паричка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 15 Jun 2023 13:50:19 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png паричка – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пред да заминете на одмор ставете паричка во фрижидерот: Дознајте како и за што ќе ви помогне тоа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pred-da-zaminete-na-odmor-stavete-parichka-vo-frizhiderot-doznajte-kako-i-za-shto-ke-vi-pomogne-toa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pred-da-zaminete-na-odmor-stavete-parichka-vo-frizhiderot-doznajte-kako-i-za-shto-ke-vi-pomogne-toa/#respond Thu, 15 Jun 2023 13:59:11 +0000 https://kurir.mk/?p=846166

Ако планирате заминување на одмор и оставате храна во вашиот фрижидер, овој едноставен трик може да ви биде од корист. Имено, со помош на една паричка ќе знаете колку е безбедно да ја консумирате храната која ви останала во фрижидерот по одморот. Понекогаш, додека сме отсутни, во домот може да снема електрична енергија, а ние не знаеме. Меѓутоа, прекинот на електрична енергија може да предизвика одмрзнување на храната и нејзино расипување.
За да откриете дали намирниците цело време биле замрзнати, наполнете чаша со вода и замрзнете ја. Кога водата ќе се заледи, врз неа ставете една паричка. Доколку по враќањето од одмор ја најдете паричката на дното од чашата, тоа значи дека прекинот на електрична енергија бил доволно долг за сета вода да се одмрзне. Во тој случај, најдобро би било да ја фрлите храната бидејќи и таа се одмрзнала како и водата. Доколку паричката останала на врвот, тоа значи дека немало прекин во електричната енергија. Ако паричката ја најдете во средина на чашата, храната веројатно и понатаму е безбедна за консумирање бидејќи прекинот не траел долго.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/pred-da-zaminete-na-odmor-stavete-parichka-vo-frizhiderot-doznajte-kako-i-za-shto-ke-vi-pomogne-toa/feed/ 0
Дебранки крешеа василичарска погача, паричката кај Илинка Трајановска https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/debranki-kreshea-vasilicharska-pogacha-parichkata-kaj-ilinka-trajanovska/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/debranki-kreshea-vasilicharska-pogacha-parichkata-kaj-ilinka-trajanovska/#respond Fri, 13 Jan 2023 21:41:45 +0000 https://kurir.mk/?p=787096

Дебранки вечерва кршеа василичарска погача, продолжувајќи ја традицијата воспоставена пред повеќе од три децении. Погачата ја подготви Анѓелина Василевска, каде лани се падна паричката, а вечерва најсреќна беше Илинка Трајановска. – Среќна сум што паричката се падна кај мене. Посакувам здравје, среќа, хармонија во моето и во секое семејство. Ме радува што ја продолжуваме оваа традиција и посакувам уште долго, долго да трае, рече Трајановска, која од Василевска ја доби првата честитка. Кршењето погача за Василица пред повеќе од три децении ја востанови Иванка Ивановска, претседателка на тогашната организација на жени. Утре, поголем број од домаќинките, зашто некои подготвија лепче со паричка за Бадник, ќе подготват пита или како што дебрани го нарекуваат виткан комат со паричка, која каде ќе се падне се верува дека носи среќа цела година. Карактеристика за дебарскиот регион се и децата суројчари, кои се помалку ги има. Минатата година имаше само едно дете суројчар. Тие ги посетуваат православните домови да посакаат весела и плодна година. Во рака држат, како што се нарекува суројца во форма на крст или китка, составена од страк од лозница, гранчиња од леска, дрен, даб и босилек заврзани со црвен конец. Домаќините ги даруваат пред се со пари, но и со благо, костени, ореви и овошје.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/kultura/debranki-kreshea-vasilicharska-pogacha-parichkata-kaj-ilinka-trajanovska/feed/ 0
Зошто утре се става паричка во пита? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-utre-se-stava-parichka-vo-pita/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-utre-se-stava-parichka-vo-pita/#respond Fri, 13 Jan 2023 14:27:49 +0000 https://kurir.mk/?p=786976

