Паразит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 10 Feb 2020 07:30:52 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Паразит – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 „Паразит“ со четири Оскари влезе во историјата, „1917“ доби два, Феникс и Зелвегер наградени за главни улоги https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/parazit-so-chetiri-oskari-vleze-vo-istorijata-1917-dobi-dva-feniks-i-zelveger-nagradeni-za-glavni-ulogi/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/parazit-so-chetiri-oskari-vleze-vo-istorijata-1917-dobi-dva-feniks-i-zelveger-nagradeni-za-glavni-ulogi/#respond Mon, 10 Feb 2020 06:32:31 +0000 https://kurir.mk/?p=301544

Годинешните награди Оскар приредија повеќе изненадувања, наградата за најдобар интернацинален филм, најдобра режија и најдобар филм отиде кај ривалот на „Медена земја“, јужнокорејскиот филм „Паразит“. Со двојната номинација на документарецот „Медена земја“ и главната награда за најдобар филм првпат да ја добие филм од неанглиско говорно подрачје, 92. Оскари станаа навистина историски и го покажува фокусот на Американската филмска академија на меѓународната кинематографија. Американската филмска академија му додели Оскар за најдобра машка главна улога на Хаоким Феникс за брилијатното остварување во „Џокер“, негов прв Оскар, додека наградата за најдобра женска главна улога отиде кај Рене Зелвегер за „Џуди“. Зелвегер има добиено Оскар за најдобра споредна женска улога за филмот „Студена планина“ од 2003 година. За најдобра машка споредна улога Оскарот го доби Бред Пит. Ова е прв Оскар на Пит за најдобра улога, има добиено уште еден, за продукција на филмот „12 мајмуни“. Наградата за најдобра споредна женска улога отиде кај Лора Дерн за филмот „Брачна приказна“. Детскиот „Приказна за играчки 4“ доби Оскар за најдобар анимиран филм, додека за најдобар краток анимиран филм наградата ја доби „Влакнеста љубов“. Оскар за најдобро сценарио отиде кај Бонг Џун Хо, за јужнокорејскиот филм „Паразит“, додека за најдбро адаптирано сценарио успеа Таика Ваитити за филмот „Џо-Џо зајакот“. Оскарот за најдобар документарен филм сепак го доби „Американска фабрика“, во истата категорија беше номиниран и македонскиот „Медена земја“. Во својот настап пред преполната сала во театарот Долби во Лос Анџелес, режисерите на „Американска фабрика“, Стивен Богнер и Џулија Рајхард, изјавија дека се восхитуваат на филмските работници од документаристиката. -Имаме голема чест што овде покрај нас се филмаџии кои ни го пренесуваат реалниот живот од боиштата во Сирија, од политиката во Бразил и од природата во Македонија, изјави режисерката Рајхард. Оскарот за најдобор краток филм отиде кај „Прозорецот на соседот“. Понатаму, статуетки за најдобар дизајн и костимографија добија филмовите „Беше еднаш во Холивуд“ и „Малечки жени“. Најдобра филмска редакција е доделена за „Форд против Ферари“. Воената драма „1917“ доби три Оскари, за најдобри звук, кинематографија и визуелни ефекти. Наградата за најдобра шминка и фризура му припадна кај филмог „Бомба“. Наградата за интернационален филм, сепак не ја доби нашиот „Медена земја“, туку отиде кај јужнокорејскиот „Паразит“ кој доби Оскар и за најдобро оригинално сценарио и за најдобар филм и со тоа се впиша во истријата на Американската филмака академија. Оскарот за најдобра музичка тема го доби Хилдер Гуднатдотир, за своето остварување во „Џокер“, додека наградата за најдобра песна ја доби Елтон Џон за изведба во филмот „Рокетмен“.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/parazit-so-chetiri-oskari-vleze-vo-istorijata-1917-dobi-dva-feniks-i-zelveger-nagradeni-za-glavni-ulogi/feed/ 0
„Медена земја“ се враќа без Оскарите, статуетките кај „Американска фабрика“ и „Паразит“ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/medena-zemja-se-vrakja-bez-oskarite-statuetkite-kaj-amerikanska-fabrika-i-parazit/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/medena-zemja-se-vrakja-bez-oskarite-statuetkite-kaj-amerikanska-fabrika-i-parazit/#respond Mon, 10 Feb 2020 06:19:36 +0000 https://kurir.mk/?p=301534

