парламентарно мнозинство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 16 Feb 2023 12:19:32 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.3 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png парламентарно мнозинство – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Парламентарното мнозинство е поголемо од тоа што беше досега, тврди премиерот https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parlamentarnoto-mnozinstvo-e-pogolemo-od-toa-shto-beshe-dosega-tvrdi-premierot/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parlamentarnoto-mnozinstvo-e-pogolemo-od-toa-shto-beshe-dosega-tvrdi-premierot/#respond Thu, 16 Feb 2023 11:57:34 +0000 https://kurir.mk/?p=801258

Колку ќе трае дебатата во Собранието за реконструкција на владиниот кабинет зависи од бројот на пријавени за дискусија што е демократско право на секој пратеник. Владејачкото мнозинство се зголемува, изјави премиерот Димитар Ковачевски. -Во Собранието има мнозинство поголемо од тоа коешто беше до сега. Не се развлекува дискусија, од моја страна. Јас го поднесов предлогот во петокот, сега сме веќе следниот петок. Колку ќе трае дискусијата зависи од бројот на дискутанти. По тоа што го видов од страна на пратениците на опозицијата има голема заинтересираност, тие сите се пријавени за дискусија. Тоа е демократско право, секој има право на остварување на своето демократско право.Така што ако 40 пратеници се пријават за секое разрешување и за секое именување, и ако тоа го помножите по десет, па го добиете вкупниот број и тоа го поделите со 24 во еден ден ќе може да израчунате колку дена, 24 часа на ден да се работи, би траела дискусијата, вели Ковачевски на новинарско прашање по отворањето на градинка во Волково, во Скопје. Во Собранието веќе четврти ден се расправа за разрешување на тројцата министри од Алтернатива. Со реконструкцијата на Владата, во владината коалиција влегува партијата Алијанса за Албанците. Премиерот потврди дека вчера имале средба со пратеникот Скендер Реџепи - Зејд, кој од мината година ја напушти Алтернатива и делува како независен пратеник. На средбата рече разговарале за одреден број судски случаи за кои имало јавна дискусија во однос на начинот на кој тие се воделе, но не и во однос на наводна меѓународна ревизија на одредени предмети. -Јас во ниту еден случај не сум се мешал во одлуките на правосудството, ниту пак тоа ќе го правам, ниту пак ќе бидат консултирани правосудни странски органи. Единствено нешто што може да се направи е до Европската делегација да се испрати писмо за одредени случаи дали тие би имале начин да направат одреден молниторинг врз тоа како тие случаи се водени. Доколку има таква можност тогаш тие можат тоа да го направат во рамки на директивите на ЕУ. Доколку не ќе одговорат. Сепак, писмото единствено има намера да докаже пред сите дека ние имаме правосудни органи кои што функционираат независно. Тоа се потврдува и денес со пресудата на Европскиот суд за човековите права, порача Ковачевски на новинарско прашање.
]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parlamentarnoto-mnozinstvo-e-pogolemo-od-toa-shto-beshe-dosega-tvrdi-premierot/feed/ 0
Познат „пазарот“ меѓу Заев и Гаши: Алтернатива добива по три министерски и заменички места и најмалку 5 директорски позиции на значајни институции https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznat-pazarot-megju-zaev-i-gashi-alternativa-dobiva-po-tri-ministerski-i-zamenichki-mesta-i-najmalku-5-direktorski-pozicii-na-znachajni-institucii/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznat-pazarot-megju-zaev-i-gashi-alternativa-dobiva-po-tri-ministerski-i-zamenichki-mesta-i-najmalku-5-direktorski-pozicii-na-znachajni-institucii/#respond Sun, 05 Dec 2021 12:29:46 +0000 https://kurir.mk/?p=604318

