парична помош – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Fri, 21 Oct 2022 15:05:34 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png парична помош – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Од 2023 година ЕУ планира помош од 1,5 милијарди евра месечно за Украина https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-2023-godina-eu-planira-pomosh-od-1-5-milijardi-evra-mesechno-za-ukraina/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-2023-godina-eu-planira-pomosh-od-1-5-milijardi-evra-mesechno-za-ukraina/#respond Fri, 21 Oct 2022 15:05:34 +0000 https://kurir.mk/?p=749130

Европската унија планира да обезбедува помош од 1,5 милијарди евра месечно за Украина во 2023 година за поддршка на таа земја во војната, изјави денеска претседателката на Европската комисија Урсула фон дер Лајен по самитот на ЕУ. Таа на прес-конференција рече дека тоа ќе биде „предвидлив, стабилен и сигурен прилив на приходи“ и додаде дека министрите за финансии на ЕУ се задолжени да развијат соодветен механизам за давање пари на Украина. На самитот, кој меѓу другото се занимаваше и со војната во Украина, балтичките земји побараа формирање специјален суд за злосторства за време на инвазијата што Русија ја започна на крајот на февруари. (МИА)
]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-2023-godina-eu-planira-pomosh-od-1-5-milijardi-evra-mesechno-za-ukraina/feed/ 0
Еднократна парична помош за сите првачиња во општина Свети Николе https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ednokratna-parichna-pomosh-za-site-prvachinja-vo-opshtina-sveti-nikole/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ednokratna-parichna-pomosh-za-site-prvachinja-vo-opshtina-sveti-nikole/#respond Wed, 31 Aug 2022 16:04:42 +0000 https://kurir.mk/?p=726852

На денешната седница на Советот на општина Свети Николе е донесена одлука со која на сите запишани ученици во прво одделение им се доделува еднократен износ од 3000 денари како помош на родителите во овие тешки времиња за купување на ученички прибор на почетокот на учебната година, објави градоначалникот на општина Свети Николе Дејан Владев. За да го остварат ова право треба да се достават соодветни податоци до одделенските наставници, за да може општината во најкраток рок да им ги префрлат средствата Воедно, како Градоначалник заедно со сите советници за наредната учебна година од буџетот на општината Свети Николе ќе се доделуваат парични средства на сите идни средношколци кои своето образование ќе го продолжат во СОУ ,,Кочо Рацин" Св.Николе, пишува во својата објава на Фејсбук Владев. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/ednokratna-parichna-pomosh-za-site-prvachinja-vo-opshtina-sveti-nikole/feed/ 0
Ристески: Помош од 5.000 денари за секој ученик запишан во прва година во СОУ” Св. Наум Охридски” во Македонски Брод https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-pomosh-od-5-000-denari-za-sekoj-uchenik-zapishan-vo-prva-godina-vo-sou-sv-naum-ohridski-vo-makedonski-brod/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-pomosh-od-5-000-denari-za-sekoj-uchenik-zapishan-vo-prva-godina-vo-sou-sv-naum-ohridski-vo-makedonski-brod/#respond Wed, 15 Jun 2022 15:33:40 +0000 https://kurir.mk/?p=691321

Согласно Програмата за развој на културата, спортот и образованието во Општина Македонски Брод за 2022 година, Општина Македонски Брод во текот на денешниот ден ја реализираше активноста "Доделување на еднократен паричен надоместок во висина од 5.000, 00 денари за помош на ученици кои ќе се запишат во прва година во СОУ" Св. Наум Охридски" во Македонски Брод за учебната 2021/2022 година, информираше преку Фејсбук објава градоначалникот Ристески. Тој напиша дека Општина Македонски Брод ќе продолжи со реализација на оваа активност и за наредните учебна години. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/risteski-pomosh-od-5-000-denari-za-sekoj-uchenik-zapishan-vo-prva-godina-vo-sou-sv-naum-ohridski-vo-makedonski-brod/feed/ 0
Парична помош од општина Аеродром за украинскиот народ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/parichna-pomosh-od-opshtina-aerodrom-za-ukrainskiot-narod/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/parichna-pomosh-od-opshtina-aerodrom-za-ukrainskiot-narod/#respond Wed, 09 Mar 2022 11:14:38 +0000 https://kurir.mk/?p=643957

Општина Аеродром изразува солидарност со украинскиот народ и цивилното население кое е приморано да ги напушти своите домови поради воените дејства во Украина. Упатуваме осуда кон секаков вид агресија и воена интервенција чие место дефинитивно не е во 21 век. Токму затоа, со одлука на Советот, Општина Аеродром ќе донира 150 илјади денари парична помош за украинскиот народ кој минува низ тежок период предизвикан од воената агресија. Општина Аеродром ја покажува солидарноста на дело и во рамките на своите можности ги помага сите оние на кои им е најпотребно.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/parichna-pomosh-od-opshtina-aerodrom-za-ukrainskiot-narod/feed/ 0
Стефковски: Секое прваче ќе добива еднократна парична помош од општината https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-sekoe-prvache-kje-dobiva-ednokratna-parichna-pomosh-od-opshtinata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-sekoe-prvache-kje-dobiva-ednokratna-parichna-pomosh-od-opshtinata/#respond Sat, 11 Dec 2021 19:47:31 +0000 https://kurir.mk/?p=607141

