паркинг места – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 29 Jun 2023 10:52:42 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png паркинг места – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Живеењето во близина на паркови го забавува биолошкото стареење за 2,5 години https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zhiveeneto-vo-blizina-na-parkovi-go-zabavuva-bioloshkoto-stareene-za-2-5-godini/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zhiveeneto-vo-blizina-na-parkovi-go-zabavuva-bioloshkoto-stareene-za-2-5-godini/#respond Thu, 29 Jun 2023 10:52:42 +0000 https://kurir.mk/?p=850802

Градските паркови и зелените површини помагаат да се победи топлината, да се зајакне биолошката разновидност и да се забави биолошкото стареење. Луѓето кои имаат пристап до зелените површини во просек се за 2,5 години биолошки помлади од другите, се наведува во студија објавена во „Сајанс адвенсис“ (Science Advances). - Живеењето во близина на повеќе зеленило може да ви помогне да изгледате помладо од вашата реална возраст, изјави авторката на студијата и постдокторски соработник на Медицинскиот факултет Фајнберг на Универзитетот Нортвестерн, Кјезу Ким. Се верува дека причините за подмладувањето се поголемата физичка активност и социјалните интеракции, но не е јасно дали парковите навистина го забавиле стареењето на клеточно ниво. Во студијата се испитувани хемиските модификации на ДНК познати како метилации. Претходната работа покажа дека така наречените „епигенетски часовници“ засновани на метилација на ДНК можат да бидат добар предиктор за здравствени состојби како што се кардиоваскуларни болести и рак и за когнитивната функција и попрецизен начин за мерење на возраста од календарските години. При истражувањето набљудувани се повеќе од 900 белци и афроамериканци од Балтимор, Чикаго, Минеаполис и Оукленд во период од 20 години односно од 1986 до 2006 година. Студијата покажува дека луѓето чии домови биле опкружени со 30 отсто зеленило во радиус од пет километри, во просек биле 2,5 години биолошки помлади во споредба со оние чии домови биле опкружени со 20 отсто зеленило. Афроамериканците со поголем пристап до зелените површини биле само една година помлади биолошки, додека белците биле три години помлади. Други фактори, како што се стресот, квалитетот на околните зелени површини и друга социјална поддршка, може да влијаат на степенот на благосостојба на зелените површини во однос на биолошкото стареење, посочи Ким, објаснувајќи дека разликите бараат дополнителни истражувања.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/zhiveeneto-vo-blizina-na-parkovi-go-zabavuva-bioloshkoto-stareene-za-2-5-godini/feed/ 0
Над 100 нови паркинг места и нови улици во 11 Октомври згради https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nad-100-novi-parking-mesta-i-novi-ulitsi-vo-11-oktomvri-zgradi/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nad-100-novi-parking-mesta-i-novi-ulitsi-vo-11-oktomvri-zgradi/#respond Mon, 27 Mar 2023 15:32:50 +0000 https://kurir.mk/?p=816998

Финализираат градежните активности кои во изминатиов период се одвиваа во урбаниот дел на Кисела Вода. Жителите на населбата 11 Октомври згради, добија преку 100 нови паркинг места со изградбата на нови и реконструкција на постоечките паркинг места. Едновремено, Општина Кисела Вода работеше и на реконструкција на улиците, а ги реконструираше и пристапните рампи до влезовите и изгради пешачки патеки. Продолжуваме со силно темпо, решаваме децениски проблеми и работиме на места каде што никој во минатото не интервенирал, бидејќи Кисела Вода мора да биде модерна и напредна општина, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски кој денес изврши увид во завршните градежни активности во урбаната зедница 11 Октомври згради. -Се комплетираат градежните зафати кои во изминатиов период се одвиваа во урбаниот дел на Кисела Вода. Изградивме нови паркинзи кои се од исклучителна важност за жителите кои живеат во овој дел од општината, но ги реконструиравме и постоечките. Работевме и на реконструкција на улиците. Речиси за првпат после земјотресот, краците на ,,Ѓорѓи Сугаре” добија нов асфалт, како и крак на ,,Михаил Чаков”, а ги реконструиравме и дел од сервисните улички. Во овој зафат, не изостана ниту грижата за уредувањето на урбаниот лик и затоа ги реконструиравме и пристапните рампи до влезовите и изградивме пешачки патеки. Паралелно работиме и на други позиции со цел рамномерно развивање на Кисела Вода и унапредувањето на условите за живеење на мојот народ, истакна градоначалникот Ѓорѓиевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/nad-100-novi-parking-mesta-i-novi-ulitsi-vo-11-oktomvri-zgradi/feed/ 0
Почнува летната наплата на паркинг местата во Штип https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochnuva-letnata-naplata-na-parking-mestata-vo-shtip/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochnuva-letnata-naplata-na-parking-mestata-vo-shtip/#respond Mon, 27 Mar 2023 13:43:26 +0000 https://kurir.mk/?p=816957