Голем број македонски семејства Василица, на 14 јануари во сабота, ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден. Паричка во лепче за Василица се става во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија. Имено, Св,Василиј беше епископ на Кесарија во Мала Азија и живеел единствено со своите сограѓани во љубов,рзбирање и помагање еден на друг. Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш св. Василиј, кој добро го познаваше, бидејќи беа соученици во Атина, излезе заедно со народот да го пречека и почести. Јулијан побара дарови, очекувајќи злато и скапоцености. Но, светиот немаше ништо друго, освен три леба од јачмен, кои му ги принесе на злобниот цар. Треба да се знае дека тој не принесе скапоцености, бидејќи не сакаше да даде нешто повредно, туку бидејќи мнозинството на жители во Кесарија беше навистина сиромашно. Кога го виде тоа, Јулијан им нареди на своите слуги да соберат трева од ливадата и да му ја дадат на епископот за возврат. Тогаш светиот праведно му одговори на Јулијан: „Ние, цару, откако ни побара, ти принесовме од нашата храна, па и ти, очигледно, ни возврати од тоа што и самиот го јадеш.“ Кога ги слушна овие зборови, Јулијан многу се налути и вети дека кога ќе извојува победа во Персија, ќе се врати во Кесарија, ќе го запали градот и ќе ги пороби неговите жители, а Василиј ќе го награди со иста мера. Поради тоа, св. Василиј побара од народот да го соберат сето злато што го имаат и да го зачуваат некаде, за да му го дадат на среброљубивиот Јулијан кога ќе се врати, па така, можеби, да го намалат неговиот гнев. Исто така, епископот им наложи на Христијаните да постат и да се молат, додека не се врати Јулијан. За време на богослужбата, светиот имаше небесно видение: Пресветата Мајка Божја, носена на ангелски престоли, нареди да го повикаат маченикот Меркуриј и го испрати со војска од ангели против Јулијан, непријателот на нејзиниот Син. Тогаш го виде и св. Меркуриј, вооружен и јавнат на коњ, како заедно со ангелските војски, тргна против безумниот цар и го уби со своето копје. Освестувајќи се од ова видение, св. Василиј, во придружба на неколку клирици, побрза во храмот на свети Меркуриј, кој сто години пред тоа имаше пострадано во Кападокија и видоа дека од храмот беа исчезнати неговите мошти и копјето, кои таму се чуваа. Подоцна дојдоа во градот вести дека Јулијан е убиен. Всушност, тоа што го виде великиот Василиј, беше токму тоа, што во истиот миг, навистина се случи на едно место недалеку од Кесарија. Така се спаси градот Кесарија. Но, тогаш свети Василиј се најде во многу тешка положба. Требаше да го подели златото, кое граѓаните го собраа за да се избават од гневот на Јулијан, но таа поделба да е праведна, односно, секој да си го добие своето. Се помоли светителот и Бог го просвети што да направи. Тој ги повика своите ѓакони и помошници и им рече да замесат лебови и во секој леб да стават по малку од златните предмети. Кога лебовите беа готови, епископот ги подели како благослов на сите жители на градот Кесарија. Во почетокот сите се зачудија, а потоа нивното изненадување стана уште поголемо: кога секое семејство го пресече лебот, во него најде злато, но не било кое, туку токму она што му го имаше дадено на својот епископ. Така значи, со тогашната „василопита“, св. Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на свети Василиј, 14 ти јануари, познато како Василица или Стара Нова Година месиме мазник и внатре ставаме златник,или паричка, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија.

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zoshto-utre-se-stava-parichka-vo-pita/feed/ 0
Зошто ставаме паричка во пита за Василица? https://arhiva.kurir.mk/magazin/zoshto-stavame-parichka-vo-pita-za-vasilitsa/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zoshto-stavame-parichka-vo-pita-za-vasilitsa/#respond Tue, 10 Jan 2023 19:26:01 +0000 https://kurir.mk/?p=785674

