Папата Франциско – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 19 Aug 2023 17:38:03 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Папата Франциско – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Папата повика на помали трошоци за воени цели https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-povika-na-pomali-troshotsi-za-voeni-tseli/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-povika-na-pomali-troshotsi-za-voeni-tseli/#respond Sat, 19 Aug 2023 17:31:57 +0000 https://kurir.mk/?p=868761

Папата Франциско денеска повика да се трошат помалку пари за воени цели за да има повеќе за хуманитарни цели. „Наша должност е да помогнеме да се искорени омразата и насилството од човечките срца“, објави Папата на платформата X, порано Твитер. „Да ги охрабриме луѓето да го положат оружјето, да ги намалат воените трошоци во корист на хуманитарните потреби и да ги направат инструментите на смртта инструменти на животот. Папата не ја стави најавата во некој конкретен контекст, но 19 август е Светски ден на хуманитарната помош на ОН.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-povika-na-pomali-troshotsi-za-voeni-tseli/feed/ 0
Папата увери дека Црквата работи на борбата против педофилијата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-uveri-deka-crkvata-raboti-na-borbata-protiv-pedofilijata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-uveri-deka-crkvata-raboti-na-borbata-protiv-pedofilijata/#respond Mon, 07 Nov 2022 07:43:14 +0000 https://kurir.mk/?p=756683

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциско изјави дека црквата работи на борба против педофилијата, но изрази жалење што некои во институцијата сè уште не го сфажаат тоа јасно. „За еден свештеник, (сексуалната) злоупотреба е како да се оди против природата на свештеникот и против својата социјална природа. Затоа тоа е трагична работа и не смееме да престанеме“ да се бориме против ова зло, изјави папата пред новинарите во авионот кој се враќаше од повеќедневна посета на Бахреин. Папата Франциск рече дека правиме најдобро што можеме, но додаде дека во Црквата има луѓе „кои тоа се уште не го разбираат“. – Тоа е тековен процес што го спроведуваме храбро, но не сите ја имаат таа храброст. Некои работи беа скриени, а пред скандалот во Бостон, свештениците беа префрлени во други парохии. Сега се е јасно и ние одиме напред по ова прашање, рече папата, алудирајќи на серијата скандали со педофилија во САД на почетокот на 21 век. Папата Франциск додаде дека волјата на Црквата е сè да се разјасни и додаде дека Црквата мора „да се срами од лошите работи и да му благодари на Бога за добрите работи што ги направила“.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-uveri-deka-crkvata-raboti-na-borbata-protiv-pedofilijata/feed/ 0
Четврта средба на папата Франциско со трансродови лица https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvrta-sredba-na-papata-francisko-so-transrodovi-lica/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvrta-sredba-na-papata-francisko-so-transrodovi-lica/#respond Thu, 11 Aug 2022 12:32:39 +0000 https://kurir.mk/?p=717108

Папата Франциско вчера се сретна со четвртата група трансродови лица, кои нашле засолниште во Римокатоличката црква, соопшти денеска Ватикан. Заедницата на Пресвета Безгрешна Богородица во населбата Торвајаница на периферијата на Рим ги отвори вратите за трансродовите луѓе за време на пандемијата со Ковид-19. Претходно, папата Франциско имаше средба со трансродовите лица на 27 април, 22 јуни и на 3 август. Некои членови на ЛБГТ заедницата го пофалија папата за неговата работа со нивната заедница, иако тој силно се спротивстави на „родовата теорија“ и не го промени учењето на црквата дека хомосексуалните чинови се „суштински растроени“. Минатата година папата дозволи објавување на документ од Ватикан во кој се тврди дека Католичката црква не може да благослови истополови заедници бидејќи „Бог не може да го благослови гревот“. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvrta-sredba-na-papata-francisko-so-transrodovi-lica/feed/ 0
Папата замина за Канада да го пренесе извинувањето на црквата до домородното население за злоставувањата на нивните деца во минатото https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-zamina-za-kanada-da-go-prenese-izvinuvanjeto-na-crkvata-do-domorodnoto-naselenie-za-zlostavuvanjata-na-nivnite-deca-vo-minatoto/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-zamina-za-kanada-da-go-prenese-izvinuvanjeto-na-crkvata-do-domorodnoto-naselenie-za-zlostavuvanjata-na-nivnite-deca-vo-minatoto/#respond Sun, 24 Jul 2022 10:36:34 +0000 https://kurir.mk/?p=709504

Поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска замина во посета на Канада каде се очекува повторно да побара прошка за улогата на црквата во злоупотребата на свештенството врз домородните деца во католичките интернати. Авионот на папата претпладнево полета од Рим, а 85-годишниот папа поради болки во десното колено до авионот повторно дошол со инвалидска количка, што до авионот била покрената со лифт. Папата Франциск, и покрај повредата на коленото, остана на одлуката летово да ја посети Канада за лично да се извини за злоупотребата на домородните деца во католичките училишта. Од 19-от век па се до 1970 година повеќе од 150.000 домородни деца во Канада биле принудени да посетуваат христијански училишта, што биле финансирани од државата. Целта била овие деца да се изолираат од влијанието на нивните семејства и културата, односно за нивна асимилација. Папата во април веќе се извини и побара прошка, изјавувајќи дека е засрамен и огорчен од тоа што домородните деца го доживеале од католичките просветни работници. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-zamina-za-kanada-da-go-prenese-izvinuvanjeto-na-crkvata-do-domorodnoto-naselenie-za-zlostavuvanjata-na-nivnite-deca-vo-minatoto/feed/ 0
Папата Франциск ги повика земјите да не ги враќаат мигрантите од Либија https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-gi-povika-zemjite-da-ne-gi-vrakjaat-migrantite-od-libija/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-gi-povika-zemjite-da-ne-gi-vrakjaat-migrantite-od-libija/#respond Sun, 24 Oct 2021 15:25:25 +0000 https://kurir.mk/?p=584667

Папата Франциск денеска ги повика државите да не ги враќаат мигрантите од небезбедните земји, како што е Либија, каде, според него, многу луѓе се злоупотребуваат и живеат во нехумани услови, слични на оние во концентрационите логори. Папата го упати овој апел за време на неговата традиционална неделна молитва во момент кога лидерите на Европската унија се обидуваат да ги надминат разликите во начинот на справување со приливот на мигранти, прашање кое ја зголеми поддршката за националистичките и популистичките групи во Унијата. – Треба да ставиме крај на враќањето на мигрантите во земји кои не се безбедни, рече папата, давајќи ги како пример „илјадници мигранти, бегалци и други луѓе на кои им е потребна заштита во Либија“. Поглаварот на Римокатоличката црква повика дека „мора да се даде приоритет на спасувањето на мигрантите на море, нивното организирано пристигнување на копно, алтернативите за нивно испраќање в затвор и договорените процедури за имиграција и добивање азил“. Тој побара од меѓународната заедница „да ги исполни своите ветувања“ и да најде трајни решенија за миграциските бранови. – Многу од овие мажи, жени и деца (во Либија) се предмет на нехумано насилство. Колку страдаат оние кои се вратени назад! Таму има вистински кампови. Никогаш не ве заборавам. Ги слушам вашите лелекања, истакна папата Франциск.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-gi-povika-zemjite-da-ne-gi-vrakjaat-migrantite-od-libija/feed/ 0
Папата Франциск предупреди дека маларијата не смее да се заборави поради коронавирусот https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-predupredi-deka-malarijata-ne-smee-da-se-zaboravi-poradi-koronavirusot/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-predupredi-deka-malarijata-ne-smee-da-se-zaboravi-poradi-koronavirusot/#respond Sun, 26 Apr 2020 14:14:30 +0000 https://kurir.mk/?p=337573

Папата Франциск денеска истакна дека поради пандемијата на коронавирусот, не сме да се заборави борбата против маларијата „која им се заканува на милијарди луѓе во многу земји“. – Во време кога се бориме против пандемијата на коронавирусот, не смееме да ја заборавиме ниту потребата за продолжување на ангажманот за спречување на ширењето на маларијата која им се заканува на милијарди луѓе во многу држави, рече папата после молитвата. Тој потсети дека вчера беше одбележан Меѓународниот ден на борба против маларијата и додаде дека во мислите е со „сите болни, оние кои се грижат за нив и со сите кои се трудат секој човек да има пристап до добри темелни здравствени услуги“. Според податоци на СЗО, во 2017 година во светот со маларија биле заразени околу 219 милиони луѓе, а од болеста починале 435.000. Повеќе од 90 отсто од жртвите се жители на Африка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisk-predupredi-deka-malarijata-ne-smee-da-se-zaboravi-poradi-koronavirusot/feed/ 0
Главниот телохранител на папата Франциск поднесе оставка поради истекување на информации https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/glavniot-telohranitel-na-papata-francisk-podnese-ostavka-poradi-istekuvanje-na-informacii/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/glavniot-telohranitel-na-papata-francisk-podnese-ostavka-poradi-istekuvanje-na-informacii/#respond Mon, 14 Oct 2019 16:36:15 +0000 https://kurir.mk/?p=251629

