Париз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 31 Oct 2023 10:10:40 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Париз – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Полицијата во Париз застрела жена која се заканувала дека ќе детонира бомба https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politsijata-vo-pariz-zastrela-zhena-koja-se-zakanuvala-deka-ke-detonira-bomba/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politsijata-vo-pariz-zastrela-zhena-koja-se-zakanuvala-deka-ke-detonira-bomba/#respond Tue, 31 Oct 2023 10:10:40 +0000 https://kurir.mk/?p=894828

Француската полиција отвори оган и  рани жена која упатувала закани на железничка станица во Париз, изјави полициски извор за француски медиуми. Според очевидци, жената, која била целосно прекриена, извикувала „Алаху акбар“ („Бог е најголем“) и се заканувала дека ќе детонира бомба, изјави изворот, пренесува францускиот портал Локал. Според изворот, „полицијата пукала затоа што се плашела за својата безбедност“. Жената е ранета во стомак и е во критична здравствена состојба. Полицијата не пронашла експлозивна направа. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/politsijata-vo-pariz-zastrela-zhena-koja-se-zakanuvala-deka-ke-detonira-bomba/feed/ 0
Поведена истрага за двајца жители на Париз за поврзаност со убиецот на двајцата Швеѓани во Брисел https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povedena-istraga-za-dvajtsa-zhiteli-na-pariz-za-povrzanost-so-ubietsot-na-dvajtsata-shvegani-vo-brisel/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povedena-istraga-za-dvajtsa-zhiteli-na-pariz-za-povrzanost-so-ubietsot-na-dvajtsata-shvegani-vo-brisel/#respond Mon, 23 Oct 2023 20:40:01 +0000 https://kurir.mk/?p=892307

Двајца жители на Парискиот регион се изведени на распит пред истражен судија во Париз, поради сомнеж за „веројатна поврзаност“ со извршителот на нападот во Брисел минатиот понеделник вечерта, при што беа убиени двајца шведски државјани, објави белгиската државна телевизија РТБФ. Како што јави дописникот на МИА од Брисел, според телевизијата, истражниот судија треба да одлучи по барањето на француското Национално обвинителство за борба против тероризмот (ПНАТ) за покренување на обвинение за „злосторничко терористичко здружување“, како и за одредување притвор на осомничените. Според ПНАТ, истрагата треба „да ја разјасни врската“ меѓу двајцата осомничени и напаѓачот од Брисел, 45-годишен Тунижанец, Абдесалем Ласуед, кој беше убиен од страна на бриселската полиција при обидот за негово апсење во вторникот утринските часови. Ден по нападот во Брисел, француските власти отворија истрага околу поврзаноста на лица од Франција со Ласуед. По ова, во четвртокот, според соопштението на ПНАТ, биле приведени четири лица во регионот на Париз и во северозападна Франција поради „веројатна поврзаност со извршителот на нападот“ во Брисел. Двајца од нив денеска беа изведени пред истражен судија, додека другите двајца беа ослободени од притвор.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/povedena-istraga-za-dvajtsa-zhiteli-na-pariz-za-povrzanost-so-ubietsot-na-dvajtsata-shvegani-vo-brisel/feed/ 0
СКАНДАЛ: Финансиска полиција упадна во просториите на Организацискиот одбор на ОИ во Париз https://arhiva.kurir.mk/sport/skandal-finansiska-politsija-upadna-vo-prostoriite-na-organizatsiskiot-odbor-na-oi-vo-pariz/ https://arhiva.kurir.mk/sport/skandal-finansiska-politsija-upadna-vo-prostoriite-na-organizatsiskiot-odbor-na-oi-vo-pariz/#respond Sat, 21 Oct 2023 06:10:24 +0000 https://kurir.mk/?p=891465