Голем број македонски семејства Василица, на 14 јануари во сабота, ја празнуваат како домашна слава, а оние кои го носат името на Свети Василиј Велики го слават својот именден. Паричка во лепче за Василица се става во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија. Имено, Св,Василиј беше епископ на Кесарија во Мала Азија и живеел единствено со своите сограѓани во љубов,рзбирање и помагање еден на друг. Еден ден, кога Јулијан Отстапникот, нечесен цар и гонител на Христијаните, сакаше да оди за Персија и да војува со Сасанидите, тој помина близу Кесарија. Тогаш св. Василиј, кој добро го познаваше, бидејќи беа соученици во Атина, излезе заедно со народот да го пречека и почести. Јулијан побара дарови, очекувајќи злато и скапоцености. Но, светиот немаше ништо друго, освен три леба од јачмен, кои му ги принесе на злобниот цар. Треба да се знае дека тој не принесе скапоцености, бидејќи не сакаше да даде нешто повредно, туку бидејќи мнозинството на жители во Кесарија беше навистина сиромашно. Кога го виде тоа, Јулијан им нареди на своите слуги да соберат трева од ливадата и да му ја дадат на епископот за возврат. Тогаш светиот праведно му одговори на Јулијан: „Ние, цару, откако ни побара, ти принесовме од нашата храна, па и ти, очигледно, ни возврати од тоа што и самиот го јадеш.“ Кога ги слушна овие зборови, Јулијан многу се налути и вети дека кога ќе извојува победа во Персија, ќе се врати во Кесарија, ќе го запали градот и ќе ги пороби неговите жители, а Василиј ќе го награди со иста мера. Поради тоа, св. Василиј побара од народот да го соберат сето злато што го имаат и да го зачуваат некаде, за да му го дадат на среброљубивиот Јулијан кога ќе се врати, па така, можеби, да го намалат неговиот гнев. Исто така, епископот им наложи на Христијаните да постат и да се молат, додека не се врати Јулијан. За време на богослужбата, светиот имаше небесно видение: Пресветата Мајка Божја, носена на ангелски престоли, нареди да го повикаат маченикот Меркуриј и го испрати со војска од ангели против Јулијан, непријателот на нејзиниот Син. Тогаш го виде и св. Меркуриј, вооружен и јавнат на коњ, како заедно со ангелските војски, тргна против безумниот цар и го уби со своето копје. Освестувајќи се од ова видение, св. Василиј, во придружба на неколку клирици, побрза во храмот на свети Меркуриј, кој сто години пред тоа имаше пострадано во Кападокија и видоа дека од храмот беа исчезнати неговите мошти и копјето, кои таму се чуваа. Подоцна дојдоа во градот вести дека Јулијан е убиен. Всушност, тоа што го виде великиот Василиј, беше токму тоа, што во истиот миг, навистина се случи на едно место недалеку од Кесарија. Така се спаси градот Кесарија. Но, тогаш свети Василиј се најде во многу тешка положба. Требаше да го подели златото, кое граѓаните го собраа за да се избават од гневот на Јулијан, но таа поделба да е праведна, односно, секој да си го добие своето. Се помоли светителот и Бог го просвети што да направи. Тој ги повика своите ѓакони и помошници и им рече да замесат лебови и во секој леб да стават по малку од златните предмети. Кога лебовите беа готови, епископот ги подели како благослов на сите жители на градот Кесарија. Во почетокот сите се зачудија, а потоа нивното изненадување стана уште поголемо: кога секое семејство го пресече лебот, во него најде злато, но не било кое, туку токму она што му го имаше дадено на својот епископ. Така значи, со тогашната „василопита“, св. Василиј им донесе и благослов на луѓето и радост заради избавувањето. Оттогаш и ние, на денот на свети Василиј, 14 ти јануари, познато како Василица или Стара Нова Година месиме мазник и внатре ставаме златник,или паричка, во спомен на чудото, кое се случи во Кесарија.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zoshto-stavame-parichka-vo-pita-za-vasilitsa/feed/ 0
Дел од политичарите открија кај кого се паднала паричката https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-politicharite-otkrija-kaj-kogo-se-padnala-parichkata/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-politicharite-otkrija-kaj-kogo-se-padnala-parichkata/#respond Sat, 07 Jan 2023 12:53:29 +0000 https://kurir.mk/?p=784418

Градоначалниците на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски и Општина Бутел, Дарко Костовски објавија каде се паднала паричката во нивните домови. „Среќата и бериќетот во нашиот дом оваа година е во помалиот син Матео“, напиша Стефковски. По целосно фер спроведена постапка, слава на Господ во поголема конкуренција, оваа година паричката се падна кај Тодор, напиша Костовски. Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски објави дека кај син му Јован се паднала паричката. Градоначалникот на Куманово, Максим Димитриевски на социјалната мрежа Фејсбук објави фотографија со семејството и откри дека годинава паричката се паднала во куќа и Бога. Се смета дека оној кај кого ќе се падне паричката на Бадник ќе има среќа целата година.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/del-od-politicharite-otkrija-kaj-kogo-se-padnala-parichkata/feed/ 0
Ако ви се падне паричката од лепчето за Бадник – направете го ова и ќе имате среќа до следниот Божиќ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-vi-se-padne-parichkata-od-lepcheto-za-badnik-napravete-go-ova-i-kje-imate-srekja-do-sledniot-bozikj/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-vi-se-padne-parichkata-od-lepcheto-za-badnik-napravete-go-ova-i-kje-imate-srekja-do-sledniot-bozikj/#respond Fri, 06 Jan 2023 13:03:30 +0000 https://kurir.mk/?p=784214

