парламентарна комисија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Wed, 17 Jun 2020 15:03:06 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png парламентарна комисија – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Белгија: Прва парламентарна комисија за колонизацијата на Конго https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-prva-parlamentarna-komisija-za-kolonizacijata-na-kongo/ https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-prva-parlamentarna-komisija-za-kolonizacijata-na-kongo/#respond Wed, 17 Jun 2020 15:03:06 +0000 https://kurir.mk/?p=359149

По масовните протести на африканско-белгиското население и барањата на јавноста за конкретни чекори од страна на властите за соочување со злоделата од колонизацијата на Конго, долниот дом на белгискиот парламент денеска даде согласност за составување на собраниска комисија, јави дописничката на МИА од Брисел. Сите претседатели на парламентарните партиски групи се согласија денеска дека е потребно создавање на посебна парламентарна комисија која ќе се занимава со ова прашање. Против се изјасни само партијата на екстремната десница, Вламс Беланг. За сега не се знае сѐ уште точно како ќе изгледа оваа комисија ниту кој комитет ќе управува со неа, но експертите ќе започнат со работа веќе во текот на ова лето за да може да се состави комисијата наесен со јасен мандат. Комисијата ќе се темели на принципите на вистина и помирување. Во последните недели во Белгија се одржа масовен протест против расизмот и полициската бруталност, а урнати или оштетени се повеќе споменици на поранешниот белгиски крал Леополд Втори, иницијатор на колонизацијата на Конго. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/svet/vesti-svet/belgija-prva-parlamentarna-komisija-za-kolonizacijata-na-kongo/feed/ 0