папата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 07 May 2019 08:14:46 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png папата – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Иванов: Да ја препознаеме симболиката на оваа посета, да си простиме и да се сплотиме, додека не е предоцна https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-da-ja-prepoznaeme-simbolikata-na-ovaa-poseta-da-si-prostime-i-da-se-splotime-dodeka-ne-e-predocna/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-da-ja-prepoznaeme-simbolikata-na-ovaa-poseta-da-si-prostime-i-da-se-splotime-dodeka-ne-e-predocna/#respond Tue, 07 May 2019 08:14:46 +0000 https://kurir.mk/?p=194996

Претседателот Ѓорге Иванов, во обраќањето во рамки на посетата на поглаварот на Римокатоличката црква, папата Франциск, денеска од Вила Водно ги повика граѓаните на помирување и простување, сплотување за духовна обнова на Македонија. -Сакам да упатам повик до сите мои сограѓани, до сите со добра волја и чисти срца, независно дали припаѓаат кон православната, католичката или протестантската гранка на христијанството, дали се муслимани, евреи или атеисти, ве повикувам да ја препознаете симболиката на оваа посета и преку понизност и простување, помирување и сплотување, преку одговорност и почитување да се вклучите во духовната обнова на Македонија пред да биде предоцна, рече претседателот Иванов. Тој кажа дека на овие вредности потсетува токму папата Франциск, кој, како што рече, симболично го повторува чинот што го направил Исус по Тајната вечера, свесен за искушенијата и маките кои го чекаат, понизно миејќи ги нозете на своите следбеници. -Вие се наведнувате да им ги измиете нозете на болните и сиромашните, на затворениците и бегалците, на гладните и жедните, на отфрлените и маргинализираните независно дали се христијани, муслимани евреи, хиндуси, будисти, атеисти… Верувам дека вашите дела не се уште еден истрошен симбол напротив вие, не потсетувате дека иако нашата човечка љубов кон бога и кон луѓето е променлива божјата љубов и верност кон на служето е трајна, рече Иванов. Со тоа, додаде, вие го симболизирате патот на љубовта, милоста, понизноста и служењето. -Тоа е пат што треба да го следиме и ние тука во Македонија Независно од нашата вера или идеологија. Само така ќе може да им оставиме подобра иднина на младите и се уште не родените, рече Иванов. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ivanov-da-ja-prepoznaeme-simbolikata-na-ovaa-poseta-da-si-prostime-i-da-se-splotime-dodeka-ne-e-predocna/feed/ 0
Познато е кој македонски музичар ќе настапи за Папата https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznato-e-koj-makedonski-muzichar-kje-nastapi-za-papata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznato-e-koj-makedonski-muzichar-kje-nastapi-za-papata/#respond Fri, 03 May 2019 14:53:33 +0000 https://kurir.mk/?p=193773

На 7-ми мај во Скопје, на покана од Католичката црква, Горан Папаз е поканет да биде специјален музички гостин и ќе настапи пред Папата Францис. Настанот ќе биде во дворот од Католичката црква, "Пресвето Срце Исусово"  после 14:30 часот, каде папата ќе има екуменска и меѓурелигиска средба со младите. Папаз ќе биде гостин на црковната музичка група "Агапе" и тие ќе се претстават со три композиции. -Ова за мене е огромна чест и награда за целиот досегашен труд, рече тој. На професионално поле, Папаз интензивно работи на заедничкиот проект со Танче Гроздановски насловен "Елегија", и истиот ќе биде промовиран ова лето. Неодамна во етер го пуштија синглот "Спомени" кој е најава за тоа што следи. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznato-e-koj-makedonski-muzichar-kje-nastapi-za-papata/feed/ 0
Од денеска уште три локации во Скопје за подигнување бесплатни билети за литургијата со папата, но и два дена бесплатен паркинг https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-ushte-tri-lokacii-vo-skopje-za-podignuvanje-besplatni-bileti-za-liturgijata-so-papata-no-i-dva-dena-besplaten-parking/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-ushte-tri-lokacii-vo-skopje-za-podignuvanje-besplatni-bileti-za-liturgijata-so-papata-no-i-dva-dena-besplaten-parking/#respond Tue, 30 Apr 2019 05:40:53 +0000 https://kurir.mk/?p=192430

