парична награда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Mon, 13 Mar 2023 16:00:08 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png парична награда – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 НАГРАДА ОД 20.000 ЕВРА: Полицијата бара информации околу сторителите на пукањето во угостителскиот објект во Тирана https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nagrada-od-20-000-evra-politsijata-bara-informatsii-okolu-storitelite-na-pukaneto-vo-ugostitelskiot-objekt-vo-tirana/ https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nagrada-od-20-000-evra-politsijata-bara-informatsii-okolu-storitelite-na-pukaneto-vo-ugostitelskiot-objekt-vo-tirana/#respond Mon, 13 Mar 2023 15:58:35 +0000 https://kurir.mk/?p=811462

Албанската полиција побара помош од граѓаните за апсење на сторителите на вооружениот напад во угостителски објект во Тирана и распиша награда во износ од 20 илјади евра за секој кој ќе даде корисна информација. -Државната полиција ги повикува граѓаните да дадат информации за сторителите на овој немил настан и нуди награда од 20.000 евра за секоја вредна информација што ќе доведе до идентификација на сторителите. Државната полиција го прави достапен на јавноста и бесплатниот телефонски број 069 41 11 546, стои во полициското соопштение. Во него се наведува и динамиката на кримилното дело, при што се наведува дека возилото со кое пристигнале пред објектот, марка „БМВ“, било украдено во Драч. -Сторителите пристигнале со возило БМВ со странски регистарски таблички, го застанале пред кафеаната на Фатјон Мурати, познато име на полицијата. Двајца од сторителите излегле од автомобилот и отвориле оган со автоматски пушки во правец на кафеаната, по што се оддалечиле од местото. Во возилото кое е пронајдено запалено во село Ликметај беа пронајдени и три автоматски пушки. Од проверката на бројот на шасијата, излегува дека БМВ сива боја било украдено во текот на ноќта на 12.03.2021 година во Драч, се наведува во полициското соопштение. Според полицијата, во пукотниците животот го загубила Мимоза Паја (58) која била вработена како шанкер, а повредени се пет граѓани на возраст од 42 до 55 години, од кои тројца и понатаму се во трауматолошката болница и добиваат лекарска помош. Девојче на возраст од 10 години, внука на убиената, се здобило со повреди на раката од скршените стакла од престрелката. Полицијата соопшти дека Мурати бил во домашен притвор, откако при претрес во неговиот дом било пронајдено оружје. По синоќешниот инцидент полицијата не го пронашла во неговиот дом. Постојат основи на сомневање дека претходно заминал за Косово, а потоа за Турција.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/region/nagrada-od-20-000-evra-politsijata-bara-informatsii-okolu-storitelite-na-pukaneto-vo-ugostitelskiot-objekt-vo-tirana/feed/ 0
АТП ќе плати рекордни 217,9 милиони долари во парична награда во 2023 година https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/atp-kje-plati-rekordni-217-9-milioni-dolari-vo-parichna-nagrada-vo-2023-godina/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/atp-kje-plati-rekordni-217-9-milioni-dolari-vo-parichna-nagrada-vo-2023-godina/#respond Thu, 17 Nov 2022 13:40:47 +0000 https://kurir.mk/?p=762426

Асоцијацијата на тениските професионалци (АТП) го објави најголемото зголемување на паричните награди во историјата. Вкупниот награден фонд на АТП турнирите и Челинџерс следната сезона ќе изнесува рекордни 217,9 милиони долари. Во однос на 2022 година ќе порасне за 17%, односно за 37,5 милиони. Наградниот фонд на АТП турнирите ќе порасне за 12% до 175 милиони. Да потсетиме дека оваа сума не ги зема предвид Грен слем наградите кои организаторите сами ги одредуваат. Наградниот фонд на Челинџер турнирите ќе порасне за 75% до 21,1 милиони.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/atp-kje-plati-rekordni-217-9-milioni-dolari-vo-parichna-nagrada-vo-2023-godina/feed/ 0
Матеус го „посрамоти“ Ноер: Го почести таксистот кој на голманот му го врати изгубениот паричник https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mateus-go-posramoti-noer-go-pochesti-taksistot-koj-na-golmanot-mu-go-vrati-izgubeniot-parichnik/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mateus-go-posramoti-noer-go-pochesti-taksistot-koj-na-golmanot-mu-go-vrati-izgubeniot-parichnik/#respond Sat, 23 Jul 2022 16:49:31 +0000 https://kurir.mk/?p=709371

