Паркинсонова болест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Tue, 23 May 2023 11:56:47 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png Паркинсонова болест – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пинг-понгoт благотворен за лицата со Паркинсонова болест https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ping-pongot-blagotvoren-za-litsata-so-parkinsonova-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ping-pongot-blagotvoren-za-litsata-so-parkinsonova-bolest/#respond Tue, 23 May 2023 11:56:47 +0000 https://kurir.mk/?p=837891

Пинг-понгoт бара брзи движења, фина моторика и концентрација. Така, некои стручњаци сметаат дека тоа може да помогне во забавување на симптомите на Паркинсоновата болест. Таков поголем турнир деновиве се одржа во Дизелдорф, Германија. Луѓе од различни возрасти од 15 земји се собраа во градот за да играат против заедничкиот непријател - Паркинсоновата болест. Настанот годинава е организиран од германското здружение „Пинг-понг Паркинсон“, а на него учествуваа 200 лица заболени со Паркинсонова болест. - Целта не е да играме еден против друг, туку да се обидеме заедно да го одржуваме топчето во игра. Тие тренинзи не само што се добри за кондиција, туку се и основа за самопомош и разговор. Сепак, недостигаат поддршка и финансии, објаснува Тортен Бомхујз, основач на здружението. Според Георг Еберзбах, главен лекар во Центарот за Паркинсон Белиц-Хајлштетен во Бранденбург, многу симптоми - како што се тресење на мускулите, вкочанетост или пречки во движењето - може донекаде добро да се третираат со лекови, но засега не е можно целосно да се излечи болеста. Затоа, важно е да се забави нејзината прогресија. Токму тука може да помогне играњето пинг-понг. Сепак, досега за тоа се направени малку научни истражувања. Според Еберзбах, пинг-понгот, слично како танцувањето и боксот, бара движења што веќе, условно, не се можни за луѓето со Паркинсонова болест во секојдневниот живот. Покрај тоа, тука се и тренинзите за издржливост, концентрацијата, брзината на реакцијата и искуството на заедништвото при играње во тим. Тоа исто така ги потиснува симптомите на болеста, според Тимо Клајн-Сетбер, раководител на истражувањето за пинг-понг на Спортскиот универзитет во Келн. - Нашето истражување покажа дека многу играчи сметаат дека концентрацијата и фините моторички вештини на масата им помагаат. Можете на дело да видите дека играчите помалку треперат за време на натпреварите и дека нивните моторни вештини се потечни, објаснува Клајн-Сетбер. Тој додава и дека многу пациенти со Паркинсонова болест велат дека им треба помалку лекови доколку редовно играат пинг-понг. Во ова е убедена и Хајке Шофен, инаку учесничка на турнирот. Таа вели дека пинг-понгот не само што ѝ ги ублажува симптомите, туку и спречува да биде осамена. Здружението „Пинг-понг Паркинсон“ е основано 2020 година, денес има над 1.100 членови и тој број е во постојан раст.]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/ping-pongot-blagotvoren-za-litsata-so-parkinsonova-bolest/feed/ 0
Ново истражување: Коронавирусот може да предизвика Паркинсонова болест https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/novo-istrazuvanje-koronavirusot-moze-da-predizvika-parkinsonova-bolest/ https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/novo-istrazuvanje-koronavirusot-moze-da-predizvika-parkinsonova-bolest/#respond Thu, 24 Sep 2020 13:33:43 +0000 https://kurir.mk/?p=407952