Во Клубот на пратеници со почеток во 13 часот претседателот на Владата на Македонија, Зоран Заев и претседателот на политичката партија Алтернатива, Африм Гаши, денеска дадоа изјави за медиумите. Заев официјално ги откри министерските места и фукнциите кои ќе ги добие Алтернатива на Албанците по влегување во Владата и во парламентарното мнозинство. - Алтернативата ја превзема одговорноста со свои кадри и од своите редови ќе назначи Министер за здравство, Министерство за информатичко општетство и администрација, и министер без ресор задолжен за дијаспората. Владата ќе назначи неколку министри без ресор, со цел подобро да се справува со сите домашни и глобални предизвици. Од страна на Алтернатива ќе бидат назначени и три заменици министри од кои еден во Министерството за образование и наука, еден во Министерството за култура, за третиот ресор останува дополнително да прецизираме, иако разговаравме за заменик министер за земјоделство. Алтернатива ќе превзеде одговорност во менаџирањето на управувачките и одговорните органи во повеќе институции на централно и подрачно ниво. Меѓу другото, од нив поважните ги издвојуваме МЕПСО, ПИОМ, МЖ Транспорт, Клинички центар Тетово, агенција за странски инвестиции и други, информираше Заев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/poznat-pazarot-megju-zaev-i-gashi-alternativa-dobiva-po-tri-ministerski-i-zamenichki-mesta-i-najmalku-5-direktorski-pozicii-na-znachajni-institucii/feed/ 0
Ковачки: Заев се плашеше неговата коалиција да влезе во Собранието и да гласа „мнозинството“, затоа што не верува во нивната волја https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-zaev-se-plasheshe-negovata-koalicija-da-vleze-vo-sobranieto-i-da-glasa-mnozinstvoto-zatoa-shto-ne-veruva-vo-nivnata-volja/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-zaev-se-plasheshe-negovata-koalicija-da-vleze-vo-sobranieto-i-da-glasa-mnozinstvoto-zatoa-shto-ne-veruva-vo-nivnata-volja/#respond Mon, 15 Nov 2021 18:01:00 +0000 https://kurir.mk/?p=595830

Пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки, вечерва во Алфа телевизија, во врска со гласањето на недоверба на Владата во четвртокот е сценарио на Заев кој се плашеше од својата партија и коалиција да дозволи да влезат пратениците за да се види таканареченото мнозинство кое наводно го има, затоа што не бил сигурен во нивната волја. -Сценариото кое ни го подготви Заев во четвртокот факт е дека е добро обмислено, меѓутоа тука е важен еден друг момент, зошто доколку тој имаше верба во своите пратеници зошто не им дозволи да влезат во собраниската сала и да го направат кворумот и да ја образложат потребата од останување на ова Влада на власт, меѓутоа тоа не се случи, ние не го видовме тоа таканаречено мнозинство и пратениците не влегоа, вели Ковачки. Тој истакна дека има сомнежи и дека останати пратеници исто како пратеникот Реџепи биле принудувани па не можеле да бидат внесени во салата. -Факт е дека Зоран Заев се плашеше од сопствената партија и сопствената коалиција да дозволи да влезат пратениците избраници на народот слободно да ја искажат својата волја, посочи Ковачки.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/kovachki-zaev-se-plasheshe-negovata-koalicija-da-vleze-vo-sobranieto-i-da-glasa-mnozinstvoto-zatoa-shto-ne-veruva-vo-nivnata-volja/feed/ 0
Мицевски до Реџепи: Да го сочуваме достоинството на пратениците, ајде да ја урнеме криминалната и од народот делегитимирана влада https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-do-redzepi-da-go-sochuvame-dostoinstvoto-na-pratenicite-ajde-da-ja-urneme-kriminalnata-i-od-narodot-delegitimirana-vlada/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-do-redzepi-da-go-sochuvame-dostoinstvoto-na-pratenicite-ajde-da-ja-urneme-kriminalnata-i-od-narodot-delegitimirana-vlada/#respond Tue, 09 Nov 2021 11:53:34 +0000 https://kurir.mk/?p=593096