Инспекторите на француската финансиска полиција упаднаа во просториите на Организацискиот одбор на Олимписките игри во Париз, кои ќе се одржат следното лето во Градот на Светлината, како и во компаниите вклучени во подготовката на свеченото отворање.Организаторите се осомничени дека фаворизирале одредени компании при потпишувањето договори поврзани со најголемото глобално спортско натпреварување. -Париз 2024 потврдува дека претставници на финансиската полиција извршија увид во нашето седиште и ги добија сите информации што ги бараа. Париз 2024 целосно соработува со инспекторите – соопштија од Организацискиот одбор. Инаку, првпат финансиската полиција изврши увид во јуни, кога под лупа се најде компанија што беше главен спонзор на изградбата на олимписките објекти.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/skandal-finansiska-politsija-upadna-vo-prostoriite-na-organizatsiskiot-odbor-na-oi-vo-pariz/feed/ 0
„Македонци – Милениумски сведоштва за идентитетското име“ пристигна во Париз, а се запеа и „Налеј Налеј“ во кафаната на Гемиџиите https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedontsi-mileniumski-svedoshtva-za-identitetskoto-ime-pristigna-vo-pariz-a-se-zapea-i-nalej-nalej-vo-kafanata-na-gemidhiite/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedontsi-mileniumski-svedoshtva-za-identitetskoto-ime-pristigna-vo-pariz-a-se-zapea-i-nalej-nalej-vo-kafanata-na-gemidhiite/#respond Mon, 18 Sep 2023 10:20:48 +0000 https://kurir.mk/?p=879071

Едно од најзначајните дела за Македонија и идентитетот на Македонците, досега напишано, - "Македонци - Милениумски сведоштва за идентитетското име" на авторот Бранислав Светозаревиќ Покорни, пристигна и во Париз, Франција, во склоп на европската промоција. Д-р Бранислав Светозаревиќ, заедно со промоторите Ацо Крстески, претседател на Светскиот Македонски Конгрес за Европа и м-р Маја Славева, докторант по безбедносни науки, во Македонската Православна Црква "Свети Кирил и Методиј" во Париз, пред македонските иселеници детално ја претставија книгата и го истакнаа нејзиното значење за македонскиот народ и историја. Домаќините и воедно организаторите на овој настан од Македонската православна општина „Свети Кирил и Методиј“ во Париз, Протоереј о. Даниел Стојчевски и господин Владимир Будимовски, заедно со целиот тим на Македонци во Франција, се погрижија за големата посетеност и беспрекорна организација на настанот. Авторот, д-р Бранислав Светозаревиќ Покорни, го претстави своето дело со посветеност и страст, раскажувајќи за истражувањата и анализите на историските настани и милениумските сведоштва за македонското име, додека ја создавал оваа книга. Ова разви големо интересирање на публиката со што следеше двочасовна дискусија на авторот со одговори на прашања околу разни историски настани за македонската историја. Во текот на посетата на Париз, авторот и промоторите имаа и неверојатно искуство да го најдат патот до кафаната на Гемиџиите, каде што настанала и легендарната песна "Налеј, Налеј". На најголема радост на посетителите, во чест на Гемиџиите и нивната борба за Македонија, оваа легендарна песна беше изведена повторно на истото место, по 120 години, од страна на Златко Николовски, Дарко Китаноски, Маја Славева, Ацо Крстески и ценетиот автор на книгата „Македонци -Милениумски сведоштва за идентитетското име“, Бранислав Светозаревиќ Покорни. Со ова, Европската турнеја за "Македонци - Милениумски сведоштва за идентитетското име" продолжува да ги прославува и споделува богатите аспекти на македонската историја и култура со светот, а Гемиџиите кои што се наоѓаат во срцето на оваа приказна во Париз, носејќи во себе непокор и љубов кон Македонија.  ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/makedontsi-mileniumski-svedoshtva-za-identitetskoto-ime-pristigna-vo-pariz-a-se-zapea-i-nalej-nalej-vo-kafanata-na-gemidhiite/feed/ 0
Од утре во Париз се забранети електричните тротинети https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-utre-vo-pariz-se-zabraneti-elektrichnite-trotineti/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-utre-vo-pariz-se-zabraneti-elektrichnite-trotineti/#respond Thu, 31 Aug 2023 10:00:48 +0000 https://kurir.mk/?p=872929