Легендарниот германски фудбалер Лотар Матеус одлучи да го почести таксистот кој неодамна му го вратил изгубениот паричник на голманот на Баерн, Мануел Ноер, пренесува „Билд“. Таксистот Азир С. се нашол во центарот на вниманието на германската јавност откако во своето такси возило го возел славиот голман. Азир сфатил дека Ноер го загубил паричникот со документи, пари, платежни картички, па го нашол голманот и му ги вратил. Се надевал дека како чесен пронаоѓач ќе биде награден, но за возврат добил само потпишан дрес од Ноер. -Името и адресата на Мануел Ноер беа на неговата лична карта. Внатре беа картички и околу 800 евра во готовина. Наградата е зафрканција. Имам четири деца и што да правам со тој дрес, изјавил таксистот за Билд и додал дека потрошил 400 евра само на бензин додека да го пронајде неговиот дом. Приказната ја слушнал Матеус и се одлучил да направи фраерски потег. Имено, одлучил од Азир да го откупи дресот на Мануел Ноер за 1.000 евра, а потоа го предал на аукција за да собере пари за хуманитарни цени. -Знам како е да се загуби паричник. Многу работа има после тоа. Нови картички, документи. Секоја чест што го спасил Мануел од поголеми проблеми, изјавил Матеус.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/mateus-go-posramoti-noer-go-pochesti-taksistot-koj-na-golmanot-mu-go-vrati-izgubeniot-parichnik/feed/ 0
Секој Британец кој што ќе вдоми укрински бегалци ќе добие 420 евра месечно од државата https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sekoj-britanec-koj-shto-kje-vdomi-ukrinski-begalci-kje-dobie-420-evra-mesechno-od-drzavata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sekoj-britanec-koj-shto-kje-vdomi-ukrinski-begalci-kje-dobie-420-evra-mesechno-od-drzavata/#respond Sun, 13 Mar 2022 11:22:33 +0000 https://kurir.mk/?p=646302

Секој Британец кој ќе им понуди покрив над глава на украински бегалци ќе добива 350 фунти (420 евра) месечно од државата, што е начин на кој Владата во Лондон сака да им се заблагодари на граѓаните за тој гест. Според програмата „Домови за Украина“, граѓаните кои ќе обезбедат бесплатно сместување во период од најмалку шест месеци ќе добиваат 420 евра месечно, без разлика колку бегалци ќе примат, јавија локалните медиуми. Поединци, добротворни организации, заедници и компании ќе имаат право да го доведат на безбедно секој што бега од рускиот напад врз Украина. Бегалците кои ќе дојдат во Британија ќе можат да останат три години и ќе можат да работат и да имаат услуги од државата. Се верува дека десетици илјади луѓе би можеле да најдат засолниште во Британија како дел од новата програма. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/sekoj-britanec-koj-shto-kje-vdomi-ukrinski-begalci-kje-dobie-420-evra-mesechno-od-drzavata/feed/ 0
Овој град плаќа 1.400 евра на секој што е позитивен: Има само еден услов https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovoj-grad-plakja-1-400-evra-na-sekoj-shto-e-pozitiven-ima-samo-eden-ulov/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovoj-grad-plakja-1-400-evra-na-sekoj-shto-e-pozitiven-ima-samo-eden-ulov/#respond Mon, 06 Dec 2021 15:31:13 +0000 https://kurir.mk/?p=604866