Според обичајот, сите членови на семејството мораат да го изедат својот дел од лепчето за да во нивниот дом влезе сила и здравје... Со векови лепчето за Бадник е традиционално кое домаќинките во Македонија го подготвуваат за Бадник. Неизоставен дел од лепчето е паричката, а еве зошто е таа важна и зошто никако не смеете да ја фрлите или задржите за себе. Покрај масата домаќинот го дели лепчето на секој член на семејството, а се верува дека оној кој во својот дел од лепчето ќе го најде паричето во текот на цела наредна година ќе има среќа, здравје и богатство. Според преданијата сите членови од семејството мораат да го изедат својот дел од лепчето за да во нивниот дом влезе сила и здравје, а оној кој ќе го пронајде паричето никако не смее да го фрли или заборави. Се верува дека паричето кое е извадено од лепчето треба да се откупи со други пари од оној кој го пронашол, а потоа се става на икона или покрај неа и се чува се’ до наредниот Божик, бидејќи се верува дека среќникот кој го нашол ќе биде среќен и „полн со пари“ цела година.

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/ako-vi-se-padne-parichkata-od-lepcheto-za-badnik-napravete-go-ova-i-kje-imate-srekja-do-sledniot-bozikj/feed/ 0
Рецепт за вкусна Бадникова погача со паричка https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/recept-za-vkusna-badnikova-pogacha-so-parichka-3/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/recept-za-vkusna-badnikova-pogacha-so-parichka-3/#respond Wed, 04 Jan 2023 21:49:17 +0000 https://kurir.mk/?p=783851

Оваа погача е многу вкусна, а е посна. Можете да ставите и паричка во неа па да ја принесете на бадниковата трпеза. Од намирници потребни се – 30 грама квасец, 500 мл вода, 1 лажица шеќер, 1 лажица сол, 700 + 100 грама брашно, масло (зависи дали е постот на вода или не, 50 мл), сусам. Подготовка Во врела вода иситнете го квасецот, па додадете го шеќерот и измешајте. Додатете половина мерка од брашното и сол, па повторно измешајте. Додатете го останатото брашно од 700 грама и измешајте со лажица. Ако не постите само на вода, тогаш додадете две третини од 50 мл масло, измешајте. Оставете го тестото да одмори 30 минути. Кога ќе нарасне, посипете го тестото со 100 грама брашно и измесете го уште еднаш. Сега тестото не треба да се лепи, туку е мазно и меко. Поделете го тестото на половина, па секоја половина уште на половина (деловите треба да се еднакви), па и тие на пола, се додека не добиете 20 еднакви делови. Од секое делче од тестото направете топче. Ако постите со масло, премачкајте ја тавата за печење со масло, па ставете едно топче на средината, па 6 топчиња околу него, и останатите 13 околу нив. Немојте премногу да ги притикате едно до друго, зашто ќе нараснат. Ако пак постите со вода, ставете хартија за печење пред да ги редите топчињата. На крајот наросете од сусамот. Оставете повторно така да отстои тестото уште 30 минути, дури потоа печете го во претходно загреана рерна, на 200 степени околу 25 минути. Готовата погача премачкајте ја со масло или само со вода.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/hrana-i-pijalaci/recept-za-vkusna-badnikova-pogacha-so-parichka-3/feed/ 0
Изберете паричка од сликата и дознајте како да ги зголемите финансиите: Важно е да ја изберете онаа што ви се допаѓа https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/izberete-parichka-od-slikata-i-doznajte-kako-da-gi-zgolemite-finansiite-vazno-e-da-ja-izberete-onaa-shto-vi-se-dopagja/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/izberete-parichka-od-slikata-i-doznajte-kako-da-gi-zgolemite-finansiite-vazno-e-da-ja-izberete-onaa-shto-vi-se-dopagja/#respond Wed, 20 Apr 2022 15:43:47 +0000 https://kurir.mk/?p=666109