Три различни научни студии во светот дојдоа до истиот заклучок – некои од пациентите по заразата со корона вирус заболеле од Паркинсонова болест. Претходно биле здрави. На еден пациент му се променил ракописот. Неодамнешното истражување на израелски научници, објавено од престижното медицинско списание „Лансет“, потсетува дека одамна е познато дека Паркинсоновата болест или паркинсонизмот може да се развијат по инфекции со вирусите како што се грип А, вирусот Епштајн-Бар (причинител за инфективна мононуклеоза или „болест на бакнежот“), варичела зостер (причинител за овчите сипаници и херпес зостер), вирусот на хепатитис Ц, ХИВ, вирусот на јапонски енцефалитис или вирусот на Западен Нил, но од оваа година и по инфекцијата со Kовид-19. -Пријавуваме 45-годишен пациент со веројатна Паркинсонова болест која беше дијагностицирана по тешка инфекција со акутен респираторен синдром со коронавирусот – објавено e во престижното медицинско списание „Лансет неврологија“ како дел од заедничкото истражување на тим научници од Медицинскиот центар „Шара Зедек“ во Ерусалим и компанијата „Сентоџин“, која е светски лидер во раната дијагностика на ретките болести. Во извештајот се објаснува дека пациентот по враќањето од САД на 17 март бил хоспитализиран во болница во Израел поради сува кашлица, болки во мускулите и губење на сетилото за мирис, и дека со ПЦР тестот веднаш било утврдено дека е позитивен на корона вирус. Иако боледувал од висок крвен притисок (хипертензија) и астма, пациентот поради корона вирусот не развил тешка слика, немал температура, не добивал системски лекови, ниту имало потреба да прима кислород. Три дена подоцна бил ставен во изолација, а контролните тестови на Ковид-19 направени на 25 и 30 март биле негативни. -Меѓутоа, во текот на изолацискиот период од три недели, ракописот на пациентот се промени, имаше тешкотии во говорот, во пишувањето пораки на неговиот мобилен телефон, тој забележа дека му трепери десната рака. Симптомите продолжија и кога се врати дома од болницата – опишуваат лекарите. Пациентот на крајот завршил на одделението за неврологија во Медицинскиот центар „Шаре Зедек“ и тоа два месеца откако бил позитивен на корона вирусот. Му била дијагностицирана Паркинсонова болест. Снимката на ПЕТ-скенерот покажала промени на мозокот карактеристични за Паркинсоновата болест, па на пациентот му бил дијагностициран паркинсонизам. Сличен случај е забележан во Бразил. Таму, 35-годишна пациентка која имала блага инфекција со корона вирус била прегледана во една бразилска болница. Таа закрепнала за десет дена, но потоа не можела да ја помрдне десната рака. Целото тело ѝ било забавено, одењето ѝ било отежнато, ѝ се променил и гласот. -Нашата пациентка има акинетичен крут паркинсонизам. Таа немаше невролошки проблеми пред инфекцијата со корона вирусот – стои во списанието, a научниците додаваат дека во Бразил пронашле уште еден случај на паркинсонизам поврзан со Ковид-19. Исто така, Американската академија за неврологија објави статија од тимот на Универзитетската болница „12 октомври“ во Мадрид за претходно здрав 58-годишен пациент, на кој по сериозна инфекција со корона вирусот му бил дијагностициран асиметричен хипокинетичен крут синдром, односно паркинсонизам. -Оваа студија на случајот пружа клинички докази, кои потврдуваат дека САРС-КоВ-2 може да пристапи до централниот нервен систем, да влијае врз структурата на средниот мозок и да предизвика невролошки симптоми – се наведува во студијата. Истовремено, британски научници во „Лансет неврологија“ даваат охрабрувачки тврдења дека знаците на промени во мозокот би можеле да се забележат 15 до 20 години пред да се појават првите симптоми на оваа болест.

Што е Паркинсонова болест

–Болест на нарушувања на движењата. –Нарушувањата настануваат како резултат на намаленото лачење на хемиската супстанција допамин. –Сè уште не е позната причината за пропаѓањето на клетките што произведуваат допамин. –Поради хемискиот дефицит во делот од мозокот кој ги контролира доброволните движења, се јавуваат неволни движења.

Главни симптоми на Паркинсонова болест

–тремор (треперење) –ригор (вкочанетост на мускулите на рацете, нозете и вратот) –забавување на движењата]]>

https://arhiva.kurir.mk/magazin/zivot-i-stil/novo-istrazuvanje-koronavirusot-moze-da-predizvika-parkinsonova-bolest/feed/ 0