Парада на гордоста – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Sat, 25 Jun 2022 18:15:04 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Парада на гордоста – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Претставниците на ЛГБТ заедницата во Македонија излегоа на „Скопје прајд“, добија поддршка од министрите Маричиќ и Тренчевка https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnicite-na-lgbt-zaednicata-vo-makedonija-izlegoa-na-skopje-prajd-dobija-poddrshka-od-ministrite-marichikj-i-trenchevka/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnicite-na-lgbt-zaednicata-vo-makedonija-izlegoa-na-skopje-prajd-dobija-poddrshka-od-ministrite-marichikj-i-trenchevka/#respond Sat, 25 Jun 2022 18:15:04 +0000 https://kurir.mk/?p=695730

Под мотото „Излези за љубов! достоинство, еднаквост, правда“, организаторите националната мрежа против хомофобија и трансфобија вечерва го започна овогодишното издание на „Скопје прајд“. Неколку илјади луѓе околу 17 часот се собраа на почетната точка во паркот „Жена-борец“ во Скопје за третата по ред скопска парада на гордоста, која почна во 19 часот. Присутни се и јавни личности, претставници на невладиниот сектор, министерот за правда Бојан Маричиќ и министерката за труд и социјална политика, Јована Тренчевска. Главни пораки од учесниците, е да се прифатат и толерираат различностите, да ги има ЛГБТ заедницата истите права како и другите граѓани, да не им се суди, да бидат безбедни. Сметаат дека нашето општество се движи кон прифаќање, но има уште многу работа. На стадионот на АРМ ќе настапи и оперската пејачка Наде Талевска, како и дрег кралици од земјава и од регионот. Свои диџеј сетови ќе имаат Андреј Мицајков, Јана Тодоровска, Мартина Пенева и Џинџер. „Прајдот е крик во име на милионите луѓе соочени со социјално исклучување, нарушена телесна автономија и ограничен пристап до услуги кои се достапни за сите останати. Скопје Прајд, како и другите паради на гордоста, е празник на љубовта, ден на видливоста на маргинализираните и, секако, повод за славење на жилавоста на нашата борба за еднаквост“, порачуваат организаторите од Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ).]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pretstavnicite-na-lgbt-zaednicata-vo-makedonija-izlegoa-na-skopje-prajd-dobija-poddrshka-od-ministrite-marichikj-i-trenchevka/feed/ 0
Пендаровски за „Парадата на гордоста“: Да ја поддржиме различноста по основ на сексуална ориентација и родов идентитет https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-za-paradata-na-gordosta-da-ja-poddrzime-razlichnosta-po-osnov-na-seksualna-orientacija-i-rodov-identitet/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-za-paradata-na-gordosta-da-ja-poddrzime-razlichnosta-po-osnov-na-seksualna-orientacija-i-rodov-identitet/#respond Sat, 25 Jun 2022 13:55:53 +0000 https://kurir.mk/?p=695643

Претседателот Стево Пендаровски посети волонтери и организатори на парадата на гордоста „Скопје прајд 2022“, со кои имаше можност директно да поразговара за начинот на организирањето на парадата, од логистика и прием на гости, до дадената институционална поддршка, безбедносните и промотивните прашања, соопшти Кабинетот на шефот на државата. По повод одржувањето на „Скопје прајд 2022“, претседателот Пендаровски порача дека „прифаќањето на различностите и ослободеност од предрасуди се показател на зрело, демократско и отворено општество, кое е подготвено да направи простор за секој од неговите членови. -Имаме заедничка одговорност да овозможиме уживање на основните права и себереализација на секој, без страв од отфрленост, особено кога станува збор за ранливите заедници. „Скопје прајд 2022“ е парада на различност, прифаќање и дружба на ЛГБТИК+ заедницата, но и можност за сите кои ја разбираат и прифаќаат различноста по основ на сексуална ориентација и родов идентитет да ја искажат својата поддршка, додава претседателот на Републиката. Тој изразува очекување третата парада на гордоста во Скопје да се одржи во мирна атмосфера, без инциденти, во атмосфера на толеранција и прифаќање. – Да покажеме солидарност со нашите сограѓани затоа што достоинството, еднаквоста и правдата се за сите граѓани, порача претседателот Пендаровски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/pendarovski-za-paradata-na-gordosta-da-ja-poddrzime-razlichnosta-po-osnov-na-seksualna-orientacija-i-rodov-identitet/feed/ 0
Младите на СДСМ ќе маршираат на Парадата на гордоста https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mladite-na-sdsm-kje-marshiraat-na-paradata-na-gordosta/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mladite-na-sdsm-kje-marshiraat-na-paradata-na-gordosta/#respond Fri, 25 Jun 2021 17:47:34 +0000 https://kurir.mk/?p=528060

Од младината на СДСМ денеска соопштија дека утре ќе се приклучат на Парадата на гордоста во Скопје. Маршираме затоа што ние младите социјалдемократи веруваме дека државата треба да се грижи за благосостојбата на секој, и сите да се чувствуваат слободни и еднакви, велат од СДММ. Под мотото „Вон ѕидовите“ утре точно на пладне почнува втората парада на гордоста во Скопје, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mladite-na-sdsm-kje-marshiraat-na-paradata-na-gordosta/feed/ 0
Парада на гордоста во Скопје, ЛГБТ заедницата излегува на улица https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parada-na-gordosta-vo-skopje-lgbt-zaednicata-izleguva-na-ulica/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parada-na-gordosta-vo-skopje-lgbt-zaednicata-izleguva-na-ulica/#respond Sun, 13 Jun 2021 11:15:18 +0000 https://kurir.mk/?p=522743

Втората Парада на гордоста (Skopje Pride) во Скопје ќе се одржи на 26 јуни 2021 (сабота), под слоганот  „Вон ѕидовите!“, во организација на Националната мрежа против хомофобија и трансфобија (НМХТ). Рутата на парадата, како и други организациски детали, ќе бидат дополнително соопштени во текот на идната недела. Организаторот наведува дека Парадата на гордоста е славење на слободата, различноста, прифаќањето, љубовта и испраќа порака дека место под сонцето има за секого. -ЛГБТИ+ заедницата, како ретко која друга група граѓани, добро ја познава изолацијата и често искусува живот скриен меѓу ѕидовите на нашите мали, приватни простори. Имајќи предвид дека парадите на гордоста имаат за цел да ја зголемат видливоста на нашата заедница, слоганот „Вон ѕидовите!“ го посветуваме на сите ЛГБТИ+ луѓе кои гордо и достоинствено ќе се приклучат на поворката, но и на сите оние кои од различни причини не можат да бидат отворени и да бидат дел од парадата, давајќи им поддршка и ветување дека здружно ќе продолжиме да работиме на рушење на ѕидовите и креирање нов и подобар свет за сите нас. Слоганот  го посветуваме и на сите луѓе во нашата земја, бидејќи изолацијата и затвореноста меѓу ѕидови е нешто што заедно го искусивме и чие надминување стана заедничка цел и желба, наведува организаторот. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parada-na-gordosta-vo-skopje-lgbt-zaednicata-izleguva-na-ulica/feed/ 0