Колега Скендер ајде заедно да ја урнеме криминалната и од народот делегитимирана влада! Откако во петокот јасно и недвосмислено 61 пратеник се потпишаа на иницијативата за недоверба на владата, хибридниот режим на власта започна со брутална кампања, со многу притисоци, закани и уцени да го гази човечкото достоинство и да го урива кредибилитетот на институцијата македонско собрание, стои во Фејсбук статусот на Никола Мицевски, пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ. Тој го повика колегата Скендер Реџепи да го сочуваат достоинството на пратениците и заедно да стават крај на газењето на пратениците од страна на хибридниот режим. - Согласно член 92 од Уставот, изберете 19 пратеници од пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ кои заедно со вас ќе поднесат нова иницијатива до Собранието за гласање на недоверба на владата на хибридниот режим СДСМ-ДУИ. Да нема изговори зошто се потпишал овој или оној бидејќи ова е гласање против хибридниот режим на СДСМ-ДУИ. Се надевам дека ќе застанете заедно со мнозинството на пратеници и ќе го сочуваме достоинството на пратеникот и угледот на македонското собрание. Одлуката овој пат е многу поедноставна, овде не се гласа за идеологија, туку вистинското прашање дали ќе дозволиме да продолжи криминалот и корупцијата или заедно ќе ја реформираме нашата заедничка татковина, додава Мицевски во својата објава. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/micevski-do-redzepi-da-go-sochuvame-dostoinstvoto-na-pratenicite-ajde-da-ja-urneme-kriminalnata-i-od-narodot-delegitimirana-vlada/feed/ 0
Стоилковски: Заев е извор, а не решение пред кризите и наспроти притисоците, тоа ќе биде одлучувачки мотив во четврток https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-zaev-e-izvor-a-ne-reshenie-pred-krizite-i-nasproti-pritisocite-toa-kje-bide-odluchuvachki-motiv-vo-chetvrtok/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-zaev-e-izvor-a-ne-reshenie-pred-krizite-i-nasproti-pritisocite-toa-kje-bide-odluchuvachki-motiv-vo-chetvrtok/#respond Tue, 09 Nov 2021 11:45:04 +0000 https://kurir.mk/?p=593091

Срамно и недостоинствено и на веќе познат начин, Зоран Заев повторно го гази Собранието за со поткупи, уцени и закани да се обиде да остане на власт! За жал, се повторуваат сценаријата со притисоци врз пратеници, овој пат потпишани на иницијативата за изгласување недоверба на актуелната влада. Информациите се дека тие притисоци се интензивни и дека не се штедат ниту во злоупотребите, ниту во непристојните понуди, изјави на денешната прес конференција, Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ. Тој посочи дека Зоран Заев не знае поинаку, и дека тоа веќе беше видено во Собранието, а со тој начин на режимско делување било и за време на изборниот процес. - Но, веруваме и дека, како што граѓаните се одважија и на избори го испратија Заев и СДСМ во историјата, така и потписниците на иницијативата за гласање недоверба на власта ќе се одважат да се издигнат над непристојните предлози и над заканите, затоа што за нив, како опозициски пратеници, ништо не е поважно од јасно изразената волја на гласачите. Впрочем, на лагите на Зоран Заев повеќе никој не верува. Како опозиција ги регистрираме и собираме сите вакви наводи, докази, сите непристојни предлози од Заев и неговата свита во заминување, сите злоупотреби на функции и институции, правени само и само Зоран Заев да не се соочи со волјата на граѓаните, појасни Стоилковски. Тој додава дека како партија и како коалиција за рушење на оваа власт, веруваат во чесноста на потписниците на иницијативата, и во нивниот јасно изразен став - дека актуелната власт не може да се справи со кризите коишто сама ги предизвика. Никој од потписниците на листата од новото мнозинство во парламентот не верува дека власт предводена од СДСМ треба да остане на чело на државата. - Впрочем, повеќе не се работи само за политика, туку се работи за решавање надоаѓачките страшни кризи. Зоран Заев е извор на кризите, а не е решение пред кризите и наспроти притисоците, тоа ќе биде одлучувачки мотив во четврток, дециден е Стоилковски. ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/stoilkovski-zaev-e-izvor-a-ne-reshenie-pred-krizite-i-nasproti-pritisocite-toa-kje-bide-odluchuvachki-motiv-vo-chetvrtok/feed/ 0
Ременски: Реални се шансите ВМРО-ДПМНЕ да формира парламентарно мнозинство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/remenski-realni-se-shansite-vmro-dpmne-da-formira-parlamentarno-mnozinstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/remenski-realni-se-shansite-vmro-dpmne-da-formira-parlamentarno-mnozinstvo/#respond Thu, 04 Nov 2021 09:46:26 +0000 https://kurir.mk/?p=590673

