парма – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk Најнови вести Thu, 12 May 2022 15:18:39 +0000 mk-MK hourly 1 https://wordpress.org/?v=6.3.4 https://arhiva.kurir.mk/wp-content/uploads/2017/12/cropped-favicon-32x32.png парма – Kurir.mk https://arhiva.kurir.mk 32 32 Пандев ќе игра уште една сезона? https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pandev-kje-igra-ushte-edna-sezona/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pandev-kje-igra-ushte-edna-sezona/#respond Thu, 12 May 2022 15:18:39 +0000 https://kurir.mk/?p=675842

Македонската фудбалска легенда Горан Пандев најави дека ова за него ќе биде последната сезона по што ќе објави крај на кариерата, но сега се вели дека постои можност да се предомисли. Пандев во јануари пристигна во Парма и потпиша договор до крајот на оваа сезона. Тој поради повреди настапи само на 11 меча, имаше еден гол и една асистенција. Тој сака да замине во пензија со подобар учинок и размислува да игра уште една сезона во дресот на Парма. А кога се знае дека во тимот е Џиџи Буфон кој е значително постар од Пандев, голема е веројатноста Македонецот да ја пролонгира пензијата за уште една сезона. Се очекува до крајот на овој месец да се знае конечната одлука на Пандев.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pandev-kje-igra-ushte-edna-sezona/feed/ 0
Пандев асистент, Парма победи во Козенца https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pandev-asistent-parma-pobedi-vo-kozenca/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pandev-asistent-parma-pobedi-vo-kozenca/#respond Sat, 02 Apr 2022 15:46:24 +0000 https://kurir.mk/?p=657471

Фудбалерите на Парма славеа гостинска победа кај Козенца 3.1, во 32.коло во Серија Б. Македонската легенда, Горан Пандев, одигра 68 минути, тој беше асистент за првиот гол. Пандев, во деветтата минута му асистираше Бернабе. Предноста на Парма ја зголеми Данило на почетокот на вториот дел.Ларивеј намали во 75., а конечните 1:3 ги постави Бернабе. Парма со 42 бода се наоѓа на 13.место во Серија Б.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pandev-asistent-parma-pobedi-vo-kozenca/feed/ 0
Буфон: Донарума е еден од најдобрите тројца голмани во светот https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bufon-donaruma-e-eden-od-najdobrite-trojca-golmani-vo-svetot/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bufon-donaruma-e-eden-od-najdobrite-trojca-golmani-vo-svetot/#respond Sat, 12 Mar 2022 10:41:42 +0000 https://kurir.mk/?p=645917

Голманот на Парма, Џанлуиџи Буфон го прокоментира киксот на колегата од ПСЖ, Џанлуиџи Донарума во реваншот од осминафиналето на Лигата на шампионите против Реал Мадрид (1:3). – На Донарума не му требаат адвокати. Ваквите грешки се корисни. Го кажувам ова затоа што навистина мислам така. Џанлуиџи веќе покажа дека ја има потребната сила да ги надмине таквите деликатни епизоди. Донарума е во Топ 3 голмани во светот заедно со Куртоа и Нојер. Грешките се дел од развојниот пат, истакна Буфон. Да потсетиме, Донарума во средата на средбата со Реал направи грешка при првиот примен гол и го „врати“ противникот во игра кој подоцна постигна уште два гола и го елиминира ПСЖ во 1/8финалето од Лигата на шампионите.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/bufon-donaruma-e-eden-od-najdobrite-trojca-golmani-vo-svetot/feed/ 0
Официјално – Буфон потпиша нов договор и ќе игра до 46 години! https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oficijalno-bufon-potpisha-nov-dogovor-i-kje-igra-do-46-godini/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oficijalno-bufon-potpisha-nov-dogovor-i-kje-igra-do-46-godini/#respond Mon, 28 Feb 2022 12:04:20 +0000 https://kurir.mk/?p=637979

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон го продолжи договорот со Парма до 2024 соопштено е денеска. Искусниот чувар на мрежата кој беше светски првак со Италија во 2006 година и има освоено уште еден куп други трофеи, пред се во домашни рамки кои ги освои со Јувентус, потпиша соработка со Парма на уште две години. Тоа значи дека на терените ќе биде до 46 години. Буфон од минатата година по втор пат е голман на Парма каде пристигна од Јувентус, каде пак го помина најголемиот дел од својата кариера. Имаше краток излет во ПСЖ, а потоа се врати во Торино. И покрај тоа што има 44 години, со своите бравурозни интервенции тој успева да ја спасува Парма во Серија Б.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oficijalno-bufon-potpisha-nov-dogovor-i-kje-igra-do-46-godini/feed/ 0
Деби гол на Горан Пандев за Парма (ВИДЕО) https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/debi-gol-na-goran-pandev-za-parma-video/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/debi-gol-na-goran-pandev-za-parma-video/#respond Sat, 12 Feb 2022 20:10:20 +0000 https://kurir.mk/?p=630673

Македонската фудбалска легенда го постигна својот прв гол за Парма на свој втор настап, откако направи неочекуван трансфер од Џенова во јануарскиот преоден рок. Парма беше подобра од Порденоне со 4:1, а Пандев влезе во второ полувреме и по само 10 минути игра со убав потег на прва, израмни на 1:1. На 3:1, Пандев се повреди и мораше да биде заменет по само 25 минути поминати на терен. https://www.youtube.com/watch?v=LkHiR5mDdb0&feature=emb_title]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/debi-gol-na-goran-pandev-za-parma-video/feed/ 0
Џиџи Буфон е прв голман во историјата на фудбалот со 500 меча без примен гол https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dzidzi-bufon-e-prv-golman-vo-istorijata-so-500-mecha-bez-primen-gol/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dzidzi-bufon-e-prv-golman-vo-istorijata-so-500-mecha-bez-primen-gol/#respond Sun, 06 Feb 2022 07:53:16 +0000 https://kurir.mk/?p=627566

Легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон, кој во моментот настапува за Парма, вчера ја зачува својата мрежа на гостувањето кај Беневенто и постави рекорд кој го зацврстува како еден од најдобрите голмани во историјата на фудбалот. Популарниот Џиџи кој има 44 години, стана првиот голман кој на 500 меча во професионалната кариера не примил гол. Буфон 322 пати ја зачувал мрежата незатресена додека беше во Јувентус, 92 пати за Парма, 9 пати на голот на Пари Сен Жермен и 77 пати не примил гол кога бранел за италијанската репрезентација.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/dzidzi-bufon-e-prv-golman-vo-istorijata-so-500-mecha-bez-primen-gol/feed/ 0
Пандев дебитираше за Парма https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pandev-debitirashe-za-parma/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pandev-debitirashe-za-parma/#respond Sat, 05 Feb 2022 18:37:56 +0000 https://kurir.mk/?p=627499

Горан Пандев денеска дебитираше во својот нов клуб Парма и тоа со реми без голови на незгодното гостување кај Беневенто. Македонскиот интернационалец го одигра цело второ полувреме, но Парма не постигна гол исто како и противникот, иако и двете екипи имаа по еден поништен гол поради офсајд во првиот дел. Пандев имаше еден сериозен обид и тоа во судиското надополнување, но неговиот удар од петнаесетина метри заврши над голот на Беневенто. Со денешното реми, Беневенто остана на четвртото место, додека Парма падна на тринаесеттата позиција, со шеснаесет бода помалку од лидерот Лече.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/pandev-debitirashe-za-parma/feed/ 0
Гранде Пандев промовиран во дресот на Парма https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/grande-pandev-promoviran-vo-dresot-na-parma/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/grande-pandev-promoviran-vo-dresot-na-parma/#respond Wed, 02 Feb 2022 20:10:53 +0000 https://kurir.mk/?p=626118

Најдобриот македонски фудбалер на сите времиња, Горан Пандев, му понуди на фудбалскиот свет уште едно големо изненадување, менувајќи ги клупските бои кога ретко кој очекуваше. По седум успешни години во Џенова, Пандев е претставен како нов играч на Парма. Видеолотарија Касинос Австрија ги споделува првите впечатоци и емоции на своето заштитно лице од новата средина и од новиот клуб, неговиот став на тема завршување на кариерата, во овие нови околности, како и ексклузивни фотографии од Пандев во дресот на Парма.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/grande-pandev-promoviran-vo-dresot-na-parma/feed/ 0
ОФИЦИЈАЛНО: Горан Пандев нов играч на Парма https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oficijalno-goran-pandev-nov-igrach-na-parma/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oficijalno-goran-pandev-nov-igrach-na-parma/#respond Mon, 31 Jan 2022 19:58:22 +0000 https://kurir.mk/?p=625149

Неколку часа пред завршувањето на јануарскиот преоден рок, рекордерот според бројот на настапи и постигнати голови во македонскиот фудбалски дрес Горан Пандев неочекувано ја смени клупската средина и потпиша за италијанскиот второлигаш Парма. Пандев (38) потпиша договор со Парма до крајот на сезоната и со тоа стави крај на шестгодишниот престој во редовите на калчолигашот Џенова, кому му претстои тешка битка за опстанок во прволигашкото друштво. Соиграч на Пандев во Парма ќе му биде легендарниот италијански голман Џанлуиџи Буфон, кој ја почетокот на оваа сезона се врати во клубот во кој ја почна кариерата. Пандев, кој од порано најави дека ја игра последната сезона во својата кариера, ја напушта Серија А со импозантни бројки зад своето име и вкупно 493 одиграни натпревари, од дебито во сезоната 2003/04, со што е трет на вечната листа зад Фабио Канаваро (515) и Самир Хандановиќ (537).]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/oficijalno-goran-pandev-nov-igrach-na-parma/feed/ 0
Гранде Пандев се сели во Парма https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/grande-pandev-se-seli-vo-parma/ https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/grande-pandev-se-seli-vo-parma/#respond Mon, 31 Jan 2022 17:32:59 +0000 https://kurir.mk/?p=625124

Македонскиот фудбалер, Горан Пандев изненадувачки ќе менува клуб во последниот ден од преодниот рок и ќе ја напушти Џенова за Парма до крајот на сезоната, објави „Скај Спорт Италија“. Реномираниот медиум пишува дека Џенова ќе го ослободи популарниот Гранде Пандев за да игра во нападот на тимот кој се натпреварува во Серија Б. Се работи за позајмица до крајот на сезоната. Тимот од „Енио Тардини“ има интересна екипа составена од поранешни калчолигашки играчи, а капитен на тимот е легендарниот голман Џанлуиџи Буфон. Доколку се остварат овие најави, Парма ќе биде седмиот тим за Пандев во Италија затоа што тој претходно покрај за Џенова играше за Наполи, Интер, Лацио, Анкона и Специја. Најдобар учинок имаше во Лацио, но најдлабока трага остави во Интер со кого ја освои „триплетата“ во 2010 година. Парма во моментов се наоѓа на дванаесеттото место во Серија Б.]]>

https://arhiva.kurir.mk/sport/fudbal/grande-pandev-se-seli-vo-parma/feed/ 0