Тест кој открива како да имате повеќе пари – изберете една паричка и дознајте ја тајната на вашето богатство. Која паричка ја избравте? Паричка 1 – монетата со змеј укажува на стабилност. Приходите ќе ви се зголемуваат, но постепено. Со малку можете да постигнете голем успех. Избегнувајте ја мрзеливоста, таа најмногу може да ве кочи. Преземете ги тие мали чекори и одржувајте го трендот на финансиски раст. Понекогаш е важно да преземете ризици и да излезете од вашата комфорна зона за да добиете повеќе. Паричка 2 – Оваа монета ја избираат луѓе кои имаат шанса да имаат среќа со парите во блиска иднина. Работите напорно и верувате дека ќе успеете и поради тоа наскоро целата работа ќе ви тргне нагорно, а вие ќе бидете успешни. Богатството ќе ви дојде од таму каде што не сте очекувале. За да не ја пропуштите финансиската шанса, прифатете ги сите подароци и искушенија. Преземете акција и не пропуштајте го вашиот успех. Паричка 3 – Симболизира голем успех и среќа во сите постапки. Многу брзо можете да добиете вреден подарок, наследство или да добиете на лотарија. Важно е да не ги трошите сите пари одеднаш, пристапете кон ова прашање рационално и со ладна глава. Ако ги инвестирате во профитабилен проект, можете да го умножите вашето богатство. Внимавајте да не трошите пари на непотребни работи. Инвестирајте во вашиот развој, знаење, нови проекти – обезбедете си удобен живот во иднина. Паричка 4 – Вие сте исклучително вредна и амбициозна личност, но тврдоглавоста често ве кочи на патот кон успехот и просперитетот. Луѓето како вас се навикнати да постигнуваат се со сопствен труд и да работат неуморно. Одговорни сте и подготвени да работите посветено, само за да го постигнете резултатот. Сепак, овие квалитети ве спречуваат да размислувате пошироко. За да имате повеќе пари, треба да го промените ставот и односот кон нив. Научете да размислувате позитивно за парите, почитувајте ги и преиспитајте ги вашите верувања. Кога ќе одбиете негативен став кон парите, полесно ќе ги привлечете.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/izberete-parichka-od-slikata-i-doznajte-kako-da-gi-zgolemite-finansiite-vazno-e-da-ja-izberete-onaa-shto-vi-se-dopagja/feed/ 0
Не се воздржа да не се пофали: Еве каде се падна паричката во домот на пејачката Тамара Тодевска (ФОТО) https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ne-se-vozdrza-da-ne-se-pofali-eve-kade-se-padna-parichkata-vo-domot-na-pejachkata-tamara-todevska-foto/ https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ne-se-vozdrza-da-ne-se-pofali-eve-kade-se-padna-parichkata-vo-domot-na-pejachkata-tamara-todevska-foto/#respond Wed, 06 Jan 2021 20:52:21 +0000 https://kurir.mk/?p=452509

Како и многумина познати личности од земјава и регионот, така вечерва нашата пејачка Тамара Тодевска се пофали каде се паднала паричката во нејзиниот дом. Имено таа на социјалните мрежи како и многумина граѓани сподели фотографија од паричката во рацете на нејзината ќерка Хана. „Паричката оваа година се падна кај Хана“, напиша Тамара. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/scena/poznati/ne-se-vozdrza-da-ne-se-pofali-eve-kade-se-padna-parichkata-vo-domot-na-pejachkata-tamara-todevska-foto/feed/ 0
„Во рацете на судбината“-поучна приказна https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-racete-na-sudbinata-pouchna-prikazna/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-racete-na-sudbinata-pouchna-prikazna/#respond Thu, 08 Oct 2020 10:29:57 +0000 https://kurir.mk/?p=413872

Иако имал десет пати помалку војници од противникот, големиот воин донел одлука да ги нападне непријателите. Знаел дека ќе победи, ама знаел и дека неговите војници се сомневаат во успехот. Застанал кај еден храм и им рекол на своите соборци: „Откако ќе го посетам храмот ќе фрлам паричка, ако падне глава ќе победиме, ако падне петка – ќе загубиме. Во рацете на судбината сме.“ Воинот влегол во храмот и се помолил молчешкум. Потоа излегол и ја фрлил високо паричката. Паднало глава. Војниците се наостриле за бојот, кој го добиле без голема мака. „Никој не може да ја промени волјата на судбината“ – му рекол неговиот помошник по големата битка. „Навистина не може“ – рекол воинот, покажувајќи ја паричката на која од двете страни имало глава.      ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/vo-racete-na-sudbinata-pouchna-prikazna/feed/ 0