Северниот кинески град Харбин плаќа 1.400 евра (1.570 долари) на секој што е позитивен на тестирањето за коронавирус - под услов да се појави независно без потреба да се следи контактот. Новиот план на градската управа ќе ги награди оние кои активно ќе се пријават да се тестираат за ковид-19 кога ќе добијат симптоми, пишува кинескиот државен медиум The Beijing News. Според владиниот проспект од 4 декември, до кој Инсајдер имал пристап, владата во Харбин ќе ги награди само оние кои ќе се појават без стимулации. - Ги советуваме жителите да ги земат предвид новостите за тоа каде се јавуваат позитивни случаи на Ковид. Ако имате симптоми на Ковид-19 како треска, кашлица, болки во грлото, замор, губење на мирис или вкус, болки во мускулите или дијареа, немојте да се лекувате сами. Носете маска и одете во најблиската клиника и кажете ни каде сте патувале и со кого сте стапиле во контакт – стои во известувањето. Понатаму се вели дека „ако се пријавите откако ќе ги почувствувате симптомите, посетите медицинска установа и отидете на лекар и ги објасните околностите, оние кои ќе бидат позитивни на ковид-19 ќе бидат наградени со 10.000 кинески јуани“. Иако ова може да изгледа како астрономска бројка за градот на прв поглед за само еден тест за ковид, Харбин редовно регистрирал помалку од 10 случаи на ден минатата недела. На 5 декември, градот пријавил седум нови случаи. Сепак, малку е веројатно дека овие лица ќе добијат парична награда бидејќи се заокружуваат преку рутинско тестирање и следење контакти. Иако бројот на пријавени случаи во Кина е постојано понизок од првичната епидемија во Вухан, земјата официјално не вклучува пациенти кои се позитивни на вирусот, но се асимптоматски. Според кинескиот здравствен центар, на 5 декември биле регистрирани 61 случај во 31 провинција, со што бројот на активни случаи во земјата достигна 1.060.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/ovoj-grad-plakja-1-400-evra-na-sekoj-shto-e-pozitiven-ima-samo-eden-ulov/feed/ 0
Владата официјално донесе одлука: 30 денари по вакциниран пациент за матичните лекари https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-oficijalno-donese-odluka-30-denari-po-vakciniran-pacient-za-matichnite-lekari/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-oficijalno-donese-odluka-30-denari-po-vakciniran-pacient-za-matichnite-lekari/#respond Tue, 30 Nov 2021 19:21:15 +0000 https://kurir.mk/?p=602144

Владата на Република Македонија денеска ја оддржа својата 122-та седница. Во насока на стимулација на интересот за вакцинација за заштита од КОВИД-19 и за спречување на ширењето на пандемијата, Владата денеска донесе одлука за еднократна финансиска награда во висина од 30 денари по пациент за матичните лекари доколку достигнат и надминат опфат од 70% со вакцинација на своите пациенти од вкупниот број запишани кај нив.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-oficijalno-donese-odluka-30-denari-po-vakciniran-pacient-za-matichnite-lekari/feed/ 0
Зголемена е паричната награда за Дејан, еве колку ќе добие нашиот “сребрен“ херој https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/zgolemena-e-parichnata-nagrada-za-dejan-eve-kolku-kje-dobie-nashiot-srebren-heroj/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/zgolemena-e-parichnata-nagrada-za-dejan-eve-kolku-kje-dobie-nashiot-srebren-heroj/#respond Sat, 31 Jul 2021 07:11:28 +0000 https://kurir.mk/?p=544241

Премиерот Зоран Заев го прими носителот на сребрениот медал на Летните олимписки игри во Токио во теквондо Дејан Георгиевски, кој беше во придружба на тренерите Дарко Костовски и Борче Костовски. Премиерот Заев му честиташе на сребрениот олимпиец Георгиевски и се запозна со искуството на младиот спортист од настапот на олимписката спортска арена во Токио. На средбата, премиерот Заев му се заблагодари на Дејан Георгиевски за радоста што им ја донесе на граѓаните на земјата од Токио и истакна дека Дејан е пример и модел за младите дека ништо не е недостижно, дури и олимписките врвови кога талентот оди заедно со посветеноста за најдобри резултати и со упорноста да се постигнат. За време на разговорот премиерот Заев рече дека успехот на Георгиевски е поттик за Агенцијата за млади и спорт да ги унапреди условите за развој на теквондото и другите олимписки дисциплини за кои постои широк интерес меѓу младите. Владата на 93-та седница ја дополни одлуката за паричната награда за постигнатиот врвен олимписки успех и таа сега е поголема за 800.000 денари и изнесува 2 милиони денари од страна на Владата и 600.000 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/zgolemena-e-parichnata-nagrada-za-dejan-eve-kolku-kje-dobie-nashiot-srebren-heroj/feed/ 0
Парична награда и од МОК за Дејан Георгиевски https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/parichna-nagrada-i-od-mok-za-dejan-georgievski/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/parichna-nagrada-i-od-mok-za-dejan-georgievski/#respond Thu, 29 Jul 2021 11:05:01 +0000 https://kurir.mk/?p=543455