Долгогодишниот шеф на обезбедувањето во Ватикан и главниот телохранител на папата Франциск, Доменико Џани денеска поднесе оставка поради истекување на информации за истрагата за наводните финансиски малверзации. Оставката на 57-годишниот Џани, поранешен припадник на италијанската тајна служба, кој беше на функција во Ватикан од 2006 година, уследи по претресот без преседан, што неговите луѓе го извршија на 2 октомври во две клучни одделенија во Ватикан – Управата за финансиски информации и Државниот секретаријат. Оттогаш во Ватикан владее вознемиреност поради истекување на интерни полициски објави со фотографии на петмина службеници во Ватикан, вклучително и двајца вработени во Управата за финансиски информации и еден монсињор од Државниот секретаријат. Според неименувани извори во Ватикан, папата Франциск е лут поради што информацијата за таквата објава, која наликува на леток со „најбараните“ лица, се појави во јавноста. Полициската објава беше предадена на чуварите на капијата во Ватикан, со цел петтемина осомничени да не можат да влезат бидејќи „претходно беа суспендирани“. Папата Франциск нареди истрага за истекување на информациите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/glavniot-telohranitel-na-papata-francisk-podnese-ostavka-poradi-istekuvanje-na-informacii/feed/ 0
Папата Франциско: Мигрантите се луѓе, а не социјално прашање https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisko-migrantite-se-lugje-a-ne-socijalno-prashanje/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisko-migrantite-se-lugje-a-ne-socijalno-prashanje/#respond Mon, 08 Jul 2019 15:00:18 +0000 https://kurir.mk/?p=216512

Папата Франциско на денешната посебна миса се молеше за мигрантите, при што истакна дека тие се луѓе, а не социјално прашање. Тие се симбол на сите тие кои се отфрлени од денешното глобализирано општество, истакна папата на мисата во Базиликата Свети Петар, со која е одбележана шестата годишнина од неговата посета на италијанскиот остров Лампедуза. Францико беше папа само четири месеци кога го посети островот Лампедуза, што беше негова прва посета надвор од Рим. Островот Лампедуза се наоѓа на половина пат помеѓу Сицилија и северноафриканскиот брег и е една од главните точки за влез во Европа за мигрантите и бегалците кои ја користат медитерантската рута. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/papata-francisko-migrantite-se-lugje-a-ne-socijalno-prashanje/feed/ 0
Овие детали од животот на папата не сте ги знаеле до сега: Кој е човекот што денес е во посета на Македонија? https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-detali-od-zivotot-na-papata-ne-ste-gi-znaele-do-sega-koj-e-chovekot-shto-denes-e-vo-poseta-na-makedonija/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-detali-od-zivotot-na-papata-ne-ste-gi-znaele-do-sega-koj-e-chovekot-shto-denes-e-vo-poseta-na-makedonija/#respond Tue, 07 May 2019 08:05:12 +0000 https://kurir.mk/?p=194988