Од петок, 1 септември, Париз ќе стане првата европска престолнина што ќе ја забрани работата на електронските тротинети на своите улици. На референдумот одржан во април граѓаните на Париз со речиси 90 отсто ја поддржаа забраната на овие уреди. Забраната се однесува на изнајмени електрични тротинети што ги нудат неколку компании од 2018 година. Само во мала зона во центарот на Париз ќе биде дозволено нивно работење додека целосно не се укине. Тие беа понудени поради нивното влијание врз намалувањето на загадувањето, но беа критикувани затоа што, според властите, само во јули во Франција починале десет корисници.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/od-utre-vo-pariz-se-zabraneti-elektrichnite-trotineti/feed/ 0
По 100 години, парижаните повторно ќе може да пливаат во Сена https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-100-godini-parizhanite-povtorno-ke-mozhe-da-plivaat-vo-sena/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-100-godini-parizhanite-povtorno-ke-mozhe-da-plivaat-vo-sena/#respond Mon, 10 Jul 2023 10:07:39 +0000 https://kurir.mk/?p=854928

Жителите и туристите во Париз од 2025 година повторно ќе можат да пливаат во реката Сена, првпат по повеќе од 100 години, објави вчера градоначалничката на француската престолнина, Ана Идалго. Таа посочи три места коишто ќе бидат отворени за јавноста - водно собиралиште што веќе делумно е во употреба, како и две други наменски плажи недалеку од Ајфеловата кула. Местата за капење ќе бидат означени со пловки и пристапни преку пристаништето во близина. Ќе има и соблекувалници и тушеви. Можноста повторно да се капат во Сена е долгогодишна желба на парижани. Пливањето во Сена е официјално забрането од 1923 година поради лошиот квалитет на водата, но и покрај забраната, тоа се практикувало до 60-тите. „Ова е долгогодишен сон и е на добар пат конечно да стане реалност“, соопштија од градот. Проектот има поттик и од Олимписките игри што ќе се одржат во Париз во 2024 година. Некои од натпреварите во пливање ќе се одржат во Сена. Во тек се и напори за подобрување на квалитетот на водата. Градот, според наводите, веќе има вложено 1,4 милијарди евра за да ја направи Сена почиста барем за пошироката област на Париз. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/po-100-godini-parizhanite-povtorno-ke-mozhe-da-plivaat-vo-sena/feed/ 0
Стотици демонстранти во Париз маршираа против полициското насилство и покрај забраната https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotitsi-demonstranti-vo-pariz-marshiraa-protiv-politsiskoto-nasilstvo-i-pokraj-zabranata/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotitsi-demonstranti-vo-pariz-marshiraa-protiv-politsiskoto-nasilstvo-i-pokraj-zabranata/#respond Sat, 08 Jul 2023 17:05:15 +0000 https://kurir.mk/?p=854410

Стотици демонстранти маршираа денеска во Париз против полициското насилство, и покрај забраната за собири, една недела по немирите предизвикани по убиството на тинејџер во париско предградие. Полицијата ги растера демонстрантите од плоштадот на Републиката кон булеварот Магента. Полициската управа на Париз во одлуката објавена на нејзината веб-страница наведе дека ги забранила планираните демонстрации. (МИА)]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/stotitsi-demonstranti-vo-pariz-marshiraa-protiv-politsiskoto-nasilstvo-i-pokraj-zabranata/feed/ 0
Четврта ноќ насилни протести во Франција, ангажирани над 45 илјади полицајци, оклопни возила и хеликоптери https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvrta-nok-nasilni-protesti-vo-frantsija-angazhirani-nad-45-iljadi-politsajtsi-oklopni-vozila-i-helikopteri/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvrta-nok-nasilni-protesti-vo-frantsija-angazhirani-nad-45-iljadi-politsajtsi-oklopni-vozila-i-helikopteri/#respond Sat, 01 Jul 2023 07:07:17 +0000 https://kurir.mk/?p=851415