Реализирано уште едно ветување‼️ На вчерашната седница на мој предлог, Советот на општина Гази Баба одлучи следната учебна година, секое семејство кое ќе има прваче, да добие еднократна парична помош од општината во висина од 3000 денари‼️, објави преку социјалната мрежа на Фејсбук градоначалникот на општина Гази Баба Бобан Стефкофски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/stefkovski-sekoe-prvache-kje-dobiva-ednokratna-parichna-pomosh-od-opshtinata/feed/ 0
На барање на Арсовска, за 1,5 милиони денари зголемена паричната помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/na-baranje-na-arsovska-za-1-5-milioni-denari-zgolemena-parichnata-pomosh-za-semejstvata-na-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/na-baranje-na-arsovska-za-1-5-milioni-denari-zgolemena-parichnata-pomosh-za-semejstvata-na-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja/#respond Thu, 09 Dec 2021 11:25:42 +0000 https://kurir.mk/?p=606056

На барање на градоначалничката Данела Арсовска, на денешната втора седница на Советот на Град Скопје, сумата во предлог-одлуката за доделување на паричната помош за семејствата на загинатите во автобуската несреќа што се случи во соседна Бугарија се зголемува на 3,5 милиони денари, со цел да се излезе во пресрет на семејствата. - На оваа седница предлагам оваа ставка да се зголеми на 3,5 милиони денари, со цел да се излезе во пресрет на семејствата на загинатите и повредените од сообраќајната несреќа, кажа Арсовска во нејзиното обраќање на денешната седница на Советот. Градот Скопје уште еднаш изразува длабоко жалење и сочувство до семејствата на настраданите, а на повредените им пожелува побрзо закрепнување. Претходно Градот донесе одлука да додели 2 милиони денари за семејствата на загинатите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/na-baranje-na-arsovska-za-1-5-milioni-denari-zgolemena-parichnata-pomosh-za-semejstvata-na-zaginatite-vo-avtobuskata-nesrekja/feed/ 0
Почнува исплатата на помош за новороденчиња во Аеродром: 53 семејства ќе добијат по 8.000 денари https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pochnuva-isplatata-na-pomosh-za-novorodenchinja-vo-aerodrom-53-semejstva-kje-dobijat-po-8-000-denari/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pochnuva-isplatata-na-pomosh-za-novorodenchinja-vo-aerodrom-53-semejstva-kje-dobijat-po-8-000-denari/#respond Mon, 29 Nov 2021 10:03:11 +0000 https://kurir.mk/?p=601336

Неделава почнува исплатата на финансиската помош за новороденчиња во Општина Аеродром, која беше стопирана со месеци. Со оваа мерка, 53 семејства во Општина Аеродром ќе добијат по 8 000 денари парична помош за новороденче. Општина Аеродром преку доделување еднократна парична помош за сите новороденчиња родени на нејзината територија дава свој скромен придонес во зголемувањето на наталитетот, а со цел делумно да им се олеснат трошоците на родителите што произлегуваат од таквиот среќен чин. Градоначалникот Тимчо Муцунски, потпишувајќи ги решенијата за финансиска помош за новороденчиња, порача дека најмладите остануваат во фокусот на нашето внимание и Општината останува отворена за секој проект што значи подобрување на нивниот живот.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/pochnuva-isplatata-na-pomosh-za-novorodenchinja-vo-aerodrom-53-semejstva-kje-dobijat-po-8-000-denari/feed/ 0
Паунов денеска ги потпиша решенијата за доделување на еднократна парична помош од 3000 денари за новозапишани првоодделенчиња https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-deneska-gi-potpisha-reshenijata-za-dodeluvanje-na-ednokratna-parichna-pomosh-od-3000-denari-za-novozapishani-prvooddelenchinja/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-deneska-gi-potpisha-reshenijata-za-dodeluvanje-na-ednokratna-parichna-pomosh-od-3000-denari-za-novozapishani-prvooddelenchinja/#respond Fri, 12 Nov 2021 10:08:17 +0000 https://kurir.mk/?p=594532

Градоначалникот на општина Карбинци, Виктор Паунов денеска ги потпиша решенијата за доделување на еднократна парична помош од 3000 денари на новозапишани првоодделенчиња во ОУ ,,Страшо Пинџур". - Во периодот кој што следи ќе бидат исплатени и оние кои поднесоа за новороденчиња, средношколци и студенти. Општина Карбинци создава нова иднина, пишува Паунов во својата Фејсбук објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/paunov-deneska-gi-potpisha-reshenijata-za-dodeluvanje-na-ednokratna-parichna-pomosh-od-3000-denari-za-novozapishani-prvooddelenchinja/feed/ 0
Општина Аеродром доделува еднократна парична помош за првачињата https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-dodeluva-ednokratna-parichna-pomosh-za-prvachinjata/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-dodeluva-ednokratna-parichna-pomosh-za-prvachinjata/#respond Fri, 04 Jun 2021 09:59:23 +0000 https://kurir.mk/?p=518930