Освен во католичките парохии во државата, сите заинтересирани граѓани за присуство на централниот настан на 7 мај, света литургија на плоштадот „Македонија“ во Скопје, бесплатни билети ќе можат да подигнат и на улица „Македонија” кај Меморијалната куќа на Мајка Тереза, на излезот од ГТЦ спрема Плоштад „Македонија“ и на влезот од Старата Скопска чаршија (поранешна Стоковна куќа Мост), информира Координативното тело за организирање на посетата на Папата Франциск на Република Северна Македонија. Штандовите поставени на наведените локации ќе работат од 9:30 до 17:30 часот, почнувајќи од денеска до 3 мај и ќе служат и за информирање на граѓаните за посебните безбедносни и организациски правила. Како што информираат од владината прес-служба, сите граѓани кои на 7 мај ќе се упатат кон плоштадот „Македонија“ за да учествуваат на литургијата на Светиот Отец Папата Франциск, треба да пристапат во својата зона преку влезот кој е одреден на бесплатниот билет. Билетот да го чуваат со себе до крајот на литургијата. – На 7 мај сите државни и приватни капацитети ќе бидат обезбедени со потребните услови за работа. Сите граѓани кои живеат или работат околу плоштадот „Македонија“ ќе имаат непречен пристап до своите живеалишта, односно места на работа, преку поминување на еден од одредените влезови. Важно е со себе да носат документ за идентификација. Внатре во зоната ќе имаат слободен пристап до сите локации, освен во затворената зона на самиот плоштад, за која е потребен билет за учество на литургијата, се вели во соопштението од владината прес-служба. Користењето на автобусите на ЈСП и железничкиот сообраќај кон Скопје и надвор од Скопје ќе биде бесплатно за сите граѓани кои со себе ќе имаат важечки документи за идентификација. Од владината прес-служба апелираат до сите граѓани кои живеат на територијата на Град Скопје, на 7 мај да го користат јавниот автобуски превоз при упатувањето кон своите работни места, како и до сите граѓани кои ќе патуваат кон Скопје тој ден, да го користат железничкиот превоз и да избегнуваат користење на автомобили. Сите паркинзи на ПОЦ (Општина Центар), ЈП Градски Паркинг и АДСПС во Градот Скопје ќе бидат бесплатни на 6 мај после 17 часот, како и на 7 мај во текот на целиот ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/od-deneska-ushte-tri-lokacii-vo-skopje-za-podignuvanje-besplatni-bileti-za-liturgijata-so-papata-no-i-dva-dena-besplaten-parking/feed/ 0
Важни информации за сите кои сакаат да присуствуваат на литургијата со папата во Скопје https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazni-informacii-za-site-koi-sakaat-da-prisustvuvaat-na-liturgijata-so-papata-vo-skopje/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazni-informacii-za-site-koi-sakaat-da-prisustvuvaat-na-liturgijata-so-papata-vo-skopje/#respond Mon, 29 Apr 2019 11:44:58 +0000 https://kurir.mk/?p=192314

Освен во католичките парохии во државата, сите заинтересирани граѓани за присуство на централниот настан на 7 мај, света литургија на плоштадот „Македонија“ во Скопје, бесплатни билети ќе можат да подигнат и на улица „Македонија” кај Меморијалната куќа на Мајка Тереза, на излезот од ГТЦ спрема Плоштад „Македонија“ и на влезот од Старата Скопска чаршија (поранешна Стоковна куќа Мост), информира Координативното тело за организирање на посетата на Папата Франциск на Република Македонија. Штандовите поставени на наведените локации ќе работат од 9:30 до 17:30 часот, почнувајќи од утре до 3 мај и ќе служат и за информирање на граѓаните за посебните безбедносни и организациски правила. Како што информираат од владината прес-служба, сите граѓани кои на 7 мај ќе се упатат кон плоштадот „Македонија“ за да учествуваат на литургијата на Светиот Отец Папата Франциск, треба да пристапат во својата зона преку влезот кој е одреден на бесплатниот билет. Билетот да го чуваат со себе до крајот на литургијата. -На 7 мај сите државни и приватни капацитети ќе бидат обезбедени со потребните услови за работа. Сите граѓани кои живеат или работат околу плоштадот „Македонија“ ќе имаат непречен пристап до своите живеалишта, односно места на работа, преку поминување на еден од одредените влезови. Важно е со себе да носат документ за идентификација. Внатре во зоната ќе имаат слободен пристап до сите локации, освен во затворената зона на самиот плоштад, за која е потребен билет за учество на литургијата, се вели во соопштението од владината прес-служба. Користењето на автобусите на ЈСП и железничкиот сообраќај кон Скопје и надвор од Скопје ќе биде бесплатно за сите граѓани кои со себе ќе имаат важечки документи за идентификација. Од владината прес-служба апелираат до сите граѓани кои живеат на територијата на Град Скопје, на 7 мај да го користат јавниот автобуски превоз при упатувањето кон своите работни места, како и до сите граѓани кои ќе патуваат кон Скопје тој ден, да го користат железничкиот превоз и да избегнуваат користење на автомобили. Сите паркинзи на ПОЦ (Општина Центар), ЈП Градски Паркинг и АДСПС во Градот Скопје ќе бидат бесплатни на 6 мај после 17 часот, како и на 7 мај во текот на целиот ден.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vazni-informacii-za-site-koi-sakaat-da-prisustvuvaat-na-liturgijata-so-papata-vo-skopje/feed/ 0