Фросина Ременски која е поранешен висок партиски функционер на Социјалдемократскиот сојуз и носител на високи јавни функции во владата на Зоран Заев, која важеше и за негов многу близок соработник, смета дека реални се шансите на ВМРО-ДПМНЕ да формира ново парламентарно мнозинство затоа што одлуките за тоа ги носат луѓето кои што имаат интереси во постоечката владина коалиција. Овие нејзини ставови таа ги истакна во нејзиното синоќешно гостување на телевизија Шења каде што за поразот на СДСМ на овие локални избори вината ја посочи и во тоа што Заев освен некои реформи на хартија, не спроведе суштински ниедни реформи. - Кога размислувам на ова прашање, шансите за формирање на парламентарно мнозинство од страна на ВМРО-ДПМНЕ се 50-50. Пеесет – пеесет се шансите на сите ако гледаме реално, ако сакаме да гледаме реално. Нормално, јас имам социјалдемократска провиниенција и сум за тоа дека, владиното мнозинство треба да остане. Но, повторно велам, ние може да мислиме што сакаме, но одлуките ги носат луѓето кои што имаат интереси во таа владина коалиција, рече Ременски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/remenski-realni-se-shansite-vmro-dpmne-da-formira-parlamentarno-mnozinstvo/feed/ 0
Мицкоски: Не се откажувам од идејата за ново парламентарно мнозинство https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ne-se-otkazuvam-od-idejata-za-novo-parlamentarno-mnozinstvo/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ne-se-otkazuvam-od-idejata-za-novo-parlamentarno-mnozinstvo/#respond Thu, 01 Apr 2021 20:35:07 +0000 https://kurir.mk/?p=491072

Ние продолжуваме со нашата динамика на формирање на ново владино мнозинство и тука не треба да има дилема. Разговараме со сите политички партии. Секој зрел политичар, секој политичар кој и мисли добро на Македонија и на граѓаните, без разлика дали од СДСМ, нивната коалиција, ДУИ, нема повеќе да го поддржува ова мнозинство во парламентот, изјави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во Клик плус на ТВ 21. Мицкоски истакна дека ова мнозинство, ја носи државата во амбис, додека граѓаните се беспомошни и разочарани и токму затоа ВМРО-ДПМНЕ реагираше да се направи политички маневар и покажа зрелост, но тоа не значи дека се откажани од идејата за ново парламентарно мнозинство . -Не сме се откажале од нашата намера да формираме ново парламентарно мнозинство, кое ќе ја води подобро државата. Сум имал средби барем со 80 пратеници во парламентот разговори, да видам каков амбиентот да ги кажам моите аргументи. Има од СДСМ, ДУИ други политички партии во коалиција со СДСМ, Најголемиот дел од нив се чувствуваат измамени од ветувањата кои им биле дадени, не се чувствуваат пријатно во коалиција со Заев, истакна Мицкоски. Тој нагласи дека гласањето за доверба на влада на 3 март може за Заев да мисли дека е блескава победа но видовме следниот ден таму дека има се само нема парламентарно мнозинство и тоа еве гледаме и сега се случува.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mickoski-ne-se-otkazuvam-od-idejata-za-novo-parlamentarno-mnozinstvo/feed/ 0
Парламентот климав, економските мерки висат https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parlamentot-klimav-ekonomskite-merki-visat/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parlamentot-klimav-ekonomskite-merki-visat/#respond Fri, 12 Mar 2021 16:38:32 +0000 https://kurir.mk/?p=481502

