парички – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 14 Aug 2023 18:13:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png парички – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Американец стана милионер преку ноќ: Под своето поле со пченка нашол 800 златници https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanets-stana-milioner-preku-nok-pod-svoeto-pole-so-pchenka-nashol-800-zlatnitsi/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanets-stana-milioner-preku-nok-pod-svoeto-pole-so-pchenka-nashol-800-zlatnitsi/#respond Mon, 14 Aug 2023 18:13:06 +0000 https://kurir.mk/?p=866601

Човек од американската сојузна држава Кентаки стана милионер преку ноќ, откако на своето поле со пченка пронашол ретки златни монети од времето на американската Граѓанска војна (1861 - 65), за коишто се проценува дека вредат милиони долари. Тој ископал повеќе од 800 кованици што датираат од 1840 до 1863 година. Видеоснимка од откритието објави „Говминт“ (GovMint), куќа специјализирана за продажба на монети. „Најневеројатното откритие околу ова закопано богатство е во 18-те златни парички од 20 долари од 1863 година. Ова е монета што честопати достигнува шест цифри на наддавањата“, се наведува во написот. Се претпоставува дека паричките можеби биле закопани како по декларацијата за неутралност на Кентаки во Граѓанската војна. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/amerikanets-stana-milioner-preku-nok-pod-svoeto-pole-so-pchenka-nashol-800-zlatnitsi/feed/ 0
Две момчиња во Франција пронашле златни прачки во орманот на својата баба https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dve-momchinja-vo-francija-pronashle-zlatni-prachki-vo-ormanot-na-svojata-baba/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dve-momchinja-vo-francija-pronashle-zlatni-prachki-vo-ormanot-na-svojata-baba/#respond Sat, 23 May 2020 17:05:28 +0000 https://kurir.mk/?p=349525

Две десетгодишни деца од Франција кои си играле во градината на семејниот дом во Вендоме, за време на коронавирусот, пронашле вредно откритие. Откако француската влада воведе карантински мерки, нивните родители решиле да го напуштат Париз, каде што живее семејството, и да се преселат во семејната куќа во Вендоме, југозападно од главниот град, пишува Би-би-си. Нивните синови, двајцата на возраст од десет години, сакале во дворот да направат куќа од гранчиња, лисја и прекривки. Таткото им рекол да земат стари прекривки од орманот на бабата, во собата за гости. Додека момчињата ги ваделе прекривките од орманот, од него испаднале два прилично тешки предмета, раскажал локалниот антиквар и колекционер Филипе Рулие за француски БФМТВ. Момчињата не биле заинтересирани за необичните предмети па ги вратиле во плакарот. Но, кога му кажале на нивниот татко што се случило, тој ги замолил да ги донесат овие необични предмети, мислејќи дека тоа се држачите за ножеви на неговата баба. Кога погледнал за што станува збор, му се јавил на Рулие и му испратил фотографии, а аукционерот објаснил дека се работи за две златни прачки, секоја со тежина од по еден килограм. Сега и двете се понудени на интернет аукција на аукциската куќа на Рулие, а нивната вредност се проценува на 40.000 евра по парче, но експертите ценат дека може да се продадат и по 100.000 евра бидејќи цената на златото е зголемена поради корона-кризата. Се покажало дека бабата ги купила прачките во 1967 година и дека има сертификат за набавка.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/dve-momchinja-vo-francija-pronashle-zlatni-prachki-vo-ormanot-na-svojata-baba/feed/ 0
ВИДЕО: Со детектор за метал барале изгубена бурма, најдоа цело богатство https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-so-detektor-za-metal-barale-izgubena-burma-najdoa-celo-bogatstvo/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-so-detektor-za-metal-barale-izgubena-burma-najdoa-celo-bogatstvo/#respond Mon, 18 Nov 2019 09:19:25 +0000 https://kurir.mk/?p=265233

Кога двајца Ирци тргнале со детектор за метал да ја бараат изгубената бурма на едниот од нив, не можеле ниту да претпостават дека ќе си заминат дома побогати за 100.000 фунти. Пол Рајнард (44) се расплакал кога заедно со најдобриот пријател Мајкл Гвин (52) наишол на вистинско богатство во Северна Ирска. Пријателите пронашле 84 златни парички кои датираат од 16 век. Експертите велат дека само една ултраретка паричка со ликот на Хенри Осми вреди 5.000 фунти. Меѓу нив се наоѓала и паричка од 1546 година кога владеел кралот дете Едвард Шести, со вредност од 3.000 фунти. -Ова е момент за кој сонувавме. Беше тоа неверојатно чувство, нешто како проверување на броеви од лотарија за да видите дали сте добиле. Се тресев од возбуда, се уште не можам да верувам, изјавил Рајнард. Паричките се на проценка во Мизеј, а според првичните информации нивната вредност е 100.000 фунти. Што се однесува до бурмата, таа не е пронајдена. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zanimlivosti/video-so-detektor-za-metal-barale-izgubena-burma-najdoa-celo-bogatstvo/feed/ 0