Македонскиот таекводно репрезентативец, Дејан Георгиевски ќе добие еднократна награда од 10 000 евра од МОК за освоениот сребрен медал на ЛОИ во Токио, а предвидена е спипендија од 1000 долари месечно до следниот Олимпипски игри во Париз 2024 година. -Олимпискиот комитет на Северна Македонија кој и досега севкупно ги финансираше сите подготвителни активности на Таеквондо репрезентативците на најпрофесионален начин, има задоволство дополнително да даде и финансиска награда за најзаслужниот за овој извонреден успех кој е круна на повеќегодишната систематска работа на стручниот штаб сесрдно подржан од Олимпискиот комитет. Финансиската еднократна награда ќе изнесува 10.000 евра за Дејан Георгиевски. Дополнително Олимпискиот комитет ќе обезбеди максимална стипендија за Дејан за следните Олимписки игри во Париз 2024 во износ од 1.000 УСД месечно, велат од МОК. Георгиевски како што е веќе познато ќе добие и 30 000 евра од Владата како и 10 000 евра од АМС.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/parichna-nagrada-i-od-mok-za-dejan-georgievski/feed/ 0
Тренерите на Георгиевски се откажаа од наградата: Таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/trenerite-na-georgievski-se-otkazaa-od-nagradata-taa-celosno-treba-da-bide-nasochena-kon-olimpiskiot-viceshampion-novata-makedonska-gordost/ https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/trenerite-na-georgievski-se-otkazaa-od-nagradata-taa-celosno-treba-da-bide-nasochena-kon-olimpiskiot-viceshampion-novata-makedonska-gordost/#respond Wed, 28 Jul 2021 10:23:44 +0000 https://kurir.mk/?p=542989

Тренерите на новата македонска гордост, Дејан Георгиевски кој на Олимписките игри во Токио освои сребрен медал, се откажаа од паричната награда која Владата одлучи да им ја додели на последната владина седница. -Владата доделила 20.000 евра за македонската спортска икона Дејан Георгиевски и 10.000 евра за тренерите. Мојот брат д-р Борче Костовски и јас како тренери на олимпискиот сребрен медалист Дејан Георгиевски, апсолутно се откажуваме од премијата што е доделена за нас, секако таа целосно треба да биде насочена кон олимпискиот вицешампион, новата македонска гордост. За нас како тренери во овие моменти доволен е олимпискиот историски сребрен медал (СО ЗЛАТЕН ОТСЈАЈ), пишува на Фејсбук, Дарко Костовски. Владата денеска соопшти дека донесе одлука на Дејан Георгиевски да му биде доделена парична награда во висина од 1.200.000 денари. На седницата одлучено е на тренерот да му бидат доделени 600.000 денари. Освојувачот на сребрениот медал во теквондо на ЛОИ Токио 2020 ќе биде награден и со дополнителни 600.000 денари од страна на Агенцијата за млади и спорт, информираа од Владата. Македонскиот теквондист и донесе сребрен олимписки медал на Македонија во категорија +80 килограми. Георгиевски загуби во финалната борба од Русинот Владислав Ларин со резултат 15:9, а Мохамед Азми од Египет беше судија на оваа борба. Од Токио се враќа со сребрен медал, а во финалето се пласираше откако во полуфиналето го совлада Кореецот Ин кој го носи прекарот „магионичарот“. Патот кон олимпискиот медал, Дејан го започна со победата на актуелниот светски шампион Рафаел Алба од Куба, а следуваше и победата над Саиду Гбане од Брегот на Слоновата коска.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/ostanati-sportovi/trenerite-na-georgievski-se-otkazaa-od-nagradata-taa-celosno-treba-da-bide-nasochena-kon-olimpiskiot-viceshampion-novata-makedonska-gordost/feed/ 0
Здравствени работници од Клиника за неврологија: Филипче не остави без парична награда и без скафандери, тотална деградација во време на КОВИД-19 https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstveni-rabotnici-od-klinika-za-nevrologija-filipche-ne-ostavi-bez-parichna-nagrada-i-bez-skafanderi-totalna-degradacija-vo-vreme-na-kovid-19/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstveni-rabotnici-od-klinika-za-nevrologija-filipche-ne-ostavi-bez-parichna-nagrada-i-bez-skafanderi-totalna-degradacija-vo-vreme-na-kovid-19/#respond Tue, 09 Mar 2021 08:48:14 +0000 https://kurir.mk/?p=479354