Со почетокот на летното сметање на времето започнува и промената во наплата на паркинг услугата во Штип. Во писменото соопштение од ЈП „Стипион“-Штип се вели дека од денеска паркинг услугата ќе се наплаќа во периодот до 7 до 21 часот. -Ве известуваме дека од денес 27-03-2023 година со започнување на летното сметање на времето,наплатата за користење на јавниот простор за паркирање во Општина Штип ќе се врши од 7.00 до 21:00 часот од понеделник до петок , се вели во соопштението на ЈП „Стипион“. Посочуваат дека за сабота, периодот во кој се наплатува за користењето на јавниот простор за паркирање останува ист од 7:00 до 15:00 часот. Во Општина Штип паркинг услугата може да се наплати на три начини, преку билети, со смс порака и со билети за месечно или годишно плаќање. Проблемот со паркинг улугата пак и недоволните паркинг места ќе се решава со изградба на катни гаражи и изградба на конзоли на реката Отиња, со што ќе се прошири коловозот. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/pochnuva-letnata-naplata-na-parking-mestata-vo-shtip/feed/ 0
ФОТО: Се решава горлив проблем за жителите, Расадник добива нов паркинг за стотина возила https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-se-reshava-gorliv-problem-za-zitelite-rasadnik-dobiva-nov-parking-za-stotina-vozila/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-se-reshava-gorliv-problem-za-zitelite-rasadnik-dobiva-nov-parking-za-stotina-vozila/#respond Fri, 21 Oct 2022 11:55:42 +0000 https://kurir.mk/?p=749007

Се решава горливиот проблем во Расадник, жителите добиваат нов паркинг за стотина возила. Градоначалникот на Општина Кисела Вода, Орце Ѓорѓиевски вели дека големо е задоволството да се знае дека жителите поддржуваат сѐ она што во изминатиов период го направат за Кисела Вода и затоа, мотивирано продолжуваат со уште посилно темпо. -Денес се завршува изградбата на уште еден нов паркинг наспроти салата во Расадник, кој беше повеќе од потребен во овој дел на Кисела Вода. Со ова, проблемот со сообраќајниот метеж и нарушување на мирот на нашите сограѓани од Расадник, полека се решава и заминува во историјата. Обезбедување на паркинг места со цел растеретување на гужвата во Кисела Вода беше и мое ветување пред граѓаните, вели Ѓорѓиевски. Посочува дека на местата на некогашните диви депонии изградиле нови паркови и паркинзи. - Ќе ги напоменам новиот паркинг кој го изградивме кај Мечкаров, потоа во Драчево, спроти Домот за слепи лица, на ,,Христо Татарчев, кај градинката ,,Весели цветови” и уште еден кај салата Расадник, наспроти овој денес. Кисела Вода го губи оној стар епитет на несредена општина. Посветено градиме нов, модерен и урбан лик, а сето тоа го заслужуваат моите сограѓани, вели градоначалникот.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/foto-se-reshava-gorliv-problem-za-zitelite-rasadnik-dobiva-nov-parking-za-stotina-vozila/feed/ 0
Ќе се зголеми бројот на паркинг места во Неготино https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/695177/ https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/695177/#respond Fri, 24 Jun 2022 11:32:41 +0000 https://kurir.mk/?p=695177