Тимот на „Медена земја“ од Лос Анџелес се враќа без Оскари, но со огромно искуство. Американската филмска академија му додели Оксар на „Американска фабрика“ за најдобар документарен филм во 2019 година. „Американска фабрика“ е прв филм на продуцентската компанија на Барак и Мишел Обама – „Higher Ground Productions“, продуциран за мрежата „Нетфликс“. Документарец е за кинеска компанија за производство на автостакла (Fuyao) која работи во згаснатата фабрика на „Џенерал моторс“ во Морејн, Охајо. Режисерите го снимале од февруари 2015 до крајот на 2017 година во истата фабрика што беше тема на нивниот документарен филм од 2009 година „Последниот камион: Затворање на фабриката ЏМ“. Ги прикажува работниците по преземањето на фабриката од кинескиот инвеститор – Кинези и Американци кои преку соработката ги уриваат културолошките бариери. За најдобар документарен филм во 2019 имаше 159 кандидати од цел свет, а по две селекции Академијата ги соопшти петте најдобри што вечерва беа во трка за Оскарот. Во втората категорија во која беше номиниран нашиот филм „Медена земја“ – Најдобар интернационален филм, Оскарот го доби јужнокорејскиот „Паразит“, победникот од Канскиот фестивал, кој вечерва имаше шест номинации. Оваа одлука во улога на презентер од сцената во  театарот „Долби“ во Лос Анџелес ја соопшти актерката Пенелопе Круз. Наградата ја прими режисерот Бонг Џун-Хо. Хитот „Паразит“ е црна комедија за класните разлики во јужнокорејското општество. Раскажува за сиромашно семејство кое со измами и интриги се вовлекува во домот на богати сограѓани во Сеул. „Паразит“ е меѓу филмовите со најголема заработка во националната кинематографија. Номинирани во категоријата интернационален филм вечерва беа и шпанскиот „Болка и слава“ на Педро Алмодовар, полскиот „Корпус Кристи“ на Јан Комаса и францускиот „Клетници“ на Лаџ Ли. И покрај ваквиот исход од гласањето за Оскарите, оваа ноќ во Холивуд е врв на успехот на „Медена земја“ чиј блескав пат беше навестен уште на неговата светска премиера минатиот јануари, со триумфот меѓу документарните филмови на американскиот фестивал „Санденс“. Филмот на режисерите Тамара Котевска и Љубо Стефанов, снимателите Фејми Даут и Самир Љума, продуцентот и монтажер Атанас Георгиев доби 30-ина награди на фестивали. Ја освои публиката и филмската критика со креативноста на екипата која направи совршен 85-минутен филм и со пораката на Атиџе Муратова – медот да се подели со пчелите, во чија едноставност има моќна опомена за опстанокот на планетата.]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/medena-zemja-se-vrakja-bez-oskarite-statuetkite-kaj-amerikanska-fabrika-i-parazit/feed/ 0
Јужнокорејскиот филм „Паразит“ добитник на Златната палма во Кан https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/juznokorejskiot-film-parazit-dobitnik-na-zlatnata-palma-vo-kan/ https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/juznokorejskiot-film-parazit-dobitnik-na-zlatnata-palma-vo-kan/#respond Sun, 26 May 2019 07:18:32 +0000 https://kurir.mk/?p=202020

Филмот „Паразит” на јужнокорејскиот режисер Бонг Џон Хоа ја освои Златната палма на филмскиот фестивал во Кан. Наградата Гран е за филмот „Атлантис”, на француско-сенегалската режисерка Мати Диоп. Таа е првата жена од африканско потекло, која се најде во натпреварот за остварувања во Кан. Наградата за најдобар актер му припадна на Антонио Бандерас за улогата во филмот „Бол и слава” на Педро Алмодовар, додека за најдобра актерка е прогалсена Емили Бичем за улогата во филмот „Малиот Џо”. Белгијците, браќата Жан-Пјер и Лук Дарден, ја освоија наградата за најдобра режија за филмот „Младиот Ахмед”. (МИА)  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/tv-i-film/juznokorejskiot-film-parazit-dobitnik-na-zlatnata-palma-vo-kan/feed/ 0