Здравствените работници секој ден повикуваат дека постои деградацијата од страна на министерот за здравство, Венко Филипче. Здравствените работници од Клиниката за неврологија се жалат дека се заборавени од министерот за здравство. Здравствени работници на Клиниката за неврологија веќе шест месеци лекуваат граѓани од КОВИД-19, но тие воопшто не се наградени од министерот за здравство. Здравствените работници од Клиниката за неврологија коментираат дека нивните колеги од Инфективна клиника кои се блиски до власта земаат бонуси, а воопшто немаат влезено во КОВИД центарот, додека тие секојдневно се соочуваат со пандемијата немаат добиено ниту денар. -Сите наши колеги и доктори земаа наградно 27.900 денари, а воопшто не влегоа во КОВИД центарот ,па како може да не деградираат и да не користат како да сме мали деца, директорот за да биде добар колега на шуто и рогато му исплати бонус, а ние мака мачиме со 16.300 денари плата . А, со тие пари треба витамини да си купиме , храна за дежурство, сок ,некогаш и скафандери и за што работиме ние? За лепе очи ? За Венко да може да се фали во јавност дека се е розово, а вистината е жална. Заштита при работа има 0%,нема скафандери четири месеци, со мантилчиња како гревчиња сме фрлени во КОВИД центарот,срамота и греота, ни одмор, ни бутур, до кога вака ќе се угнетува работникот“, раскажува револтиран здравствен работник од Клиника за неврологија. За парична помош имаше лавина негативни коментари од здравствени работници, така пишуваше и доктор Добрила Андоновска пред неколку месеци. -Тие што имаа среќа да бидат наградени сепак не ги добија ветените 30.000 денари тука 27.900 денари. А, што добија тие кои се инфицираа со КОВИД-19 на своите работни места или починаа? Тие добија намалена плата поради боледувањето, на некои им' се наруши трајно здравјето, на некои' им заболеа семејствата, а некои за жал ја загубија битката со КОВИДОТ и добија - лимен сандак. Вечна им' слава. Со вакви непромислени одлуки, со дискриминацијата на вработените во здравството, со поделби на „заслужни" и „не-заслужни" само се нарушува тимскиот дух и се намалува ентузијазмот кои се клучни за успех во справувањето со пандемијата со КОВИД – 19, пишува доктор Добрила Андоновска на социјални мрежи на 23.12.2020. Игор Николов, претседател на Комисија за здравство при ВМРО-ДПМНЕ при своето гостување во радио „Лидер“ на 23.12.2020 година појасни дека сите категории на здравствени работници се чувствуваат неубаво кога од една страна имате терминологија јунаци, херои, ви благодариме, вие сте многу храбри, господ да ве чува, а од друга страна министерот ги дели здравствените работници, едните ги наградува, а другите ги заборава. -Наградувањето на персоналот тоа првата линија, втората линија итн. можеше да се спомнува во мај месец, април месец кога почна короната, додаде Николов. Николов појасни дека уште полошо е што наградата е еднократна, не е на месечно ниво, и со самата селекција се создава незадоволство кај здравствениот персонал, а најмногу се забележува кај матичните лекари. Сега во моментов кога матичните лекари им помагаат на своите пациенти, и деноноќно ги контактираат се заборавени од власта. Прва и втора линија на браникот на корона поради власта се избришани. Наградите кои се како мотивација на персоналот што ги најавуваше министерот за здравство Венко Филипче единствено со ова направи незадоволство кај персоналот, и не се правично распределени.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/zdravstveni-rabotnici-od-klinika-za-nevrologija-filipche-ne-ostavi-bez-parichna-nagrada-i-bez-skafanderi-totalna-degradacija-vo-vreme-na-kovid-19/feed/ 0