Граѓаните секојдневно се сведоци дека парламентарното мнозинство е се понестабилно. Тоа се покажа и со вчерашната изјава на вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи кој побара од пратениците во Собранието да си ја работат својата работа и да се донесе петтиот пакет на мерки. -Економските мерки предвидени со петтиот пакет за КОВИД-19, е донесен во име на граѓаните, и во таа насока пратениците за носење на овој пакет е да си ја работат работата како и сите дурги во државата. За жал, Законот за финансиска поддршка на плати е предаден во Собрание на 16 февруари и се уште не е закажана пленарната седница за да може да ги помине комиските расправи,истакна вицепремиерот за економски прашања, Фатмир Битиќи. Меѓудругото, Битиќи посочи дека намерно рокот за аплицирање за февруари го ставиле до крајот на март за да можат мерките од петтиот пакет да го опфатат и февруари. Најави дека постои можност преку пратениците од владејачкото мнозинство да се поднесат и соодветни амандмани за да се овозможи тоа доколку доцни донесувањето на законското решение. По оваа изјава, се поставува прашањето дали со ова Битиќи посочува дека парламентарното мнозинство е нестабилно. Исто така, ако се земе во предвид дека Заев пред недела дена побара доверба на Влада повеќе од јасно е дека сите функционери во влада се свесни оти нивното мнозинство е на стаклени нозе. За ова, посочи и координаторот на пратеничката група на ВМРО-ДПМНЕ, Никола Мицевски. -СДСМ и коалиционите партнери да имаа мнозинство какво што очекуваа, ќе ја продолжеа и 34-та седница во која има над 70 точки, но бидејќи немаат мнозинство во парламентот, избегнуваат да ги отвораат темите. Тоа доволно кажува за неревносното работење на парламентарното мнозинство и за несигурностите кои ги имаат во редовите одреден период. Ваквиот начин на работа покажува дека ситуацијата не е добра и наскоро ќе треба да се размислува за посериозно парламентарно мнозинство, истакна Мицевски.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/parlamentot-klimav-ekonomskite-merki-visat/feed/ 0
Муцунски: Парламентарното мнозинство го кочи донесувањето на мерките за економска помош, тие се заглавени во собраниските лавиринти https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-parlamentarnoto-mnozinstvo-go-kochi-donesuvanjeto-na-merkite-za-ekonomska-pomosh-tie-se-zaglaveni-vo-sobraniskite-lavirinti/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-parlamentarnoto-mnozinstvo-go-kochi-donesuvanjeto-na-merkite-za-ekonomska-pomosh-tie-se-zaglaveni-vo-sobraniskite-lavirinti/#respond Fri, 12 Mar 2021 10:05:32 +0000 https://kurir.mk/?p=481216

Кој го “блокира” Собранието? 1️⃣ Економските мерки за помош на компаниите (според Фатмир Битиќи) се доставени до Собранието во форма на закони на 16.2.2021. 2️⃣ Собранието ќе може да ја отпочне постапката за носење на тие закони тек на Седницата закажана за 23.3.2021 (бидејќи тогаш се ставени како точки на дневен ред од страна на парламентарното мнозинство). 3️⃣ По таа динамика тие мерки би се изгласале најрано на 1.4.2021. 🛑 Економските мерки стојат заглавени во собраниски лавиринти веќе еден месец, а јавно се декларира дека истите се врвен приоритет. 🤔 Дилемата е: дали СДСМ, ДУИ и БЕСА ги кочат законите кои треба да донесат помош за компаниите? 📌 Економските мерки предложени од Владата се недоволни. Сепак, и таа минамлна помош е од значење за компаниите и за нивните вработени. Собранието треба со забрзана димамика да ги донесе тие закони уште следната недела, а за тоа да се случи мнозинството треба да ги “одблокира”. Фејсбук статус на Тимчо Муцунски ]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/mucunski-parlamentarnoto-mnozinstvo-go-kochi-donesuvanjeto-na-merkite-za-ekonomska-pomosh-tie-se-zaglaveni-vo-sobraniskite-lavirinti/feed/ 0
Николоски: Парламентарното мнозинство без образложение не се појави на сеницата на која се зборува за прашање од национален интерес https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-parlamentarnoto-mnozinstvo-bez-obrazlozenie-ne-se-pojavi-na-senicata-na-koja-se-zboruva-za-prashanje-od-nacionalen-interes/ https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-parlamentarnoto-mnozinstvo-bez-obrazlozenie-ne-se-pojavi-na-senicata-na-koja-se-zboruva-za-prashanje-od-nacionalen-interes/#respond Wed, 04 Nov 2020 14:22:32 +0000 https://kurir.mk/?p=424930