Општина Аеродром и оваа година доделува еднократна парична помош на семејствата со прваче во висина од 3.500 денари, за што издвои 3 100 000 денари. - Целта на овој проект е да им ги олесниме трошоците на родителите за новиот ученик во семејството“, изјави градоначалникот на Општина Аеродром, Златко Марин. Родителите на првачињата запишани во едно од училиштата на територијата на Општината можат да поднесат барање за еднократната парична помош до архивата на Општина Аеродром од денеска до 30.9.2021 година. Образецот за барањето за доделување еднократна парична помош на семејствата со прваче во учебната 2021/2022 година на подрачјето на Општина Аеродром може да се подигне во Општината или да се симне од општинската интернет страница (www.aerodrom.gov.mk) во менито за формулари или директно на линкот: http://aerodrom.gov.mk/dokumenti/formulari. Во прилог на барањето е потребно да се достават следниве документи: 1. Потврда за запишан ученик во прво одделение во учебната 2021/2022 година заверена од основно училиште од територијата на Општина Аеродром; 2. Фотокопија од извод од матичната книга на родените (за првачето); 3. Фотокопија од важечка лична карта или патна исправа на еден од родителите, од која се видни податоците за живеалиштето во Општина Аеродром; 4. Фотокопија од активна трансакциска сметка на истиот родител (даночен обврзник) од кој е приложена копија од личната карта или патната исправа.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/opshtina-aerodrom-dodeluva-ednokratna-parichna-pomosh-za-prvachinjata/feed/ 0
Владата на Заев ги излажа младите, нема парична помош за нив https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-na-zaev-gi-izlaza-mladite-nema-parichna-pomosh-za-niv/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-na-zaev-gi-izlaza-mladite-nema-parichna-pomosh-za-niv/#respond Wed, 23 Dec 2020 10:48:17 +0000 https://kurir.mk/?p=447125

Младите лица од 16 до 29 години, кои според објавите на власта се вметнати во четвртиот пакет за финансиска поддршка на ранливи категории граѓани, изгледа сепак се изманипулирани, или пак се дел од популистичка реторика без постигнување на краен ефект, пишува порталот Нетпресс. Имено, деновиве има голем број реакции од граѓани, токму за оваа категорија, кои иако ги исполнуваат бараните критериуми, не се нашле на листата за државна финансиска помош од 6.000 денари. На владиниот сајт Купувам домашно, граѓаните кои се опфатени со оваа мерка, преку внесување на матичен број можат лично да проверат дали се на листата и преку која банка ќе им се изврши трансакција на парите. Иако веќе исплата е почната, постојат голем број нејаснотии, а делот за достава на електорнки приговор, во предвидениот рок беше оневозможен поради некаква системска грешка?! Голем дел од неправедно отфрлените граѓани кои ги исполнуваат условите за оваа државна парична помош, откако не се нашле на листата побарале информација и од УЈП, а оттаму им одговориле дека бидејќи биле корисници на претходниот пакет мерки на Владата и веќе добиле домашна платежна картичка, со оваа мерка не им следува помош. Сепак, и ова објаснување не може да се сведе на логична проценка, бидејќи со минатиот пакет мерки, на младите им се даваа по 3.000 денари за купување домашни производи, а сега се даваат по 6.000. Но, на социјалните мрежи може да се прочитаат и коментари кои не одат во прилог на овој услов за добивање помош, бидејќи родители се жалат дека нивните деца не биле опфатени ни со претходната мерка, а ни сега. А, приговор не можеле да напишат бидејќи серверот на „Купувам домашно“ детекрирал некоја грешка при внес на барани податоци на сајтот. Според претходните најави, со четвртиот пакет мерки, по 6.000 денари треба да добијат 540 студенти кои биле изоставени во претходната мерка. А поддршка за ученички и студентски стандард од 44 милиони денари за 2020 година добиваат 884 студенти и 347 ученици. Но, токму средношколците се најгласни во своите реакции за обесправеност, бидејќи иако владата вети, голем дел од нив не добиле помош ни со претходната мерка, а ниту пак се опфатени со новата. „Нетпрес“ побара информација од владината служба за односи со јавност Според оваа мерка, за која е во тек исплатата, и за која се испроектирани 27,5 милиони евра, по 6.000 денари на сметка треба да добијат граѓаните со низок доход, пензионери кои имаат до 15.000 пензија, корисници на право на социјална сигурност на стари лица, млади лица од 16 до 29 години. За самохран родител, филмски работници и естрадни уметници, списоците ќе бидат административно-технички потврдени и исплатени до крајот на оваа недела. Извор: Нетпресс.мк]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/vladata-na-zaev-gi-izlaza-mladite-nema-parichna-pomosh-za-niv/feed/ 0