka-molitva-na-ploshtadot-sveti-petar/#respond Sun, 15 Jan 2023 15:29:07 +0000 https://kurir.mk/?p=787564

Папата Франциск во денешното обраќање до верниците ги повика сите христијани да присуствуваат на заедничка молитва на плоштадот „Свети Петар“ во Ватикан, што ќе се одржи во септември. Екуменската молитва ќе се одржи на 30 септември, пренесуваат светските агенции. -Ги поканувам браќата и сестрите од сите христијански конфесии да учествуваат на овој собир на Божјите луѓе, рече папата Франциск. Тој нагласи дека Бог „со посветеност и трпение го води неговиот народ кон целосното соединување“ на христијанските верници. Овој месец, папата ќе одржи посебна миса во базиликата „Свети Петар“, во рамки на неделната молитва за единство на христијаните, која годинава ќе се одржи од 18 до 25 јануари. Екуменизмот претставува современо настојување околу помирување, соработка, зближување и единство на христијанските цркви, а неговите почетоци се поврзани со протестантските цркви во 19 век. Ватикан делумно се отвори за идејата за екуменизмот по Вториот ватикански собор, кој се одржа меѓу 1962 и 1965 година.  (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-frantsisk-gi-povika-hristijanite-da-prisustvuvaat-na-zaednichka-molitva-na-ploshtadot-sveti-petar/feed/ 0
Папата Франциск во новогодишната миса зборуваше за „верниот слуга“ Бенедикт Шеснаесетти https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-vo-novogodishnata-misa-zboruvashe-za-verniot-sluga-benedikt-shesnaesetti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-vo-novogodishnata-misa-zboruvashe-za-verniot-sluga-benedikt-shesnaesetti/#respond Sun, 01 Jan 2023 12:54:40 +0000 https://kurir.mk/?p=783023

Папата Франциск денеска повика на молитви за поранешниот поглавар на Католичката црква, Бенедикт Шеснаесетти, еден ден по неговата смрт. -Денеска и го доверуваме саканиот почесен папа Бенедикт Шеснаесетти на мајката Божја, да го придружува на неговото патување од овој свет до Бога, рече папата Франциск за време на денешната новогодишна миса во базиликата Свети Петар. -Сите се здружуваме заедно со едно срце и душа во благодарност кон Бога за дарот на овој верен слуга на Евангелието и на Црквата, рече тој. Поранешниот папа почина вчера наутро на 95-годишна возраст во манастирот Mater Ecclesiae во Ватиканските градини, каде што живееше по неговата оставка во 2013 година. Телото на германскиот теолог Џозеф Рацингер, како што е роденото име на Бенедикт, од утре ќе биде положено во базиликата Свети Петар за верниците да можат да му оддадат почит. Погребот е закажан за 5 јануари. (МИА)

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-vo-novogodishnata-misa-zboruvashe-za-verniot-sluga-benedikt-shesnaesetti/feed/ 0
Папата го спореди украинското страдање со нацистичка операција во Втората светска војна https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-go-sporedi-ukrainskoto-stradanje-so-nacistichka-operacija-vo-vtorata-svetska-vojna/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-go-sporedi-ukrainskoto-stradanje-so-nacistichka-operacija-vo-vtorata-svetska-vojna/#respond Wed, 07 Dec 2022 13:23:58 +0000 https://kurir.mk/?p=772287

Папата Франциск денеска ја спореди војната во Украина со нацистичката операција во која, во првиот дел од Втората светска војна, беа убиени околу два милиони луѓе, главно Евреи. Обраќајќи се на овонеделната општа аудиенција пред полските аџии, Франциск истакна дека Католичкиот универзитет во Лублин во Полска неодамна ја одбележа годишнината од операцијата Рајнхард. Тоа беше кодно име за тајна операција во делот на окупирана Полска што вклучуваше територијата што сега е на територијата на Украина. – Сеќавањето на овој страшен настан нека побуди кај сите намери и акции за постигнување мир, рече папата, посебно споменувајќи ја операцијата „истребување“. Потоа отстапи од напишаниот текст и додаде: „И така се повторува историјата. Денес гледаме што се случува во Украина“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-go-sporedi-ukrainskoto-stradanje-so-nacistichka-operacija-vo-vtorata-svetska-vojna/feed/ 0