Ќе се зголеми бројот на паркинг места во Неготино, најави денеска градоначалникот Горан Стојанов по синоќешната трибина за зголемување на безбедноста во сообраќајот во општината. -Се одржа првата од повеќето планирани трибини на која се разговараше за безбедноста во сообраќајот на територијата на нашата општина и мерките и активностите што би требало да се преземат за итно подобрување на безбедноста. На трибината, приоритет се даде на детектирање на присутните проблеми и за возачите и за пешаците. Од страна на претставник на ОВР Неготино беа презентирани активностите што тие ги преземаат во рамките на контролите што ги спроведуваат на терен, како и мерките со кои се санкционираат прекршителите, информираше градоначалникот. Како што рече, станало збор и за потребата од зголемување на бројот на нови паркинг места. -Нешто што ќе се случи наскоро, но најпрвин потребно е подигнување на свеста кај сите учесници во сообраќајот. Бидејќи секој граѓанин треба да тргне од себе, за сите заедно да бидеме побезбедни. Се заклучи, најпрво да се направи обид преку едукација да се подигне јавната свест, а доколку и тоа не вроди со плод, ќе се изрекуваат санкции, дециден беше Стојанов.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/opstini/695177/feed/ 0
ЈП „Градски паркинг“ го зголеми бројот на паркинг места за лицата со попреченост во Клиничкиот центар https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-gradski-parking-go-zgolemi-brojot-na-parking-mesta-za-licata-so-poprechenost-vo-klinichkiot-centar/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-gradski-parking-go-zgolemi-brojot-na-parking-mesta-za-licata-so-poprechenost-vo-klinichkiot-centar/#respond Thu, 02 Jun 2022 13:00:11 +0000 https://kurir.mk/?p=685591

Екипи на ЈП „Градски паркинг“, по иницијатива на Град Скопје, а во соработка со екипи на ЈП „Улици и патишта“ деновиве зголеми број на паркинг места за лицата со попреченост и ги обновуваат постојните во кругот на Клинички центар. На Универзитетска клиника за детски болести обновени се паркиралиштата за лицата со попреченост, а обележани се и нови места за овие лица на Универзитетски стоматолошки клинички центар, Ургентен центар, како и кај Инфективната клиника. Градот Скопје континуирано работи и реализира голем број активности за подобрување на квалитетот на секојдневното живеење на лицата со попреченост.]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/jp-gradski-parking-go-zgolemi-brojot-na-parking-mesta-za-licata-so-poprechenost-vo-klinichkiot-centar/feed/ 0
Ослободени 36 паркинг места кои биле резервирани за привилегирани корисници во катна гаража „Беко“ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/oslobodeni-36-parking-mesta-koi-bile-rezervirani-za-privilegirani-korisnici-vo-katna-garaza-beko/ https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/oslobodeni-36-parking-mesta-koi-bile-rezervirani-za-privilegirani-korisnici-vo-katna-garaza-beko/#respond Wed, 26 Jan 2022 10:22:21 +0000 https://kurir.mk/?p=623108

Екипи на ЈП „Градски паркинг“ спроведоа надзор и ослободија 36 паркинг места кои биле резервирани за непознати привилегирани корисници во катната гаража „Беко". Спроведена по насока на в.д директорот на ЈП „Градски паркинг“, Бојан Христовски, надзорот има за цел да се ослободат повеќе паркинг места што ќе може да ги користат граѓаните. Од јавното претпријатие информираат дека во катната гаража „Беко“, на катот -1, подолг временски период биле паркирани службени возила кои не се користеле и непотребно зафаќале 12 означени паркинг места. Имало и 24 паркинг места кои до сега од непознати причини биле резервирани за непознати привилегирани корисници, а паркирање на тие места за граѓаните не било дозволено. Со акцијата се ослободени вкупно 36 паркинг места и се ставени во функција на корисниците. Воедно, екипите на претпријатието спроведоа акција на чистење на катот -1 со што целосно е отстранет насобраниот смет. Катната гаража „Беко“ која е лоцирана на улицата Даме Груев во строгиот центар на градот располага со вкупно 605 паркинг маста, организирани на 2 ката под земја и шест ката над земја. Од вкупниот број паркинг места, 16 се резервирани за лицата со попреченост, а три за родители со мали деца, сите соодветно обележани со хоризонтална сигнализација. Паркинг местата за родители со мали деца се наоѓаат на катот -1, а паркинг местата за лицата со попреченост се соодветно распределени по катови. На катот -1 е поставен електричен полнач за автомобили. Градот Скопје и ЈП „Градски паркинг“ апелираат до граѓаните да внимаваат со своите возила да не ги узурпираат обележаните паркинг места кои се исклучиво наменети за лицата со попреченост и за родителите со мали деца, за да им се овозможи соодветна пристапност на овие лица, информираат од Град Скопје. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/republika/skopje/oslobodeni-36-parking-mesta-koi-bile-rezervirani-za-privilegirani-korisnici-vo-katna-garaza-beko/feed/ 0