Потпретседателот на опозициската партија ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски од вели дека несериозена и некоректна е постапката на пратениците од владеачкото мнозинство, особено тие од СДСМ што не се појавија на денешната седница во Комисијата за надворешна политика. На комисиската расправа требаше да се разговара за меморандумот кој Бугарија го испрати до земјите членки на Европската унија, со кој го условува членството на Македонија, односно одржувањето на првата меѓувладина конференција со ЕУ, со прифаѓање од страна на Македонија „бугарски корени во јазикот и нацијата“. Тој вели дека за нивното отство, во најмала рака треба да имаат образложение ако имаат оправдани причини и доколку тоа е политичка одлука за истата требаше да биде соопштена. - Како заменик член на комисијата за надворешни работи, би сакал да кажам прво на она што се однесува на присуството на членовите и замениците на членовите во работата на оваа комисија. Имено обврска на пратениците е да присуствуваат на седниците на работните тела и на пленарните седници. За неприсуството треба да имаат официјално образложение, оправдано, доколку се спречени, зошто не можат да присуствуваат. А доколку е политичка одлука истата треба да биде соопштена, рече Николоски. Имајќи предвид, вели тој, дека комисијата не се закажа од девет часот за единаесет утрово, туку беше од претходно закажана, она што минимум го очекував, додава е да, пратеничките групи од мнозинствот, пред се тука мислам на СДСМ но и на ДУИ, кои што ја составуваат и Владата, излезат во јавноста со став зошто решиле да ја бојкотираат работата на Комисијата за надворешни работи. - Да го чуеме нивниот политички став и да можеме да се спротиставиме на истиот политички став, затоа што во Собранието работите се решаваат низ дискусија и за нив на крај гласа мнозинство. А, имајќи предвид дека во оваа комисија и во собранието, мнозинството го има СДСМ и ДУИ, не можам да разберам зошто решија дејствуваат со бојкот. Затоа што сите ставови кои што се неприфатливи за нив, едноставно можат да не ги изгласаат или можат да усвојат заклучоци какови што сакаат, затоа што имаат мнозинство, појасни Николоски. Во моментов, вели Николоски ова е прашање број еден за Македонија и нема побитно и поприоритетно за државата, освен справувањето со корона кризата и ваков однос кон едно вакво прашање, создава преседан во Собранието за обнесувањето на останатите политички партии, пред се на нив, политичките партии од опозицијата. Затоа што, вели тој, ако ваков пример ни дава власта, за клучното прашање во државата да не сака да дојде ни да се дебатира воопшто, во услови кога може да си усвои какви сака заклучоци, затоа што има мнозинство, им остава на нив пат, во услови кога немаме мнозинство да го користиме овој инструмент да не участвуваат на работите кои што на нив не им одговараат. Николоски потсети дека на синоќешната Собраниска седница, ребалансост на буџет беше изгласат со гласовите на пратениците од ВМРО-ДПМНЕ, кои како одговорна партија и пратеници овозможија помошта, која сепак е мала и недоволна, да стигне до граѓаните и македонски фирми.]]>

https://arhiva.kurir.mk/makedonija/vesti/nikoloski-parlamentarnoto-mnozinstvo-bez-obrazlozenie-ne-se-pojavi-na-senicata-na-koja-se-zboruva-za-prashanje-od-nacionalen-interes/feed/ 0