Во поголемите француски градови и синоќа, четврта ноќ по ред, имаше насилни протести, откако полицијата во вторникот застрела 17-годишно момче во предградие на Париз. Најдраматично, како што јавуваат француските медиуми, ноќеска беше во Марсеј, а протести, насилства и кражби имаше и во Париз, Лион, Тулуз, Стразбур и Лил. Запалени се згради и возила, ограбени продавници. Околу 45.000 полицајци, неколку оклопни возила и хеликоптери се ангажирани во задушувањето на протестите. Министерот за внатрешни работи Жералд Дарманен објави дека синоќа биле приведени 270 лица, со што вкупниот број на уапсени во немирите достигна над 1.100. Повредени се повеќе од 200 полицајци. На социјалните мрежи се појавија снимки на кои се гледа како експлозија го потресува старото пристаниште во Марсеј. Градските власти соопштија дека е во тек истрага за причината за експлозијата и оти нема информации за повредени. Во центарот на Марсеј, демонстрантите ограбија продавница за оружје и украдоа неколку ловечки пушки, но без муниција, соопшти полицијата. Едно лице е уапсено со пушка за која се верува дека е одземена од продавница. Вкупно 80 лица се приведени во Марсеј, а тројца полицајци се полесно повредени. Градоначалникот Беноа Пајан ја повика владата веднаш да испрати дополнителни единици за справување со немирите. Во третиот по големина град во Франција, Лион, жандармеријата испрати оклопни транспортери и хеликоптер. Во Париз, полицијата успеа да ги расчисти демонстрантите од плоштадот Конкорд. Министерот Дарманен побара од локалните власти ширум Франција да го запрат јавниот превоз по 21 часот. Тој не ја исклучи можноста и за воведување вонредна состојба. Претседателот Емануел Макрон, кој се соочува со најтешката криза од протестите на „жолтите елеци“ во 2018 година, вчера предвреме го напушти Самитот на ЕУ и се врати во Париз. Немирите во Франција избувнаа отако полицаец во вторникот во париското предгради Нантер смртно го застрела 17-годишниот Наел М.. Неговата смрт повторно го разгоре незадоволството кај сиромашните, мешани урбани заедници кои се жалат на полициска бруталност и на расизам.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/chetvrta-nok-nasilni-protesti-vo-frantsija-angazhirani-nad-45-iljadi-politsajtsi-oklopni-vozila-i-helikopteri/feed/ 0
Пожарот во Париз ставен под контрола, повредени најмалку 25 луѓе https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozharot-vo-pariz-staven-pod-kontrola-povreeni-najmalku-25-luge/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozharot-vo-pariz-staven-pod-kontrola-povreeni-najmalku-25-luge/#respond Wed, 21 Jun 2023 17:51:57 +0000 https://kurir.mk/?p=848356

Пожарот што денеска избувна во Париз по силна експлозија најверојатно на гас е ставен под контрола, изјави шефот на париската полиција Лоран Нуњез. „Пожарот е под контрола“, изјави Нуњез, додавајќи дека 25 лица се повредени, од кои четворица се во критична состојба. Експлозијата на гас се случи во 5-от арондисман околу 17 часот по локално време.]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/pozharot-vo-pariz-staven-pod-kontrola-povreeni-najmalku-25-luge/feed/ 0
ГОЛЕМА ЕКСПЛОЗИЈА И ПОЖАР ВО ПАРИЗ: Најмалку четворица тешко повредени (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golema-eksplozija-i-pozhar-vo-pariz-najmalku-chetvoritsa-teshko-povredeni-video/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golema-eksplozija-i-pozhar-vo-pariz-najmalku-chetvoritsa-teshko-povredeni-video/#respond Wed, 21 Jun 2023 16:44:49 +0000 https://kurir.mk/?p=848337

Во Париз избувна голема експлозија, јавуваат медиумите. Според првите информации експлодирал плин. Пожарот зафатил неколку згради. Полицијата ги повика луѓето да ја избегнуваат областа на експлозијата. Експлозијата се случила нешто по 17 часот. „Беше шокантно, тоа е катастрофа“, изјавил еден од сведоците. Полицијата, брзата помош и пожарникарите се на терен. Засега нема информации за евентуални жртви, а според некои неофицијални информации на француските медиуми, најмалку четири лица се во критична состојба. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/golema-eksplozija-i-pozhar-vo-pariz-najmalku-chetvoritsa-teshko-povredeni-video/feed/ 0