Езуитот од Аргентина, Хорхе Марио Бергољо, некогашен надбискуп во Буенос Аирес, е Папа на католичката Црква. Папата Франциско по многу работи се разликува од претходно избраните. За првпат во историјата на црквата, еден бискуп го зема името Франциско, но и за првпат езуит е избран за папа, односно е прв папа кој доаѓа од Латинска Америка. Хорхе Марио Бергољо е роден а 17-ти декември во 1936-та година во Буенос Аирес, во семејство со пет деца, а неговиот татко бил италијански имигрант, поради што папата Франциско има и аргентинско и италијанско државјанство. Дипломирал хемиска технологија, но подоцна се одлучил за свештенички повик и стапил во богословија. Во новицијат стапил на 11-ти март 1958-ма година. Хуманистички студии завршил во Чиле, а во 1963-та година, по враќањето во Буенос Аирес, завршил на Филозофскиот факултет во Сан Мигел. Папата Франциско како универитетски професор следните две години предавал книжевност и психологија на колеџот "Immacolata" во Санта Фе, а во 1966-та ги предавал истите предмети на колеџот "Salvatore" во Буенос Аирес. Од 1967-ма до 1970-та студирал теологија на Теолошкиот факултет во Сан Мигел. За свештеник бил ракоположен на 13-ти декември 1969-та година, а во "Исусова дружба" го минал својот трет пробандат во 1970-та година. Во 1971-ва година во Алкала де Хенарес во Шпанија, на 22-ри април 1973-та ги положил своите доживотни завети. На 20-ти мај 1992-ра година Папата Јован Павле Втори го именувал за помошен бискуп на Буенос Аирес, а на 27- јуни истата година во катедралата во Буенос Аирес бил ракополжен од кардиналот Антонио Куарацина. За надбискуп коадјутор на Буенос Аирес бил именуван на 3-ти јуни 1997-ма година, а на 28-ми февруари, по смртта на кардиналот Куарацина, го наследил во надбискупската служба. Како надбискуп патувал со јавни превозни средства, а наместо во бискупската палата, живеел во изнајмен стан, и со тоа го заслужил прекарот "кардинал на сиромашните". Зборува шпански, италијански, а се служи и со германски јазик. Познат е и како добар готвач, љубител на опера, следбеник на грчката класика, Шекспир и Достоевски. Важи и за добар пливач, иако од детство има проблеми со белите дробови. Бил тутор за почетниците во Вила Барилара во Сан Мигел, професор на Теолошкиот факултет, консултант во својата провинција и ректор на колеџ. За покраински поглавар на Аргентина бил избран на 31-ви јули во 1973-та, и на таа позиција бил шест години. Меѓу 1980-та и 1986-та година бил ректор Филозофскиот и теолошкиот факултет, односно парохиски свештеник во Сан Мигел. Ги напишал книгите "Meditationes para religiosos" во 1982-ра, "Reflexiones sobre la vida apostolica" во 1986-та и "Reflexiones de esperanza" во 1992-ра. Бил ординариј и за верниците на источниот обред. Бил и Голем канцелар на Аргентинскиот католички универзитет. На 10-тото редовно општо собрание на Синодот на епископите во октомври 2001-ва бил генерален релатор. Од ноември 2005-та, до номеври 2011-та година бил претседател на Аргентинската бискупска конференција. Првиот кардинал од редот на ѓаконите, Жан Луис Тауран, во околу 20:15 часот на 13-ти март се појавил на ложата во ватиканската базилика и по традиционалната објава на латински "Hebemus Papam!" или "Имаме Папа" открил дека кардиналите тој ден за папа го избрале аргентинскиот кардинал Бергољо, кој го избрал името Франциско. Откако ги замолил верниците да се помолат за Бенедикт XVL, ги замолил да пратат Божји благослов и за него. Папата Франциско бил инаугуриран на 19-ти март 2013-та година како поглавар на Ватикан и Католичката црква.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ovie-detali-od-zivotot-na-papata-ne-ste-gi-znaele-do-sega-koj-e-chovekot-shto-denes-e-vo-poseta-na-makedonija/feed/ 0
„Кликни за молитва“ : Папата Франциско промовираше католичка мобилна апликација (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klikni-za-molitva-papata-francisko-promovirashe-katolichka-mobilna-aplikacija-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klikni-za-molitva-papata-francisko-promovirashe-katolichka-mobilna-aplikacija-video/#respond Mon, 21 Jan 2019 12:47:03 +0000 https://kurir.mk/?p=154789

Папата Франсиско ги покани католиците да се молат со него на интернет, објави „Франс 24“. Интернет и социјалните мрежи се начин да останеме во контакт со другите, да споделуваме вредности и проекти и да ја изразиме желбата за формирање заедница“, изјави папата за време на неговата традиционална неделна молитва. Интернетот може да ни помогне да се молиме како заедница, да се молиме заедно”, рече папата. Со помош на помошник кој држеше „таблет“, Франциско( 82) ја презентираше мобилната апликација „Click to pray“ (Кликни за молитва). ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/klikni-za-molitva-papata-francisko-promovirashe-katolichka-mobilna-aplikacija-video/feed/ 0